top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Изложбата оди во Куманово: Мартина Спасовска ги преминува границите на визуелното преку „Гласна тишина“ | diva.mk

    18.4.24 г., 10:00 Мартина Спасовска, Гласна тишина, изложба Културен центар „Трајко Прокопиев“, Marshal Tito, Kumanovo, North Macedonia Куманово, 18 април 2024 г. - Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, се отвора изложбата „ Гласна тишина“ на визуелната уметница Мартина Спасовска. Со својот изразит стил и емотивен пристап кон сликарството, Спасовска продолжува да ја обележува на значаен начин македонската уметничка сцена и поставува нови стандарди за современото уметничко творештво. Своето образование во сликарството го завршила на Факултетот за ликовни уметности во 2023 година, и покрај својата младост, веќе има бележита присутност на меѓународната уметничка сцена со изложби во Англија, Њујорк, Австрија, Грција, Косово и Турција. „Гласна тишина“ ги претставува делата на Спасовска преку кои таа истражува ги темите на идентитетот, ранливоста, и трансформацијата на човечкото битие. Таа го користи сопственото тело и слики на други жени како канал за емоционално изразување, следејќи ги границите на класичниот портрет. Горанчо Ѓорѓиевски, историчар на уметност, за Спасовска забележува: „...делата на Мартина се ослободени од своите физички граници и изведени со силна експресија, претставувајќи реалноста претворена во нова онтолошка метареалност.“ Кураторот на изложбата изрази возбуда за настанот, нагласувајќи дека „Гласна тишина“ не е само уметничка изложба, туку и покана за длабоко размислување за нашето постоење, како и за можните путишта кон посветла иднина. Изложбата ќе биде отворена со почеток во 20 часот на 18 април 2024 година и ќе остане достапна за посетители до 10 мај 2024 година. Љубителите на уметноста се поканети да станат дел од ова уникатно искуство и да се сретнат со уметницата, која ќе биде присутна на отворањето на изложбата. За повеќе информации, контактирајте со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ или следете ги нивните социјални медиуми за најнови вести и настани. претходно следно

  • Македонската стрип-сцена со забележителен настап во Лесковац, Македонската стрип-сцена со забележителен настап во Лесковац, македонската-стрип-сцена-со-забележителен-настап-во-лесковац

    Од ученички стрипови до авторски награди — македонските автори покажаа креативна зрелост и регионален капацитет на Балканската смотра во Лесковац. На 27. Балканска смотра на млади стрип автори, што се одржа од 27 до 29 јуни 2025 во Лесковац, македонските стрип автори се истакнаа со бројност, присуство и освоени признанија. Овој фестивал, сметан за најстар и најмасовен стрип-настан на Балканот, и оваа година вклучи богат програмски репертоар, а меѓународниот стрип-конкурс собра рекордни 3.172 учесници од 51 земја — што го позиционира меѓу водечките стрип-платформи не само во регионот, туку и глобално. Колективна енергија: Вкупно 60 стрипови од македонски ученици Првата фестивалска вечер беше обележана со доделување на признанија за масовно учество, меѓу кои и диплома за Стрип центарот од Велес, чиј координатор Томе Трајков ја прими наградата во име на македонските учесници. Станува збор за 60 стрип дела од ученици, испратени како дел од организиран ангажман на центарот. Трајков нагласи дека покрај младите учесници, свои дела испратиле и возрасни автори, над 18 години, на индивидуална иницијатива — пракса која е веќе препознатлива на други фестивали и која тој активно ја поддржува. Авторски признанија: Успех за „Парагонс“ од Скопје Во втората вечер беа доделени наградите од конкурсот, а жирито во состав:Ласко Џуровски (претседател), Милорад Вицановиќ – Маза, и Марко Стојановиќ, го избра Војдан Андонов од групацијата „ПАРАГОНС“ од Скопје за најдобар млад сценарист, за стрип цртан од Марко Марковиќ, исто така член на оваа група. Дополнително, Александар Бараковски од истата групација доби диплома во категоријата најдобра илустрација — со што се заокружи еден значаен креативен исчекор за овој млад тим. Регионално вмрежување и присуство Фестивалот заврши со серија кратки панел-промоции на автори од повеќе земји. Македонската сцена беше присутна не само преку натпреварувачкиот дел, туку и во овие јавни презентации — со што се потврди нејзиното сè позабележливо присуство на балканската и европската мапа на стрип-културата.

  • Девет тајни за чување на бугенвилијата од грчките градинари, Девет тајни за чување на бугенвилијата од грчките градинари, девет-тајни-за-чување-на-бугенвилијата-од-грчките-градинари

    Сите оние кои летувале на Медитеранот, а за нас Балканците(посебно Македонците) тоа најчесто е Грција(или Турција) се затекнале како го бараат телефонот за да го фотографираат фасцинатниот призор: жешко розеви цветови напластени на ѕидовите, оградите, и над влезовите на белилото на тамошните куќи, изгледаат нереално и маркантно. Со честите летувањата во Грција се разгори(одново?) една нова навика дома: градинарството. Никогаш во толкав број луѓето на пролет итаат по пазарите, и градинарските центри, да си ги набават цвеќињата на моментот, некогаш тоа беа петунии(склони кон болести и мушички, се непредвидливи и кревки!), сарделите се повеќедецениски традиционален украс, како и зокумите - олеандрите, а во последниве пар години - тоа се бугенвилиите! Мојот влез излегува на патека која е исклучително врела за време на летото, и секогаш сонував дека тој припек ќе го омекнам со зеленило, но и сонував дека може да биде естетски сосема спротивен од голиот бетон кој го затекнав таму. Па така , во моите први години од градинарството се дадов на теоријата, и на универзитетот гугл и јутјб ми кажаа дека и те како има цвеќиња и билки кои не само што трпат туку и бараат жеги и сонце. Една од нив - бугенвилијата! Купив 15-20 сентиметарска, од Велес за 350 денари(Ноне!), брактите паднаа, откако ја пресадив, ја поставив во глинената саксија и - чекав... Да видам како ќе се снајде во нејзиниот нов дом. Три недели подоцна, зеленото гранче прејде во минијатурна грмушка, а полека од зелена стана нереално, џиш, розева. И тогаш слушнав, додека се договарав со помалку мрзеливите домашни трговци - „Ти купив бугенвилија! Цветовите се дупло поголеми од оние што ги имаш! “. И додека се спремам да ја пречекам Барбара која по се́ судејќи ќе биде од оние што се качуваат и по 10на метри - отидов по грчките градинарски сајтови, за да ги видам марифетите со кои тие имаат искуство. Еве што велат: „Бугенвила или бугенвилија, растението кое е симбол на летото! Кога би нè прашале кој цвет повеќе се поврзува со белото и синото на грчките острови, дефинитивно би одговориле на бугенвилијата. Омилена слика од летните одмори, бугенвилијата импресионира со впечатливите бои на нејзините цветови во нијанси на црвена, виолетова, розова, бела и портокалова. Цветањето на бугенвилијата започнува во пролет и трае до крајот на лето. По потекло од Јужна Америка, бугенвилијата прекрасно се прилагоди на медитеранската средина и сега е составен дел од пејзажот. Бугенвилијата е едно од најпопуларните лозни растенија кај нас. Се засадува во градините, дворовите и балконите за да ни ја даде својата единствена убавина и да се распосла на ограда, пергола или на ѕид каде е поставена рамка. Бугенвилијата има многу брз раст и може да надмине десет метри во висина. Единствена фалинка: нејзините многубројни лисја кои паѓаат во зима и мора да се исчистат од земја, како и трњето што го носат некои сорти на бугенвилии. Па, ајде да видиме каква грижа и́ е потребна на бугенвилијата за да расте и да уживаме во нејзиното прекрасно цветање за многу години. 1. Кои се најпознатите сорти на бугенвилии? Постојат стотици сорти на бугенвилии од кои можете да изберете. Џуџестите сорти на бугенвилиите (Boungainvillea glabra) се идеални за висечки корпи, како покривачи на земјата, па дури и за бонсаи. Постојат и полуавтохтони сорти на бугенвилии кои достигнуваат околу 1-2 метри височина, идеални за садење во саксии на балконот, бидејќи некои од нив немаат трње. Најраспространета и најпозната сорта е крупната бугенвилија (Boungainvillea spectabilis) која достигнува висина од 6-12 метри со познатите бели, црвени, виолетови или портокалови цветови. 2.Во кои услови успева бугенвилијата? Бугенвилијата го сака сонцето и има потреба од многу часови сонце за да ни ги даде своите импресивни цвеќиња. Ако бугенвилијата ја засадиме на засенчено место, дефинитивно ќе ѝ се намали цветањето и тоа драстично. Бугенвилијата е отпорна на топлина, суша и соленост на почвата, па затоа може да се сади во крајбрежните области. Повеќе успева во јужните региони на земјата, а помалку во северна Грција или на планинските места, бидејќи е доста чувствителна на студ и ветер. Бугенвилијата нема посебни барања за почвата, се додека има добра дренажа за отстранување на водата. 3. Како да се засади бугенвилија во саксија на балконот? За да ја засадиме бугенвилија во саксија на балконот, претпочитаме џуџести сорти кои покажуваат подобар раст и цветање на ограничен простор. Избирете балкон со јужна ориентација, на место заштитено од силен ветер. За садење на бугенвилијата избираме саксии со дијаметар и висина од најмалку 40 cm за да може доволно да се развие кореновиот систем. Во саксијата се додава горната почва за општа намена која содржи перлит, додека во основата на садот се додава слој чакал за да се отстрани вишокот вода од наводнувањето. 4. Колку често на бугенвилија и́ треба наводнување? Бугенвилијата има умерени потреби за вода и не треба често да ја полеваме. На почетокот на цветањето на бугенвилијата наводнувањето треба да биде релативно ограничено и да се прави еднаш неделно, додека во летниот период потребно е почесто наводнување, два пати неделно. На постарите бугенвилии кои се засадени во земја и имаат длабок коренов систем им треба уште помалку вода. Во текот на зимата наводнувањето е значително намалено. Вреди да се напомене дека прекумерното наводнување за време на цветањето може да предизвика пад и намалување на формирањето на цветот. На бугенвилија во саксија и́ треба повеќе вода отколку засаденаво почва. 5. Кога додаваме ѓубриво во бугенвилијата? Бугенвилијата нема значителни потреби за ѓубрење за да ни́ даде интензивна вегетација и богат цвет. За бугенвилиите кои ги садиме во земја, додавањето на целосно ѓубриво напролет значително помага во растот и формирањето на цветовите. Избегнувајте прекумерно ѓубрење со азотни ѓубрива за време на цветниот период, бидејќи тоа придонесува за развој на жива вегетација и намалување на цветањето. За бугенвила во саксии, додадете мали количини целосно ѓубриво растворливо во вода, збогатено со железо и магнезиум еднаш месечно во текот на пролетта. 6. Во кое време и како се крои бугенвилијата? Бугенвилиите имаат потреба од кастрење секоја година во рана пролет, откако ќе помине зимскиот мраз. При кроењето на бугенвилијата ги отстрануваме сувите гранки на старата вегетација, слабите ластари и алчните од нејзината основа за да ја зајакне и да ни даде нова вегетација и многу цветови. При кастрење бугенвилија која формирала ограда, потребно е релативно построго кастрење за да ја одржи својата форма. Строгото кастрење може негативно да придонесе за цветањето следната година, бидејќи предизвикува раст на жива вегетација. Исто така, младите растенија од бугенвилии се кројат прилично ниско доколку сакаме да формираме подебел централен ластар. 7. Како се размножува бугенвилијата? Бугенвилијата се размножува главно со методот на сечење гранчиња, но можеме да создадеме нови растенија и од семе. Ајде да видиме повеќе информации за тоа како да создадете нови растенија бугенвила на лесен и економичен начин. Размножување на бугенвилии со семе Иако не е многу вообичаено, размножувањето на бугенвилијата може релативно лесно да се изврши со собирање на семето што се формира во центарот на цветот во текот на есенскиот период. Откако ќе ги собереме семките и ќе ги оставиме да се исушат неколку дена на добро проветрено место, можеме да ги чуваме и да ги засадиме во почетокот на следната пролет. Вреди да се напомене дека семето на бугенвилијата може да потрае и до еден месец додека почнат да 'ртат. Размножување на бугенвилии со резанки Размножувањето на бугенвилиите се врши со резници долги 15-20 см кои ги сечеме во текот на летото. Ние претпочитаме да ги исечеме гранчињата кои немаат цвет. Откако ќе ги извадиме 2/3 од листовите од основата на гранчето, го засадуваме во саксија исполнета со почва и перлит во сооднос 2:1 и ги чуваме во ладна средина 5-6 недели додека не се фатат. За најдобри резултати при размножување на бугенвилијата, препорачливо е да се користи хормон за корен во основата на графтот. 8. Кои болести и кои инсекти ги напаѓаат бугенвилиите? Бугенвилијата е едно од најтврдокорните растенија што можеме да ги засадиме и не е вообичаено да се зарази од болести и инсекти. Во случај на наезда од инсектите мелигра, мешунка, лириомиза и тетранихоу се прска со еколошка подготовка на летна каша или калиумови соли. За лекување на болеста која предизвикува кафени или темноцрвени дамки на листовите на бугенвилијата, прскајте со раствор од бакар. Конечно, избегнуваме прекумерно наводнување кое може да предизвика гниење на коренот на бугенвилијата поради развој на габични заболувања. 9. И последна тајна за нега на бугенвилијата Претераното наводнување, сушата, топлите ветришта, како и прекумерното ѓубрење може да предизвикаат паѓање на лисјата на бугенвилијата, без разлика дали е засадена во градина или во саксија на нашиот балкон.

  • Гласот на безгласните: Протест против животинско насилство во Тетово | diva.mk

    30.3.24 г., 11:00 протест, права на животни Благоја Тоска 74, 1200 Тетово, Северна Македонија Тетово, 28 март, 2024 – Во саботата на 30-ти март, активисти и љубители на животни ќе се соберат пред зградата во Тетово каде куче беше безмилосно фрлено од седмиот спрат. Овој акт на животинско насилство го потресе македонското општество и предизвика гнев и барање за правда меѓу граѓаните.Протестот, наречен "Гласот на безгласните," беше организиран од локални зоштитници на животни и НВО-та кои бараат строги законски мерки и подобро применување на постојните закони против животинско насилство. Тие велат дека ова не е изолиран случај и дека бездомните животни често стануваат жртви на суровост. „Не можеме повеќе да бидеме тивки сведоци на оваа животинска бруталност,“ изјави Елена Петровска, активистка и една од организаторите на протестот. „Нашиот закон е јасен, но сè уште имаме многу работа во образованието на нашето општество за правата и благосостојбата на животните.“ Случајот со фрлањето на кучето од зградата ја издигна свесноста за потребата од емпатија кон сите форми на живот и за значењето на одговорното однесување кон животните и околината. Емпатијата кон животните е индикатор за цивилизираноста на едно општество и говори многу за тоа како луѓето взаемодејствуваат меѓу себе. „Начинот на кој третираме најранливите меѓу нас, вклучувајќи ги и животните, отсликува нашата хуманост,“ објасни Психологот Игор Николовски. „Емпатијата кон животните промовира сочувство и ненасилство кои се клучни за подигнување на општествената свест и создавање похуман свет за сите.“ Активистите бараат да се земат повеќе мерки за заштита на животните, вклучувајќи и подобрено прифаќање и надгледување на веќе постоечките закони, како и воведување на образовни програми за грижа за животните во училиштата.Организаторите на протестот најавија дека ќе продолжат со своите активности сè додека не видат конкретни промени во законодавството и во општествената свесност. Тие велат дека овој случај е само врвот на ледената санта, и дека се борат за свет каде животните ќе бидат заштитени од секакви форми на злоупотреба и насилство. Полицијата вели дека продолжува со истрагата за случајот со фрленото куче, а јавноста останува вознемирена. Она што е јасно е дека овој инцидент МОРА да предизвика сериозен разговор за правата на животните и потребата од култура на емпатија и заштита во македонското општество. претходно следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page