Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Погледнете го „Берберот од Литл Рок“: номиниран за Оскар во категоријата најдобар краток документарец, Погледнете го „Берберот од Литл Рок“: номиниран за Оскар во категоријата најдобар краток документарец, погледнете-го-берберот-од-литл-рок-номиниран-за-оскар-во-категоријата-најдобар-краток-документаре
Во „Берберот од Литл Рок“ се работи за Црн сопственик на мал бизнис, кој се бори со расна дискриминација во банкарството. Арло Вошинготн од Арканзас, се обидува да им помогне на Афро-Американците да ги надминат предрасудите во банкарството. Вошингтон води колеџ за бербери каде студентите учат како да шишаат коса и да водат сопствени бизниси. Тој, исто така, управува со People Trust, кредитна унија посветена на службата на црнечката заедница, чии членови се соочуваат со дополнителни бариери во добивањето заеми и други средства за финансиска поддршка. Џон Хофман, добитник на четири Еми награди, го режираше филмот заедно со Кристин Тарнер, а пензионираната Н.Б.А. ѕвезда Двејн Вејд служеше како еден од извршните продуценти. Режисерите изјавија за Њујоркер: „Додека расните поделби во нашата земја остануваат застрашувачки сложени и навидум невозможни да се надминат, Арло Вашингтон ни покажува пат напред - начин, како што вели Арло, „да го израмниме теренат за игра и да создадеме економска правда. "" За титлови на македонски, во „подесувања“ уклучете ги „титлови: превод: македонски“ .
- Резолуција #1: Ќе држам диета и Резолуција #2 набрзина, Резолуција #1: Ќе држам диета и Резолуција #2 набрзина, резолуција-1-ќе-држам-диета-и-резолуција-2-набрзина-1
Највообичаени одлуки или „новогодишни резолуции„ се: - Ослабни - Вежбај повеќе - Престани да пушиш - Оганизирај се подобро - Научи нова вештина - Заштеди/заработи пари - Живеј го животот до максимум Пробав да ги изиграм и да почнеме со нив, уште почеток на декември, и што се случи? Почна да паѓаат баклави, руски салати, да се опиваме ненамерно на Свети Никола, годинава изгледа како да си го разлабавила каишот, откопчала кошулата на враќање од работа, и залутала во кафана. Со тоа удри ја листава со две околности: пандемија и Македонија, и не сме сигурни колку шанси имаме ние, кутри малечки хрчки... Па еве во обид на прегрупирање, размислуваме како некако, очајно, очајнички да земеме под контрола животов кој некако изгледа како да се свртил против нас. Број еден: Сивите фармерки На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата. Ја залепив на вратата на спалната како потсетник...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Не само што ги закопчав, туку имаше и фалти - ми беа еден број поголеми. Летото кое претходеше останав скроз сама, со афтершоковите на некоја катастрофална тиндер ситуација...беше ептен битно да се вратам сама на себе, сама со себе, но тоа доведе до - пилешко, потпржен кромид со маслиново и ориз, еднаш дневно... Со недели. И тоа на добрите денови, кога жештината не беше премногу да стојам над шпоретот. Останав во тие сиви фармерки како триумф над себе, следните 4 години, и до ден денеска, некои ликови ги спомнуваат, како да се некое натприродно фантастично сновидение „ а, се сеќавам, беше во сивите фармерки...„. Како и да е дојде март 2020, стихијно и нагло, на ист начин како што се купуваше од тинекс тој месец. Кога ќе оставиш некого со залиха од храна за 3-4 месеци, без никакви обврски, сама со себе, и менталното здравје есктремно компромитирано, и како врв на сето тоа: тренерки, хеланки, блузони - даваат простор, о, и те каков простор, исходот беше речиси неизбежен. Фармерките се некаде збутани скоро две години. Стратегијата: ослабни! Пандемијата се уште не е завршена, а до сега повеќето од нас, најдовме како да преживуваме, се снаоѓаме и наоѓаме смисла на свет кој се чини е засекогаш сменет. Летово решив дека цел еден шкаф, кој го затворив за некое подобро време (и ги преселив гореспоменатите тренерки и хеланки во просторија која требаше да биде остава, а сега е плакар за блузоните), ќе го вратам во употреба, и нема да чекам ковидот да го разора светот надолж и попреку пред да згасне, за да почнам да живеам - подобро. Или потполно. Еден битен услов за да се чувствувам дека сум жива е - да го препознавам телото кое ми служи, толку беспоговорно верно. А го препознавам како мое само кога е во својата оптимална верзија. Кога мојата психа ќе се сврти против мене, прво оди во напад на обемот на струкот, обравчињата... А како одговор на тоа, моето Его (во фројдовска смисла) - одбива да прави било што друго освен да хибернира додека не се приберам и упристојам. Дел од тој механизам е - одбивање да купувам облека која е во поголеми броеви. Кога ќе се соочам со целиот свој плакар кој е во број, во просек медиум, кога надвор е -5, кога имам +5 најмалку зимски палта, а ниту едно не можам да го закопчам, не останува ништо друго освен да се соочам со жената која што сум во моментов, и да - ослабнам. Тоа е оној момент, кога ножот се забива до коска. Начинот на којшто тоа го изведувам е болно едноставен - броење калории. Нема јадење ама баш ништо(можеби јаболко или салата) после ручек. Нема леб или тестенини. Нема грицкање. Има само доручек и ручек, сето заедно е околу 1000 калории. Навистина најлесната работа на свет, а со тоа најкомплициранта да се егзекутира среде ужасно сложени психички процеси. Само обиди се да влезеш во скини фармерките и веднаш тие нежни сложени ментални нишки ќе се симплифицираат во опстанок! Претркајте ги сите и почнете уште пред Нова Година, ќе најдете начин и пандемијава да ви биде продолжение на Казабланка! Резолуција #2: Вежбај повеќе! Имам орбитрек за шиткање, речиси неупотребен.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Пол Макартни и Ринго Стар конечно во прв официјален дует, Пол Макартни и Ринго Стар конечно во прв официјален дует, пол-макартни-и-ринго-стар-конечно-во-прв-официјален-дует
Првата официјална дуетска песна на Пол Макартни и Ринго Стар, „Home To Us“, ќе се најде на новиот албум The Boys Of Dungeon Lane, заедно со гостувања од Криси Хајнд и Шарлин Спитери. Извор: Instagram; Легендарниот Пол Макартни потврди дека неговиот нов албум The Boys Of Dungeon Lane ќе ја содржи песната „Home To Us“ – првиот официјален дует што некогаш го снимил со Ринго Стар. Песната беше претставена на специјален listening event во легендарното Abbey Road Studios, каде што Макартни пред фановите откри детали за албумот што излегува на 29 мај. „Home To Us“ е интимна песна за нивното растење во Ливерпул, градот што ги обликуваше и од кој започна приказната на The Beatles. Макартни изјавил дека песната била напишана „целосно со Ринго на ум“. „Ринго дојде во студио и отсвири малку тапани. Му реков на Ендру: треба да направиме песна и да му ја испратиме. Оваа песна е создадена целосно мислејќи на Ринго,“ изјавил Макартни. Освен Стар, на песната гостуваат и Криси Хајнд и Шарлин Спитери, додека продукцијата ја потпишува Andrew Watt. Според првите информации, The Boys Of Dungeon Lane ќе биде едно од најличните изданија на Макартни досега. Албумот обработува спомени од детството, семејството и раните години во Ливерпул, а многумина веќе го опишуваат како негово „најинтроспективно“ дело во последните децении. Макартни, како и на неговиот култен соло-дебитантски албум McCartney, повторно сам свири најголем дел од инструментите. Веста за дуетот предизвика силни реакции кај фановите на Beatles, особено затоа што иако Макартни и Стар со години соработуваат и настапуваат заедно, ова е првпат нивните гласови официјално да се спојат во дует на песна потпишана како соло-издание на Макартни. Во време кога рок легендите најчесто живеат низ архиви, ремастери и документарци, „Home To Us“ делува како доцно но емотивно враќање дома: два гласа од Ливерпул што сè уште звучат како да носат цел еден век поп /рок култура во себе.




