Резултати од пребарување
5233 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Почетници за неписмени, Почетници за неписмени, почетници-за-неписмени
од Дубравка Угрешиќ Насловот на оваа изложба го инспирираше „Почетница“ за неписмени печатена во Загреб во 1946. Кориците на тие почетници се избраздени со тенки, хоризонтални, црвени линии а над насловот - Почетница за неписмени - виси незграпна црвена ѕвезда. Така, името не го подразбира само предметот на мојот интерес (моето визуелно поле се претежно социјалистички буквари од педесеттите години на минатиот век), туку и мојот авторски статус: во однос на визуелната уметничка практика јас сум навистина неписмена. Големата смена на буквари Во годината 1991, кога се распадна Југославија и кога започна војната која ефикасно ќе го доврши нејзиното распаѓање, во моите раце случајно се најде почетница која според годината на изданието (1957) лесно можела да биде и моја. Листање на почетницата длабоко ме возбуди. Пред мене одеднаш се појавија два света: дамнешниот, заборавен свет на почетниците, кој ветуваше среќна иднина, и другиот, вистинскиот, сегашниот, кој брутално ја оспоруваше таа иднина. Побарав и други почетници, баш како во нив да ќе најдам некоја тајна причина за военото лудило кое се одигруваше пред моите очи. Најдов хрватска почетница од крајот на 19-от век и земав нова, испечатена 1991, сто години подоцна. Ги споредував световите на трите почетници - од крајот на деветнаесетиот век, од крајот на дваесетиот век и мојата, од средината на дваесетиот век. Есеј за тоа со наслов „Почетница“ е објавен во холандското издание „Култура на лаги“.Ерик Ванде Пит, белгиски уметник, го вклучи тој есеј во каталогот на неговата изложба Paul va ouvrir la porte (Антверп, 2004). Во своите дела, белгискиот уметник ги воскреснува визуелните детали на старите белгиски буквари. Mila myla mamu Во јуни 2009 година, умре мојата мајка. Целото лето го поминав доброволно затворена во мојот дом во Амстердам. Еден ден сосема случајно наидов на книга што некој ми ја подари одамна, руски советски буквар од шеесеттите. И баш како некој друг да управува со мене, почнав да ги посетувам продавниците во Амстердам за материјали за сликање. Ги купив моите први боички, блокови, гуми за бришење, хартија за копирање. Во рускиот буквар, моето внимание од сосема нејасна причина го привлече цртежот на девојката која мие чаши во мал леген кој стои на стол. Текстот веднаш до минијатурата гласи Mama ušla. Mila myla... (Мама си замина. Мила миеше...) Малиот корисник на почетницата на местото каде што стоеја трите точки требаше да го впише зборот - шолјички. Мама, значи, замина, а Мила миеше шолјички. И како некој да управува со мене со далечински управувач, јас го прецртав цртежот од девојчето на хартија за прецртување. Хартијата за прецртување ја поставив на бела хартиена подлога. Девојчето сега, насилно исфрлена од светот на букварот се најде на празен простор. Околу нејзе беше белина, пред нејзе столче, на столчето мал леген. Тој празен простор почнав опсесивно да го населувам. Мила во мајчиното отсуство прво переше шолјички а потоа голем морков, потоа билки, крокодили, птици, бродови, цел град…. Се́ уште не ми беше јасно од каде доаѓа мојата потреба да го прецртувам недолжното девојче Мила. А тогаш, случајна грешка го извлече на површината на хартијата објаснувањето. До цртежот на девојчето напишав. Mama ušla. Mila myla mamu.Беше тоа облик на длабоко тагување за кое не бев свесна : цело време јас всушност ритуално ја миев својата покојна мајка, мајка која замина. Терапија? Па сепак останува прашање зошто повторно - баш како во времето на распаѓањето на Југославија - се закачив за почетницата како за сламка. Од психоаналитички аспект, овој облик на „регресија“ се чини разбирлив: почетницата како нашиот прв координатен систем, воедно е и comfort zone и трауматично поле. Почетницата е почетокот на знаењето за светот, првото идеолошко апче кое ќе го проголтаме, првата лекција за морал, прва лекција за визуелни уметности. Припаѓам на југословенската повоена генерација. За децата на мојата генерација, ,,Почетница” воедно беше и прва книга која многу ја земале во раце. Моето (нашето) детство беше без играчки, бидејќи едноставно ги немаше, а сликовниците беа реткост. Немаше телевизија, видео, ЦД, ДВД, компјутери, сите работи со кои денешните деца се обилно закопани и без кои животот денес изгледа незамислив. Внатрешните корици на книгите од скромната домашна библиотека на моите родители служеа како мои први блокови за цртање. Во време на општата повоена сиромаштија, дури и хартијата беше луксуз. Благодарение на пријателите кои сериозно ја сфатија мојата „компулсивна активност“, на мојата адреса почнаа да пристигнуваат буквари: Партизанска почетница од 1944 година, хрватски математички буквар од 1946 година, македонски буквар од 1946 година, бугарски буквар од 1953 година, руски буквар, познатиот полски елементарц од Маријан Фалско ( со илустрации на Јежи Каролак) – овој буквар првпат е објавен во 1910 година, а со текот на времето доживеал одредени промени, и денес им служи на полските деца. Книгата за почетници не е невино читање, многу може да се прочита од внимателно читање. Беа потребни, на пример, само неколку години за „југословенските“ црно-бели буквари од времето на Втората светска војна и веднаш по војната да процветаат во раскошни буквари со пригушени бои и детални цртежи; за татковците да ги заменат пушките со трактори или дупчалки, а мајките со книги за готвење или медицински слушалки. Сè е интересно во иницијалите, дури и скриената историја на поединечни букви. Во партизанскиот буквар, на пример, нема Срби, Хрвати, Босанци, туку се појавува буквата Dž. Џафер е одговорен и за промоција на буквата Dž, покрај džak. Џафер ја преживеа Втората светска војна, социјалистичка Југославија, тој беше единствениот кој успеа да ги помине сите буквари и да се најде во нови буквари. Истата долговечност ја покажува и буквата I - како игла. Многу поранешни Југословени од различни генерации се озаруваат на поменот на Џафер и иглата. Повеќе за изложбата „Црвеното училиште“ на Угрешиќ : Изложба на Дубравка Угрешиќ на КРИК фестивалот. Покор? Во Берлин во 1994 година, случајно налетав на Гркот Телемах, кој заработуваше монети свирејќи багламас по крчми. Него го споменувам во една епизода од мојот роман „Музеј на безусловно предавање“. Кога дозна од каде сум, Гркот рече: „Мислам дека јас сум виновен за војната во твојата земја“. Во 1989 година, Гркот сонувал две вкрстени секири. Неколку дена по необичниот сон падна Берлинскиот ѕид. На почетокот Гркот мислел дека секирите од неговиот сон го најавуваат падот на Ѕидот, но кога започнала војната во Југославија, ја сфатил вистинската порака на сонот. „Од тогаш секоја вечер чекам да ми се врати тој сон, за да ги раздвојам тие секири“, ми рече Телемах. Кој знае, можеби со мојата нејасна букварса работа мешетарам како Телемах во моите соништа, ги спојувам завојуваните писма, кирилица и латиница, завојуваните буквари, ги помирувам Милан со Ивица, Стипе со Џафер. Прецртувањето како и препишувањето, може да биде ритуал на некое длабоко внатрешно покајание. Со што јас тоа се занимавам? Со што се занимавам? Искрено кажано, не знам. Вистина е, не ми се страни поимите appropriation art, art intervention, soc-art (раниот Илја Кабаков) знам и кој беше Хенри Дарџер. Современата уметност, меѓутоа, веќе подолг период не ја доживувам како движење „напред“ (ниту пак ако одење наназад), ниту како „оспорување“ ниту како промислен цитат, него повеќе како повторување на индивидуални уметнички гестови кои меѓусебно едвај комуницираат, што се́ уште не значи дека гестовите се различни и оригиниални. Својот компулсивен „уметнички гест“ го гледам исклучиво во рамките на - Почетници за неписмени. Ме возбудува хартијата, откривањето на паус-хартијата и играта на криење и откривање на детали. Ме возбудуваат посетите на продавниците со сликарски материјал, случајноста да се купи молив, откритието дека има бел фломастер, дека има плавјази кои не се само виолетови. Ме возбудува кога со јазикот ќе ја натопам срцевината на таков еден дрвен молив. Возбудена бев кога открив дека секој Холанѓанец, исто како да му е активирана некоја ментална акупунктурна точка, непогрешиво се озарува на реченицата A is een Aapje. Овде го гледам значењето на оваа изложба: во стимулирањето на точките на некој одамна усвоен и долго дискутиран внатрешен пејзаж. Април 2010 година.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Како помина првиот Верзуз на Јадро: Марко и Ненад го свртеа на глава!, Како помина првиот Верзуз на Јадро: Марко и Ненад го свртеа на глава!, како-помина-првиот-верзуз-на-јадро-марко-и-ненад-го-свртеа-на-глава
Антропологијата нè учи: ритуалите се различни од игрите. Игрите се карактеристични за „врели“ општества и се таму да создаваат настани во кои ќе ги одвојат губитниците од победниците. Додека „ладните“ се потпираат на ритуали: конјуктивни,таму се да ги зближуваат луѓето. Како Нокиа. Кога племето Гахуку-Гама од Нова Гвинеја ги научиле да играат футбал, тие ја измениле играта: играле додека не го го изедначиле резултатот! Тоа беше и суштината на Верзузот на Марко и Ненад: од игра каде што сме гледале и закачки, па скоро и тепачки, лути ривалства, но и блискост и пријателства – тие направија ритуал. Ги поканија присутните да си купат пиво од блиската продавничка пред да затвори: и главно пред своите колеги, Ненад го чешлаше каталогот на Марко и Обратно. Всушност, видете сами. Овој ритуал се одиграJ пред КСП Јадро кој продолжува да го укотви во македонската култура како нешто подруго од улична разбибрига.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура РАЗГОВОРИ 1 2 razgovori pogovori conversations Milk of dreams
- Заминувањето на Меган Маркел значи крај на политиката на екслузивни договори на Спотифај, Заминувањето на Меган Маркел значи крај на политиката на екслузивни договори на Спотифај, заминувањето-на-меган-маркел-значи-крај-на-политиката-на-екслузивни-договори-на-спотифај
Поткастот на Меган Маркл - Archetypes веќе не е ексклузивен за Spotify . Помалку од една година од нејзиното лансирање, платформата повеќе не сака да работи со Маркл и затоа нема да има втора сезона со нови епизоди. Договорот на Спотифај со Меган Маркл и Принцот Хари беше еден од најголемите во светот на поткастингот, но се распадна по само една сезона. Според извори, договорот бил вреден околу 20 милиони долари, но двојката не успеала да ги исполни очекувањата на платформата. Нивната цел беше да создадат „возбудливи “ аудио проекти кои ќе „ истакнат моќни и разнолики гласови и перспективи“ и ќе „нè потсетат колку сме сите поврзани“ . Нивниот прв проект беше специјална епизода која ги содржеше приказните за надеж и сочувство од инспиративни гости за новата година. Но, не беа сите воодушевени од нивната работа. Бил Симонс од Spotify , кој ја води монетизацијата на поткаст за аудио-компанијата, доведе во прашање колку беше пријателскa разделбата кога ги нарече Маркл и принцот Хари „ебени чергари“ за време на епизодата од 16 јуни од неговиот истоимен поткаст . и дека се́ што сака е да се збогува со нив. Тој исто така рече дека никој не се интересира за тоа што имаат да кажат освен ако не зборуваат за кралското семејство и дека само се жалат на нив. Принцот Хари и Меган Маркл сè уште имаат договор со Нетфликс за да произведуваат различни видови на содржини. Тоа не значи дека Spotify е целосно невин во распадот на врската. Еден агент изјави за „Холивуд репортер“ дека е „многу тешко да се направи нешто во Spotify“ и дека нема многу „флексибилност со овие големи зделки“. Други имиња од талентите со висок профил кои исто така ги прекинаа договорите без обновување, беа Барак и Мишел Обама , чија продукција Higher Ground се префрли на Audible , и Естер Перел , која замина во Vox Media . Џемел Хил , чиешто шоу Jemele Hill Is Unbothered беше ексклузивно за Spotify од 2019 година, исто така се очекува да замине по завршувањето на нејзиниот договор ова лето. Извршниот директор на Spotify, Даниел Ек, го призна „ преплатувањето и прекумерното инвестирање “ во зделките за покастинг и таленти за време на разговорот за заработка на 25 април со аналитичарите. „ Нема да го правиме тоа [повеќе] и ќе бидеме многу претпазливи во тоа како инвестираме во идните зделки за содржини“, рече Ек. „ Оние кои немаат добри резулати, очигледно, договорите нема да ги обновиме. А оние што имаат добри реакции… очигледно ќе ги гледаме од случај до случај врз основа на релативната вредност“. Деновиве, кога беше објавено дека Сасексите нема да имаат втора сезона, дојде со заедничко соопштение од стриминг гигантот и компанијата за аудио продукција на војводата и војводката, Archewell Audio . Според соопштението, двете страни „ заемно се договориле да се разделат “ и се горди на она што го постигнале заедно. Почетокот на поткастот беше одложен од најавениот почеток што предизвика сомничавост на слушателите, кои претпоставуваа дека можеби е само маркетинг стратегија на Спотифај, со тоа што се расфрлаат со големи имиња - но без содржина. Според извори во аудио гигантот, двајцата не успеале да го исполнат стандардот за продуктивност потребен за да ја добијат целосната исплата, пишува Wall Street Journal. Се смета дека неуспехот на војвотката од Сасекс ќе ја мотивира да бара нови партнери за да продолжи со нејзиниот поткаст со нејзиниот сопруг. Веста за завршување на многу популарното шоу доаѓа откако блиските на принцот Хари и неговата сопруга објавија дека немаат ништо ново да кажат. Затоа новите документарни или други продукции со нив се чинат дека се осудени на пропаст. Но сепак, тимот на Меган открива дека таа подготвува повеќе содржини за публиката на Archetypes, а поткастот ќе биде преместен на друга платформа. Поткастот беше на врвот на топ листите на Spotify неделата кога беше премиерно прикажан. Тогаш се тврдеше дека Маркл била во преговори за втора сезона, но никогаш не можела да ја убеди другата страна дека може да понуди нешто поразлично од првите епизоди, во кои имало доста познати лица.
- Илон Маск е во неверица откако бојкотот на Twitter/X се продлабочува после антисемитски твит, Илон Маск е во неверица откако бојкотот на Twitter/X се продлабочува после антисемитски твит, илон-маск-е-во-неверица-откако-бојкотот-на-twitter-x-се-продлабочува-после-антисемитски-твит
Гигантот на социјалните мрежи Twitter/X (Твитер/Икс) западна во криза овој викенд бидејќи голем број големи американски компании ги повлекоа рекламите поради стравувањата дека страницата изобилува со антисемитска содржина. Apple, Disney, Paramount, Warner Brothers и Sky и сопственикот на NBCUniversal, Comcast, ги паузираше финансирањата за реклами на платформата бидејќи нејзиниот сопственик Илон Маск се противеше на обвинувањата дека дозволува рекламите да се прикажуваат напоредно со екстремно десничарските објави. Бојкотот дојде неколку дена откако Маск лично одобри антисемитска објава на платформата. Компјутерскиот гигант IBM беше првата компанија што го запре рекламирањето во четвртокот, после извештајот на непрофитната американска организација Media Matters кој тврди дека X сервира реклами за IBM, Apple, Oracle, NBC Universal и Comcast’s Xfinity напоредно со пронацистичка содржина. Apple и другите големи брендови го следеа примерот, додека Европската комисија рече дека ќе ги паузира рекламите поради „широко распространета загриженост во врска со ширењето на дезинформации“ во неделите по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Во сабота М аск се закани со „термонуклеарна тужба“ против Media Matters и ја обвини дека манипулира со нивните вести за да генерира „редок пример“ на реклами кои се сервираат покрај екстремно десничарските објави. „ Оваа недела, Media Matters for America објави приказна која целосно погрешно го претстави вистинското искуство на X, во уште еден обид да ја поткопа слободата на говорот и да ги доведе во заблуда огласувачите“, се вели во соопштението на X. Сепак, претседателот на Media Matters , Анџело Карусоне , рече: „Далеку е од поборникот за слобода на говор кој тврди дека е, Маск е насилник кој се заканува со неосновани тужби во обид да ги замолчи извештаите за кои тој дури и потврди дека се точни. Маск призна дека спорните реклами се појавија заедно со пронацистичката содржина што ја идентификувавме. Ако не́ тужи, ќе победиме“. Потенцијалната правна борба со Media Matters следи по одделен инцидент во средата кога Маск му одговори на корисник на X кој промовираше антисемитска теорија на заговор дека Евреите им помагаат на „ордите на малцинствата“ во САД да ги заменат белите луѓе. „Ја кажавте правата вистина“, одговори Маск на Твитер. Таканаречената теорија за замена беше верување застапено од Роберт Бауерс пред да убие 11 верници во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург, Пенсилванија, во 2018 година. Бурните реакции по твитот на Маск стигна до Белата куќа, каде што портпаролот рече: „Ја осудуваме оваа одвратна промоција на антисемитска и расистичка омраза“. Во обид да ги задржи последиците, извршната директорка на X, Линда Јакарино, во петокот рече: „X беше исклучително јасен во нашите напори за борба против антисемитизмот и дискриминацијата. Апсолутно нема место за тоа никаде во светот“. Последниот бран на бојкот на компаниите предизвика нови прашања за одржливоста на X, кој Маск го купи пред една година за 44 милијарди долари. Договорот беше делумно финансиран со долг од 13 милијарди долари од банките на Волстрит. За време на неговото кратко, но бурно владеење, Маск ја преименуваше компанијата, нарушувајќи ја функционалноста на страницата, воведе функции што се платени и отпушти илјадници вработени, вклучително и модератори на содржини, во обид да ги спречи огромните загуби. Сепак, страницата останува силно зависна од огласувачите. Податоците од аналитичката фирма Guideline минатиот месец сугерираат дека овој приход паѓал во просек за 55 отсто секој месец од преземањето. Јакарино, поранешен шеф за рекламирање во NBCUniversal, беше донесен во мај во обид да ја стабилизира ситуацијата и да ги врати огласувачите во јатото. Директорот на една голема лондонска агенција за дигитално рекламирање рече: „Клиентите мора да се повлечат, барем на краток рок. Дали ќе се вратат? Едноставно не знам. Ова е многу полошо од било што [Маск] направил или рекол во минатото. Ќе биде тешко да се прости“. „Ниту еден огласувач не сака нивниот бренд да биде поврзан со токсична содржина“, рече Алис Ендерс, шеф на истражување во Ендерс Анализис, но додаде дека многу организации ќе држат дел од вниманието на рекламирањето за претседателските избори во 2024 година во САД. „Има многу политичко рекламирање и медиуми на X. Циклусот на политички реклами навистина ќе го фаворизира Илон Маск во 2024 година“. Последната контроверзија на Маск околу X дојде додека компанијата на милијардерот SpaceX се подготвуваше за второто лансирање на својата најголема ракета досега, Starship, која се лансираше од Тексас во саботата.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура






