Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Доаѓаат Оскарите: The Queen of Basketball, Доаѓаат Оскарите: The Queen of Basketball, доаѓаат-оскарите-the-queen-of-basketball
Номинација во категоријата краток документарен филм: Приказна за најдобрата жива кошаркарка Луси Харис, филм за кој Мајкл Џордан искоментирал “ме расплака”…
- Гледаме независни филмови: Маклабас на Александар Станковски, Гледаме независни филмови: Маклабас на Александар Станковски, гледаме-независни-филмови-маклабас-на-александар-станковски
Минатиот четврток, 12-ти октомври, се отвори „NOMEN EST OMEN“ на Колективот ЗЕРО, во мултимедијалниот центар Мала станица, на Националната галерија (и ќе трае до 29-ти) . Тоа го протолкувавме како повик да се потсетиме на Маклабас. „NOMEN EST OMEN“ на Колектив ЗЕРО, која ќе биде отворена на 12 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица, на Националната галерија. Се сеќавате на 1998 година? Сте биле воопшто родени? Тоа беше време на создавање и истражување во сосема нова атмосфера, време кога македонската кинематографија беше во нова пост-југословенска ера. Филмот наречен Маклабас, во режија на Александар Станковски, го отсликува тоа лиминално време, комплицирано, мачно, неизвесно, но засладено со носталгијата сите тие реалности се само опашки кои се влечат како поговор. „Маклабас“ е продуциран со многу љубов, ентузијазам и посветеност, и сниман во период од речиси четири години. Со основна видео опрема, S-VHS камера и практично без финансиски средства. Првичната идеја била правење документарен филм од 15 минути, која била развиена во заедништво, идеја која собра значителен број познати лица од скопското уметничко подземје, кои ја обликуваа бајката во филмски израз. А со помош на Министерството за култура „Маклабас“ стигна до публиката во кино. Александар Станковски, кој е искусен сликар, но и стрипаџија, се опроба со перформанси, радио-драми па неизбежно беше да го видиме и во филмот. Сценариото за „Маклабас“ е дело на самиот Станковски и внесува нов здив во светот на македонскиот филм: Кога низа мистериозни убиства ќе го упатат вистинскиот агент Ансаров, започнува дива истрага. Жртвите се агенти на различни странски разузнавачки служби, но ова е само првиот дел од сложувалката. Што ги обединува овие луѓе? Ансаров преку своите врски и контакти открива дека сите овие убиства се поврзани со мистериозниот минерал познат како „Зелениот дијамант“. Овој минерал не само што е редок, туку и произведува лек кој ги менува моќите на неговите корисници. Но, дали е ова само обична дрога? Во исто време, елитните научници го истражуваат Зелениот дијамант и откриваат дека тој можеби е порта за димензиите на антиматеријата што хибернираат. Се исцртува нова граница на знаење и можности кои за многумина се невозможни. Ансаров најпрвин се соочува со мистеријата на убиствата и навредите за да ги разоткрие, но набрзо се заплеткува во опасна игра на моќ, пари и тајни научни истражувања. Сепак, зелениот дијамант не е обичен камен. Тој е свесен за своето постоење, а сепак поседува нешто што наликува на самосвест. Ансаров одеднаш се наоѓа во немилосрдна војна помеѓу мултинационалните корпорации кои сакаат да го контролираат и научниците кои се обидуваат да го разберат. Секој обид да се донесе одлука завршува трагично, а поради нешто што никој не го очекуваше – средбата со Маклабас. Овој примитивен, исконски шумски човек стои како заштитник на минералот и природата. Тој не дозволува негова експлоатација и го смета за сквернавење на недопрената невиност на природата. Ќе успее ли Ансаров да ја разоткрие нишката на мистеријата и да го спаси Зелениот дијамант од рацете на суровите корпорации? Или можеби, ќе сфати дека некои тајни мора да останат скриени во темнината на природата? Од урбаните средини и политичките интриги, филмот се сели во планините на Маусдонија, каде што Доброто и Маклабас ( Даскалов) држат стража. Природата се јавува како заштитник на трпеливите, и ги одбива силните зла. „Маклабас“ ја завршува својата задача и заминува во светот на цивилизацијата. Сценариото и дијалозите се прилагодени на наративот на филмот и се потпираат на идеите на андерграунд културата. Главните улоги ги толкуваат познати личности од македонската ликовна сцена, а во улогата на инспекторот Ансаров е Мирче Доневски. Ова е собир на млади интелектуалци кои се обидуваат да го искажат својот став кон светот. Во интервју за магазинот Град во 1998-та година Станковски ја појасни вклученоста на андерграунд сцената и користењето на нивниот жаргон: „А останатите се изреки на луѓе кои се чудесни мудреци на андерграундот во Скопје, како веќе споменатиот Христо Поп Дучев, па познатиот Марсовец од Маџар маало, Владо Манчевски, или на еден од најголемите познавачи на СФ идеологијата, Башким Адеми, или изреката на фамозниот Јово Брамс, или Бравс Роговски, „Дрогирајте се за да бидете хај, а не даун!“ Тие поговорки се исчилени од ова милје и ставени се во контекст на приказната како најавувачи, поткрепувачи и иронизатори. Тие во однос на приказната доаѓаат како контрапункт или иронија или сарказам. Тоа филмот го прави постмодерен, а не модерен, зашто ние сме свесни дека тоа е заебанција. Ние не веруваме во тоа како Бретон и компанија. Па дури и тие најверојатно се заебавале кога велеле дека најчист надреалистички чин е кога ќе излезеш надвор и ќе пукаш со пиштол на сите страни.“ Режија: Станковски Александар - Ацо Сценарио: Станковски Александар - Ацо Директор на фотографија: Галевски Влатко Сниматели: Јанковиќ Александар - Фриц, Ферро Бранд, Хоџа Нехру Монтажа: Живоиновиќ Војо Продуцент: Галевски Влатко Главни улоги: Даскалов Илија, Доневски Мирче, Панов Митко Тон: Зафировски Братислав - Брацо
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- 420: одличен повод да зборуваме за ,, траварска “ уметност, 420: одличен повод да зборуваме за ,, траварска “ уметност, 420-одличен-повод-да-зборуваме-за-траварска-уметност
Терминот "420" се однесува и на времето 4:20 послепладне, кога многу луѓе пушат марихуана и на датумот 20 април, кој е сметан за неофицијален празник на канабисот. Но од каде потекнува овој израз и како стана толку популарен? Постојат различни теории за тоа како 420 станал синоним за пушење трева, но најшироко прифатената е дека тоа има врска со група тинејџери од Сан Рафел, Калифорнија, кои во 1971 година се нарекувале Waldos. Тие дознале за запуштен терен со посеви од канабис и решиле да го бараат после школо. Кога ги договарале средбите, тие го користеле изразот „4:20 Луи“, бидејќи зборното место била статуата на Луј Пастер во дворот на нивната гимназија. Иако никогаш не ги пронашле посевите со канабис, изразот „4:20 Луи“ станал нивен код за повик за пушење марихуана. Во текот на годините, изразот ,,4:20 Луи" се скратил на 4-20 и се проширил меѓу другите уживатели на канабис. Еден од факторите кои помогнале да се популаризира бил магазинот за марихуана High Times кој често го користел во своите статии и реклами. Исто така, групата Grateful Dead имала влијание врз ширењето на изразот, бидејќи тие биле поврзани со Waldos и често имале концерти во Сан Рафаел. Канабисот има огромно влијание во уметноста и воопшто разните супкултури кои се формирале околу неговата употреба(или обратно?). Всушност, стана контракултура сама по себе... На пример во класичниот рок и фолк. Боб Дилан истовремено инсистирал дека никогаш не напишал ниту една песна за дрога но и пее "everybody must get stoned!" во „Rainy day woman“(Жена за дождливи денови) - како ги нарекувал џоинтите. Можеби заборавил што кажал. Cause he got high, cause he got high, cause he got high... Со шармот на „Исцелител“, драмедија за очаен син кој се обидува да му помогне на својот татко болен од рак со - канабис, режисерот Ѓорче Ставревски успеа често циничината и тешка домашна публика да ја разоружа: си дозволија гледачите да бидат отворено воодушевени. Храброста која беше потребна да се третира оваа тема не можеше да не се почитува. Големиот Лебовски(1998) - надреалната сцена кога Д Дуд лета над Лос Ангелес го отсликува траварското сновидение и со тоа влегува во филмската историја. Шепард Фери, кој стана популарен по веќе легендардниот дизајн за изборниот постер на Обама (HOPE - постерот), црта и мурали. За јубилеј на списанието High Times има нацртано мурал со рака која држи лист на канабис, поткрепена со пораката „верувајте и́ на земјата“. Колективот Шарлотс веб го земала дизајнот на овој уличен уметник и го имплементирала во - поле со жито. Марихуаната е интегрален дел од реге музиката, поради филозофијата на растафаријанството кое ги има Карибите како свој дом. Не можеме да зборуваме за музика иниспирана од марихуана а да не го спомнеме Питер Тош со „Легализирајте ја! Немојте никако да ја критизирате!“ Doctors smoke it Nurses smoke it Judges smoke it Even lawyer too So you've got to legalize it And, uh, don't criticize it Legalize it, yeah, yeah And I will advertise it It's good for the flu Good for asthma Good for tuberculosis Even umara composis Go to legalize it Don't criticize it Legalize it, yeah, yeah I will advertise it EASY RIDER: Сцената со кампирањето. Ликот на Џек Николсон по прв пат пробува трева, и со тоа, како што бива, започнува филозофски (читај: надевам) муабет со ликовите на Денис Фонда и Петер Хопер : оваа сцена е важно обележје на контракултурната кинематографија. Далеку дека ова е комплетна и затворена листа (како и обично), но можеме да ја заклучиме со Дива омилено high times парче во моментов - Wale: Five blunts in rotation five blunts Good head is my motivation Gas her up like a service station Purple drank on you perpetrating While you perpetrating I'm renegotiating nah Let me think about it Ah it's like a bank around me When the soldiers with me it's like a tank around me And I don't like niggas saying can't around me I define the odds 2 Glock nines is my body guards Ain't nothing slick to a can of oil Roll up I'm high as fuck Some of you niggas ain't try enough Some of you niggas ain't buy enough You smoking good put your lighters up Oooh Trying to stay in my zone Watching enemies close They be doing the most So I go through the motions Five blunts in rotation five blunts
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура


