Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Неколку совети за чување на Божиќната ѕвезда!, Неколку совети за чување на Божиќната ѕвезда!, неколку-совети-за-чување-на-божиќната-ѕвезда
Божиќната ѕвезда е една од празничните симболи! Се наоѓа за 250 денари баш насекаде, но откако ќе ја купат се жалат дека се суши…За тропска женска сувиот воздух од климата заедно со ладната промаја од прозорот е убиствена комбинација. Еве пар совети како да успее!
- Кифи Ди член на ганстерите Крипс уапсен за убиството на Тупак Шакур, Кифи Ди член на ганстерите Крипс уапсен за убиството на Тупак Шакур, keefe-d-murder-tupac-shakur
Повеќе од 25 години по убиството на Тупак Шакур - трагедија која беше дефинирачка за хип-хоп кулутрата - самопрогласениот гангстер Киф Ди кој непрестано зборуваше дека е вмешан во убиството на раперот, е обвинет за убиство, објави во петокот обвинителството во Лас Вегас, откако обнови истрага која траеше над две децении. Двејн Кит Дејвис во интервјуа и мемоари истакнуваше дека се наоѓал на совозачкото седиште во белиот кадилак кој се испречил пред возилото на Шакур ноќта на натпреварот на Мајк Тајсон со Брис Селдон во Лас Вегас во 1996 година. 25-годишниот рапер беше ранет четири пати, а неколку дена подоцна почина во болница. Големата порота во округот Кларк го обвини Дејвис по една точка за убиство со смртоносно оружје и со намера да ја промовира, поддржи или помогне криминална банда, соопштија обвинителите во петокот пред судот. Обвинителот рече дека Дејвис е во притвор; Неговото апсење првпат го објави Асошиејтед прес. Со текот на годините, иако имаше многу шпекулации, докази и извештаи за убиството, не беа покренати обвиненија за пукањето на Тупак, кој веќе стана еден од најпопуларните уметници во 1990-тите, со текстови кои имаа поетска димензија среде конфронтирачки гангстерски рап. Но, интересот за случајот беше обновен во јули кога Метрополитската полиција во Лас Вегас изврши претрес на дом во Хендерсон, Невада, поврзан со Дејвис. Марк Ди Џакомо, главен заменик-обвинител на округот Кларк, во петокот пред судот рече дека Дејвис -- кој се опиша себеси како „донесувач на одлуки“ и „генерал со пет ѕвезди“ на локална гангстеркса банда-- бил „командант на терен, на лицето на злосторот“ кој „го нареди пукањето.“ на Шакур и обвинението за обид на убиство на Марион Најт, рап магнатот познат како Шуг, кој го возеше автомобилот во кој се наоѓаше раперот. Дејвис, кој се нарекува Кифи Ди, ги опиша во детали настаните што доведоа до пукањето и оние кои следеа, во неговите мемоари од 2019 година, опишувајќи го конфликтот меѓу гангстерските банди што ескалираше кога Шакур и неговите соработници го истепаа внукот на Дејвис, Орландо Андерсон, после мечот со Тајсон во лобито на МГМ хотелот. „Нивниот напад врз мојот внук нè обврза да направиме нешто“, рече Дејвис во мемоарите „Легенда за улиците Комптон“. „Тупак избра навистина лош натпревар“. Диџакомо во петокот пред судот призна дека општите контури на она што се случи таа ноќ и́ биле познати на полицијата уште од 1996 година. „Она што недостасува е прифатлив доказ за да се утврди низата на настани што се случија таа ноќ“, рече обвинителот, истакнувајќи дека Дејвис потоа почнал јавно да ја опишува својата улога, почнувајќи со телевизиско појавување во 2018 година. „Во сведоштвото, тој призна дека го набавил пиштолот за да ги пронајде г-дин Шакур и г-дин Најт; тој призна дека бил сопатникот кој седел напред десно, во белиот кадилак“. Дејвис избегнуваше директно да го спомене човекот кој го држел пиштолот во неодамнешните интервјуа. Но, во снимената исповед на поранешниот детектив од ЛАПД кој го истражуваше убиството на Шакур, Дејвис на полицијата и́ кажа дека тоа е Андерсон, неговиот внук, познат како Бејби Лејн. Андерсон беше испрашуван од полицајци кои го истражуваа убиството на Шакур, но беше убиен во престрелка во 1998 година. Дејвис рече дека тој бил единствениот жив сведок кој бил во Кадилакот таа ноќ. Во ноќта на пукањето, Шакур беше во патничкото седиште на БМВ возено од Шуг Најт на афтер забавата во Клуб 662 кој беше новиот објект изнајмен од нивната издавачка куќа, Death Row. Дејвис, самопрогласен член на бандата Крипс, во своите мемоари напишал дека тој, Андерсон и другите биле вооружени и чекале на паркингот во ноќниот клуб, надевајќи се дека ќе се сретнат со Шакур и Најт, кои биле поврзани со ривалите Бладс. Кога раперот не се појавил, Дејвис рече дека групата што чекала го напуштила клубот накај нивниот хотел, само за да се сретнат со Шакур и Најт, кои разговарале со фанови застанати на црвено светло. „Додека стоеја во сообраќајот, полека возевме покрај долгата низа луксузни возила во нивната линија, гледајќи во секое додека не стигнавме до првото возило и го најдовме она што го баравме“, напиша Дејвис. Дејвис рече дека тимот на Шакур се однесувал со „крајно непочитување “ кога тие го претепале неговиот внук, напад за кој се верува дека е одмазда за претходниот грабеж на еден од пријателите на Шакур. Во своите мемоари, Дејвис опишал „строг код“ на улиците по кој луѓето „живеат, убицаат и гинат“. „Смртта на Тупак и Биги беше директен резултат на кршењето на тој код и експлозивните последици кога се судрија моќниот свет на улицата, шоу бизнисот и корумпираните органи за спроведување на законот“, тврди тој. Кејдинг, кој не е поврзан со тековната истрага, во интервју за TMZ за време на претресот изјави дека Дејвис бил заштитен од тужби за неговите разговори со полицијата пред повеќе од една деценија, но дека ги гледал изјавите на Дејвис за неговата улога во пукањето како правен инструмент за обвинителите. Во интервју со диџеј Влад оваа година, Дејвис беше запрашан дали е загрижен дека неговите изјави може да доведат до тужба, Дејвис, кој во неговите мемоари е опишан како раководител на „нарко-империја од повеќе милиони долари“ и беше затворен околу 15 години, делумно поради федерални обвиненија за дрога, рече дека не се плаши од затвор. „Сакаат да ме стават на доживотен затвор? Тогаш тоа е нешто што морам да го направам.“ Веднаш по смртта на Шакур започна голема акција на истражувачки активности. Повеќе од 20 лица беа уапсени во врска со пукањето, за кои полицијата соопшти дека се сомнева дека е гангстерски напад кој произлезе од убиството на раперот. Но, со текот на годините, смртта на Шакур остана без обвинение - исто како и смртта на неговиот ривал, Биги Смолс. Убиствата станаа тема на книги, подкасти, ТВ серии и филмови, што дополнително го издигна Шакур во статус на легенда, познат по албумите како што се „Me Against the World“, во кои рапуваше за животот полн со насилство и „All Eyez on Me,” . еден од првите двојни албуми во жанрот - доби митска улога во хип-хопот. Истрагата за смртта на Ноториус Би-Ај-Џи беше обновена од Полицијата на Лос Анџелес во средината на 2000-тите, што неизбежно ги наведе да го преиспитаат убиството на Шакур. Грег Кадинг, еден од детективите вклучени во истрагата, подоцна напиша книга во која детално опишува како детективите го убедиле Дејвис да соработува со нив со тоа што му понудиле зделка, која му гарантирала дека нема да може да биде обвинет врз основа на било какви инкриминирачки изјави кои може да ги направи во текот на интервјуата со полицијата. „Пеев затоа што ми ветија дека нема да ме обвинат“, напиша Дејвис во своите мемоари.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Вања Штркова - Интимниот свет на "Мали настани, обични работи, скршени и реконструирани" | diva.mk
3.9.24 г., 18:00 Вања Штркова, изложба Културно информативен центар (КИЦ), Mirche Acev, Скопје, North Macedonia На 3 септември 2024 година, во Продажниот ликовен салон во Културно-информативниот центар во Скопје, љубителите на уметноста ќе имаат прилика да се запознаат со најновата самостојна изложба на македонската уметница Вања Штркова, означена со интригантниот наслов „Мали настани, обични работи, скршени и реконструирани“. Изложбата ќе биде отворена до 14 септември, нудејќи уникатна перспектива на привидно обични, но сѐуште значајни моменти во секојдневниот живот.Вања Штркова, родена во 1987 во Скопје, дипломирала на академијата за графички дизајн „Александрија“ и моментално работи како графички дизајнер во агенцијата New Moment. Таа е позната по својата способност да забележи и трансформира секојдневните моменти и предмети во допадливи, минималистички, но и впечатливи визуелни дела. Штркова учествувала во една самостојна и повеќе групни изложби, а нејзините дела често рефлектираат на животот во неговата најосновна форма – од емотивното до физичкото. Оваа последна колекција се фокусира на „малите настани“ кои секој дан го прават нашиот живот значаен и интересен. Вања се инспирира од својот внук Рубен, чие доаѓање ѝ помогнало повторно да ги осмисли и разбере малите радости во животот. Токму тој нов начин на гледање е што таа сака да го сподели со своите посетители на изложбата. „Мали настани, обични работи, скршени и реконструирани“ претставува подбрана серија од слики кои се карактеризираат со емоционалност и наративна длабочина. Визуелната естетика на Штркова е моќно проникнување во дневната рутина, каде што обичните предмети и сцени се трансформираат во изразни и богати уметнички дела. Уметницата има потреба да користи бои, искуства и емоции за да слика, оволку поради лична потреба, колку и за да сподели своето видување со другите. Она што може да се види на нејзините дела не се само бои, туку и живо(то)пис. Вања Штркова (родена 1987 година во Скопје) е графички дизајнер која работи во агенцијата New Moment во последните 5 години. Пред оваа изложба, Вања има една изложба во 2016 година насловена „Life”. Нејзиниот најнов проект, изложбата „Мали настани, обични работи, скршени и реконструирани“, претставува серија на уметнички дела и слики инспирирани од секојдневните мали работи, мали разговори, мали моменти кои му даваат една значајна нота на животот. Во брзината и перфекционизмот кон кој секојдневно се стремиме, Вања со оваа изложба фрла светло на детското, на несовршеноста, на искривената линија... со други зборови, нѐ става во ситуација да го погледнеме детето во нас, да се фокусираме на сегашноста и ја истражува темата на малите и често неприметливи моменти во животот кои се претворени во визуелни наративи. Овој проект е посветен на нејзиниот внук Рубен, кој со неговото доаѓање го изврти погледот на битните и небитните работи во животот. Со модерниот стил и интензивната употреба на бои, делата на Вања Штркова нудат нов поглед на обичните, но важни аспекти на секојдневието, пренесувајќи чувство на мир во моментот во кои се играат нејзините слики. - ЈУ Културно информативен центар - Скопје Вања Штркова го предизвикува посетителот да забави, да размисли и да го цени секој момент, без разлика колку мал или обичен може да изгледа. претходно следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- БУКВАЛНО ЏЕЗ: Прво издание на скопскиот фестивал кој ветува спој на култура и ритам, БУКВАЛНО ЏЕЗ: Прво издание на скопскиот фестивал кој ветува спој на култура и ритам, буквално-џез-прво-издание-на-скопскиот-фестивал-кој-ветува-спој-на-култура-и-ритам
Скопје ќе биде домаќин на првото издание на фестивалот БУКВАЛНО. ЏЕЗ., кој ќе се одржи од 19 до 25 мај 2025 година во културниот центар „Буква“. Овој нов фестивал ветува сеопфатна програма која ќе ги обедини љубителите на џезот и културата, нудејќи им богата палета на настани кои ќе се одвиваат во амбиенталниот простор и двор на „Буква“. Фестивалот ќе понуди интересна комбинација од предавања, изложби, проекции и, секако, многу џез музика. Сите настани се отворени и бесплатни за сите, со цел да се овозможи достапност до квалитетна културна содржина за широката публика. Што може да очекувате на БУКВАЛНО. ЏЕЗ.? Програмата на фестивалот е внимателно курирана и ги опфаќа сите аспекти на џез културата, но и нејзината поврзаност со другите уметности: ПОНЕДЕЛНИК | 19 мај Фестивалот започнува со џезот како поетски код: 17:00 ,,Џез: звук, слика, збор” — разговор со Владимир Мартиновски 19:00 Отворање на изложбата Jazz (дела од Диме Темков, Лучка Кошчак и Михаил Парушев) 20:30 Вечерен џез настап: Zulu 3.4 ВТОРНИК | 20 мај 18:00 ,,Џез вињети” со Александар Прокопиев — зборови со ритам 20:00 Вечерен концерт со Swing 42 СРЕДА | 21 мај 17:00 Кратки анимирани џез филмови: За џезот со душа (избор на Марија Савелева) 20:00 Живо со Хот Џез Оркестар ЧЕТВРТОК | 22 мај 17:00 ,,Азбука на скопскиот џез” — разговор со Кирил Темков 20:00 Џез сет во живо со Игор Спироски и Шурбе ПЕТОК | 23 мај 18:00 ,,Шпаклофонија” — инструМентални експерименти (Лукаш, Танасковски, Димовски) 20:00 Вечерен настап: Taxi Consilium САБОТА | 24 мај 13:00 ,,Џез во боја” — ликовна импровизација со Доротеј Нешовски 20:00 Концерт со Odron Ritual Orchestra НЕДЕЛА | 25 мај 13:00 Танцов мастер-клас « ,,Дај од џезот” со Билјана Грозданова – Венус 20:00 Финален концерт: Звук Караџиќ Сè се случува во „Буква“ — дворот, салата, просторот. Сè е отворено. Сè е бесплатно. Ако сакаш да помогнеш — набави симболичен билет (донаторска влезница). Сите донации се насочени кон продукцијата на фестивалот. Генерален партнер: Ford Trucks Поддржувачи: Colenco, Ponir, Симпозион, MultiQi, Badel, Винарија Попов, V’K Craft Distillery Организатори: Андреј Јованчевски, Анастасија Овчаренко, Александар Сандревски Дизајн: Марија Савелева, Александар Савелев Звук (видео): Владимир Голоухов Следи го фестивалот на Facebook. Поддржи го џезот. Буквално. Иако сите настани се бесплатни, организаторите овозможија начин за поддршка на фестивалот преку симболични донации. Сите собрани средства ќе бидат наменети за реализација на програмата и за развој на квалитетната културна сцена во градот. Доколку сакате да го поддржите фестивалот, можете да го направите тоа на следниот линк: https://drugastrana.mk/event/bukvalno-jazz/ Првото издание на БУКВАЛНО. ЏЕЗ. е поддржано од генералниот партнер Ford Trucks, како и од пријателите на фестивалот Colenco, Ponir, Симпозион, MultiQi, Badel, Винарија Попов и V'K Craft Distillery.
- Оффест 2024: Музикална разнобојност која ја носи најсилната програма во последните години, Оффест 2024: Музикална разнобојност која ја носи најсилната програма во последните години, офф-фест-2024-музикална-разнобојност-која-ја-носи-најсилната-програма-во-последните-години
Скопје – Програмата за годинешниот Оффест 2024 е овде, настан кој е еден од најголемите музички празници за сите љубители на светската музика и култура - но и музиката воопшто. Од 6 до 9 јуни, Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотеката на С. Македонија со Оффест ќе ги соберат некои од најпотентните музички таленти и стилови од секој агол на планетата, ветувајќи програма која е можеби најдобра во последните години - според оценката на самите организатори. Најавени изведувачи Во своето 23-то издание, Оффест нуди програма која со право може да се прогласи за една од најразновидните и поинспиративните досега, со осум концерти и два документарни филмови кои прославуваат глобалниот музички дух. Оффест ќе биде отворен со една од најсветлите африкански ѕвезди. BOMBINO, гитарски виртуоз кој свири т.н. пустинскиот блуз, и BCUC од Јужна Африка со нивниот афро-психоделичен транс. Следува трансконтинентално патување со BOI AKIH, кои ги спојуваат звуците на Меланезија и Индија со европски фолк и импровизација, и супер-групата KUTU, која носи етиопско-француска фузија. Познат по вештината на фламенко гитарата и освојувач на две Греми награди, VICENTE AMIGO: духот на Paco de Lucia сè уште живее! Завршната ноќ ќе остане запаметена со настапи од VOŁOSI, полскиот квинтет чијшто енергичен микс излегува надвор од која било жанровска категоризација, како и претставниците на домашната сцена KALATA и српскиот world music состав NAKED. Движење напред со културна свест и иновации Оффест е веќе глобално признат и утврден како еден од важните точки на културната размена преку своите музички настани, но во програмата се инкорпорирани и документарните проекции кои ја надополнуваат и контекстуализираат музичката програма: како „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“ - нуркање во музичките традиции и идентитети. Оффест претставува место каде публиката може директно да учествува во сликањето на еден покомплексен и целосен портрет на светската музичка сцена, додека истовремено обезбедува платформа за уметници кои во спротивно можеби би немале можност се пласираат. Програмата за годинешниот Оффест 2024 е составена со цел да понуди на посетителите едно неповторливо музичко и културно искуство, со настапи од претставници на различни музички жанрови и култури. Во текот на четирите денови на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во различни концерти и настапи, документарни филмови и дополнителни активности кои ги одбележуваат Оффест како еден од најсилните културни настани во регионот. Еве ја деталната програма: Ден 1: Четврток, 6 Јуни Место на одржување: Национална опера и балет Отварање на фестивалот Време: 20:00 часот Настан: Специјално отварање со претставување на Оффест 2024, кратко обраќање од организаторите и почеток на настаните. Настава на настаните: BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness) Време: 21:00 часот Настан: Жив настап на јужноафриканските ѕвезди со нивниот афро-психоделичен транс и енергични настапи. Ден 2: Петок, 7 Јуни Место на одржување: Младински културен центар BOI AKIH Време: 19:00 часот Настан: Најавен музички настап од холандскиот секстет кој смешува меланезиски, индиски, африкански и европски фолк. KUTU Време: 20:30 часот Настан: Најавен настап на француско-етиописката супер-група со нивниот оригинален и моќен звук. Ден 3: Сабота, 8 Јуни Место на одржување: Кинотека на С. Македонија VICENTE AMIGO Време: 18:00 часот Настан: Вистинско уметничко искуство од светски познатиот фламенко гитарист, кој ќе го претстави своето фасцинантно творештво. Ден 4: Недела, 9 Јуни Место на одржување: Национална опера и балет VOŁOSI Време: 19:00 часот Настан: Најавен настап на полскиот гудачки квинтет со нивниот оригинален микс на рок, џез, етно и амбиент музика. KALATA Време: 20:30 часот Настан: Најавен настап на домашните нео-фолк миленици, кои со својот уникатен звук го освојуваат публиката. NAKED Време: 22:00 часот Настан: Завршен настап на познатиот српски world music колектив. Дополнителни активности Проекции на Документарни Филмови: Cesaria Evora Време: Сабота, 8 Јуни, 16:00 часот Agadez, the Music and the Rebellion Време: Недела, 9 Јуни, 16:00 часот Информации и билети Билетарница на НОБ: Локација: Национална опера и балет Време на продажба: Секој ден од 10:00 до 18:00 часот Онлајн Билети преку MKTICK ETS: Веб-страница: www.mktickets.mk/en/event-en/offest24/ Дополнителни Информации: Веб-страница: www.offest.com.mk Фејсбук настан: https://fb.me/e/13LoU6ARE
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура






