Резултати од пребарување
5233 results found with an empty search
- Викендот на гордоста на 8 јуни со тема Останувајќи со нелагодноста, Викендот на гордоста на 8 јуни со тема Останувајќи со нелагодноста, викендот-на-гордоста-на-8-јуни-со-тема-останувајќи-со-нелагодноста
Со една особено значајна музичка најава на уметничката икона и ЛГБТК+ активист, Mykki Blanco, Скопје нестрпливо го очекува отворањето на дванаесеттото издание на Викендот на гордоста. Настанот, закажан за 8 јуни, ветува не само вообичаената ерупција на добри вибрации и журка која ќе биде наспроти пораката која ја носи тематиката на фестивалот за 2024 година – „Останувајќи со нелагодноста“. Тематот на фестивалот оваа година е ОСТАНУВАЈЌИ СО НЕЛАГОДНОСТА. Со оваа тема, ги истражуваме потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација, кои може да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, несоодветноста, неприкладноста, неугодноста, непријатноста, чудното, некомфорното – како нешто што го опишува живеењето во кризни времиња, каде се скршени и изгубени нашите хегемониски, традиционални и здраворазумски алатки за навигација на животот и секојдневието. МИКИ БЛАНКО е познат уште од раните изданија и деби албумот Mykki (2016), составен од креативната моќ на пионерските микстејпови Cosmic Angel (2012) и Gay Dog Food (2013), со кои ги има поплочено патот за успехот на многумина други нехетеронормативни и родово неконформирачки уметници. Бланко е автор на култни класични хитови, меѓу кои и Kingpinning, Haze.Boogie.Life , Wavy, Coke White, Starlight и The Initiation. Има поставено недостижни стандарди со хит-спотот за High School Neven Ends од деби албумот, во режија на Мат Ламберт, награден со бројни награди на разни фестивали. Покрај содржината за сопствените спотови, Бланко остави значителен белег во медиумите и поп-културата со перформансите во други спотови и кратки филмови, како, на пример, главната улога во спотот на Мадона Dark Ballet, неверојатното читање на песната на Зои Леонард Сакам лезбејка за претседател, експерименталната улога во соработката на уметничкиот филм Без каишка (No Leash) со Коди Кричелоу за брендот на Шејн Оливер, Hood By Air, како и перформансот во кој игра повеќе ликови за краткиот филм Wypipo (во рамките на улогата како гостин уредник за Dazed). Сестраната ѕвезда го продолжува преминот од андерграундот со турнеите со Björk, Major Lazer и Death Grips, а работи и со разнообразни музичари, како Kan ye West, Devendra Banhart, Amnesia Scanner, Charli XCX, Kathleen Hanna и Woodkid. Мики Бланко е креативен полимат и неговото патување претставува вистинско задоволство да се гледа и слуша. До почетокот на 2020 година Бланко создаде нова музика колку за два албума, што претставува важна еволуција во нивната дејност. Во 2021 г. Бланко го издаде Broken Hearts and Beauty Sleep. Во 2022 г. го издаде антологискиот албум Stay Close to Music, а во 2013 бучниот ЕП-албум Postcards from Italia, кој послужи како одредница за овој вид жанр. Организирано од страна на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, прославата на квир културата и уметноста ќе трае од 5 до 16 јуни, разгранувајќи се низ четири значајни локации во главниот град: Музејот на современа уметност, Станица 26, Младинскиот културен центар и Театар Комедија. Настапите на талентирани уметници како DZIPSII и енергичните диџеј сетови од маестралната Ивана Драгшиќ, се само дел од богатата програма која ќе понуди живо свидетелство за неприкосновената уметничка креативност која лежи во срцето на ЛГБТК+ заедницата. ЏИПСИ е познат и по неговиот настап на минатогодишниот избор за Песна за Евровизија во Србија, каде со песната „Грев“ направи парампарче. Како автор и изведувач со единствен и несекојдневен глас, тој е директен, возбудлив, енергичен и нежен, но и секогаш бескомпромисен во својот израз. Зад себе го има албумот „Записи од поздемјето“ којшто весникот Данас го прогласи за трет најдобар балкански албум. Тематиката на фестивалот е изразено провокативна. „Останувајќи со нелагодноста“ ги предизвикува посетителите не само да го разберат, туку и да го прифатат нарушувањето кое доаѓа со кризни времиња, и да ги истражат потенцијалите кои остануваат скриени во предизвиците и социјалните разногласности. Илустрацијата која го претставува концептот на фестивалот е дело на македонската уметница Христина Иваноска, чие оригинално дело ја доловува сложеноста и многусложеноста на фестивалската тема. Емоционално врзана за визијата на Second Summer of Love и екстази еуфоријата, но внимателна околу хетеро-патријархалната рамка на денс културата денес, ИВАНА ДРАГШИЌ е водена од трансформативната моќ на споделувањето музика и танцување. Нејзините диџеј сетови се бесни, емотивни и забавни – конфигурација за достоинствен живот. По емитувањето програма на култното скопско радио Канал 103 и на Амок Радио, нејзината последна радиоекскурзија е Медашт на платформата за европска андерграунд култура komrad.net . Обожава да пушта музика заедно со други пријатели диџеи. За подетални информации, фестивалскиот програм и билети, заинтересираните може да навратат на официјалната страна на фестивалот или да контактираат со кураторот на програмата. Викендот на гордоста – Скопје 2024 е не само уметнички собир, туку и моќна демонстрација на гордост и отпор, нудејќи еден сеопфатен и задолжителен гледен агол на животот кој продолжува „со нелагодноста“. Се́ што треба и може да знаете на ОВОЈ ЛИНК.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Scarlett Johansson vs Disney, Scarlett Johansson vs Disney, scarlett-johansson-vs-disney
Scarlett Johansson го тужи Дизни. Црната вдовица, по договорот кој го потпишала, требало да се прикажува исклучиво во кината, но тие истовремено го пуштиле и на стриминг сервисот Disney+. Зошто би ги тужела за тоа? Бидејќи платата била процент од заработката во кината, а со тоа што е пуштени на Disney+, се одлеала заработката. Женската работна сила, глобално и без исклучок од професијата и локацијата, е драстично помалку платена од машките соработници. Кога се има на ум дека жените работат и во домот и околу децата овој расцеп расте, а со финанската немоќ доаѓа и немоќ во сите сфери и ќошиња на животот. Холивудските глумици не се исклучок, често актерките работат и со пола од платата на своите колеги. The Wall Street Journal цитираа извори блиски на глумицата, кои известија дека хибридната премиера ја чинело Јохансон 50 милиони долари.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Предавањето на Рик Долфијн во Музејот на современата уметност - Скопје ќе истражува концептот на нематеријалност | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B8%D0%BA-%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%BD-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B5%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%83%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82---%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D1%9C%D0%B5-%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан 14.11.24 г., во 18:00 Рик Долфијн ќе го истражи политичкиот потенцијал на изложбите на предавањето во Музејот на современата уметност - Скопје Предавањето на Рик Долфијн насловено „КУРИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНОТО: НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ“ ќе се одржи во Музејот на современата уметност - Скопје, во недела, 17 декември, во 12:30 часот. Ова предавање е дел од Интердисциплинарната програма на музејот и ќе се фокусира на револуционерната изложба „НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ: LES IMMATÉRIAUX“ која беше организирана во 1985 година од филозофот Жан Франсоа Лиотар.Оваа изложба беше концептуализирана како „изложба која промислува“ и беше посветена на истражување на светот и современоста. Рик Долфијн ќе го истражи начинот на кој кураторот преку оваа изложба искажува грижа за светот и современоста, како и политичкиот потенцијал на изложбите денес.Рик Долфијн е професор по медиуми и студии на културата на Универзитетот во Утрехт и има богато искуство во областа на континенталната филозофија и современата уметност. Неговите истражувачки интереси се фокусирани на постхуманизмот, новиот материјализам, материјалната култура и екологијата.Ова предавање е реализирано во соработка со Институтот за Општествени и Хуманистички Науки, Скопје. Влезот е слободен за јавноста и сите заинтересирани се поканети да присуствуваат и да се запознаат со интересните идеи и концепти што ќе бидат споделени на ова предавање.Со организирањето на овој настан, Музејот на современата уметност - Скопје продолжува да го промовира истражувањето и дебатата во областа на современата уметност и култура, и го отвора просторот за размислување и разговор за важни теми и концепти. следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Архитектура на суетата: од „Arc de Trump“ до „Скопје 2014“, Архитектура на суетата: од „Arc de Trump“ до „Скопје 2014“, архитектура-на-суетата-од-arc-de-trump-до-скопје-2014
Во политиката, архитектурата ретко е недолжна. Секој лак, секој купола, секоја камена фигура е дел од една интимна држава на имагинацијата. Зад секој триумфален лак стои човек кој сака да го надмине својот век. Замислете ја сцената: во Овалната соба на Белата куќа, Доналд Трамп со задоволство го крева моделот на бела арка, објаснувајќи ѝ на групата донатори дека „најдобро изгледа кога е големо“. Сите се смеат, а еден новинар прашува: „За кого е оваа капија?“ „За мене,“ одговара Трамп, без трошка иронија. Сцената изгледа скоро како перформанс: американскиот претседател, опкружен со минијатури на сопствената суета, зборува за архитектура со реченици на бизнисмен кој продава квадратни метри од бесмртност. „Arc de Trump“ триумфална арка за жив лидер, за време на неговиот мандат, звучи како пародија на империјален сон. Но и како повторување на нешто веќе видено: бел лак со релјефи од митска историја, подигнат во центарот на град, во обид да се претвори нацијата во наратив со автор. Во тој момент, некаде далеку, на другиот крај од светот, стои речиси идентична капија: Порта „Македонија“. Изградена во 2012 година, висока 21 метар, декорирана со бронзени коњи, војници и гравури на митски претци. Обете, и Трамповата арка и нашата, се проекции на ист архетип: неоимперијален кич стил што ја симулира моќта на минатото за да ја легитимира слабоста на сегашноста. Триумфалната арка е наједноставната архитектонска лага. Во антички Рим, лаковите биле поставувани на патиштата по воени победи, врата кон градот и кон вечноста. Тит, Константин, Наполеон, сите тие знаеле дека за да владееш со луѓето, мораш да владееш со нивното чувство за простор. Но во демократскиот век, арките стануваат анахронизми. Денес, тие повеќе не означуваат триумф, туку копнеж по него. Во Скопје, арката ја слави независноста, но без победа, без борба. Во Вашингтон, арката се гради за слобода која одамна е симболичка и одвоена од секојдневната реалност. Овие зданија не се меморијали на триумфот, туку архитектонски авто-портрети на власта. Кога Трамп ја подига својата арка, тој не ја слави Америка, туку себе како идеја на Америка. Кога Груевски го подига својот проект „Скопје 2014“, тој не ја слави историјата, туку сопствената улога во неа. Архитектурата тука не е функција таа е перформанс. Секој лидер што гради споменик за себе ја претвора државата во огледало. Парадоксот е дека и Трамп и Груевски инсистираат дека тоа е „волјата на народот“. Дека арката е за сите, не само за нив. Но луѓето под лакот не минуваат како триумфатори туку како статисти во туѓа драма. Проектот „Скопје 2014“ беше масовен архитектонски експеримент во колективна психа. Десетици неокласични фасади, бронзени фигури, нимфи, лавови, цел еден театар во кој државата глуми да е стара империја, закопувајќи го минатото и историјата која е вредна за почит и сакање. Новите градежници сосема слепи и глуви за нејзе. Трамп ја повторува истата психодрама: арката како терапија за нација што се плаши дека нејзиниот зенит е зад неа. Тоа што и едниот и другиот ја бараат својата инспирација во античкиот Рим, не е случајно. Рим е митот на вечноста. Но секој што се идентификува со Рим заборава дека тој град паднал, не од непријател, туку од тежината на сопствената митологија. Кога власта зборува за „величественост“, архитектите се повлекуваат. Во Скопје, струката беше исмевана како елитистичка; во Вашингтон, Американскиот институт на архитекти предупреди дека уредбата на Трамп го ограничува креативниот израз. Но токму тука лежи суштинскиот конфликт: вкусот на народот наспроти вкусот на историјата. Популизмот секогаш ја сака архитектурата што може да се фотографира. Мермерот мора да свети, куполата да личи на небо, бронзата да тежи колку авторитетот што недостига. Во Скопје тоа беше спектакл на визуелна врева; во Вашингтон, тоа е спектакл на форма без функција. И двете места се сведоци на истата транзиција: од архитектура како уметност, кон архитектура како огласна табла на моќта. Можеби токму затоа триумфалните капии се толку фасцинантни. Тие не се само објекти: тие се портрети на човечката суета во камен. Суетата, за разлика од арката, нема основа; таа не држи ништо, но бара да биде гледана. Трамп ја сака својата арка како потврда дека постои исто како што Груевски ја сакаше својата „Порта Македонија“. И двајцата претставуваат еден вид архитектонски нарцизам: вербата дека со доволно бетон и мит може да се задржи времето. Но времето секогаш поминува низ тие лакови и никогаш не се враќа назад. Психоаналитички гледано, триумфалната арка е симбол на премин: од смртност кон бесмртност, од поединец кон мит. Не е случајно што Трамп ја поставува својата арка на прагот на Вашингтон како врата кон главниот град, исто како што Груевски ја постави својата во срцето на Скопје. И двајцата го користат просторот како психолошки инструмент, за да кажат: „Јас сум овде, јас сум оној што ќе остане.“ Но архетипот секогаш бара цена. Она што почнува како архитектура завршува како автопортрет на пропадната идеологија. Секоја арка на крај се претвора во рамка низ која народот гледа колку малку од својата слава останало. Историјата има своја иронија: помина една декада, и спомениците од „Скопје 2014“ веќе се лупат, металот потемнува, фонтаните не работат. Трамп можеби ќе ја изгради својата арка — можеби не но на крај, и таа ќе стане позадина на некој нов селфи момент. Каменот е најтешката материја за заборав, но и најсигурното место за исчезнување. Она што е подигнато за вечност, често трае пократко од идејата што го родила. На крај, сите арки се само врати кон празнината врати низ кои човек минува надевајќи се дека ќе биде запомнет, додека времето, рамнодушно, минува во обратен правец. И можеби токму затоа, иронично, триумфалната арка е најискрениот споменик на нашата ера: не затоа што слави победа, туку затоа што открива страв. Страв од заборав, страв од историја без лик, страв дека по нас нема да остане ништо. Во Скопје и во Вашингтон, под лакот од бел камен се кријат исти сенки. Арката не е врата кон вечноста, таа е огледало. И во него, кога ќе поминеш, секогаш го гледаш истиот лик: човекот кој не може да се помири дека сѐ што гради, е минливо. А.Ч.





