top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Македонци: сомнителни заради нивното отсуство, Македонци: сомнителни заради нивното отсуство, македонци-сомнителни-заради-нивното-отсуство

    Географија на Балканот и статистиките Долго време Македонија била повеќе политички проблем отколку географска целина. За да биде полесно, западните публицисти границите на Македонија ги поистоветиле со трите вилаети на Отоманската Империја (Скопје, Битола и Солун) . Како и да е, ваквата положба не ги задоволила ниту Грците, ниту Бугарите, ниту пак Србите. Мнозинството од грчките автори зборувале за, т.н.”историска Mакедонија”. Бугарите зборувале за “географска Македонија” која изоставува одредени области во западниот дел, во кои населението е речиси во целост исламизирано, и еден југо- западен дел кој е целосно хеленски. Србите пак тврделе дека регионот на Скопје во северо-западниот дел, воопшто не е македонски, туку дека е дел од Стара Србија. Од ова може да се заклучи дека всушност консензусот за точните граници на Македонија тогаш недостасувал. Заинтересираните страни имале уште повеќе варијации што се однесува до бројот и етничката припадност на нивното население, бидејќи секоја страна го зголемувала бројот на нивните членови за да ги побие тврдењата на другите националности. Величенствената цел ги оправдувала сите употребени средства. Оттаму турските експерти произведувале мапи обоени во црвено до Виена и пописи на населението во коишто бројот на муслиманите кои живееле во Европска Турција бил поголем од вкупниот број жители. Балканските националисти наскоро започнале да го прават истото. Тие не воделе голема сметка за точноста на бројките кои сепак ги земале крајно сериозно. Оттаму дадените бројки ја раскажуваат нивната сопствена приказна којашто за читателот кој не е директно инволвиран, можат да бидат доста забавни. Србинот Гопчевиќ , Бугаринот К'нчов и Гркот Николаидес известуваат за вкупна бројка од 2,880,420 и 2,358,224 и 1,825,482 жители на Македонија кои се состојат од: Како поддршка за нивните тврдења Бугарите, Грците и Србите извадиле статистички податоци за населението на Македонија, коишто го искажувале пред се нивниот авторски патриотизам, бидејќи Бугарија, Грција и Србија всушност сакале да ги прошират нивните национални територии. Ова е причината поради која авторите на наведените статистики не се согласуваат по било која дадена бројка, а безрезервно се согласуваат само околу еден факт кој e сомнителен заради неговото отсуство: според нив во Македонија нема Македонци. Во овој поглед грчката статистика беше ненадминлива. Во Македонија зборот "грчко" означувал повеќе црковна отколку етничка класификација, критериум за грчката или бугарската припадност било припаѓањето кон Грчката Патријаршија или кон Бугарската Егзархија. Српските националисти отишле уште подалеку и македонските заедници ги сметале за српски бидејќи тие немале автокефална црква. Грците полагале право на влашките заедници, православните Албанци и Бугарите кои не биле соединети со бугарската егзархија, и ги нарекувале Влахофони, Албанофони и Бугарофилни Грци. Во Охрид, во текот на летото 1861 година, секретаријатот на Цариградскиот Синод издал памфлет за историјата на Бугарите и нивната врска со грчката црква, со цел да покаже дека нивните поплаки и претензии немале основа. Писателот наведува дека Бугарите биле само мал дел од населението на западна Македонија и тврди дека многу од луѓето биле само Грци кои зборувале бугарски. Тој отишол дури до таму што тврдел дека физичкиот изглед и обичаите на Бугарите во тие делови се во целост грчки, а не бугарски. Грчките автори дури и денеска не се сомневаат во тоа дека на почетокот на 20 век, хеленизмот доминирал во Македонија и дека Македонците се всушност Грци, наведувајќи ги како цврсти доказите од официјалниот турски попис од 1905, спроведен од страна на Хилми Паша за Солунскиот и Битолскиот вилает. Во овие два вилаета имало 678,910 “Грци” (приврзаници на патријаршијата) и 385,729 “ Бугари” (приврзаници на егзархијата). Поконкретно: односот во секој од вилаетите бил: во солунскиот 395,222 “Грци” наспроти 207,073 “Бугари”, а во битолскиот 283,683 “Грци” наспроти 178,412 “Бугари” . Дури во 1973, Институтот за проучување на Балканот во Солун издал публикација во која се велело дека “Населението што зборува влашки е грчко, како и другите жители на Македонија без разлика на нивниот јазик”. Авторот на оваа публикација навел протестна петиција доставена до француската влада во 1903 од жителите на битолскиот регион: “Ние зборуваме грчки, влашки, албански и бугарски, но ние сме Грци и не дозволуваме ова да биде подложено на сомневања” . Отоманската Империја освен за војската, не спроведувала било каков друг попис. Тие ги броеле Муслиманите кои биле способни да служат во војска, а христијаните кои не биле способни да служат плаќале посебен данок. Во 1881 Румелиската влада објавила детална статистика, која наведува дека Македонија имала вкупно 1.863,382 жители 1.251,385 Словени, 463,839 Муслимани и само 57,480 Грци. Сепак на грчката етнографска мапа на Македонија многу области биле обоени со сина боја (знак на Грција) иако во нив немало ниту еден Грк. Во нејзината книга La Macedoine (Берлин 1893) д-р Клеанти Николаидес Косовското Поле го нарекла со грчкото име "Косифопејдон". И покрај фактот што дури ниту најповолните статистики не им давале повеќе од една десетина од населението, во Атина владеело мислењето дека Грците доминираат во Македонија. Така на пример, кон крајот на 19 век, професорот Сариполос, дописник на францускиот институт ги дал следниве бројќи како веродостојни Грци 500,000, Словени 100,000 и 40,000 Евреи. Во Солун некои влијателни жители испратиле барање до Патријархот и Портата во име на od 800,000 Грци од тој крај. Оваа илузија се проширила по одговорот на црковните власти кои ги сметале за Грци сите оние кои и припаѓале на грчката црква. Гледано од овој аспект може да се каже дека во Босна имало повеќе Грци отколку католици меѓу нејзините христијани. Грчките пропагатори работеле многу напорно за да влијаат на меѓународната заедница при повлекувањето на грчките меѓународни граници. Тие продуцирале статистики за да ги докажат нивните ставови во врска со земјите населени со Словени, поддржувајќи ги со теоријата на нивната „етнократска пре- еминенција“. Според оваа теорија, Грците биле поблагородни отколку македонските Словени кои требало да им се потчинат бидејќи биле „некултурни варвари со некохерентен говор, груби и робови“ . Како што тоа го напишал еден функционер од висок ранг во Атина во писмото до баронот Лавелје: “Вие грешите за Бугарите, тие се варвари и такви ќе останат. Тие се татари и поради тоа се уште не се цивилизирани. Христијанството не е доволно за да ги скроти. Тие имаат добри особини, но такви како на натоварени ѕверови, кои имаат инстинкт да складираат како мравки. Додека ви пишувам Вам, имам многу бугарски ѕидари кои работат на куќата која и ја давам на ќерка ми Атина како мираз. Тие работат добро, но се глупави.” . Втората изјава била изнесена од грчкиот министер во Лондон во 1885: тој сметал дека како што земјата претходно им припаѓала на Хелените, нејзината моментална окупација од Бугарија не била доволна да се оправда нејзиното поврзување кон нив. Правото на Грците над нив било неоспорно. Убедливоста на оваа изјава белгискиот барон ја побил со следново: “Од ова следува дека Нова Холандија, Нов Зеланд, Тасманија кои беа откриени од Холанѓаните, треба да и припаѓаат на Холандија, бидејќи имаат холандски имиња. Англичаните ги колонизираа нив, но тоа не им дава за право да ги присвојат. Тешко е да се расправа за такви теории, а вознемирувачко е дури и да се споменат.” . Во текот на 1780, Катерина Велика, го измислила “грчкиот проект” со намера да ги протера Турците од Европа, и да ја возобнови Византиската Империја со руски принц на престолот. Еден од нејзините внуци бил крстен Константин за соодветната прилика. За подготовките на неговата иднина, Русите најмиле грчки доилки за преку нивното млеко тој да го научи јазикот . Планот пропаднал, но останале амбициите. Кога национализмот се раширил од западна Европа на Балканот, Грците биле први што го почувствувале тоа влијание и ја побарале нивната слобода како нација. Напуштањето на Српската Патријаршија во Пеќ и на бугарската Архиепископија во Охрид во 1766 и 1767 ја оставиле Македонија под јурисдикција на Цариградската Патријаршија. Ова значело дека во црквите литургијата се одвивала на грчки а во училиштата се учело исто така на грчки. Оттаму, народот во Македонија бил подложен на процес на хеленизација. Тие можеле да бидат и комплетно хеленизирани доколку грчките свештеници и учители не гледале на сиромашните, простиселани на Македонија како на „животни“ (или „носачи на овчи кожи“ кои зборувале неразбирливи словенски дијалекти и не биле заслужни да научат да пишуваат и да читаат: „понижувачко е за еден љубител на музите да престојува во еден варварски свет“ (Carnegie Endowment 1914 : 22). Како резултат на ова тие не биле повлијаени во голема мерка од грчката култура. Соседните независни држави имале копнежливи погледи кон Македонија и се обидувале да докажат дека одреден дел од земјата или целата е нивна. Бугарите тврделе дека Македонија е нивна бидејќи таа била “лулката на бугарската нација поради која е пролеана река крв”. Бугарските статистики тврделе дека мнозинството од Македонците се од бугарско потекло. Бугарските патриоти сметале дека не е важно кога и како Бугарите дошле таму, важно било само дека мнозинството од населението копнеело за единство со родната земја, “плаче како дете по мајка си”, и нема да прифати да живее под никоја друга земја освен Бугарија. Другите балкански држави никогаш не го прифатија тврдењето дека Македонија е бугарска. Грците сметале дека Македонија е нивна поради историски причини иако во класичното доба на Грција желбата на Македонците да влезат во светиот круг на Хелада била прифатена со извесен степен на љубомора, и од кралевите на таа земја било барано да го докажат своето грчко потекло пред да ја добијат привилегијата да учествуваат на Олимписките Игри. Но Македонија била неопходна во остварувањето на “големата хеленистичка идеја”. Србите од своја страна се обиделе да му докажат на светот дека Македонија не треба да му припаѓа на никого освен на Србија, бидејќи таа била центар на кралството на цар Душан. Претензиите кон Македонија врз “етнографска база”, привлекле и далечна земја како Романија поради големиот број Власи кои живееле во Македонија. И Албанците поради слични причини имале претензии кон тоа парче Откако Австро-Унгарија го добила мандатот да ја окупира Босна и Херцеговина во 1878, таа наскоро почнала да фрла љубоморен поглед кон Македонија и кон Солунското пристаниште. Под вакви услови никој не се чудел зошто Македонското прашање добило интернационален карактер, “што никој не можел да го реши”, и никој не се двоумел дека оваа земја е осудена “неминовно да биде едно од најголемите бојни полиња во источна Европа”. Така на пример, еден британски автор кој на почетокот на 20 век патувал низ Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Романија и Македонија, откако направил темелна истрага за ова прашање дошол до заклучок дека има само едно решение: “Македонското прашање е најактуелно денеска, и може да се реши само на еден начин – со жестока и крвава војна”. Божидар Језерник (Љубљана, Словенија)

  • Како да одгледате дрвце од рузмарин – чекор по чекор, Како да одгледате дрвце од рузмарин – чекор по чекор, како-да-одгледате-дрвце-од-рузмарин-чекор-по-чекор

    Рузмаринот не мора да остане само обично зачинско растение- грмушка во аголот на вашето дворче. Со малку трпение и вештина, може да го претворите во елегантно минијатурно дрвце кое не само што изгледа прекрасно, туку и мириса фантастично. Еве како да го направите тоа: 1. Почнете со здраво стебленце Изберете здраво, младо растение рузмарин. Одберете едно гранче што ќе биде идното стебло и отстранете ги сите други гранчиња при основата. Поставете шпилка или тенко парче бамбус во почвата до стеблото и врзете го внимателно – ова ќе му биде потпора додека расте. 2. Поттикнете вертикален раст Со текот на времето, стеблото ќе почне да се издолжува и ќе никнуваат нови гранчиња. Рузмаринот природно сака да се шири како грмушка, па ќе забележите пукање и во основата. Вашата задача: редовно отстранувајте ги сите гранчиња што излегуваат од долниот дел на растението. Оставете неколку листови за фотосинтеза, но одржувајте го стеблото „чисто“ за да зајакне. Вашата цел во следните недели е да поттикнете издолжување и задебелување на идното стебло. За таа цел, продолжете да ги исечете сите нови гранчиња што никнуваат од основата на растението. Оставете само неколку лисја, сите гранки што никнуваат по идното стебло. Тоа ги држи подредени, но им овозможува да помогнат да се здебели стеблото. 3. Определете ја висината Кога стеблото ќе ја достигне саканата висина – што ќе зависи од тоа колкава глава сакате да има дрвцето и во каква саксија ќе живее – време е да го стопирате вертикалниот раст. Правите тоа со штипкање на врвот од растечкото стебло. Со ова ја стимулирате појавата на нови гранчиња долж врвниот дел. Совет: Добра пропорција е главата да биде два до три пати поголема од висината на стеблото, и само малку поширока од саксијата. Како да се запре растот? Општо земено, главата два до три пати поголема од висината и само малку повеќе од ширината на садот изгледа добро. Запрете го растот на саканата висина со штипкање на растечкиот врв на стеблото, едноставна операција што го буди растот на пупките по должината на дрвцето. 4. Формирајте ја главата Со постојано штипкање и поткастрување на врвовите од новите гранчиња, го поттикнувате разгранувањето. На тој начин се формира густа, тркалезна форма – слична на минијатурна круна. Кога ќе бидете задоволни со формата, отстранете ги сите гранки и лисја по должината на стеблото за да ја дефинирате формата. Последен совет: иако рузмаринот успева на сувиот воздух во медитеранскиот регион и во нашите домови, почвата мора да се одржува влажна. Тесните лисја на рузмарин никогаш не клапнувааг, така што вашата единствена индикација дека на растението му треба вода инаку може да биде мртво растение! 5. Не фрлајте ништо! Сите исечени делови од рузмаринот можете да ги искористите – како свеж зачин во кујната или како резници за нови растенија. Рузмаринот лесно се размножува од сечи. 6. Одржување и нега Редовно кастрете ги врвовите за да го задржите обликот и да го стимулирате растот на нови листови. Ќе добивате уредно, густо дрвце и секогаш ќе имате свеж рузмарин при рака. Последно, ама важно:Рузмаринот сака сув воздух, но не сака сува почва. Иако изгледа отпорно, неговите лисја не ја покажуваат жедта. Ако заборавите да полевате, растението може да изгледа добро… сѐ додека не биде доцна. Затоа внимавајте почвата секогаш да биде умерено влажна. Заклучок:Одгледувањето дрвце од рузмарин е практично, убаво и навистина задоволувачко искуство. Не само што ќе добиете уникатен украс за вашиот дом, туку и корисен зачин кој постојано ви е при рака. Ако си љубител на растенија и сакаш нешто поразлично – ова е совршен проект за тебе.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Строг пост во Котур на 26 декември! | diva.mk

    26.12.23 г., 20:00 СтрогПост, Аксиома, ДебиАлбум, Котур Скопје Сити Мол, Ljubljanska, Skopje, North Macedonia Вечерва( 26 декември ), во Котур, подгответе се за вистинска музичка сензација! Строг пост ќе одржи концертна промоција на својот деби албум, издаден под новото музичко крило на Аксиома. 🌟 Во срцето на звукот: Строг пост, составен од талентираниот Филип Букршлиев (гитара/синтисајзер), Дени Омерагиќ (бас гитара) и Кристијан Новковски (тапани), создава музика што осцилира помеѓу стилови како стонер рок, психоделичен рок, дум метал, пост рок, панк џез, и амбиент. Со брутални и заразни рифови, нивната музика е како експлозија на емоции и креативност. 🎸🥁 Визуелен виртуозитет: Деби албумот беше снимен во студиото „Алшар“ во Скопје, под раководство на Ивица Јанкуловски. Миксот и мастерингот се дело на Јанкуловски во периодот март-јули 2023 година. Сите песни се продуцирани и компонирани од триото, а дизајнот на омотот е креација на Кристијан Новковски. 🎨 Талент и награди: Од Светлост до Taxi Consilium, членовите на Строг пост свираат во многу групи и се носители на награди. Филип Букршлиев освои титулата „Најдобар млад џез музичар“ на Скопскиот џез фестивал во 2021 година. Аксиома ги отвора вратите: Овој деби албум е истовремено и првото музичко издание на Аксиома. Оваа асоцијација за културна соработка и истражување го поддржува уметничкото изразување во сите форми. 🌐 Дојдете и се присетете зошто го сакате звукот: Очекувајте гласен концерт, одлична атмосфера и, разбира се, промотивни цени на албумот во формат на компакт диск. Ве очекуваат и понекое изненадувања. Станете дел од оваа музичка експлозија на 26 декември во 21 часот во Котур! 🎶🤘 АКСИОМА: Ги обединува звукот и уметноста! #СтрогПост #ДебиАлбум #Аксиома #Концерт #Музика #Експериментално #ВистинскаУметност претходно следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page