top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Климт по рускиот уметник Андреј Кезин, Климт по рускиот уметник Андреј Кезин, клим-по-рускиот-уметник-андреј-кезин

    Во изминатата деценија, рускиот уметник Андреј Кезин создава фотографии кои ги опишува како „постмодерни копии на Климт“. Првата идеја за воена верзија на познатата слика на Климт „Бакнежот“ (1907-08) му дојде на Кезин во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим. Во тоа време со семејството живеел во Санкт Петербург. Тој беше вознемирен од агресивната реторика што ја зафати руската телевизија во тој период. Но, смета дека сите граници биле поминати, кога неговиот син се вратил од училиште и го замолил да му купи „телњашка“, кошула со сини пруги што ја носеше руската војска, за парадата каде тој и неговите соученици требаше да пеат воена химна. „Тогаш ми беше јасно дека мораме да ја напуштиме Русија“, објаснува тој. Кезин и неговата сопруга аплицирале за уметничка виза и се преселиле во Берлин со нивните две деца. Осум години подоцна, кога Русија ја нападна Украина на 24 февруари, Кезин веќе имаше златно ќебе слично на Климт во своето студио. „Го чував, и знаев дека дојде времето за овој проект“, вели тој. Во тоа време тесно соработуваше со украинската сценографка Ксенја Казимирова. Таа му ја раскажа приказната за нејзината блиска пријателка Јулија Сиренко, која тогаш престојуваше со неа во Берлин, и нејзиниот сопруг Јури, кој се врати дома во Харков. Пред воената агресија на Русија, Јулија и Јури штотуку се вселија во нов стан. Тие вршеа поправки и ја подготвуваа својата шестгодишна ќерка за првата година на училиште. Војната им го сврте животот наопаку. Јулија ги зела ќерката и свекрвата и побегнала во куќата на Казимирова во Берлин. По еден месец волонтирање, Јури се приклучи на одбранбената војска. Но, Јулија знаеше дека мора да се врати дома за да им помогне на нејзиниот сопруг и земјата. „Ги сакам Берлин и Европа како гостин. Но, не сакам да го живеам животот таму“, вели таа. По еден месец, ќерката и свекрвата на Јулија и́ се придружија во Лавов. „Ако нешто се случи, границата е близу и можеме да заминеме“, вели таа. Сега, Јулија патува меѓу Лавов и Харков, организира групно финансирање и обезбедува на војската автомобили, радија, храна и лекови. „Маж ми ми праќа пораки кога ќе може да ме види. Ми кажува датум и локација - честопати тоа е град во кој никогаш не сум била - за да можам да дојдам и да бидам со него една вечер“, вели Јулија. Јулија и Јури го поминаа шестиот роденден на нивната ќерка и нивната осма годишнина од бракот разделени. Но, тие добија еден подарок од нивната пријателка Казимирова: слика која ја слави нивната љубов. Кезин и Казимирова решија да ја раскажат приказната на двојката преку уметност, а парите што ги финансираа од продажбата на принтовите ги донираа на бригадата на Јура. За да го исценираат делото, тие најмиле двајца модели, кои личат на Јулија и Јури да се облечат како украински воен војник и неговата љубовница. Жената, која наликува на црвенокосата жена на сликата на Климт, носи златен фустан со свеќа. На сликата, парот се бакнува под златно ќебе. Наместо да стојат во поле со цвеќиња, како оригиналот на Климт, парот се крие во барака со сини ѕидови - жолтата и сината боја ги претставуваат боите на украинското знаме. „Кога ја видов сликата“, вели Јулија, „веднаш се препознав на неа. Јас и мојот сопруг се збогувавме многу пати - на граница, во Украина и кога тој отиде во војска. Имавме толку многу последните бакнежи, не знаејќи кој навистина би бил последниот“.

  • Организаторите на Д-фестивалот со изјава, Организаторите на Д-фестивалот со изјава, организаторите-на-д-фестивалот-со-изјава

    Беше сосема за очекување Д-фестивалот да биде развлечен низ сите медиуми, после подвигот кој го изведоа викендов и со тоа да се даде поддршка на таков проект од кој сите можеме да бидеме горди, фестивал во Македонија кој може да се мери со регионалните и европските летни фестивали по многу нешта.. И сосема е нормално сите да сакаат да расте од година во година.... Но наместо позитивна медиумска покриеност на настанот Д-фест доби нешто малку поинакво… Сигурно ги прочитавте насловите, зготвени во МВР, а пласирани по сите медиуми... Како улетала полиција на музички фестивал и апсела луѓе (уф носталгија нѐ фаќа кога мислиме на сите епизоди кога полиција или милиција влегува по кафани и вика „лични карти!“ и почнува да регистрира луѓе...или кога сосема неочекувано полицајци во цивилка на журки почнува да претресува и апси луѓе)... Со тоа МВР направија свој сопствен подвиг: ја разбија трговијата со дрога, и спасија човечки животи со тоа што ќе ги влечат по судови и станици... На оваа очекувана, нормална, и ситуација за поздравување, Д-Фестивал одговоара со следната изјава:

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page