top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Словачката кинематографска ретроспектива во Кинотека | diva.mk

    23.3.24 г., 19:00 недела на словачки филм, кинотека, филм Laboratorium, Bulevar Kliment Ohridski, Skopje, North Macedonia Скопје, Македонија – Филмофилите во Македонија ќе имаат ретка можност да се запознаат со богатството на словачката кинематографија преку предстојната ретроспектива на класични филмови од времето на комунистичка Чехословачка. Ретроспективата, која ќе се одвива во последната недела на март, ќе ни овозможи интимен поглед во развојот и влијанието на словачкото кино. https://www.youtube.com/watch?v=NWlhiX0ys_g Душан Ханак со својот документарен филм "Слики од стариот свет" (1972) ќе отвори настанот во сабота, 23 март, во 20:00 часот . Филмот, кој беше прогласен за најдобар словачки филм на сите времиња од страна на словачката критика во 2000 година, ќе ни донесе трагични и емоционални портрети на луѓе на маргините на општеството. Во понеделник, 25 март, во 20:00 часот, љубителите на сатирата ќе имаат прилика да го видат "Случајот на Кос Барнабаш" (1964) на Петер Солан, еден класик на чехословачкиот нов бран кој сурово го критикува лицемерието во тогашното општество. сите проекции започнуваат во 20 часот во Лабораториум Со "Клучни години" (Kristove roky) во вторник, 26 март, ќе се запознаеме со деби-филмот на Јурај Јакубиско, кој е исполнет со визија и стил налик на францускиот нов бран. Режисерот, наречен најдобар словачки режисер на 20 век, ни нуди поглед во бесцелноста на животот на еден млад човек. Програмата на 28 март ќе ги истакне делата на Виктор Кобел, основоположник на словачката анимација. Покрај неговиот долгометражен анимиран филм "Бандитот Јурко", публиката ќе може да ужива и во неговите кратки анимирани дела, кои се карактеристични со својата оригиналност и хумор. Заклучувајќи ја програмата со "Ноќни јавачи" (1982) на режисерот Мартин Холи, фестивалот ни ветува вестерн-авантура која ќе ја однесе публиката назад во времето на Чехословачка по Првата светска војна, во петок, 29 март во 20:00 часот .Оваа ретроспектива ветува да биде возбудлива селекција на филмски лектири која ќе ја претстави разновидноста и историјата на словачките филмови на македонската публика. https://www.youtube.com/watch?v=PuyTQOQrssA Со разноликата палета на жанрови - од документарни до анимирани и играни филмови - овој настан сигурно ќе ја збогати локалната културна сцена и ќе отвори нови хоризонти за разбирање на словачката култура и историја преку седмата уметност. претходно следно

  • Како да ги спасиме сарделите? Брз водич за преживување на растенијата под африканскиот бран, Како да ги спасиме сарделите? Брз водич за преживување на растенијата под африканскиот бран, како-да-ги-спасиме-сарделите-брз-водич-за-преживување-на-растенијата-под-африканскиот-бран

    Градинарење во климатска криза Во групата „Дворчето“, каде што луѓето си помагаат со совети за растенија како со рецепти за зимница, се појави прашање кое привлече внимание токму поради итноста и паниката во гласот: „Здраво помош!!!! Како да ги спасам сарделите се сушет ???“ Грижата одекна како аларм од македонските дворови. Тие нејзини три вознемирени извичници ни се чинат многу попрецизни од било каков метео извештај: ситуацијата е критична. Температурите со денови не паѓаат под 35°C, земјата под растенијата е жешка како тавче, а во попладневните часови цвеќињата ни изгледаат како да сакаат да станат и да побегнат во потрага по сенка. Африканскиот бран е вистинска климатска стихија која ги фрла градинарите (и нивните саксии) во режим на вонредна состојба. При температури над 35 степени, особено на изложени балкони или асфалтирани тераси, дури и сарделите кои инаку се слават како жилави, почнуваат да венеат. Земјата се суши пребрзо, листовите пожолтуваат од рабовите, цветовите се затвораат или воопшто не се формираат. Во овие услови растението влегува во кризниот режим – се одржува во живот, но не цвета. Тогаш, логично, првиот чекор е сенка, утринско полевање, скратување на изгорените делови и стрпливост. Но што ако сарделата продолжува да венее и покрај сето тоа? Тука доаѓа моментот кога треба да се запрашаме дали проблемот е навистина само од времето. Зашто сушењето на сарделите може да биде симптом на неколку различни проблеми – некои подземни, други едвај видливи. Понекогаш, и најобичната саксија знае да ја раскаже комплексноста на живото битие, само ако гледаме доволно внимателно. Најпрво, вреди да се провери дали растението страда од преливање, а не од жед. Парадоксално, но не така ретко, сарделата се суши токму поради задушен корен. Кога саксијата нема соодветна дренажа или кога се полева премногу често, водата се задржува и предизвикува гниење. Коренот тогаш се задушува, и растението почнува да опаѓа – како да е дехидрирано, иако е всушност преплавено. Симптомите може да бидат пожолтени лисја, меко стебло, па дури и непријатен мирис од земјата. Во такви случаи, најдобро е да се пресади во нова, проветрувачка почва, со дренажа и умерено полевање. Втора можност, особено летно време, се инсекти и штетници. Бели вошки, црвени пајчиња, знаат тивко да се населат на задната страна на листовите, каде што на растението не се забележува ништо додека не е доцна. Знаците може да бидат ситни дамки, лепливост, пожолтување без логика или пајажиники. Во такви случаи, важно е растението да се испрска со раствор од млака вода и сјај или некој природен инсектицид. Важно е да не се користат агресивни спрееви на сонце, бидејќи и тие можат да предизвикаат изгореници. Понекогаш, сушењето е резултат на нешто потивко – изнемоштеност. Ако сарделата е стара и долги години живее во истата саксија, нејзиниот корен може да биде истоштен. Растението нема капацитет да влече храна, иако добива вода и светлина. Во тие случаи, не помага ниту ѓубриво, ниту повеќе љубов. Најдобро е да се земе здраво гранче и да се засади нова сардела – симболично, како да се даде втор живот на нешто што веќе нема сила да продолжи. Исто така, важно е да се провери дали неодамна е употребено ѓубриво, стимулатор или некој спреј што можеби бил премногу силен за жештината. Летото не е добар период за хранење на растенијата, особено ако се веќе во стрес. Ѓубривото може да ги „изгори“ лисјата, а преголема количина – да го ремети целиот внатрешен баланс на растението. Понекогаш е подобро да се направи пауза и да се дозволи растението само да си се стабилизира. Сарделите се како жени од старата школа – не ти кажуваат веднаш што им е, но ако ги следиш со внимание, ќе научиш сè. Можеби токму затоа толку жени се грижат за нив. Преку тие нежни цветови и лисја со бордо прстен, тие комуницираат нешто што е подлабоко од естетика: отпорност, повторливост, љубов. Но што доколку виновник е сепак жегата? Ако сепак виновникот е жештината – а летото како ова го прави тоа сосема можен и веројатен одговор – тогаш не станува збор за обична жега, туку за топлотен удар врз растението. Африканскиот бран не е само метеоролошки израз; тоа е екстремен услов што го менува метаболизмот на растенијата, го исцрпува коренот, ја испарува влагата од земјата, ги гори врвовите на лисјата и им го запира цветањето. Особено се погодени растенијата во мали, црни или пластични саксии, изложени на јужно или западно сонце, без природна сенка. Во такви услови, првата грешка е да се продолжи со истото: исто време на полевање, иста локација, ист третман. Но растението веќе влегло во состојба на стрес и го модулира своето однесување: затвора стоми, ја стопира фотосинтезата, ја пренасочува енергијата кон преживување, а не кон растење. Она што најмногу може да помогне е промена на режимот, не само на навиката. Прво, сенката станува најважен сојузник. Ако сарделата е во жардинера или саксија, преместувањето во полуосенчено место – до ѕид, под чардак, под импровизирана ткаенина, па дури и под други повисоки растенија – прави драматична разлика. Нејзиниот корен не мора да се пече, а лисјата имаат шанса да се регенерираат. Второ, полевањето не е еднократно решение. Повеќето луѓе ја полеваат сарделата по навика – секое утро или секоја вечер. Но во вакви услови, најдобро е рано сабајле, додека земјата е уште студена. Навечер, влага што останува на листовите може да предизвика габични инфекции. Важно е да се полева длабоко, т.е. водата да стигне до коренот, а не само да ја освежи површината. Трето, површината на почвата треба да се заштити. Во градинарски услови, тоа се вика малчирање – прекривање со слама, сува трева, лушпи од орев или друга природна бариера што спречува испарување. Дури и стара крпа или парче јута може да помогне. Тоа е ситен гест со голем ефект: земјата останува влажна подолго, а коренот не се пече. Четврто, изгорените лисја треба да се отстранат. Не затоа што не изгледаат убаво, туку затоа што растението троши енергија за нив. Со кратење на сувото, му помагаме да ја насочи силата кон здрава вегетација. Но тоа треба да се прави внимателно, со чиста ножичка, и не премногу одеднаш. И конечно, важно е да не се ѓубри додека трае стресот. Сарделата што преживува не сака стимуланси. Ѓубривото, особено ако е хемиско, го забрзува растот – што значи и поголема потреба од вода и храна. А тоа, во услови на жештина, го гура растението уште подлабоко во криза. Подобро е да се паузира со хранење додека температурите не се стабилизираат. Кога жештината е единствениот виновник, понекогаш не можеме да ја спасиме естетиката – но можеме да ја спасиме виталноста. Сарделите што изгледаат „мртви“ често се само повлечени. Ако коренот остане жив, наесен ќе изненади со нови лисја. И тоа е една од најтихите радости на градинарството: кога нешто преживува – не затоа што сме знаеле сè, туку затоа што не сме се откажале од него. Во овие летни недели, не заборавај: дури и кога изгледа сè сушено, влагата се чува во коренот. И токму таму почнува отпорот.

  • Доделени наградите на 22. Меѓународен стрип салон, Доделени наградите на 22. Меѓународен стрип салон, доделени-наградите-на-22-меѓународен-стрип-салон

    Во Европската куќа во Велес, на 20 август 2025, беа прогласени најдобрите автори и дела на годинашното издание на една од најзначајните стрип манифестации во Македонија. Синоќа, на 20 август 2025, во просториите на Европската куќа во Велес беше отворено 22. издание на Меѓународниот стрип салон – меѓу најзначајните стрип манифестации во Македонија. Пред бројната публика и љубителите на деветтата уметност, организаторите свечено ги доделија годинешните награди и признанија. Фото: СЦМ; доделување на наградите во Europe house Велес Главни награди „Златен стрип“ Прва награда: „Мрак“ – Марко Стојановиќ (сценарио) и Милорад Вицановиќ Маза (цртеж), Србија Марко Стојановиќ е сценарист од Лесковац, роден 1978 г. Професор по англиски јазик, но и една од најистакнатите фигури на современата стрип-сцена во регионот. Тој е сценарист, преведувач, уредник и ментор кој повеќе од две децении ја гради инфраструктурата на балканскиот стрип. Стојановиќ е коосновач на „Лесковачката школа на стрип“ и уредник на магазинот Strip Pressing. Неговите сценарија се објавувани и во странство, меѓу другото во Франција, со дела како La croix sanglante, Terre sainte и Foi aveugle. Неговото писмо е густо, социјално ангажирано и често инспирирано од историјата и митологијата. Фото: Wiki commons; Милорад Вицановиќ – Маза е еден од најпознатите стрип-цртачи од регионот, роден 1965 г. во Бања Лука. Професионално активен од 80-тите, Маза се етаблирал како уметник со моќен, експресивен цртеж. Работел за големи европски издавачи, а неговото дело е објавувано и во престижни француски изданија. Соработката со Стојановиќ претставува тандем кој комбинира силна нарација и визуелна експресија, создавајќи дела што ја надминуваат локалната сцена. „Мрак“ е токму такво остварување – мрачно, вознемирувачко и со силна симболика. Фото: СЦМ; доделување на наградите во Europe house Велес Втора награда: „Back to the past“ – Никола Видачковиќ (сценарио, Србија) и Игор Јовчевски (цртеж, Македонија) Никола Видачковиќ е сценарист од Србија кој истражува хибридни жанрови – историја, фикција и научна фантастика. Неговиот пристап е динамичен, со фокус на човечките слабости во услови на големи историски превирања. Игор Јовчевски е македонски цртач кој со години ја гради својата препознатлива стилска линија. Неговите стрипови се одликуваат со прецизна композиција и современа графичка чувствителност. Со „Back to the past“ Јовчевски покажува дека македонската стрип сцена има што да понуди на меѓународно ниво. Трета награда: „Залогај“ – Далибор Дадо Пехар, Хрватска фото: Инстаграм; Далибор Пехар – Дадо е млад автор од Хрватска кој последниве години се наметнува со кратки, силни наративи. Неговиот стил се движи помеѓу реализмот и експресионизмот, а „Залогај“ е пример за тоа како една едноставна идеја може да се претвори во драматично визуелно искуство. Роден е 1980 година во Мостар, Босна и Херцеговина. Сега живее и творечки дејствува во Сплит, Хрватска. По образование е графички уметник (диплома од Академија за ликовни уметности во Широки Бријег, 2003), а со децении е активен во уметничкиот круг како илустратор и професор по уметност. Тој е член на HDLU (Хрватско здружение на ликовни уметности), има зад себе повеќе самостојни и групни изложби, а делата му се појавувале во каталози и публикации како меѓународниот „International Catalogue Of Art Modern No 11“ во Рим. Национални признанија Најдобар македонски стрип: „Ехоата на Зал’ахим“ – Војдан Андонов (сценарио) и Марко Марковиќ (цртеж) RED од Марко Марковиќ, насловница за стрип серијалот Бескрвни(Вековници) на Марко Стојановиќ; Двајцата се претставници на новата македонска генерација, која комбинира фантастика и митологија со локални културни кодови. Најдобро сценарио: „Проклета авлија“ – Марко Стојановиќ, Србија Најдобар уметнички израз: „Души“ – Марко Стојановиќ (сценарио, Србија) и Vassilis Gogtzilas (цртеж, Грција). Gogtzilas е грчки цртач познат по својата експресивна, авангардна линија и често теми инспирирани од митологијата и хоророт. Млади автори и дебитанти Посебен акцент годинава имаше на младите автори. Од Велес, Скопје и Куманово пристигнаа дела кои најавуваат ново стрип-поглавје во Македонија. Особено внимание привлече најмладиот учесник – Марко Купенков (7 г.) од Скопје, кој со стрипот „Фудбал со изненадувања“ покажа како детската фантазија може да се претвори во сопствен визуелен свет. Признанија за соработка Фото: СЦМ; доделување на наградите во Europe house Велес Манифестацијата и оваа година се одвива со силна регионална поддршка. Признанија беа доделени на институции и здруженија од Србија, Хрватска, Албанија и Македонија, што го потврдува интернационалниот карактер на салонoт. Продолжение на програмата Од денес, па до 25 август, во излетничкото место крај Велес ќе се одржи 7. Меѓународна стрип колонија, каде уметници од Србија, Бугарија и Македонија ќе создаваат нови дела, во непосреден контакт со публиката и со природата. Велес уште еднаш ја потврдува својата улога како регионален центар на стрипот – место каде што се среќаваат генерации, стилови и култури, и каде стрипот живее како колективно искуство. Наградите во целост Главни награди „Златен стрип“ Прва награда: „Мрак“ – Марко Стојановиќ (сценарио) и Милорад Вицановиќ Маза (цртеж), Србија Втора награда: „Back to the past“ – Никола Видачковиќ (сценарио, Србија) и Игор Јовчевски (цртеж, Македонија) Трета награда: „Залогај“ – Далибор Дадо Пехар, Хрватска Национални признанија Најдобар македонски стрип: „Ехоата на Зал’ахим“ – Војдан Андонов (сценарио) и Марко Марковиќ (цртеж) Најдобро сценарио: „Проклета авлија“ – Марко Стојановиќ, Србија Најдобар уметнички израз: „Души“ – Марко Стојановиќ (сценарио, Србија) и Vassilis Gogtzilas (цртеж, Грција) Награди за млади автори (во соработка со Европска куќа Велес) „Родна Ивева – не умре од куршум умре од предавство“ – Меланија Стојанова (сценарио и цртеж) и Анџело Џипунов (сценарио), Велес „Тешки времиња“ – Александар Танчовски (сценарио и цртеж), Скопје „Strum!“ – Тамара Николова, Велес Најмлад учесник: „Фудбал со изненадувања“ – Марко Купенков (7 години), Скопје Најдобар дебитантски стрип: „Само фантазија“ – Ања Стојадиновска, Куманово Категорија до 14 години Награда: „Чудното чупе“ – Теона Чаловска, Битола Награда: „Помирување во пракса“ – Вук Стојановиќ, Лесковац, Србија Диплома: „Сонот на Вера“ – Христина Здравковски, Велес Категорија до 18 години Награда: „Добро утро“ – Магдалена Марјановиќ, Ресен Диплома: „Волшебно кученце“ – Андреа Младеновска, Скопје Признанија за соработка Клуб на ликовни уметници „Рашка школа“ – Рашка, Србија ЛШС „Никола Митровиќ Кокан“ – Лесковац, Србија Здружение „Хрватски авторски стрип“ – Загреб, Хрватска Creative City Center – Multifunctional Social Cultural Center, Валона, Албанија Имагинариум Арт Студио – Битола, Македонија

  • Започнува „Ескапизам, Оптимизам“ со Милко и Преку Ред, Започнува „Ескапизам, Оптимизам“ со Милко и Преку Ред, започнува-ескапизам-оптимизам-со-милко-и-преку-ред

    Подгответе се за свежа музичка инфузија од нашиот град! Младата радио станица Stereolab ги здружуваат силите за да ви претстават нова концертна серија – „ЕСКАПИЗАМ, ОПТИМИЗАМ“. Овој проект претставува месечна резиденција која има за цел да го прослави најновото од македонската музичка сцена. Првата епизода ќе се одржи на 26-ти април (сабота) во 21 часот во добро познатиот скопски Лабораториум. А кои се учесниците на ова прво издание? На сцената ќе застанат скопските ветерани и столбови на домашниот инди рок звук – Милко. Со нивниот звук, често опишуван како меланхоличен и енергичен во исто време, Милко се синоним за квалитетен македонски инди рок. Покрај нив, ќе настапат и ПрекуРед, претставници на најновата генерација музичари кои израснале на скопскиот асфалт. Тие се најмладите заштитници на класичниот рокенрол и се очекува да донесат свежа енергија и звук на сцената. А кој стои зад овој настан? Stereolab е локална радио станица која иако е на самиот почеток ветува дека ќе можеме да сметаме на нив како промотор на квалитетна алтернативна музика. Нивниот live радио-стрим на stereolab.mk ќе ви овозможи да го следите концертот дури и ако не сте во можност да пројдете во Лабораториум. . Билетите по цена од 200 денари може да ги набавите на шанк во Лабораториум.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page