top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Викендот на гордоста на 8 јуни со тема Останувајќи со нелагодноста | diva.mk

    5.6.24 г., 15:00 прајд, ЛГБТКИ, Викенд на гордоста, Коалиција Маргини Музеј на современа уметност, Samoilova, Skopje, North Macedonia Со една особено значајна музичка најава на уметничката икона и ЛГБТК+ активист, Mykki Blanco, Скопје нестрпливо го очекува отворањето на дванаесеттото издание на Викендот на гордоста. Настанот, закажан за 8 јуни, ветува не само вообичаената ерупција на добри вибрации и журка која ќе биде наспроти пораката која ја носи тематиката на фестивалот за 2024 година – „Останувајќи со нелагодноста“. Тематот на фестивалот оваа година е ОСТАНУВАЈЌИ СО НЕЛАГОДНОСТА. Со оваа тема, ги истражуваме потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација, кои може да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, несоодветноста, неприкладноста, неугодноста, непријатноста, чудното, некомфорното – како нешто што го опишува живеењето во кризни времиња, каде се скршени и изгубени нашите хегемониски, традиционални и здраворазумски алатки за навигација на животот и секојдневието. https://www.youtube.com/watch?v=sokeAMDm7mk МИКИ БЛАНКО е познат уште од раните изданија и деби албумот Mykki (2016), составен од креативната моќ на пионерските микстејпови Cosmic Angel (2012) и Gay Dog Food (2013), со кои ги има поплочено патот за успехот на многумина други нехетеронормативни и родово неконформирачки уметници. Бланко е автор на култни класични хитови, меѓу кои и Kingpinning, Haze.Boogie.Life , Wavy, Coke White, Starlight и The Initiation. Има поставено недостижни стандарди со хит-спотот за High School Neven Ends од деби албумот, во режија на Мат Ламберт, награден со бројни награди на разни фестивали. Покрај содржината за сопствените спотови, Бланко остави значителен белег во медиумите и поп-културата со перформансите во други спотови и кратки филмови, како, на пример, главната улога во спотот на Мадона Dark Ballet, неверојатното читање на песната на Зои Леонард Сакам лезбејка за претседател, експерименталната улога во соработката на уметничкиот филм Без каишка (No Leash) со Коди Кричелоу за брендот на Шејн Оливер, Hood By Air, како и перформансот во кој игра повеќе ликови за краткиот филм Wypipo (во рамките на улогата како гостин уредник за Dazed). Сестраната ѕвезда го продолжува преминот од андерграундот со турнеите со Björk, Major Lazer и Death Grips, а работи и со разнообразни музичари, како Kan ye West, Devendra Banhart, Amnesia Scanner, Charli XCX, Kathleen Hanna и Woodkid. Мики Бланко е креативен полимат и неговото патување претставува вистинско задоволство да се гледа и слуша. До почетокот на 2020 година Бланко создаде нова музика колку за два албума, што претставува важна еволуција во нивната дејност. Во 2021 г. Бланко го издаде Broken Hearts and Beauty Sleep. Во 2022 г. го издаде антологискиот албум Stay Close to Music, а во 2013 бучниот ЕП-албум Postcards from Italia, кој послужи како одредница за овој вид жанр. Организирано од страна на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, прославата на квир културата и уметноста ќе трае од 5 до 16 јуни, разгранувајќи се низ четири значајни локации во главниот град: Музејот на современа уметност, Станица 26, Младинскиот културен центар и Театар Комедија. Настапите на талентирани уметници како DZIPSII и енергичните диџеј сетови од маестралната Ивана Драгшиќ, се само дел од богатата програма која ќе понуди живо свидетелство за неприкосновената уметничка креативност која лежи во срцето на ЛГБТК+ заедницата. https://www.youtube.com/watch?v=HwIgj37V5To ЏИПСИ е познат и по неговиот настап на минатогодишниот избор за Песна за Евровизија во Србија, каде со песната „Грев“ направи парампарче. Како автор и изведувач со единствен и несекојдневен глас, тој е директен, возбудлив, енергичен и нежен, но и секогаш бескомпромисен во својот израз. Зад себе го има албумот „Записи од поздемјето“ којшто весникот Данас го прогласи за трет најдобар балкански албум. Тематиката на фестивалот е изразено провокативна. „Останувајќи со нелагодноста“ ги предизвикува посетителите не само да го разберат, туку и да го прифатат нарушувањето кое доаѓа со кризни времиња, и да ги истражат потенцијалите кои остануваат скриени во предизвиците и социјалните разногласности. Илустрацијата која го претставува концептот на фестивалот е дело на македонската уметница Христина Иваноска, чие оригинално дело ја доловува сложеноста и многусложеноста на фестивалската тема. https://www.youtube.com/watch?v=WuR0R_rlfdE Емоционално врзана за визијата на Second Summer of Love и екстази еуфоријата, но внимателна околу хетеро-патријархалната рамка на денс културата денес, ИВАНА ДРАГШИЌ е водена од трансформативната моќ на споделувањето музика и танцување. Нејзините диџеј сетови се бесни, емотивни и забавни – конфигурација за достоинствен живот. По емитувањето програма на култното скопско радио Канал 103 и на Амок Радио, нејзината последна радиоекскурзија е Медашт на платформата за европска андерграунд култура komrad.net . Обожава да пушта музика заедно со други пријатели диџеи. За подетални информации, фестивалскиот програм и билети, заинтересираните може да навратат на официјалната страна на фестивалот или да контактираат со кураторот на програмата. Викендот на гордоста – Скопје 2024 е не само уметнички собир, туку и моќна демонстрација на гордост и отпор, нудејќи еден сеопфатен и задолжителен гледен агол на животот кој продолжува „со нелагодноста“. Се́ што треба и може да знаете на ОВОЈ ЛИНК. претходно следно

  • 2022 е ретро: Најалбумите според NME, 2022 е ретро: Најалбумите според NME, 2022-е-ретро-најалбумите-според-нме

    Arctic Monkeys – "The Car" Накратко: искрено, восхитувачко ремек дело кое го носи печатот на неограничената љубопитност на неговите креатори. Тивкото чудо на долготрајното пријателство на Arctic Monkeys е нешто што од надворешна перспектива, делува како ништо да не се сменило. Иако во изминатата деценија четворката од Шефилд кидна во пустината, да ги живее своите фантазии на рок ѕвезди од Западниот брег и да одлетаат во такерија на Месечината пред повторно да се вратат на Земјата, тие го зачувале внатрешниот кружен дух преку нивниот отворен процес на соработка: квалитет што го дефинираше неограчениот и ослободен ‘The Car’. Волшепство на потценета самодоверба, бендот го започна создавањето на овој албум со импровизирање во стар манастир, а нивните експерименти со синтисајзерите на Moog и рефрените на клавир со лупови, набрзо трепкаа над затегнатите аранжмани - потсетник дека дури и најграндиозните песни не можат да ја сокријат моќта на синергијата. ‘The Car’ беше полн со срце и диви допири, а исто така широк по својот емотивен опсег: вртливите оркестарски парчиња паралелно го надополнија потсвесното лебдење на фронтменот Алекс Тарнер додека пееше за изолацијата и кревкоста на младоста. Рамката на албумот реплицираше четворица браќа кои работеа низ овие тешки емоции заедно, извртувајќи ги своите инструменти во различни формации сè додека не се приближија до откритие: „Постојано потсетувајте ме дека тоа не е трка“, пееше Тарнер на „Perfect Sense“. Неговата перспектива никогаш не звучела толку јасно; по години преземање и истражување на нови форми, ова е вистинската генеза на бендот. NME рече: Спектакуларниот седми албум на бендот ја сумира нивната досегашна приказна: остро пишување песни, немилосрдна иновација и нераскинлива тимска работа. Клучна песна: „Body Paint“ Wet Leg – "Wet Leg" Накратко: дуото го врати животот и забавата во инди музиката. Парот од Ајл оф Вајт можеше да биде оној чудовит бенд што летото 2021 година направи саундтрак, со ентузијастичниот налет од возбуда што беше „Chaise Longue“. Затоа, беше мерак и олеснување да се видат Рајан Тисдејл и Хестер Чемберс како доминираат следната година така заслужено. Духовито, но топло и глупаво забавно, ова истоимено деби посведочи како парот ги следи стапките на нивните колеги од етикетата во Домино, Arctic Monkeys и Franz Ferdinand со идиосинкратичен стил, личност и класа, испорачувајќи албум кој не само што ја оправда возбудата, туку и ја врати потребната насмевка на лицето на британската гитарска музика. NME рече: Нивниот деби албум делува како вртоглава трка околу лунапарк, тие досадни ниски избиени со духовитост и мудри досетки, како игра на вербално играње на "удри го кртот". Клучна песна: „Angelica“ Beyoncé – "Renaissance" Накратко: Суперѕвездата е „all killer, no filler“ (*сите се убици, без филери-песни за пополнување на место и време), на повик на сирената, на подиумот. Бијонсе рече дека создавањето на нејзиниот седми албум за време на пандемијата ѝ дало можност „да сонува и да најде бегство во страшно време за светот". Намерата беше да се создаде „место без осудување… ослободено од перфекционизам и претерано размислување“ што ќе ги охрабри слушателите да се отпуштат и „да го ослободат врцкањето“. Како триумфална прослава на подиумот, таа ги прифати жанровите како хаус, диско и баунс чии пионери беа црните уметници. Од „Alien Superstar“ до химните на „Break My Soul“ , „Renaissance“ беше моќна, жестока и прославувачка – и исполнета со песни што повеќе од сѐ охрабруваат „да го ослободите мрдањето “. NME рече: Со „Ренесанса“, Бијонсе додаде уште една извонредна плоча на својот репертоар: овој пат таа ќе продолжи да ја води заложбата за враќање на црнечката култура во првите редови на хаус музиката и денс сцената. Клучна песна: „Cuff It“ Fontaines DC – "Skinty Fia" Накратко: Даблинската петорка, пробиваат нови терени на нивниот авантуристички и длабоко влијателен трет албум. “I loved you like a penny loves the pocket of a priest („Те сакав како што еден денар го сака џебот на попот“), потврди Грјан Чатен од Fontaines D.C на „I Love You“, „разорниот централен елемент на Skinty Fia. “And I’ll love you ’til the grass around my gravestone is deceased.”(„И ќе те сакам додека не почине тревата околу мојот надгробен споменик). За оние кои беа длабоко трогнати од третиот албум на ирскиот бенд, ова последно чувство важи и: „Skinty Fia“, мислите, ќе биде признаена со години и децении. Тоа е албум кој е благословен со високи поени: земете ја ретката инди-поп куќа на Fontaines на „Jackie Down The Line“, искривениот трип-хоп на насловната нумера или „The Couple Across The Way“ што го крши срцето. балада која Чатен ја изведе само со хармоника, за друштво. Запрашан од NME за Fontaines да биде крунисан за најдобар бенд во светот на овогодинешните BandLab NME награди, Чатен рече со намигнување: „Во споредба со нашите други албуми, повеќе би сакал да ме нарекуваат „бенд од една генерација“ или да прифатам уште едно лудо признание. за ['Skinty Fia']... затоа што знаете што? Овој пат го заслужуваме тоа“. Во сегашната форма, Fontaines DC се дефинитивно еден од оние бендови што тешко е да се надминат во моментов. NME рече: Борбата за подобра Ирска заслужува песни што ја отсликуваат длабочината на кризата, а во својата бескрајно волшебна слава, „Skinty Fia“ триумфално одговара на задачата. Клучна песна: „I love you“ Kendrick Lamar – "Mr. Morale & The Big Steppers" Накратко: Рап-албумот што го шокираше светот. По пет години на клупа, во игра што ја сака, рап џинот конечно се врати на теренот и ги претрка сите свои колеги со 'Morale & The Big Steppers'. Неговиот петти студиски албум честопати беше парадоксален, при што Ламар сакаше да нагласи дека “I am not your saviour” („Јас не сум твој спасител“) додека го анализираше општеството концизно како и другите. Но, овој албум сепак ни го даде златното правило на исцелувањето: зборувањето за вашите проблеми може многу да помогне. Доброто дете кое го запознавме пред една деценија сигурно порасна. NME рече: Соголувајќи си ја душата, Ламар се надева дека ќе сфатиме како и ние можеме да се ослободиме од генерациските клетви. Клучна песна: „Count Me Out“ Rina Sawayama – "Hold The Girl" Накратко:Враќање со стил, на еден од најидиосинкратичните британски креатори. Понекогаш, митскиот „тежок втор албум“ е токму тоа: мит. ‘Hold The Girl’, продолжението на извонредното деби на Савајама во 2020 година, беше саоуверена мешавина на влијанија, но под различните теми и жанрови меѓу кои отскокнуваше плочата, имаше чувство на искреност што ги одржуваше работите привлечни. Тоа беше, исто така, музичка турли тава: ‘This Hell’ ги канализираше Шања Твен и АББА, додека другите песни нудеа ароми на The Corrs, „Teenage Dream“ од времето на Кети Пери и Гвен Стефани. Сепак, низ сето тоа, тоа беше многу јасно Савајама. NME рече: Најдобриот британски поп албум на годината. Клучна песна: „This Hell“ Charlotte Adigéry & Bolis Pupul – "Topical Dancer" Накратко: дебито на белгиското дуо таман за во клуб, се занимава со големи теми со несериозност и хумор. Topical Dancer' се покажа како витален момент на ослободување за парот од Гент. Зборувајќи со NME, дуото – кои се на издавачката куќа DEEWEE на Soulwax – рече дека албумот им овозможил да го надминат статусот на „жртви“ и да си ги вратат своите наративи под контрола. „Ако сакате да бидете навредени, тогаш слободно“, рече Адижери. „Но, повеќе нема да ја вложувам мојата енергија во тоа“. Наместо тоа, остри дофрлања, и боцкања со коментари како и наелектризираните битови, на дуото владееја моќно на плоча, полна со хумор, срце и некои сериозни песни кои го загреваат подиумот. NME рече: Соработниците ги контрастираат живописните денс-поп мелодии со ужасно остри и злобни спуштања, на мисогините медиуми. Клучна песна: „It Hit Me“ 1975 – "Being Funny In A Foreign Language" Накратко: Најголемиот – и најдобриот – поп бенд во Британија почна да ја гради својата оставштина. Зголемениот квалитет на мелодиите на петтиот албум од 1975 звучеше како еуфорија доживеана со затворени очи. Нивното најконцизно и најпрецизно издание досега, „Being Funny In A Foreign Language“ содржи некои од најдобрите текстови во кариерата на фронтменот Мети Хили, со смело лично и фиктивно раскажување приказни кое беше набиено со повеќе велигденски јајца(*скриени значења) отколку новиот филм на „Топ Ган“. Без да го изгубиме од вид акутното културно коментирање, со кој бендот го прослави своето име, оваа плоча се фокусираше на новата блескава визија за љубовта на Хели, која свети како светлечко стапче, и се чувствува жив со единственото и долгоочекувано чувство на слобода што го даде 2022 година. NME рече: Го комбинира малку стивнатата вештина на бендот за пишување огромни, веднаш незаборавни громки поп песни, со покомплексниот, невротичен лирски глас на поновите изданија од 1975. Клучна песна: „Part Of The Band“ Rosalía – "Motomami" Накратко: Со албумот број три, шпанскиот жар, продолжува бестрашно да иновира. Розалија стана суперѕвезда добитничка на Греми со вешто мешање на звуците на фламенко со експериментални поп фанфари,, но тука таа навистина успеа да го зголеми влогот.. Блескаво пакетче, со фламенко, регетон, лефтфилд поп(*мешавина на синт поп, дрим поп, R&B) , блескав R&B, и една песна најдобро опишана како „очајно евангелие“, „Motomami“ беше возбудлива и збунувачка подеднакво. Корисно е, што имаше и здраво чувство за забава: една минута Розалија пееше за трансформирање со „make-up de drag queen“, а следната ги спомнуваше Наоми Кембел и Хулио Иглесијас. Почит. NME рече: Росалиа не си прави сопствена лента на улицата, колку што гради свој ултрамодерен, супер-кривулест соничен автопат. Клучна песна: „Cuuuuuuuuuute“ Nova Twins – "Supernova" Накратко: Рок отпадниците нанесуваат удар по задникот кој уништува жанрови. Со „направи сам“ дух, дуото испорача темпераментен втор албум, кој ја примени нивната љубов кон R&B и рап и поп заедно со нивниот Day Glo Rock вкус, а сето тоа зборува за оснажнување, сексуална слобода и решителност никогаш да не бидат контролиранин. После номинација за MOBO и Меркур подоцна, оваа плоча ги зацементира во сцена која едноставно не може да се игнорира: ова беше звукот на Nova Twins како ги отвараат вратите со клоци, по нивни услови. NME рече: Со право беа извикани како витален нов глас во светот на рокот, Nova Twins не дозволија ниту еден од тие притисоци да попречат во создавањето на раскошен, фантастичен втор албум кој е разигран колку што е и моќен. Клучна песна: „Antagonist“ Останатите најалбуми - топ 50 на НМЕ

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Re: store во „Лабораториум“: Стари модни парчиња со нов живот, Re: store во „Лабораториум“: Стари модни парчиња со нов живот, re-store-во-лабораториум-стари-модни-парчиња-со-нов-живот

    Скопје, град каде што и покрај резултатите кои варираат во успешноста и вештината - луѓето без сомнеж имаат страст кон модата - ќе направи чекор кон поддршката на одржливата мода. На 16 октомври, во Културно едукативниот центар „Лабораториум“, повторно се отвора Re: store, центарот за рестилизирање на стари модни парчиња. Овој простор ќе продолжи да го слави она што го започна во 2012 година – комбинирање на одржливоста, креативноста и индивидуалноста, со цел да ја редефинира идејата за употребената облека и да понуди нова, освежена модна перспектива. Re: store првично се појави во скопското Дебар Маало, со мисија да го поттикне поинаквиот начин на размислување за модата – како алтернатива на масовното производство и „fast fashion“ културата. Брзата мода денес има огромно влијание врз животната средина и го поттикнува неодржливото трошење на природни ресурси. Но, Re: store се стреми да биде отпорен на овие трендови, нудејќи решенија кои се стилски, но и еколошки свесни. Оваа година, Re: store се враќа во ново издание, сега како дел од „Лаб дизајн маркетот“. Целта е да го подигне нивото на свесност меѓу консументите и да го поттикне редизајнирањето како начин на личен израз преку облека. Преку избор на уникатни парчиња од втора рака, продавницата ќе нуди повеќе од само облека – тоа ќе биде простор каде секое парче има своја историја, која може да биде надополнета од нови сопственици. „Сите парчиња во Re: store – било да се облека, модни додатоци или предмети за дома, носат своја приказна. Сега, тие имаат шанса да станат дел од некоја нова, ваша приказна. Со повторното отворање, ја обновуваме нашата посветеност кон заедницата и одржливата иднина. Без разлика дали барате да ја обновите вашата гардероба или да ги освежите вашите модни изрази, Re: store ве поканува да го прифатите концептот на одржлива мода и својата индивидуалност,“ велат од „Лабораториум“. Зошто поддршката за одржлива мода е важна? Одржливата мода се стреми кон еколошка одговорност и намалување на негативните влијанија на модната индустрија врз животната средина. Производството на нова облека бара огромни ресурси – вода, енергија и суровини, додека нејзиното отпаднување создава значителни депонии. Поддршката на иницијативи како Re: store помага во: Намалување на отпадот: Со реупотребата на постоечките модни парчиња, се намалува количеството облека што завршува на депониите. Зачувување на природните ресурси: Кога купуваме облека од втора рака , ја намалуваме побарувачката за ново производство, што значи помала употреба на вода и енергија. Поттикнување на креативност и индивидуалност: Одржливата мода охрабрува уникатни избори, кои ги одразуваат личните вредности и стил. Најуникатните и највпечатливите модни ентузијасти најчесто се редовни муштерии на продавници за облека од втора рака. Поддршка на локални дизајнери и мали бизниси: Иницијативите како Re: store не само што промовираат одржливост, туку и ги поддржуваат локалните дизајнери и уметници. Re: store ќе биде отворен од вторник до сабота, од 12 до 18 часот, во Културно едукативниот центар „Лабораториум“, на булевар Свети Климент Охридски 68, Скопје.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page