top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Еден ден во Гана: Кендрик и Спотифај соработуваат, Еден ден во Гана: Кендрик и Спотифај соработуваат, еден-ден-во-гана-кендрик-и-спотифај-соработуваат

    Откако Кендрик Ламар го промовираше ПГ Ланг, и во мисијата назначи дека една од целите им се продукции на подкасти, издаваштво, видео... се насетува дека Спотифај скокна на шансата да отвори соработка со Ламар. Тој е фамозно интровертен и има зазор од гостувања по медиуми - последниот албум немаше баш никаква прес промотивна тура, па затоа подкаст во продукција на Спотифај со Ламар веројатно е надвор од прашање. Но она што ни́ го дадоа беше сезона на The Big Hit Show подкастот во февруари, каде што го дисецираа класикот To Pimp a Butterfly. Но Кендрик само провејуваше низ разговорите, нарацијата и перспективата не падна на неговиот грб. Како и да е, доколку изгуглате подкастот беше промовиран со „Кендрик Ламар со подкаст на Спотифај“. Излегувањето на најновиот Кендрик Ламар албум Mr Morale and the Big Steppers, тој ја дочека во Гана, во Акра, со неговото семејство, и гледавме кратки украдени клипчиња од локалците. Но - еден месец подоцна, Спотифај излегува со „мини документарец„(едвај 4 минути) кој се вика „ Еден ден во Гана“ . Она што се чинеше дека е засолнување на приватниот Ламар беше всушност службено патување: тој го отвори краткиот филм откривајќи дека тоа е негов прв пат во западноафриканската нација. „Не можам ни да ви кажам што е тоа. Само бев во моментот“, рече тој во првата минута од видеото. Гана е една од омилените дестинации за црните Американци. Во 2019 година, владата на земјата започна кампања наречена Годината на враќањето, одбележувајќи 400 години откако првите поробени Африканци беа донесени на бреговите на САД од Западна Африка. Тоа беше дел од повеќегодишната иницијатива да се зголеми глобалниот туризам во Гана и да се направи нацијата изборна дестинација за црните Американци за да направат физичка и културна врска со земјата на многу од нивните предци. Останува да видиме каде ќе отиде Кендрик Ламар со неговата ПГ Ланг и Спотифај.

  • Европски месец на креативноста: Празник на младешката уметност во Скопје, Европски месец на креативноста: Празник на младешката уметност во Скопје, европски-месец-на-креативноста-празник-на-младешката-уметност-во-скопје

    Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ) го најавува Европскиот месец на креативноста, тридневен настан исполнет со уметнички изложби и креативни работилници кои ја истакнуваат младешката енергија и талент. Настаните ќе се одржат од 26 до 28 ноември 2024 година и се дел од европскиот проект CreArt, финансиски поддржан од Град Скопје. Во рамките на програмата, публиката ќе има можност да ужива во изложбата „Нови генерации“, каде учениците од сликарскиот и вајарскиот оддел на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ ќе се претстават со скулптури, мозаици и цртежи. Изложбата ќе биде отворена на 26 ноември во 20:00 часот во Продажниот ликовен салон на КИЦ и ќе трае до 13 декември. Програмата продолжува со музичка едукативна работилница, модерирана од пијанистката проф. м-р Даница Стојанова, каде млади пијанисти и професори од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и ФМУ – Скопје ќе ги споделат своите знаења. Работилницата е закажана за 27 ноември во 12:00 часот во Салон 19,19 на КИЦ. Последниот ден ќе се одржи ликовна креативна работилница, предводена од проф. Дејан Иванов-Маргуш, со учениците од четврта година сликарска насока на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“. Настанот е закажан за 28 ноември во 11:00 часот, повторно во Продажниот ликовен салон на КИЦ.

  • Папата Франциск почина на 88 години – светот се збогува со гласот на сочувството и реформите, Папата Франциск почина на 88 години – светот се збогува со гласот на сочувството и реформите, папата-франциск-почина-на-88-години-светот-се-збогува-со-гласот-на-сочувството-и-реформите

    Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, почина денес на 88 години. Тој останува запаметен како папа кој се обидуваше да ја направи Католичката црква поблиска до луѓето – отворена, хумана и свртена кон светот, а не затворена во традиции. Од моментот кога беше избран во 2013 година, Франциск беше папа што не се придржуваше до формалностите. Првиот папа од Латинска Америка. Првиот језуит. Првиот што го избра името Франциск – по скромниот светец од Асизи. Тоа беше јасен сигнал: ова ќе биде понтификат насочен кон сиромашните, запоставените и планетата Земја. Глас за маргинализираните Франциск беше страстен поддржувач на бегалците и мигрантите, инсистирајќи дека човечкото достоинство не познава граници. Повика на поголема емпатија и солидарност, дури и кога политиката и јавното мислење генерално одеше во спротивна насока. Не плашејќи се од контроверзии, отвори врата за поширока вклученост на жените во животот на Црквата – иако не ја смени официјалната позиција за нивното свештенство, тој постави жени на важни советнички позиции во Ватикан, нешто што претходно беше речиси незамисливо. За ЛГБТК+ лицата, порача: „Кој сум јас да судам?“ – реченица што одекна глобално како симбол на еден понежен, помалку осудувачки пристап на Црквата. Папата Франциск исто така беше гласен кога станува збор за климатската криза. Неговата енциклика Laudato si’ стана повик до светот да ја заштити планетата и да ја преиспита економијата што го жртвува животот за профит. Последните години, тој постојано повикуваше на мир – и во Газа, и во Украина. Неутрален, но не и пасивен, Франциск го користеше својот морален авторитет за да потсети дека жртвите на конфликтите не се бројки, туку луѓе. Со неговата смрт, Католичката црква губи фигура што многумина ја гледаа како совест на институцијата. Човек кој не се плашеше да зборува за неправдите – внатре и надвор од Црквата. Папата Франциск можеби не ја трансформираше Црквата до степен што некои го посакуваа, но тој сигурно ја помести границата на она што е можно. Покажа дека и во срцето на една древна и хиерархиска институција може да има место за емпатија, храброст и човечност. Иако не секогаш следени со конкретна институционална промена, симболичните гестови на Папата Франциск имаа длабоко влијание. Кога тој миеше нозе на муслимански бегалци, жени и затвореници за Велики Четврток, испраќаше порака што тешко се игнорира – порака дека достоинството не е резервирано само за „совршените“ верници, туку за секој човек. За многумина што се чувствуваат исклучени – било поради сексуалност, статус, религија или минато – доволно беше да слушнат дека некој во таква позиција вели „Бог ве сака како што сте“. Дури и кога не значеше промена на црковното учење, тоа значеше промена на тонот. А во свет каде што осудата често доаѓа пред разбирањето, тонот понекогаш е сè. Таквите моменти не ја менуваат само Црквата – тие менуваат животи. Тие даваат простор за надеж, за дијалог, за чувство дека некој ги гледа и слуша. Франциск сфаќаше дека понекогаш, најрадикалната работа што може да ја направи е едноставно – да пружи рака. И тоа го правеше, постојано. Папата Франциск не ја демонтираше Католичката црква, но ја раздвижи. Не ги избриша границите, но ги разниша ѕидовите. Со зборови, со гестови, со едноставна човечност – направи да се чувствува можност за промена. Тоа што за некои беше премногу, за други беше недоволно. Но токму таму лежи неговото влијание – не во апсолутни резултати, туку во тоа што отвори простор за нов разговор. Во време кога верските институции сè почесто се гледаат како крути и одвоени од реалноста, Франциск покажа дека лидерството може да биде емпатично, а авторитетот – тивок и човечки. Неговата смрт остава празнина, но и обврска – да не се затвори тој простор што го отвори, туку да се прошири.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page