top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Антивикенд програма на „Мртов коњ“: пет дена концерти, експерименти и светски гости, Антивикенд програма на „Мртов коњ“: пет дена концерти, експерименти и светски гости, антивикенд-програма-на-мртов-коњ-пет-дена-концерти-експерименти-и-светски-гости

    Издавачката куќа „Мртов Коњ“ повторно го крева темпото со „Антивикенд програма“ од 8 до 12 септември. Во пет дена ќе се одржат осум концерти, една радио-сесија и работилница, со учесници од Македонија и гости од Хрватска, Америка, Италија и Виетнам. Почеток со Стражар на 103 На 8 септември, Стражар (Мартин Џорлев) ќе настапи со целовечерен концерт на Канал 103 во чест на Денот на независноста. Настанот стартува во 20:00 часот и ветува сиров и жесток поход. Хрватско-македонски судир во Паб Ѕе На 9 септември, од 21:00, во Паб Ѕе настапува хрватското гараж-панк трио Dad Joke, заедно со локалната поддршка од Кајзер Созе. Линк од настанот Sound Escapes во Буква На 10 септември, во Буква од 19:00, публиката ќе има можност да се запознае со теремин преку работилница и концерт во рамки на „Sound Escapes“. Ќе настапат Александар Ордев и Improof. Линк од настанот Тамшамагандаз во МКЦ На 11 септември, Тамшамагандаз (Јордан Костов, Там Пхам, Никола Коџабашија, Ник Де Карло, Марко Печеновиќ и Александар Галевски) ќе настапат во Кино Фросина (МКЦ). Настан што ветува воинствена и експериментална енергија. Линк од настанот 🎟️ Билети: mktickets.mk Големото финале со Passepartuot Duo и Алембик На 12 септември, во КИЦ, на програмата е највозбудливиот настан: настапот на Passepartuot Duo (Италија/Америка), кои од формирањето се во постојана светска турнеја. Тие се креаторите на првиот електромагнетен синтисајзер Chromaplane, со кој во 2021 ја освоија првата награда на Guthman Musical Instrument Competition 2025. Заедно со нив настапуваат и нашите Алембик. Линк од настанот 🎟️ Билети: mktickets.mk „Пуста независност и распадот навестен кој сѐ уште доаѓа, но не се даваме. Нека нѐ има за да нѐ има,“ велат од „Мртов Коњ“.

  • Зендаја на чело на Time 100, Зендаја на чело на Time 100, зендаја-на-чело-на-time-100

    Zendaya сосема заслужено се најде на чело на списокот на највлијателни личности во 2022. Еве што кажа Denis Villeneuve за нејзе: “За мене Зендаја е стара илјада години. Таа веќе живеела многу животи пред овој. А сепак, таа е млада како пролет. По некој нераскинлив парадокс, таа исто така остава впечаток дека е родена некаде далеку во иднината. Таа е безвременска и може да направи сѐ. Само во изминатата година, Зендаја зрачеше како комета снимена на целулоид во филмот „Малколм и Мари“ на Сем Левинсон. Таа емотивно експлодираше додека нејзините тинејџерски години се дезинтегрираа во културниот феномен на Левинсон Еуфорија. Таа блесна во Spider-Man: No Way Home, филм кој доминираше на бокс офисот во годината кога стана муза на екстремите. Но, Зендаја е многу повеќе од тоа. Таа и самата е автономна креативна сила. Културна икона во изработка. Личност водена од чиста инспирација, емпатија и почит кон нејзиниот занает, која ја користи автентичноста како нова суперсила. Изгледа бестрашна, нејзините корени се длабоки и сакам што сè уште се смее како дете. Зендаја е иднината. И нема ништо поутешно за мене. Ова е само почеток.” Вилнев е режисер, неодамна на Дуна.

  • Grimes со лесно четиво во лежерна прошетка, Grimes со лесно четиво во лежерна прошетка, grimes-со-лесно-четиво-во-лежерна-прошетка

    Нѐ засекира како е Grimes откако остана самохрана мајка со малиот Икс, па ја изгуглавме што прави деновиве. Дечки ич да не ја мислите, на прав пат е! Го чита Комунистичкиот манифест, и тоа на нога!

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура РАЗГОВОРИ 1 2 razgovori pogovori conversations Milk of dreams

  • Tyler The Creator повторно на врвот на Billboard 200: „Chromakopia“ е првенец две недели по ред, Tyler The Creator повторно на врвот на Billboard 200: „Chromakopia“ е првенец две недели по ред, tyler-the-creator-повторно-на-врвот-на-billboard-200-chromakopia-е-првенец-две-недели-по-ред

    Раперот Тyler The Creator уште еднаш покажа дека неговата музика има моќ да доминира на музичките листи. Неговиот осми студиски албум, „Chromakopia,“ го освои првото место на Billboard 200 вторпат по ред, со 160,000 продадени албумски единици во САД. Ова е историско достигнување за Тајлер – „Chromakopia“ стана негов прв албум што успеал два последователни пати да го освои врвот на листата. Ова е негов втор албум што го достигнал првото место на два различни периода, по „Call Me If You Get Lost“ од 2021 година, кој исто така имаше две не последователни недели на врвот на Billboard 200. Неговата прва победа на листите започна со „IGOR“ во 2019 година. Второнеделниот успех на „Chromakopia“ делумно се должи и на изданието на ЦД-то и два специјални бокс-сета, достапни на официјалната веб-страница на Тајлер. Раперот се заблагодари на своите фанови преку Instagram Story за поддршката, но не ги изостави ни оние кои албумот го критикуваа. „Благодарам на сите кои го слушаа, пребаруваа, репетираа, го исклучија, го сакаа, го мразеа, им растеше и исчезнуваше интересот – навистина ценам секое уво,“ напиша Тајлер. „Се наоѓам во поинаков момент од животот отколку кога повеќето од вас ме запознаа. Да ги споделам овие мисли или чувства, кои можеби сум ги допрел само површно порано, беше вистинско ослободување, и чувството дека толку многу од вас се идентификуваат со тоа е неверојатно.“ Chromakopia значи изобилие на бои, но сите визуелизации (видео, фотографии) се црно-бели или сепиа. Ние сме пресреќни што музика која лесно може да биде категоризирана како експериментална, андерграунд ...знаете на што мислиме ... може конзистентно да ги победува комерцијалните поп изведувачи ко од шала.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page