top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Whoopi Goldberg е суспендирана од The View, Whoopi Goldberg е суспендирана од The View, whoopi-goldberg-е-суспендирана-од-the-view

    Whoopi Goldberg е суспендирана од дневното ток-шоу The View(Поглед) на две недели, изјави претседателот на АВС Вести Ким Годвин „Иако Вупи се извини ја замолив да си земе време да размисли и научи за влијанието на нејзините коментари. Целата АВС Вести организација стои во солидарност со нашите колеги Евреи, пријатели, семејства и заедници.„ Таа се извини само неколку часа откако ја направи забелешката , откако жустри реакции почнаа да пристигаат на нејзина адреса „ Моите зборови вознемирија толку многу луѓе, што никогаш не беше мојата намера. Разбирам зошто и затоа сум длабоко, длабоко благодарна затоа што информациите што ги добив беа корисни и ми помогнаа да разберам некои различни работи.„ Таа ја направи забелешката во дискусија на емисијата за забраната на книгата Маус во школо во Тенеси, добитник на Пулицер, затоа што имало голотија , а темата на книгата бил Холокаустот. Рабинот Абрахам Купер, ја пофали Вупи затоа што во текот на годините си ги кажувала своите мислења гласно но во однос на забелешката за Холокаустот се мачел да разбере зошто би ја кажала: „Единственото објаснување што го имам е дека има нова дефиниција за расизам што било пласирано во јавноста скоро, што го дефинира расизмот како појава која ги таргетира ексклузивно само POC(people of color) луѓето на боите. А историјата очигледно не́ учи поинаку. Се́ во врска со Нацистичка Германија и таргетирање на Евреите и Холокаустот било поврзано со расата и расизмот. Тоа е тажниот, неприкосновен факт.„ Кенет Л.Маркус, на чеко на Louis D. Brandeis Center for Human Rights Under Law, ги поврза коментарите на Вупи со поширока мисконцепција за Холокаустот, Еврејскиот идентитет и антисемитизмот. „Во нејзината грешка таа рефлектираше недоразбирање за еврејскиот идентитет кој е раширен и опасен, кој некогаш е опишан како антисемитизам кој брише. Тоа е погледот дека Евреите треба да се гледаат само како бели, привилегирани опресори. Го негира еврејскиот идентитет и го вклучува неутрализирањето на еврејската историја.„ Овие проблеми за расизмот насочен кон Евреите е нешто што лесно можеме да го разбереме како Македонци, посебно последниве 30на години, а особено после епизодата со т.н.Бугарски спор... Во Израел да се биде Евреј ретко е гледан во контекст на раса, делумно поради големиот диверзитет на земјата. Еврејската популација(80%) вклучува Евреи со корени од Европа, Блискиот Исток и Северна Африка како и мигранти од бившата СССР и Етиопија - појаснува НПР. Коменарот стигна дури до Израел, И Јад Вашем ја викна да дојде во Ерусалим да го посети Светскиот меморијалниот центар на Холокаустот . Сето ова почна кога завчера - во понеделник - Голдберг искоментира „Мислам, книгата е за Холокаустот, убивање на 6 милиони луѓе, но тоа не ти сметаше? Ако расправаме за ова ајде да бидеме искрени. Холокаустот не е поради расата. Не, не е поради расата.„ Кога колешките и се спротивставија таа уште поупорно негираше.

  • Најдобрите журналистички фотографии за 2023: Уморен свет, Најдобрите журналистички фотографии за 2023: Уморен свет, најдобрите-журналистички-фотографии-за-2023-уморен-свет

    ОД МАРК ЛЕЈСИ; Њујорк тајмс; Во текот на изминатава година имаше многу страдања пред утрото на 7 октомври. Војната во Украина продолжи да беснее. Шумски пожар го зафати историскиот град на Хаваите, а земјата силно се тресеше во Турција. Масовните пукања одземаа живот по живот. Потоа, на 7 октомври, вооружени лица на Хамас упаднаа преку границата на Газа во Израел. И Израел возврати со сила низ Газа. Страдањето низ светот изгледаше како никогаш да нема да заврши. Секоја година нашите фото-уредници се обидуваат да го доловат најдоброто фоторепортерство во една интензивна презентација. Годината во слики е начин да се одбележат големите вести од јануари до декември: оние што нè трауматизираа - а има многу такви - помешани со некои моменти на блаженство. Во таа категорија на блаженство, земете ја прославата на 13-тиот роденден на една млада девојка, која вклучуваше вресок, занесна ноќ на музика и танц со Тејлор Свифт. Сликата на девојката, Габи Џонс, дотерана како Свифти (фанови на Тејлор Свифт) пред големото шоу во Јужна Калифорнија, ја покажува како е озарена од среќа зад протезите, како да е се́ во ред со светот. Ние, се разбира, знаеме дека е поинаку. Друга млада Свифти беше фотографирана додека пее и танцува - додека е сама на гробот на еден од пријателите што ги загуби минатата година во масовно пукање во нејзиното основно училиште во Увалде, Тексас. Годините се такви: ужасот може да се помеша со екстаза на невозможни начини. Така, ќе најдете слики овде - собрани од двајца уредници на фотографии, Џефри Хенсон Скејлс и Танер Кертис - од војната и модата. Уништен шумски пожар и ден поминат играјќи во сурфање. Чад се извива од железничка несреќа и ултрафенси бал на матурантки. Воени судири и тениската шампионка Коко Гауф, легната на теренот по победата на Отвореното првенство на САД. Толку многу деца, за жал, нема да ја видат 2024 година, а да не зборуваме пак, концертот од нивните соништа. Нивните животи завршија кога нивните домови и училници се претворија во боишта или зони на катастрофа. Има потресна слика од Газа, направена од Самар Абу Елуф, на која се гледа труп на палестинско бебе по име Миск завиткано во бела ткаенина пред мртовечница. Таа лежи покрај роднините кои беа убиени во израелски напад врз Газа. Се гледа крвавото лице на девојчето. Нејзиниот преживеан брат е сам, очаен како жена погодена од тага на друга фотографија од г-ѓа Абу Елуф: Таа жена е сликана како тагува по роднина во вреќа за мртовци. Сликите собрани овде, како почит на храбрите фотографи кои се обидоа да ги направат, не́ потсетуваат дека имаше толку многу солзи во 2023 година. Има незаборавна слика на момче со своите мали раце преку очите во подрумот на неговиот дом во Киев, Украина, каде што тој и неговата мајка бараа засолниште откако се огласи алармот за воздушен напад. Друга мала рака е притисната до прозорецот од училишниот автобус во Нешвил додека вознемирено дете заминува од училиштето Ковенант, каде што вооружен маж штотуку искосел три нејзини соученички. Нешто од она што се смета за радост оваа година е вкоренето во темнината. Има моќна фотографија на Тамир Калифа од израелско семејство собрано заедно во мака додека чекаат информации за судбината на двајцата браќа и сестри земени како заложници од Хамас на тој ден во октомври. Изразите се воодушевувачки. А потоа следи слика кон крајот на овој пакет, направена по краткиот прекин на огнот во регионот: младите заложници, ослободени од заробеништво и на пат кон дома, нивните животи сè уште се пред нив. Целата галерија можете да ја најдете овде на Галерија на неделата.

  • Радозен Фест: Чекор кон радоЗно заедништво | diva.mk

    26.1.24 г., 17:45 Радозен фестивал, буква Church of Saint Constantine and Helena, Skopje, North Macedonia Скопје, 26 Јануари 2024 - Во свет каде што често се нагласува темното и тешкото, настаните како Радозен Фест се не само добредојдени туку и неопходни. Со замисла да стане нешто повеќе од обичен фестивал, малку во Скопје, повеќе во Охрид овој настан ја објединува креативноста, танцувањето, пишувањето, и здравите навики во едно. Во срцето на фестивалот Фестивалот се одвива во кафе книжарницата Буква , место кое е посебно со својата удобност и атмосфера. Од 18:45, посетителите ќе бидат пречекани... Програмата: разнообразност на доживувања Фестивалот подготвил разнообразна програма, во која што секој посетител ќе најде нешто што го одбира. Од документарни филмови, поетски изведби, слем перформанси, и концерти, секој дел од програмата е креиран за да придонесе кон остварување на вистинската радозност. Специјални Гости: Cacao Potentia и Далвина Освежувањето на овој настан е гарантирано со специјалните гости, Cacao Potentia и Далвина. Сите посетители ќе имаат можност да ги искусат необичните вкусови на какаото и виното. Организатор: Радио Радосно Драчево Организатор на овој настан е Радио Радосно Драчево , кое со својата креативност и посветеност кон позитивниот дух, создава платформа за доживување на среќа и веселба. Повеќе за настанот: на нивниот Фејсбук настан. претходно следно

  • Доаѓа Канскиот филмски фестивал: откриена програмата, Доаѓа Канскиот филмски фестивал: откриена програмата, доаѓа-канскиот-филмски-фестивал-откриена-програмата

    Канскиот Филмски Фестивал, или едноставно „Cannes“, во своето 77-мо издание, фестивалот продолжува со својата навика на непогрешлива способност да ги здружи некои од најголемите таленти во индустријата, не само да ги покаже нивните дела, туку и да создаде еден културен дијалог кој резонира надвор од границите на платното. Оваа година, фестивалот повторно ја истакнува својата посветеност кон иновацијата и разнообразноста во филмската уметност. Ќе бидеме сведоци на нови дела од ветерани како Франсис Форд Копола со "Мегалополис" и Џорџ Милер со "Радост во Фуриоса ", но и ќе се потсетиме на величината на Џорџ Лукас, кој ќе му биде доделена Почесна Златна Палма. На спектарот на филмовите кои се натпреваруваат за престижните награди, видливо е истакнатото присуство на женски режисери, иако нивниот број е помал во споредба со минатата година. Арнолд, Фаржеат, Кападија и Ридингер ќе ја покажат својата перспектива на светот и уметноста преку силни и емоционално наелектризирани филмови.Важно е да се издвои дека Канскиот филмски фестивал не е само место за престиж и гламур, туку и платформа за социјално ангажирано истражување. Филмови како "The Beauty of Gaza" на Јоланд Зауберман, на пример, ни отвораат прозорец кон теми кои се ретко осветлени во мејнстрим медиумите.Во кинеското просторство, филмот "Уловени од плимата" на Џиа Џанг-Ке сигурно ќе предизвика интерес на публиката. Се јавуваат и други високопрофилни филмови како „Видови на добрина“ на Јоргос Лантимос, стилизирана трилогија поставена во сегашноста која повторно ги обединува „Сироти нешта“ со Ема Стоун и Вилем Дафо. Пол Шрејдер доаѓа со „О, Канада“ со Ричард Гир, Жак Одијар со музичката мелодрама „Емилија Перез“, Паоло Сорентино со „Партеноуп“ и Дејвид Кроненберг со „Наметките“. Не треба да се занемари и „Чиракот“ на Али Абаси, кој го следи Себастијан Стан во улогата на Доналд Трамп, биопик кој ги разгледува неговите години како бизнисмен во недвижности во 70-тите и 80-тите години. Исто така, важно е да се спомене и „Сурферот“, филм кој е надвор од натпреварувачката категорија, со Николас Кејџ во главната улога, под режисерската палка на Лоркан Финеган. Со седум режисерки во официјалната конкуренција минатата година, Канскиот фестивал постави рекорд во поглед на репрезентацијата на жени. Иако оваа година тој број е намален на четири, овие режисерки носат интригантни и проблематични филмови кои се истакнуваат со својата автентичност и креативност. Андреа Арнолд од Англија се враќа во конкуренцијата со „Птица“, портрет на девојка од предградие која се обидува да ја избегне својата судбина. Корали Фаржа со својот хорор филм „Супстанција“, ветува да шокира со Деми Мур и Маргарет Квали во главните улоги. Со малку полесно присуство на Холивуд, поради различни фактори вклучувајќи го и штрајкот на актери и писатели минатата година, како и тешката економија, сепак, нема да изостанат гламурот и ѕвездите на црвениот тепих. Скоро половина од филмовите што се натпреваруваат се снимени на англиски јазик, што можеби е рекорд во скорешната историја. Претседателката на жирито оваа година ќе биде Грета Гервиг, режисерката на „Барби“, што дополнително додава на веќе импресивниот список на тешкашите од индустријата кои ќе бидат присутни на Фестивалот. Канскиот филмски фестивал ќе започне со светската премиера на надреалната комедија на Квентин Дупје „Втор Акт“, со Леа Сејду и Винсент Линдон. 77-мото издание ќе се одржи од 15 до 25 мај. Распоред на филмови за канскиот филмски фестивал, од 14 до 25 мај 2024 година: Отварање на фестивалот: "THE SECOND ACT" (Quentin DUPIEUX) - вон конкуренција "THE APPRENTICE" (Ali ABBASI) "MOTEL DESTINO" (Karim AÏNOUZ) "BIRD" (Andrea ARNOLD) "EMILIA PEREZ" (Jacques AUDIARD) "ANORA" (Sean BAKER) "MEGALOPOLIS" (Francis Ford COPPOLA) "THE SHROUDS" (David CRONENBERG) "THE SUBSTANCE" (Coralie FARGEAT) "GRAND TOUR" (Miguel GOMES) "MARCELLO MIO" (Christophe HONORE) "FENG LIU YI DAI JIA" (Jia Zhang-Ke) Во натпреварувачка категорија "ALL WE IMAGINE AS LIGHT" (Payal KAPADIA) "KINDS OF KINDNESS" (Yorgos LANTHIMOS) "L'AMOUR OUF" (Gilles LELLOUCHE) "WILD DIAMOND" (Agathe RIEDINGER) *"OH CANADA" (Paul SCHRADER) "LIMONOV - THE BALLAD" (Kirill SEREBRENNIKOV) "PARTHENOPE" (Paolo SORRENTINO) "PIGEN MED NÅLEN" (Magnus VON HORN) "NORAH" (Tawfik ALZAIDI) "THE SHAMELESS" (Konstantin BOJANOV) "LE ROYAUME" (Julien COLONNA) "VINGT DIEUX !" (Louise COURVOISIER) "DOG ON TRIAL" (Laetitia DOSCH) "GOU ZHEN GUAN" (Hu) "THE VILLAGE NEXT TO PARADISE" (Mo HARAWE) "SEPTEMBER SAYS" (Ariane LABED) "L'HISTOIRE DE SOULEYMANE" (Boris LOJKINE) "THE DAMNED" (Roberto MINERVINI) "ON BECOMING A GUINEA FOWL" (Rungano NYONI) "BOKU NO OHISAMA" (Hiroshi OKUYAMA) "SANTOSH" (Sandhya SURI) "VIET AND NAM" (TRUONG Minh Quý) "ARMAND" (Halfdan ULLMANN TØNDEL) Вон конкуренција: "SHE'S GOT NO NAME" (CHAN Peter Ho-Sun) "HORIZON" (Kevin COSTNER) "RUMOURS" (Evan JOHNSON, Galen JOHNSON, Guy MADDIN) "FURIOSA : A MAD MAX SAGA" (George MILLER) Полноќни проекции: "TWILIGHT OF THE WARRIOR" (Soi CHEANG) "THE SURFER" (Lorcan FINNEGAN) "THE BALCONETTES" (Noémie MERLANT) "I, THE EXECUTIONER" (RYOO Seung Wan) Премиери во Кан: "EVERYBODY LOVES TOUDA" (Nabil AYOUCH) "C’EST PAS MOI" (Leos CARAX) "EN FANFARE" (Emmanuel COURCOL) "MISÉRICORDE" (Alain GUIRAUDIE) "LE ROMAN DE JIM" (Arnaud LARRIEU, Jean-Marie LARRIEU) "RENDEZ-VOUS AVEC POL POT" (Rithy PANH) Специјални претставувања: "LE FIL" (Daniel AUTEUIL) "ERNEST COLE, LOST AND FOUND" (Raoul PECK) "THE INVASION" (Sergei LOZNITSA) "APPRENDRE" (Claire SIMON) "LA BELLE DE GAZA" (Yolande ZAUBERMAN)

  • Дистрибутерскиот гигант Dogwoof ги откупи светските права за „Силјан“ на Тамара Котевска, Дистрибутерскиот гигант Dogwoof ги откупи светските права за „Силјан“ на Тамара Котевска, дистрибутерскиот-гигант-dogwoof-ги-откупи-светските-права-за-сиљан-на-тамара-котевска

    Соработката со Dogwoof и Concordia Studios покажува дека малите кинематографии можат да градат глобална репутација преку силен уметнички глас. Англиската компанија Dogwoof, еден од највлијателните дистрибутери на документарни филмови во светот, ги откупи светските права за интернационална продажба на „Силјан“ (The Tale of Silyan) – најновиот документарец на режисерката Тамара Котевска. Dogwoof е со седиште во Лондон и изгради репутација како дистрибутер на филмови кои ја дефинираат современата документаристика. Во нивното портфолио се наоѓаат дела номинирани за Оскар и BAFTA, како што се Blackfish (2013), Free Solo (2018) и The Cave (2019). За македонската јавност, името Dogwoof е добро познато – токму тие го претставуваа глобално и „Медена земја“ (Honeyland, 2019), филмот кој ѝ донесе на Македонија историски две номинации за Оскар. Со тоа „Силјан“ ја започнува својата интернационална патека со значителна предност: вклучувањето на Dogwoof е јасен сигнал дека филмот се гледа како сериозен кандидат за престижните награди. Филмот ќе ја има својата светска премиера за една недела на Венецијанскиот филмски фестивал 2025, во селекцијата Out of Competition. Потоа ќе биде прикажан и на Торонто (TIFF), каде што е вклучен во официјалната натпреварувачка програма. За пазарот во Северна Америка, правата ги обезбеди агенцијата UTA Independent Film Group, а на продукцискиот тим се приклучи и Concordia Studios, компанија основана во Лос Анџелес позната по своите иновативни копродукции. Веста дека британскиот дистрибутерски гигант Dogwoof го откупи „Силјан“, новиот филм на Тамара Котевскa, не звучи како обична индустриска трансакција. Таа одекнува како сигнал: македонската документаристика, која со Медена земја го ,,улови” светското внимание, веќе не е „изненадување“ и исклучок, туку авторска традиција во подем. Dogwoof, лондонска компанија со повеќе од две децении искуство, е позната по тоа што ги препознава филмовите што го менуваат разговорот за документарниот жанр. Од Blackfish (2013), кој отвори глобална дебата за заробеништвото на китовите, до Free Solo (2018), кој го претвори адреналинот во оскаровска категорија: нивните избори се културолошки лакмуси. Со тоа што „Силјан“ влегува во нивниот каталог, Котевска ја става својата приказна рамо до рамо со највлијателните документарни дела на нашето време. Од „Медена земја“ до „Силјан“: континуитет на визија Доколку „Медена земја“ ја отвори сцената со хипнотички кадри на Хатиџе Муратова и социјалната екологија на пчелите, „Силјан“, ја продлабочува истата логика: интимна човечка судбина која во себе го содржи метафизичкиот запис на еден народ. Приказната е едноставна, речиси архетипска. Земјоделец, оставен сам по криза, наоѓа повреден бел штрк на депонија. Околу таа слика Котевска ткае визуелна бајка инспирирана од фолклорот за Силјан штркот, македонска народна приказна од XVII век. Филмот го гради полето на тензија, меѓу реалното и митското, покажувајќи дека човекот и птицата: едната заглавена во општествена криза, другата во природна немоќ – се паралелни алегории за состојбата на нашето време. Котевска вели: „Во најзаборавените, но најбогати и живописни предели успеав да најдам приказна што е совршено огледало меѓу животите на белите штркови и човештвото воопшто“. Оваа изјава ја носи во себе и естетската стратегија на режисерката: маргиналното како универзално, локалната народна меморија како глобална алегорија. Музиката како невидлив лик Особено внимание привлекува изборот на музичари. Joe Wilson Davies и Hun Oukpark, дел од студиото на Hans Zimmer, ја создадоа оригиналната музика за „Силјан“. Zimmer, автор на неколку од најпознатите филмски партитури во последните децении (Gladiator, Inception, Dune), изгради бренд каде музиката не е само придружба, туку ритам што го обликува наративот. Davies и Oukpark ја следат таа школа. Нивната музика не се наметнува – таа дише заедно со кадрите. Звук кој ја поддржува тивката болка на ликот, нежноста на птицата, па дури и самата кршливост на пејзажот. Во „Силјан“, музиката станува уште еден лик: невидлив, но длабоко присутен. Соработката со Concordia Studios (основана од Davis Guggenheim и Jonathan King во САД, препознатлива по филмови како Boys State и Time) и продажбата на правата за Северна Америка преку UTA Independent Film Group ја вметнува Македонија во една мрежа на престижни партнери. Ова не е само „успех на македонски филм“. Тоа е пример за тоа како малите кинематографии, кога се потпираат на моќен авторски глас, можат да станат дел од глобалните текови. „Силјан“ не е филм што бара да се протне по клучот на ,,квота за егзотика и диверзитет” тој е сериозно земен како конкурент за Оскар. Од аспект на културна политика, ова е и сигнал дека македонската документаристика може да го изгради својот углед без да зависи исклучиво од државни фондови или регионални копродукции, туку преку интернационална мрежа на партнери кои инвестираат во визија. Симболиката на штркот Не може да се занемари и симболичката тежина на изборот на приказната. Штркот во балканската култура е птица на преминот, на граничноста меѓу светови. Силјан, човекот што станува птица во народната приказна, е метафора за искуството на распнатост меѓу тука и таму, меѓу човечкото и животинското, меѓу локалното и космополитското. Фактот што токму оваа приказна сега ја раскажуваме во Венеција и Торонто, а преку Dogwoof и низ целиот свет, носи еден културен пресврт: митот што беше локален, сега станува глобален симбол за кршливоста на животот и општеството. Гласови од индустријата Од Dogwoof, Oli Harbottle изјави: „Чест е повторно да соработуваме со Тамара, која повторно му подари на светот кинематски дијамант – магична документарна бајка што ќе ги остави без здив гледачите ширум светот“. А во зборовите на Casey Meurer од Concordia Studios, Котевска е препознаена како авторка чија храброст и уникатна визија се светски капитал. Во „Сиљан“, се сретнуваат три елементи: македонска народна приказна, интернационална филмска инфраструктура и авторка со препознатлив ракопис. Тоа е комбинација што ретко се случува кај малите кинематографии – и токму затоа овој филм е повеќе од следниот чекор на Котевска. Тој е испитување на тоа како една малечка земја, преку моќта на документарната визија, може да стане дел од глобалниот културен разговор. Тамара Котевска (р. 1993) е македонска режисерка која со „Медена земја“ ја вброи Македонија меѓу водечките земји во светската документаристика. Филмот ја освои Големата награда на Sundance 2019 и беше номиниран за два Оскара. Со „Силјан“, Котевска продолжува да истражува теми на кревката рамнотежа меѓу човекот и природата, но со уште поизразена бајковидна и симболична сензибилност. Продукција и екипа Филмот е копродукција на Ciconia Film, Concordia Studios, The Cornershop и продуцентите Тамара Котевска, Jean Dakar, Јорданчо Петковски и Anna Hashmi. Екипата: Режисерка и продуцентка: Тамара Котевска Кинематограф и продуцент: Jean Dakar Продуцент: Јорданчо Петковски (втора соработка со Котевска; заедно го подготвуваат и „Човек против јато“) Монтажер: Мартин Иванов Музика: Joe Wilson Davies и Hun Oukpark (Hans Zimmer Studio) Тонска обработка: PROTA Колор корекција: GHABHA Studios Консултанти за наратив: Верица Недеска, Трифун Ситниковски и Suz Courtiz

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Њујорк под ‘W’: Последната битка на Wu-Tang на домашен терен, Њујорк под ‘W’: Последната битка на Wu-Tang на домашен терен, њујорк-под-w-последната-битка-на-wu-tang-на-домашен-терен

    „Луѓе, хип-хопот го инспирира целиот ебен свет преку 50 години!“ – RZA, 16 јули 2025 На 16 јули, Madison Square Garden не беше само арена, се претвори во вистински храм. Последната вечер на Wu-Tang Clan во Њујорк прерасна во културен и култен настан од генерациски ранг. Шоуто почнало точно во 21:20, според Setlist.fm, и не забави ниту за момент. Од „Sunlight“ до „Triumph“, сетлистата од 31 песна се чита како учебник за хип-хоп историја: „Bring da Ruckus“, „Da Mystery of Chessboxin’“, „Protect Ya Neck“; Солирања од Ghostface и Raekwon („Rainy Dayz“, „Criminology“); Финале со „C.R.E.A.M.“ и „Triumph“ – химни што уште носат тежина. RZA: Центарот на гравитацијата Во момент кој ги замолчи и најгласните, RZA одржа емотивен говор: „хип-хопот го инспирира целиот ебен свет преку 50 години!…“ Потоа дојдоа ин мемориам посветите. Од Nate Dogg до Phife Dawg, од Biz Markie до Nipsey Hussle, салата се соедини во еден глас за „Just a Friend“ во масовна меморија на културата. Њујорк не штедеше на легенди. На сцената се појавија: Slick Rick со „Children’s Story“, Redman со „Da Rockwilder“, Lil’ Kim, Havoc (Mobb Deep), Big Daddy Kane… Секој настап беше фаза од хип-хоп еволуцијата. Публиката го препозна тоа како жив учебник што рапува…. Историја во акција. На Инстаграм и Твитер, фидовите експлодираа: „Where my Actual NYers at? A celebration of REAL HIP HOP… what a night!“ (каде се моите вистински Њујорчани? Славење на ВИСТИНСКИ ХИП ХОП…. Каква ноќ!” „Wu legends. Full house. No skips. Just bars & memory.“ (Wu легенди. Полна куќа. Без прескокнувања. Само стихови и сеќавање.) Сите препознаа дека се дел од нешто големо. Ниедна снимка не го фаќа тоа чувство, иако насетувавме што се случува… сепак мораше да се биде таму да се знае .

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page