Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Велес повторно е центар на балканскиот стрип: Отворање на 22. издание на меѓународниот салон, Велес повторно е центар на балканскиот стрип: Отворање на 22. издание на меѓународниот салон, велес-повторно-е-центар-на-балканскиот-стрип-отворање-на-22-издание-на-меѓународниот-салон
Велес го отвори 22. салон за стрип со рекорден број учесници, награди, изложби и стрип-колонија во Нежилово. Вечерва, во просториите на Европската куќа во Велес, ќе биде отворено 22. издание на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2025“ – еден од најзначајните регионални настани посветени на деветтата уметност. Настанот, кој веќе две децении ја собира стрип-сцената од регионот и пошироко, оваа година бележи рекордна посетеност и интерес. Во рамките на свеченото отворање ќе бидат доделени награди, дипломи и признанија за најуспешните дела од годинашниот меѓународен конкурс за стрип. На конкурсот учествувале вкупно 396 автори од целиот свет, од кои 164 се македонски автори – бројка што ја покажува виталноста и енергијата на домашната сцена. Ќе биде отворена и изложба со избрани дела од конкурсот, а посебен акцент ќе има на обележувањето на 15 години од издавањето на култниот балкански стрип-серијал „Вековници“, чиј промотер оваа година е сценаристот и уредник Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија. Стрип-колонијата во Нежилово Според координаторот на проектот, Томе Трајков, активностите продолжуваат и утре со започнувањето на седмата по ред стрип-колонија. Во излетничкото место Нежилово, до 24 август, автори од различни генерации од Бугарија, Србија и Македонија ќе работат заеднички, креирајќи нови стрипови во инспиративна работилничка атмосфера. Колонијата претставува живо јадро на фестивалот – место каде младите и искусните цртачи разменуваат идеи, техники и визии за иднината на стрипот. Повеќе: Томе Трајков успева да исплива на површина и покрај условите за стрип уметниците дома Стрип-центарот на Македонија: двигател на една традиција Организатор на фестивалот е Стрип-центарот на Македонија (СЦМ), основан во Велес во 2002 година. Центарот настанал како иницијатива за афирмација на стрипот како културна и уметничка форма, со цел да ја поврзе македонската сцена со регионалните и светските струи. Преку својата работа, не само што го организира Меѓународниот салон, туку и редовно приредува изложби, промоции и образовни работилници за млади автори. Со години наназад, Велес се позиционира како балканска точка на картата на стрипот, а фестивалот е место каде се воспоставуваат нови соработки и се откриваат идните имиња на жанрот. Велешкиот салон е препознаен по тоа што негува отвореност и интернационализам – од првото издание до денес успеал да вклучи автори од Европа, Азија, Латинска Америка и Африка. Овој континуитет ја зацврсти репутацијата на Велес како град кој живее за стрипот и докажува дека деветтата уметност може да биде културен мост што ги спојува различните јазици и култури.
- Џо Роган е комплетно незасегнат, Џо Роган е комплетно незасегнат, џо-роган-е-комплетно-незасегнат
Кога притисокот врз Џо Роган растеше прво со отворено писмо од научници и доктори, а потоа со повлекување на Нил Јанг и Џони Мичел, Спотифај изгуби 2 милијарди долари од пазарна вредност, но навистина ретко кој веруваше дека златното дете на Спотифај ќе добие било што освен поддршка. Спотифај како одговор постави предупредувања дека се зборува за ковид и линкови до официјални извори на информации - нешто што останатите платформи веќе одамна го направија. Но она што беше необично беше жолчната одбрана на претседателот на Спотифај Даниел Ек. „Ние не се вклопуваме уредно во само една категорија. Ние дефинираме сосема нов простор на технологија и медиуми. Ние сме многу различен вид на компанија... Ние не сме во бизнисот да го диктираме дискурсот што овие создавачи сакаат да го имаат во нивните емисии. И ако сакаме само да направиме содржина што сите ни се допаѓа и со која се согласуваме, ќе треба да ја елиминираме религијата, и политиката, и комедијата, и здравјето, и животната средина и образованието, списокот продолжува и натаму и натаму, бидејќи овие се навистина комплицирани прашања. И ако ги ограничиме овие поделени теми, врвните креатори ќе си заминат, а корисниците на кои им е лишен избор во содржината ќе избегаат од нашата платформа и ќе бараат други алтернативи. И ова, се разбира, би значело дека никогаш нема да ја постигнеме нашата мисија. Тогаш, по која цена го правиме ова? Па, Spotify е за дозволување на разговор и поттикнување мисла. Долго време рековме дека сакаме да забавуваме, инспирираме и едуцираме, но за да го направиме тоа, мора да го најдеме најдобриот можен начин да го балансираме креативното изразување со безбедноста на нашите слушатели. И тие две работи ретко се во конфликт, но кога се, тогаш ние влегуваме и преземаме соодветни мерки. И ниту еден креатор на содржини не е изземен од таа позиција. Никој. .. За да се бориме против ова, требаше да најдеме потпора. И еден начин на кој можевме да го направиме ова беше во форма на ексклузивци, конкретно со гласови како оние на Џо Роган, на Обама, Брене Браун, Дакс Шепард, само да наведам неколку. ... Меѓутоа, луѓето тврдат дека со ексклузивноста дека ние сме всушност издавач, а не платформа. Затоа сакав да направам чекор назад и да објаснам како размислувам за тоа. Ајде прво да дефинираме што е издавач. Издавачот има уредувачка контрола врз содржината на создавачот. Тие можат да преземат акција за содржината уште пред да биде објавена. Тие можат да уредуваат, можат да курираат, можат да го сменат гостинот, дури можат да одлучат да не објавуваат воопшто. И иако JRE е ексклузивна, таа е лиценцирана содржина. Важно е да се напомене дека немаме креативна контрола врз содржината на Џо Роган. Не го одобруваме неговиот гостин однапред и, како и секој друг креатор, ја добиваме неговата содржина кога објавува, а потоа ја прегледуваме, а доколку ги прекршува нашите правила, ги преземаме соодветните дејствија за спроведување. Ова воопшто не е невообичаена позиција во медиумската индустрија. Тоа е истото што всушност го имаме и со нашата лиценцирана музичка содржина. И тоа е истиот пристап со другите подкастери, како што се Дакс Шепард и Брене Браун...“ Ова е дел од говор кој го држел во градската сала во Лос Ангелес на неговите вработени. Но кратко после говорот, кога се чинеше дека прашината слегнува - се појави Греми добитиничката Индиа Ари на ИГ и сподели две непријатни клипчиња каде што Роган дури 27 пати го кажува н-зборот и тоа онаа потешката, "hard R" варијанта но и клип каде кажува дека кога залутале во црнечка населба се почуствувал како да е во планетата на мајмуните. „симнете ме! Ме плаќате 0.003% од пени за да го плаќате ова - не може!„ Повторно дојде извинување(со пола срце и многу правдање) на Роган, повторно дојдоа до нас информации дека Даниел Ек се уште стои со Роган: „Не само што некои од коментарите на Џо Роган се неверојатно навредливи - сакам да разјаснам дека тие не ги претставуваат вредностите на оваа компанија. Иако јас силно го осудувам она што го кажа Џо ... сфаќам дека некои ќе сакаат повеќе од само осуда. Сакам да кажам една поента многу јасно - не верувам дека замолчувањето на Џо е одговорот. Треба да имаме јасни линии околу содржината и да преземеме акција кога тие се прекрстуваат, но откажувањето на гласовите е лизгава патека“ - и повторно ја направи ситуација која во својот темел е стратешка(целата подкастерска Спотифај платформа е изградена околу Џо Роган искуството), - како ситуација која во својот темел е принципиелна: дека е прашање на слобода на говорот. Помеѓу фактот дека Роган е исклучително допадлив, на слушателите, на гостите, на пријателите - мек, слаткоречив, фин и фактот дека доста контент креатори се изгорени од „правила и регулации„ ставките на социјалните мрежи , каде често нелогично и преосетливо ги казнуваат со ставањето на творците во „фејсбук затвор„(сабајлево од чиста мира Твитер ни ја заклучи страната, а после приговорот ја врати но без ниту еден пост ниту следачи) - значи ескалирање на оваа хиперсензитивност ќе ја направи неподнослива креативната атмосфера. Па голем дел од јавноста навагнува накај Роган. Тој во меѓувреме е скроз unbothered ако му се верува на Инстаграм профилот...„ме прашуваат како се држам. Еве вака(видео од ресторан). А да и печурки„ - а да - неговиот подкаст има најсупериорни бројки во однос на гледаност, дури и во споредба со вести од ТВ мрежи... Вупи Голдберг во меѓувреме седи дома и размислува што направила(по препораката на нејзината шефица откако ја суспендираше). p.s. забегани борби со ветерници и читања на ситуацијата кои се чекор до гледање на вештерки и демони(сега се само до дип стејт стигнати) ќе ги оставиме на оние што некако стигнале до Бреитбартоидни предели и не знаат како да се вратат назад на сигурно- кај здравиот разум.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Вирална десничарска кантри песна Rich Men North of Richmond карактеризирана како навредлива и дебело, Вирална десничарска кантри песна Rich Men North of Richmond карактеризирана како навредлива и дебело, вирална-десничарска-кантри-песна-rich-men-north-of-richmond-карактеризирана-како-навредлива-и-дебело
Виралната песна на кантри пејачот Оливер Ентони беше критикувана дека е „десничарска химна“ и беше карактеризирана како „навредлива“. Песната, наречена Rich Men North of Richmond ( „Богатите северно од Ричмонд“), моментално е број еден на топ листите на iTunes Country и собра 17 милиони прегледи на YouTube во рок од осум дена. На прво слушање, песната може да се толкува како химна на работничката класа, бидејќи тој пее за „ја продавам мојата душа„за“срање плата“. Тој, исто така, ги критикува политичарите и „богаташи северно од Ричмонд"кои "само сакаат да имаат целосна контрола“. Песната ги покренува прашањата за општествените проблеми како бездомништвото и кризата со менталното здравје во земјата, но, исто така, Ентони ги напаѓа „дебелите што ја цедат социјалната помош„, пеејќи дека тоа“ако сте метар и пеесет и имате 150 кг / нашите даноци не треба да плаќаат за вашите кутии со колачи.“ I've been sellin' my soul, workin' all day / Overtime hours for bullshit pay / So I can sit out here and waste my life away / Drag back home and drown my troubles away. It's a damn shame what the world's gotten to / For people like me and people like you / Wish I could just wake up and it not be true / But it is, oh, it is. Livin' in the new world / With an old soul / These rich men north of Richmond / Lord knows they all just wanna have total control / Wanna know what you think, wanna know what you do / And they don't think you know, but I know that you do / 'Cause your dollar ain't shit and it's taxed to no end / 'Cause of rich men north of Richmond. Кантри песната беше пофалена на социјалните мрежи од десничарските медиски фигури, вклучувајќи ги Ден Бонгино и Мет Волш. Марџори Тејлор Грин, во меѓувреме, ја опиша како „химна на заборавените Американци кои вистински ја поддржуваат оваа нација и за жал светот“. Меѓутоа, други ја критикуваа песната дека е „дебелофобична“ и навредлива. Еден корисник на X (поранешен Твитер) напиша дека песната е „толку уникатно навредлива за мене како жител на Вирџинија, гитарист, текстописец, вљубеник/интерпретатор на фолк музиката, работник и антифашист што некако сум напизден на целата приказна." Друг напиша дека песната не е „некоја ода за работничката класа“, туку „реакционерна мелодија што ја овековечува дебелофобијата и класичните тропи за „кралици на социјалната помош“, популаризирана од [поранешниот претседател] Реган. „Нејасно ги критикува богатите, но директно/неточно ги обвинува сиромашните за „молзење“ на системот“. „Ништо не кажува класната свест како песна во која целиот среден стих е за тоа како сиромашните не можат да јадат поради дебелите корисници на социјална помош“, сподели левичарскиот канал на YouTube The Serfs. The Guardian пак вели: „не беше изненадување“ што десното крило ја сака, додека The Independent праша „дали сите Републикански химни треба да бидат страшни како виралниот хит на Оливер Ентони „Богати мажи северно од Ричмонд?“ - референца на уште една контроверзна кантри песна која стана хит „ Try that in a small town" („Пробај нешто такво во мало гратче“) на Jason Aldean. Ентони е поранешен работник во фабрика и земјоделец, а во неделата (13 август) го одржа својот прва концерт бидејќи виралното внимание привлече голем број на слушатели во Северна Каролина. Во еден скорешен твит, пејачот рече дека е „во состојба на шок од изливот на љубов што го видов во коментарите, пораките и мејловите“.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Март низ град, Март низ град, mart-niz-grad
Оваа недела, Скопје и Битола ќе бидат домаќини на серија на интимни и инспиративни културни настани кои ќе го збогатат уметничкото платно на Македонија. Од иновативни музички промоции до изложби и маршеви за правата на трансродовите лица, овие настани го покажуваат динамичниот и разнолик карактер на градската културна сцена. Оваа недела е исполнета со разновидни настани и случувања; од музички спектакли и уметнички изложби, до промоции и акции за важни заеднички цели,. Неделата започна со магична вечер во Beverly Hills, каде што Transmarginal оствари промоција на својот албум "Transmarginal Beverly Hills (Live at JaZzy)". Во пресрет на оваа неодолива музичка одисеја, JazZy беше претворена во трансформативен простор каде што талентот на Филип Букршлиев, Константин Хаџи Коцев и Нинослав Спировски се споија во џез магија. Оваа ноќ на жива музика беше во чест на Мирко Попов. Во Галерија Пионери, уметноста замина на сосема друго ниво со отворањето на изложбата "A Fancy Evening Affair". Овој настан не само што ни дозволи да ги разгледаме искуствата на талентирани уметници како Лусиана Ампева, Мила Добревска, Ана Јовановска и Ана В’чкова, туку и да го запознаеме длабокиот свет на нивната креативност. Со своите различни техники и стилови, нивните дела не само што го збогатуваат уметничкиот пејзаж на градот, туку и отвораат прозорец кон нови уметнички искуства. Се издвоија и два музички настани кои ја оживеаа градската сцена со својата енергија и разновидност. Haexler ќе ги почестат фановите на екстремната музика со својот брз ритам и сурови вокали, додека Luke Levin со својата иновативност и спојка на стилови ќе ја претстави својата уникатна интерпретација на металот. Овие настани не само претставуваат разнообразност во музичката понуда на градот, туку и го обогатуваат и прославуваат различни стилови и изрази. Сепак, еден од најважните настани на неделата ќе биде петтиот Марш за видливост на трансродовите лица во Скопје, организиран од Граѓанската иницијатива ТрансФормА и поддржувачите на транс заедницата. Овој марш не само што ќе ја подигне свеста за предизвиците и борбите на трансродовите лица, туку и ќе ја истакне важноста на видливоста и инклузијата во општеството. Со секој чекор напред, оваа иницијатива продолжува да ги поддржува и брани правата на трансродовите лица и да се бори со стереотипите и предрасудите. Корнечно промоцијата на првата винил компилација на современата поп продукција од младите македонски музичари во Лабораториум претставува уште еден момент за славење на креативноста и иновацијата во македонската музичка сцена. Со оваа промоција, ги прославуваме и го почитуваме наследството на Мирко Попов, чие присуство и влијание се и те како живи во срцата и душите на многу. Неговата предаденост кон комуникацијата и поддршката кон младите ја продолжуваат неговата легенда. Оваа недела беше еден мозаик на културни и социјални настани кои го обогатија и оживеаја градот, претставувајќи го во неговата најживописна и разновидна слика. - Датум: 27 март, 2024 - Настан: Интимната промоција на албумот "Transmarginal Beverly Hills (Live at JaZzy)" - Место: JaZzy Music Venue, Беверли Хилс - Учесници: Филип Букршлиев, Константин Хаџи Коцев, Нинослав Спировски - Организација: Зафир Шуманов - Дополнителни детали: Снимање на албумот - Михаил Стојанов, Филип Букршлиев, Фотографија и дизајн - Ѓорче Ставрески Клик за повеќе>>> Музичка Одисеја во Beverly Hills - Датум: 28 март, 2024 - Настан: Изложба "A Fancy Evening Affair" - Место: Галерија Пионери, Скопје - Учесници: Лусиана Ампева, Мила Добревска, Ана Јовановска, Ана В’чкова - Организ Отмена Вечерна Афера - Датум: Неопределен - Настан: Концерти на Haexler и Luke Levin - Место: Битола - Особености: Слободен влез, можност за донација, разновидност на музички жанрови Грајндкор во Битола - Датум: 29 март, 2024 - Настан: Петти Марш за Видливост на Трансродовите Лица - Место: Старт пред Владата на Република Северна Македонија, завршува пред Собранието, Скопје - Слоган: "МАРШИРАМЕ ХРАБРО – 5 години видливост" - Организација: Граѓанската иницијатива ТрансФормА Марш за Видливост на Трансродовите Лица - Датум: 29 март, 2024 - Настан: Промоција на ПОП компилацијата на современа поп музика и сеќавање на Мирко. - Место:Лабораториум - Организација: Силата ЕУ младите. Во чест на Мирко Попов одиме понатаму: во Лабораториум!
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Мултимедијален перформанс „Алхемија на дивината“ е Вевчанските извори, Мултимедијален перформанс „Алхемија на дивината“ е Вевчанските извори, мултимедијален-перформанс-алхемија-на-дивината-е-вевчанските-извори
Вевчани, 26 јуни 2024 – Вевчани ќе биде домаќин на уметнички настан наречен „Алхемија на дивината“, мултимедијален и локациски специфичен перформанс кој ќе се одржи на 26 и 27 јуни. Овој иновативен проект ги интегрира уметничките таленти на изведувачи од различни дисциплини, носејќи ја магијата и уметноста на патеките околу Вевчанските извори. Време на изведби: - Премиера: 26 јуни 2024 (среда), 19:00 часот - Втора изведба: 27 јуни 2024 (четврток), 12:00 часот - Трета изведба: 27 јуни 2024 (четврток), 19:00 часот Бројот на посетители е ограничен, а местата може да се резервираат преку испраќање на мејл на адресата: riteincontemporarysociety@gmail.com. Што значи „Алхемија на дивината“ Овој уникатен перформанс е дел од проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА - имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, инициран од Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес од Охрид. Проектот има за цел да ја истражи улогата на ритуалите во современото општество преку уметнички изрази и истражување. Работилници и подготовки Во рамките на проектот, во март и мај беа одржани две серии работилници во КСП Центар Јадро во Скопје, наменети за професионални уметници од различни дисциплини. Работилниците носеа наслов „Ритуалот во современото општество“ и се фокусираа на истражување на секојдневните ритуали и нивната трансформација, како и на влијанието на просторите и сетилните искуства врз ритуалите. Магични приказни и интроспекција Посетителите на „Алхемија на дивината“ ќе имаат можност да истражуваат магични приказни од алтернативни реалности додека шетаат низ живописните Вевчански извори. Овој перформанс ќе ги поттикне посетителите да размислуваат за природата на времето, конечноста и постоењето, и ќе ги води на лично патување на откривање на она што е навистина важно во нивниот живот. Уметничка екипа Перформансот е создаден од заедничкиот напор на уметници-ментори и изведувачи кои се здружени во оваа авантура. Менторите ги вклучуваат Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугиќ и Јасмина Билаловиќ, додека изведувачите вклучуваат Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Јасмина Василева, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг. Поддршка и соработка Проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА” е финансиран од Швајцарската Амбасада и Министерството за култура на Република Северна Македонија. Посебна благодарност се упатува до локалните партнери за имплементација: КСП Центар Јадро, КУД „Дримкол“ Вевчани, Општина Вевчани и Комунално претпријатие „Еремија“ Вевчани, како и до меѓународните партнери Universitat Politècnica de València и Culture Moves Europe. „Алхемија на дивината“ ветува искуство кое ќе ги трансформира Вевчанските извори во сцена на магични наративи и уметнички перформанси кои ќе ве натераат да размислувате и да го преиспитувате вашето постоење и животните избори.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура







