top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Марија Бошковска ја освои Првата награда на Конкурсот „Тоде“ за најдобра детска песна, Марија Бошковска ја освои Првата награда на Конкурсот „Тоде“ за најдобра детска песна, марија-бошковска-ја-освои-првата-награда-на-конкурсот-тоде-за-најдобра-детска-песна

    На 7 март 2025 година, во големата сала на Општина Охрид, се одржа свеченото доделување на наградите од Третиот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“. Настанот беше организиран од ЗПРКДУ „Креативна верига“ – Охрид, со поддршка од Општина Охрид, а публиката имаше можност да ужива и во изведби на песни од детскиот поет Тоде Илиевски, претставени од ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид. КОЈА Е МАРИЈА БОШКОВСКА? Марија Бошковска е современа македонска авторка која пишува за деца. Овој пат се истакна со песната „Во една шума чудесно чудна“, која ѝ ја донесе Првата награда на конкурсот „Тоде“ – признание што се доделува во чест на поетот за деца Тоде Илиевски. Песната е објавена во новиот број на електронското списание за литература и култура (е)Лит, каде може да се прочита во целост. ОСВРТ НА НАГРАДЕНАТА ПЕСНА: „Во една шума чудесно чудна“ Во една шума, чудесно чудна, мисла необично залудна остави една мала верверица будна. Стуткана под лисје златно едно прашање ѕуни гласно: ,,Како таа да лета? Да лета високо – ко комета?“ Се собраа сите, одговор се бара советници разни мудреци, бистрици, почитувани претставници какви има само во сказни. Прв збор зеде мешести Медо, но место одговор – ја погледна бледо: ,,Кај ќе леташ?“ – рече и додаде – ,,Не е таков редот!“ „Со ред и поредок никој не постигнал ништо!“ –зајадливо дофрли осамениот Волчко.„Пробај и скокни, можеби рацете ти се како крилја – силни, моќни!“ „А зошто сакаш да леташ?“ се огласи забести Зајко. „Светот е толку голем, а јас толку мала…Ох, што не би дала да го прелетам цел, да танцувам со облакот бел! Цветови, бобинки, семки, дренки да јадам,во далечни шуми дом да изградам…“ Ова ги засмеа сите. ,,Зар со соништа мегаломански, една ситна верверичка си ги троши дните?“ „Каква штета!“ – некој шепна. ,,Зар во оваа шума никој нема да каже паметна дума?“ Тогаш Лисицата, златноопашеста, се сети:„Можеби некоја птица од мед и пердуви може крила да ти сплети?“ Но... ниедна птица не може крила да вети. „Јас не знам крила да правам, мила,“ рече ластовичката тивко, ,,но на разни места сум била, под светкави сонца сум се свила. Далеку, еднаш, на југ, видов ко тебе силуета, што умее да лета!“ Од радост верверицата потскокна, на ластовицата бакнеж ѝ даде. Можеби крила нема, но сега има –барем надеж. Некаде,можеби дури и на друга планета, некоја мала верверица веќе лета. Песната на Бошковска е полна со живописни слики, динамичен дијалог и искрена детска љубопитност. Главната хероина – една мала верверица – сонува да лета, иако тоа не е во нејзината природа. Наместо да се соочи со осуда или потсмев, таа буди дебата меѓу шумските суштества, секое со своја логика и став. Стиховите се лесни за читање, музички обликувани, и со префинета доза хумор и емоција. Највредното во песната е токму последниот пресврт – не станува збор за тоа дали некој може да лета, туку за тоа дали некој ќе најде надеж, инспирација и поддршка. Песната на Бошковска е пример за тоа како детската поезија може да биде истовремено поетична, педагошка и актуелна, без да изгуби од топлината и магијата. НАГРАДЕНИ АВТОРИ: Прва награда: Марија Бошковска – „Во една шума чудесно чудна“ Втора награда: Светлана Котевска – „Бунт на природата“ Трета награда: Ружица Денковска – „Градинарска судница“ Жирито составено од Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Лилјана Пандева и Наташа Аврамовска, нагласи дека трите избрани песни се одликуваат со јасен израз, поетска чистота и способност да ги ангажираат и возбудат младите читатели. Конкурсот „Тоде“ станува значајна платформа за автори што создаваат за деца – и потсетник дека детската книжевност е сериозна уметност.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • The White Lotus Official Podcast – Водич низ хаосот на рајот, The White Lotus Official Podcast – Водич низ хаосот на рајот, the-white-lotus-official-podcast-водич-низ-хаосот-на-рајот

    За сите фанови на „The White Lotus“ (а ги има многу - тука се и оние кои сакаат да го мразат но сепак гледаат), HBO серијата што на прв поглед изгледа како поглед во луксузен одмор , а всушност е саркастичен и остроумен приказ на човечките комплекси, новата сезона доаѓа со уште еден бонус: The White Lotus Official Podcast. Во рубриката „Поткаст Лектира“ оваа недела ви го препорачуваме токму овој companion podcast, кој стартува на 8 јануари 2025, паралелно со премиерата на третата сезона. Водители се авторката и новинарка Џија Толентино и сценаристот Џош Беарман, кои секоја недела навлегуваат длабоко во темите, карактерите и симболиката на серијата. Она што го прави овој поткаст особено вреден за слушање не е само фактот што нуди ексклузивни разговори со актерите и креаторите (да, тука е и Мајк Вајт), туку начинот на кој ги отвора прашањата што серијата само ги навестува: моќ, привилегија, секс, класа, лицемерие. Толентино и Беарман не се обидуваат да се држат до новинарската неутралност – имаат ставови, критички пристап и доволно хумор за да не стане сè премногу озбилно и тешко. Ако сте фанови на серијата, овој поткаст е must. Ако не сте го гледале– слушнете една епизода и ќе посакате веднаш да го гледате „The White Lotus“ од почеток. Поткастот не е само додаток, туку вистински коментар на културниот феномен што оваа серија го создаде. Каде може да се слуша? The White Lotus Official Podcast е достапен на сите поголеми платформи за подкасти, вклучувајќи Spotify, Apple Podcasts, Google Podcasts, YouTube како и на официјалната HBO Max апликација и веб-страна. Нема видео верзија, но аудиото е доволно моќно да ве внесе во светот на серијата и зад сцената.

  • Невидените страни на Франческа Вудман, Невидените страни на Франческа Вудман, невидените-страни-на-франческа-вудман

    од Крис Вајли Имаме нова рубрика : Муабети на диво: за што зборувавме кога зборувавме на „Брза кучка“ и ја отпочнуваме со есејот на Крис Вајли кој е објавен на 16-ти април 2024 во Њујоркер - и како таков го доживеавме како дефинитивен знак дека оваа рубрика мора и треба да почне! Во најновата епизода на поткастот наречена "Танц со Лени " таа раскажува раздрагана и среќна („моето омилено прашање!“) за своите омилени фотографи кои влијаеле врз нејзе како уметник но и надвор од тоа, доколку воопшто постои Лени надвор од уметноста. Франческа Вудман не беше случајност со својата уметничка рана зрелост. Нејзиниот татко, Џорџ, бил апстрактен сликар. Нејзината мајка Бети била керамичарка. И двајцата ѝ ставија до знаење на Франческа дека уметноста вреди да се ситуира во центарот на животот. Во текот на летата, семејството се повлекувало во куќа во едно тосканско село и патувало за да ги види делата на фирентинските мајстори. Додека нејзините родители изведуваа свои чинови на уметничка посветеност, на Франческа и́ беше дозволено сама да скита низ музеите и да се враќа со скици полни со жени кои носеле елаборирани наметки, копирани од сликите во дворците, стари со векови. Нејзиниот постар брат, Чарлс, имал детски дијабетес, кој бил релативно опасен и редок во шеесеттите. „Тоа создаде еден вид семејна динамика каде што Чарли секогаш беше опсипан внимание и контрола, додека Франческа беше многу послободна во животот“, се присети еднаш нивниот татко. „Ако таа не дојде дома на вечера, на кого му беше гајле?“ Џорџ и́ го подарил првиот фотоапарат на Франческа кога имала тринаесет години, а таа набрзо почнала да прави смели слики во прогонувачки, романтичен стил кој е карактеристично нејзин. На една слика се гледа како таа стои сосема гола, облечена само во бели чорапи кои се протегаа до потколениците, главата надвор од рамката и сенка која паѓа преку нејзиното торзо, стои покрај девствен бел крин, како оние што би ги видела на безброј ренесансни слики. Во друга, таа има закачено штипки за алишта на нејзиното голо торзо, кои изгледаат речиси како рој крилести инсекти кои го гризат нејзиното месо. Предвидувајќи ја нејзината подоцнежна опсесија со начинот на кој телата може да изгледаат како да се замаглуваат кога се движат за време на долга експозиција, таа направи слика на фигура која се движи низ отворот на надгробниот споменик, изгледајќи половина во овој свет, а половина надвор. Кога Вудман се запишала на школата за дизајн на Род Ајленд, нејзината блиска пријателка и соученичка Слоан Ранкин ми рече: „дојде знаејќи дека е фотограф“. Извонредната кариера што следеше беше трагично скратена кога, во 1981 година, Вудман умре од самоубиство, на возраст од дваесет и две години. Оттогаш, Вудман постигна митолошки статус во светот на уметноста како симбол на измачената младост, еден вид фотографија на Силвија Плат. Постои перверзна тенденција, во такви ситуации, чинот на самоуништување на уметникот да се третира како некаков конечен уметнички процут. Но, новото шоу во Галеријата Гагосијан, кое штотуку го презеде имотот на Вудман, ни дава нова можност да се сретнеме со делото под свои сопствени услови. Голем дел од она што го знаеме како зрело дело на Вудман беше завршено како дел од училишните задачи. Кога нејзините принтови беа попишувани по нејзината смрт, голем број од нив сè уште беа означени со педагошки дескриптори како „Длабочина на полето“ или „Прескокни движење“. Изложбата на Гагосијан содржи неколку познати слики од овој период, од кои повеќето се направени во истата напуштена куќа во Провиденс. На една слика, Вудман се појавува необично облечена како Алиса на Луис Керол, нејзиниот фустан во движење и рацете спремени како да сака да отвори врата пред нејзе, која се прозева застрашувачки подотворена, не откривајќи ништо друго освен мастилно црнило. Во друга група дела, Вудман го штити своето голо тело со големи парчиња излупени тапети, чин на рудиментирана камуфлажа што често се споредува со феминистичката парабола на Шарлот Перкинс Гилман: Жолтиот тапет .“ Ранкин, која сега има шеесет и шест години, често служеше како модел за фотографиите на Вудман. Таа се сеќава на Вудман тогаш како брилијанна, но импулсивна и незрела: „Таа веќе знаеше за историјата на уметноста, пишувањето и сè. Таа беше толку, толку бистра, и навистина го забавуваше својот ум. Но, заедно со тоа, таа беше навистина како мало дете кое сакаше секс секоја вечер и само да јаде мараскино цреши и колачи“. Сликите на Вудман ја откриваат љубовта кон избришаното, истрошеното и мрачното сензуално, и го утврдуваат нејзиниот афинитет, без разлика дали е свесен или не, кон готскиот надреализам на фотографите како Кларенс Џон Лафлин (Clarence John Laughlin), Ралф Јуџин Мијард (Ralph Eugene Meatyard) и Фредерик Зомер (Frederick Sommer). Сепак, тоа беше речиси мономанијакално фокусирање на Вудман на себе како тема што ја издвојуваше. Ранкин го опиша ова со љубов како манифестација на младешки „нарцизам“, иако Вудман, во писмо без датум, еднаш призна: „Јас сум уморна како и вие, гледајќи во себе“. Во секој случај, тешко е да се замисли фотографка која била поуспешна да се обликува себеси во некакво суштество од друг свет. Значаен дел од изложбата на Гагосијан е посветен на сликите што Вудман ги направила во текот на една година што ја поминала на студирање во странство во Рим. Ранкин, која живееше со Вудман цело време, ми кажа дека Вудман подоцна го нарекла тој период како нејзините „спокојни дни“. Таа и градот беа добар спој. На место каде што секоја калдрма може да се замисли како ехо на стапалата на императорите и светците, оперетската визија на Вудман го достигна својот целосен израз. Во една серија дела, колективно насловена „Самоизмама“, таа е сликана гола наспроти ѕидовите ишарани со бели петна, на распадната фабрика за шпагети во која таа и Ранкин би се прикрале, манипулирајќи со кришка огледало што се чини дека ништо не одразува. Збирката на слики - најверојатно направени во истата фабрика -ја прикажува Вудман пред излупен ѕид што личи на уништен Ротко. Во една од нив, уметницата повторно се обидува да се вклопи во нејзината околина, овој пат со бојадисување на долната половина од телото со боја или нечистотија. Друга ја наоѓа превиткана и свиткана наназад со раката фрлена преку нејзината глава, а лицето изразува мешавина од болка и еротско блаженство што потсетува на „Екстазата на Света Тереза“ на Бернини. „Ти го покажувам она што не го гледаш“, напишала Вудман еднаш, „Внатрешната сила на телото. Не можете да ме видите од каде што се гледам себеси“. Највпечатливото откритие на шоуто на Гагосијан е невиденото ремек-дело на Вудман, „Нацрт за храм (II)“, кое зазема покласичен пристап кон телото. Импозантни четиринаесет стапки високо, делото е збирка на дијазотип принтови, фотографии и елементи на колаж кои ја привикуваат архитектурата на античка Грција од слики направени од нејзината околина во Менхетен. Грчките шари на вијуги на подот од станбените бањи се пренаменети како дел од архитектонскиот фриз, а пријателите на Вудман - меѓу нив и Ранкин - се трансформираат во високи каријатиди. „Смешно е како додека живеев во Италија тамошната култура не влијаеше толку многу на мене“, напиша Вудман, „И сега сум толку многу фасцинирана со архитектурата итн. Франческа која како дете го посети Акропол три пати и секогаш зеваше“. Тоа е дело кое како да е исполнето со копнеж за друго време и место. Вудман се бореше да ја најде својата потпора надвор од удобните граници на училиштето. Успехот доаѓаше премногу бавно. Работеше слабо платени позиции, кои ги мразеше. Таа се обиде да упадне во светот на модата, без многу успех. Ранкин, која во тоа време живеела со претстојниот трговец со уметнички дела Мери Бун, се сеќава дека ја придружувала Вудман за да се сретне со друг дилер во центарот на градот, но ништо не испаднало од тоа. Ранкин се вратила во Рим откако доби неочекувана финансиска добивка која и́ дозволила да го следи човекот со кој на крајот ќе се омажи. Вудман и́ пишуваше писма изразувајќи ја нејзината зголемена тага и фрустрација. Таа се обидела да се самоубие. Нејзините родители ја испратиле на психијатар, кој ја ставил на лекови. „На крајот, реков: „Дојди во Рим“, се сеќава Ранкин. „Њујорк е тежок. Бевме среќни овде. Врати се.“ Имаше карта за да лета да дојде да ме види“. Според Ранкин, билетот бил за 19 јануари 1981 година. Тој ден, наместо да го фати нејзиниот лет, Вудман скокнала во смрт. Во последниот, енигматичен запис во нејзиниот дневник, таа напишала: „Јас бев (сум?) не уникатна туку посебна. Затоа бев уметник. . . Измислував јазик за луѓето да ги видат секојдневните работи што ги гледам и јас“.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page