Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Бјорк го одбележа 60-тиот роденден со јавно откривање на тужбите против исландската држава, Бјорк го одбележа 60-тиот роденден со јавно откривање на тужбите против исландската држава, бјорк-го-одбележа-60-тиот-роденден-со-јавно-откривање-на-тужбите-против-исландската-држава
Исландската икона Бјорк( Björk) го прослави својот шеесетти роденден (втф!? Бјорк е 60?!), донесе нешто поинакво: ретко искрен извештај за тоа што значи една песна да стане правна алатка, културен отпор и чин на грижа за земјата. Во нова Инстаграм објава, објавена на двегодишнината од синглот Oral, Бјорк напиша нешто што повеќе личи на јавно сведоштво отколку на славенички пост. Таа го искористи својот роденден за да објасни како приходите од песната – реализирана во соработка со Rosalía и продуцентот Sega Bodega – се трансформирале во четири активни правни случаи против исландската држава. Целта: да се спречи странскиот капитал и индустриското одгледување лосос да ги преземат фјордовите на Исланд, простори што со векови им припаѓале на природните циклуси, а не на густо насобрани мрежи со риби во агонија. Овој потег делува едноставно – донирање приходи од песна – но во суштина е продолжение на една долга борба што ја водат Исланѓаните, еколозите и локалните заедници. Во него има и нешто длабоко човечко: потребата за заедничко спротивставување на тивките, но разорни индустрии кои речиси незабележливо ја прекројуваат природата. Песна што стана правен фонд за отпор Кога Oral беше објавена пред две години, многумина ја доживеаја како необична соработка – Бјорк и Розалиа, две енергии што стојат на различни страни од поп-спектарот, но со исти политички идеали. Во тој момент јавноста дозна дека сите приходи од песната ќе бидат наменети за правна борба против индустриските отворени рибници подигнати од странски компании во исландските фјордови. Во првичната изјава, Бјорк не остави простор за двојби: „Индустриското одгледување лосос во отворени мрежи е ужас за природата. Лососите доживуваат огромно страдање, а штетата е долгорочна и разорувачка. Ова е брутален начин да се создаде храна.“ Нејзиниот тон тогаш беше суров, гневен, понекогаш дури и очаен – звук на уметница која одбива да биде пасивен сведок на уништување. Но она што денес го открива е структура, темелна работа, мрежа од правници, еколошки организации и локални заедници кои не се откажале кога проектот станал комплициран и долг. Четири правни случаи: мапа на отпорот Во новиот пост, Björk ги излиста четирите случаи што ги финансирала песната. Не како PR, туку како пресек на една тивка, но жестока битка: 1. Seyðisfjörður – спречување на нова рибна фарма Ова е „оригиналниот“ случај за кој таа зборуваше уште во 2022. Локалното население се спротистави на плановите за нова фарма за лосос, која требаше да се изгради без нивна согласност. Приходите од песната биле инвестиција во правници и експерти кои помогнале процесот на лиценцирање да се оспори. 2. Просторно планирање во истиот регион Вториот случај е поформален – правна битка за подобрување на регулациите за морско просторно планирање, со цел да се дефинира каде и како е дозволено да се градат рибни фарми. 3. Западните фјордови – „бегалци од рибни фарми“ Третиот случај се однесува на проблемот што Исланѓаните го нарекуваат „fish-farm escapees“ – лососи што бегаат од мрежите и влегуваат во дивите реки, опасно мешајќи се со автохтоните популации. Два региони – Tálknafjörður и Patreksfjörður – веќе ја гледаат штетата од оваа појава. 4. Sandeyri – фарма изградена против волјата на земјоделците Четвртиот случај е на најостриот раб од политиката на земјата: фарма изградена и покрај отпорот на земјоделците на чија земја се наоѓа. Ова е пример за тоа како одредени корпорации ја туркаат инфраструктурата без вистинска согласност од локалните жители. Бјорк го сумира ова со реченица полна со благодарност: „Вашата дарежливост ни овозможи да продолжиме со уште случаи што ќе помогнат во заштита на морето и водата на поголемо ниво.“ Во нејзините зборови има голема тивка благодарност – како да зборува не толку како уметник, туку како некој кој со години гледа како нешто драгоцено се суши пред очи. 30x30: глобална цел, локална борба Во објавата, таа го споменува и глобалното ветување познато како 30 by 30 – целта да се заштитат најмалку 30% од копното и морето до 2030 година. Овој план е дел од глобални климатски договори, но во северните земји добива силна симболика, затоа што природата таму е многу повеќе од пејсаж: таа е национален идентитет, меморија, митологија, дом. За Исланд, чија култура е изградена врз почит кон природата, прашањето е навистина егзистенцијално. Постот што Бјорк го напиша не е уметничка исповед. Тоа е документирање на нешто што ретко го гледаме – уметнички проект што станува механизам за правна регулација. Во време кога поп-културата брзо исчезнува, станува тренд и паѓа во заборав, Бјорк нуди поинаков модел: музиката може да се трансформира во политичка пракса. Соработката со Rosalía тука има тежина. Таа со својата моќна меѓународна платформа – не мораше да учествува во проект што не носи профит, туку само тивка правна одмазда против света индустрија. Но таа го направи тоа. И Бјорк во постот неколкупати јавно ја прегрнува: „Сакам да ѝ се заблагодарам за ова преголемо великодушно дело… ти си сè… ти благодарам!!!“ Тоа е редок момент кога две глобални ѕвезди зборуваат јавно, не за успех, туку за сојузништво. Длабоката тензија зад рибните фарми За оние што не ја следат темата одблизу, индустриските рибни фарми можат да изгледаат како безопасни комплекси. Но фактите зборуваат поинаку:мрежите со илјадници риби создаваат огромни количини органски отпад, што ја уништува морската флора; лососите боледуваат во неприродни услови и често умираат пред „жетева“; бегалците од фармите го менуваат генетскиот состав на дивите популации; хемиските третмани против паразити остануваат во водата; фјордовите стануваат индустриски зони. Тоа не е само еколошки проблем. Тоа е губење на начинот на живот на цели заедници. Шеесеттиот роденден на Бјорк можеше да биде прослава на уметничко наследство – десет албуми, четири децении на авангардни експерименти, влијание што допира до десетици жанрови. Но таа избра да слави поинаку: со извештај за тоа како колективната акција функционира. И тука има нешто исклучително човечко. Како да ни порачува дека зрелоста не е само количина искуство, туку и способност да се вложиш во нешто што е поголемо од личниот опус. Таа го завршува постот со реченица што едноставно пулсира: „Слушањето на оваа песна и понатаму го храни тој извор на топлина.“ Иако звучи поетски, во суштина тоа е опис на еден круг: уметноста создава ресурси, ресурсите создаваат правни акции, акциите создаваат промена, промената се враќа како емоционално гориво – и така во круг.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Каи Сенат на насловна на TIME: Новата ера на дигитални икони, Каи Сенат на насловна на TIME: Новата ера на дигитални икони, каи-сенат-на-насловна-на-time-новата-ера-на-дигитални-икони
Веќе длабоко сме загазени во ера каде што YouTube клипови, поткасти и TikTok видеа се влијателни речиси колку и традиционалните медиуми, па така TIME ја препозна новата класа на ѕвезди – дигиталните креатори. На 9 јули, магазинот ја објави својата прва TIME100 Creators листа, посветена на 100 највлијателни онлајн гласови кои ја менуваат културата. На насловната страна се најде Каи Сенат, симбол на новиот дигитален поредок. Од Twitch до TIME: Кои се новите фолк херои? Доколку некогаш постоеше дилема дали интернет ѕвездите се “вистински” познати, оваа листа ја расчистува секоја сомнеж. Каи Сенат, познат Twitch стример, заедно со ликови како IShowSpeed, Sean Evans (водителот на Hot Ones), и MrBeast, не се само инфлуенсери – тие се културни двигатели. На листата се и неколку од најпопуларните поткаст гласови денес, како Џо Роган и Алекс Купер (Call Her Daddy), што сугерира дека поткастите се веќе не само алтернатива, туку и главна сцена за дијалог, провокација и влијание. Каи Сенат е американски стример, YouTube креатор и интернет сензација кој за кратко време стана едно од најпрепознатливите лица на дигиталната сцена. Тој е познат по својата енергична личност, хумористични видеа и интерактивни стримови на платформата Twitch, каде што постави историски рекорд за најмногу претплатници на платформата во историјата. Неговата способност да забавува, да влезе во директна комуникација со својата публика и да создава уникатни моменти во живо му донесе огромна база на следбеници и влијание кое одамна ги надмина рамките на гејминг заедницата. Покрај својата популарност на Twitch, Каи успеа да се пробие и во мејнстрим медиумите, со соработки со славни личности, музички ѕвезди и други влијателни креатори. Неговата автентичност и чувство за шоу го направија пример за новата генерација на дигитални креатори кои сами си го градат патот, без традиционална поддршка од медиумски куќи. Со своето појавување на насловната страница на првото издание на TIME100 Creators, Каи Сенат ја запечати својата позиција како културна икона на новото време. Поткастот како нова лектира? Поткастите одамна не се само разговори – тие се начин на едукација, терапија и ангажман. Jay Shetty, кој нуди совети за ментално здравје и самосвест, и Theo Von, чиј хумор и искреност се лек за модерниот стрес, покажуваат дека денешната “лектира” може да се слуша, а не само да се чита. Поткастите како оние на Роган или Купер често отвораат теми што формалното образование ги избегнува. Од политика до секс, од психотерапија до бизарни животни приказни – тие се новите училници на интернет генерацијата. Во традиционалниот смисол, фолклорот ги раскажуваше приказните на народот. Денес, тоа го прават креаторите со камера и микрофон. Ликови како Amelia Dimoldenberg (Chicken Shop Date), Keith Lee (вирален рецензент на храна), и дури и Haliey Welch (позната како “Hawk Tuah Girl”) се доказ дека хуморот, искреноста и автентичноста се валутата на новата фолк сцена. Оваа листа не само што ги слави дигиталните ѕвезди, туку и ги признава како културни лидери. Како што кажа уредникот на TIME, Сам Џејкобс: „Тие го менуваат она што го гледаме, како го трошиме времето, што купуваме – и како гласаме.“ Во истиот контекст, не е случајно што Доналд Трамп, во својата кампања за 2024 година, речиси исклучиво се појавуваше во дигитални формати, избегнувајќи традиционални медиуми.
- Во петок(9.06) е третата фестивалска ОФФЕСТ вечер, Во петок(9.06) е третата фестивалска ОФФЕСТ вечер, петок-е-третата-фестивалска-оффест-вечер
После две возбудливи ОФФЕСТ вечери, влегуваме во викенд кулминацијата на фестивалот за светска музика-за кој се чинеше дека нема да имаме можност годинава да го проследиме. Петочната вечер ќе имаме можност да ги чуеме Џастин Адамс во музичка соработка со Мауро Дуранте и македонско-американскиот Крсте Роџески. ЏАСТИН АДАМС И МАУРО ДУРАНТЕ: Пустински блуз и таранта Џастин Адамс е еден од највлијателните гитаристи и продуценти на денешницата, кој со своето свирење и компонирање ги спојува различните музички култури и традиции. Неговата кариера започнува во добата на пост-панкот, но набрзо се префрла кон стариот блуз, арапската и африканската музика, фолкот и други потрадиционални жанрови. Џа Вобл, Tinariwen и Роберт Плант се само некои од неговите музички соработници, а неговата работа како продуцент на албумите на Tinariwen и Рашид Таха ја истакнува неговата склоност кон северноафриканскиот грув. Магазинот Songlines го вброи неговиот последен соло албум „Ribbons“ меѓу најдобрите 50 албуми во изминатата деценија. Мауро Дуранте е виолинист и перкусионист од Италија, кој е дел од групата Canzoniere Grecanico Salentino, една од најпознатите бендови за традиционална музика од регионот Саленто. Тој е експерт за тарантела, вид на фолклорна музика која има хипнотички ритам, и е музика која се користи за да се ослободат емоциите и да се преборат стравовите и тагата. Заедно, Џастин Адамс и Мауро Дуранте создаваат жив, соголен звук кој се движи и маѓепсува, со едноставни мелодии и опсесивно-репетитивни обрасци, подеднакво соодветни за танцување и мечтаење. Нивното дуо е оригинална синтеза на пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на тарантата, која нуди свеж и иновативен пристап кон светската музика. КРСТЕ РОЏЕВСКИ: Интроспективна лиричност и неодолив шарм Крсте Роџевски е македонски пејач, гитарист и композитор, кој живее и работи во Њујорк. Тој е активен на авангардната „даунтаун“ сцена од неговата преселба во САД во доцните деведесетти. Тој има издадено шест албуми под своето име, кои се одликуваат со интроспективни текстови и електроакустичен звук. Неговата музика е влијана од разни стилови, како джез, рок, поп, фолк и класична музика, а неговите песни се полни со емоционална длабочина и поетичност. Неговиот најнов албум „Fair Weather Friends“ излегол во февруари 2022 година и е продолжение на неговата трилогија „Batania“, „Bitter Almonds“ и „The Rabbit And the Fallen Sycamore“, кои ги обработуваат темите на имиграцијата, идентитетот и припадноста. Албумот е концептуален и содржи 12 песни, кои се однесуваат на 12 различни личности, со кои Роџевски имал контакт во текот на својот живот. Тие се приказани како „пријатели по време на убаво време“, кои се појавиле и исчезнале од неговата егзистенција. Албумот е снимен со помош на извонредни музичари од Њујорк, како Марк Рибо (гитара), Дејвид Бернстајн (труба), Кен Томпсон (саксофон), Џонатан Голдбергер (гитара), Шазад Исмаили (бас) и Ден Вайс (тапани). Повеќе за фестивалот на нивната официјална страница.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура






