Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- ДИВА гледа: Moonage Daydream, ДИВА гледа: Moonage Daydream, дива-гледа-moonage-daydream
И го слуша неговиот саундтрак. Брет Морген (Brett Morgen) повеќето од оние кои го читаат текстов го знаат по Montage of Heck - биографскиот филм за Курт Кобејн, или филмот за Кобејн кој е посветен во функција на неговата биографија. По прв пат ги гледавме Новоселиќ, Грол, Куртни Лов, неговата мајка како од прва рака сведочат за текот на настаните, па затоа може да се исцрта јасна траекторија, од - до, но таа линија е потопена во снимки, од музиката, од домашни филмови, и видеа….и она што го направи посебен, но и уметничко дело само по себе. Во краткиот и трагичен живот, на Кобејн, моментот на гасењето на животната светлина, испровоцирана од зависноста, но сосема веројатно и вертеровска егзистенцијална криза, не е возможно да биде обилно документиран(можеби и е добро што е така, затоа што кратките секвенци кои ги видовме, беа срцепарателни). Затоа, тој е илустриран/анимиран и со тоа му дава посебен квалитет на филм кој би можел да стои самостојно, доколку Кобејн би бил фиктивна личност. Moonage Daydream – A Brett Morgen Film се сретнува со дијаметрално спротивниот „проблем“(од режисерски и организационен аспект): Боуви има живот повеќе од дупло подолг од оној на Кобејн, и траекторијата во еден момент се поклопува, приказната заличува. Екцесивната, ексцентирчна рок ѕвезда мора да помине крштевка на оган, сумирана во фамозното „секс, дрога и рокенрол“ кој е опасен процес. Но ако нешто учиме за Боуви од Moonage daydream е дека е исклучително талентиран во живеење, во дозирање, во тајмирање, и проценување. И Брет Морген ја зема заслугата за тоа што не го поклопува гледачот со Боуви материјали, туку има јасна линија на животно патување. Во првата етапа од неговата кариера на Рок ѕвезда(фактот дека денес, социјалните медиуми во Македонија се преплавени со музика од Боуви со пораки колку тој им значи на луѓето овде, сведочи за сјајот на таа ѕвезда) тој ја има присебноста во хаотичноста на тој живот - да се дистанцира од егото на рок суперѕвездата, и да и́ додели улога на Вонземјанин, Зиги, Alien Rockstar. А вториот падобран, брод за спасување - посветеноста кон духовниот живот, како ученик со сите петки, на светските религии, филозофии, патувања но и испробување и посветување на сликарството кое го наоѓа во Западен Берлин. Низ интервјуа испреплетени со музика - саундтракот има уникатни и „никогаш претходно слушнати“ верзии и парчиња музика А Боуви, низ мрежата на неговата уметност, го гледаме како испливува на сигурно, во своите четериесетти години со смиреност и мудрост на монах - со тоа што ја наоѓа својата сопруга Иман со која останува до крајот на својот живот (и таа до ден - денес е заљубена со фасцинатна посветеност) и станува татко, повторно, Овој несекојдневен живот, живот добро изживеан, е оставен да диши во Муниџ Дејдрим и затоа (и овој) филм функционира добро. Брет Морген дозволува уметникот, Боуви самиот да каже, - и зборува во траењето на филмот - а некој кој е толку елоквентен е одличен столб на кој може да се потпре, како се́знаечки наратор, но на книга на животот. Дозволува музиката без да се искасапи, дури и кога има интервенции(вметнување на коментарите, гласот на Боуви) да го илустрира патот кој го изодува, но не го изоставува Боуви сликарот, уметникот, љубовникот. Брет Морген работел на филмот четири години, но дури после три од нив, добил дозвола од Боуви имотот да ги користи архивите, кои требал да ги прочешла. Од нив излегува саундтрак од над 40 песни, дупло ЦД и винил издание кое се очекува во 2023. Rolling Stone го коментира саундтракот вака: „ПРЕД објавувањето на документарниот филм за Дејвид Боуви, Moonage Daydream, откриени се детали за саундтракот на филмот, а придружната колекција може да се пофали со необјавени верзии во живо, исечоци од албуми, извадоци од интервјуа, оркестарски изведби и специфични ремикси на класичните песни на Боуви. Како преглед на ексклузивните миксови на саундтракот „Moonage Daydream“, имотот на Боуви ја сподели верзијата на „Modern Love“ што се појавува во документот на режисерот Брет Морген. Оваа верзија е уникатен микс, почнувајќи од изолираниот мотив за пијано на траката, а се надоврзува во рефренот пред да заврши на придружните а капела вокали, нудејќи увид во поединечните елементи кои го создаваат класикот што сите го знаеме и сакаме“, вебсајтот на Боуви. рече за миксот на „Moonage Daydream“ за стартерот на Let's Dance. Други важни моменти од саундтракот на Moonage Daydream вклучуваат композиција во живо на „The Jean Genie“ од 1973 година и „Love Me Do“ на Битлси, во која се појавува Џеф Бек на гитара - изведба што беше снимена за време на последниот концерт на Боуви на Зиги Стардаст - исто така, како необјавен филм во живо од 1974 година на „Rock n' Roll With Me“. Филмот Moonage Daydream можете да го најдете на овие платформи. Саундтракот е на сите музички стриминг сервиси.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Генералка викенд 2026: Македонија повторно чисти диви депонии и отпад на 500 локации, Генералка викенд 2026: Македонија повторно чисти диви депонии и отпад на 500 локации, generalka-vikend-divi-deponii-gubre-makedonija
Илјадници луѓе ќе собираат отпад на повеќе од 500 локации низ државата. Но под пластиката, дивите депонии и чадот од запалените сметишта лежи подлабока приказна за земја што постепено се навикнала на сопственото ѓубре. Акција во Новаци Рано наутро, додека маглата сè уште лежи над Вардар, првите волонтери ќе почнат да се собираат на кејот во Скопје. Ќе носат гумени ракавици, црни вреќи и пластични елеци во неонски бои. Некои ќе дојдат од компании, други од училишта, невладини организации или локални здруженија. Дел ќе дојдат сами, тивко, без големи пораки, како луѓе што едноставно решиле дека веќе не можат да гледаат истиот отпад на истите места. Во следните три дена, слични сцени ќе се повторуваат низ цела Македонија. Во шумски патеки над селата, каде ветерот со години собира пластични шишиња меѓу лисјата. Покрај регионални патишта каде стари гуми лежат во тревата како темни фосили на транзицијата. Во суви речни корита исполнети со градежен шут. На периферии на градови каде дивите депонии одамна престанале да изгледаат привремено. Од 8 до 10 мај, „Генералка викенд“, најголемата еколошка акција во земјата, повторно ќе мобилизира десетици илјади волонтери на повеќе од 500 локации во 80 општини. Според организаторите, во акцијата ќе учествуваат над 600 организации и повеќе од 250 државни институции. Во многу држави, ваквите акции се дополнителен граѓански гест. Во Македонија тие сè повеќе изгледаат како обид привремено да се пополни празнината што ја остава нефункционалниот систем за отпад. И токму тука започнува приказната што „Генералка викенд“ секоја година ја отвора одново. Не само за тоа колку ѓубре има во Македонија. Туку и за тоа како ѓубрето постепено станало дел од културниот пејзаж на државата. Земја на диви депонии Активист во Радовиш Во Македонија речиси и да нема регион без диви сметилишта. Тие постојат покрај автопати и планински патишта, до реки и ниви, на влезови во населби, зад индустриски хали, покрај туристички места и во напуштени долови. Понекогаш се мали, составени од неколку кеси и стар мебел. Понекогаш се цели ридови од шут, пластика, гуми, текстил и градежен отпад. Во некои делови од земјата, дивите депонии веќе се толку нормализирани што луѓето речиси престанале да ги забележуваат. Стар фрижидер среде поле. Изгорен душек до река. Купишта пластика што чадат со денови. Кеси заплеткани по гранки како чудни урбани плодови. Ѓубрето постепено станува дел од визуелната позадина на секојдневието. И токму тоа е можеби најопасниот дел од проблемот. Не само загадувањето, туку навикнувањето. Кога секојдневно гледате отпад, отпадот престанува да изгледа како аларм. Станува нормална состојба на просторот. Според последните државни податоци, Северна Македонија создава стотици илјади тони комунален отпад годишно, а речиси целиот собран отпад завршува на депонии. Рециклирањето останува ограничено, додека дивите сметилишта продолжуваат да никнуваат побрзо отколку што се расчистуваат. Во лето тие депонии стануваат ризик од пожари. Во дождливи периоди отпадот се слева во реки и подземни води. Пластиката и текстилот се распаѓаат со години, понекогаш и децении. Но, проблемот одамна не е само еколошки. Тој е и психолошки. Во градови и населби каде јавниот простор изгледа напуштен, луѓето постепено престануваат да чувствуваат дека тој простор им припаѓа. Кој стои зад „Генералка викенд“? Јоханес Јекл и Гордана Софија од Man and Mountain придружени од претседателката Силјановска Зад иницијативата стои Man and Mountain, организација основана во Скопје што комбинира продукција, културни проекти и еколошки активизам. Интересно е што организацијата никогаш не се развиваше како класична НВО структура со стерилен административен јазик и кампањи исполнети со корпоративни пароли за „зелена иднина“. Наместо тоа, „Генералка викенд“ постепено почна да личи на нешто друго: масовна граѓанска мобилизација што истовремено е и логистичка операција, и јавен настан, и еколошки ритуал. Во акцијата денес учествуваат општини, училишта, Црвениот крст, министерства, приватни компании, универзитети, локални иницијативи и волонтери. Официјалното отворање годинава ќе биде во Скопје, со чистење на кејот на Вардар, на потегот од Лепенец до мостот „Киро Глигоров“. Волонтерите ќе бидат поделени во осум тимови распоредени на двете страни на реката. Паралелно ќе се организираат акции во ,,Национален парк Шар Планина”, каде ќе се чистат диви депонии со учество на Армијата, локално население и експерти за отпад, како и во Охрид, каде ќе се реализира акција за заштита на крајбрежјето. Во училиштата, преку програмата „Еко час“, реализирана со UNICEF и Министерството за образование, ќе се спроведуваат и едукативни активности за екологија и отпад. Но, можеби најинтересниот аспект на „Генералка викенд“ е што акцијата веќе почнува да функционира како сезонски ритуал. Секоја пролет, илјадници луѓе излегуваат со ракавици и вреќи во обид да поправат нешто што изгледа поголемо од нив самите. Во земја каде институциите често делуваат бавно и фрагментирано, ваквите акции создаваат чувство на колективна интервенција. Барем за еден викенд, јавниот простор повторно станува нешто заедничко. Потфрлил ли системот? Чистење на Шара Еден дел од одговорот лежи во инфраструктурата што со години не успева да го следи отпадот што државата го произведува. Во многу населби нема доволно контејнери. Кабастиот отпад ретко има организирано собирање. Рециклирањето е минимално. Инспекциите се ретки, а казните уште поретки. Во некои рурални и периферни средини, дивата депонија практично станува единствениот „систем“ што луѓето го имаат. Кога нема легално и достапно место за стар мебел, шут или електронски отпад, луѓето почнуваат да го оставаат каде што можат: покрај река, во дол, на шумска патека. Проблемот дополнително се влошува од хаотичната урбанизација, слабата координација меѓу институциите и долгорочното отсуство на сериозна стратегија за отпад. Македонија има еколошки акции. Но многу поретко има еколошки континуитет. Често се чисти само кога проблемот ќе стане медиумски видлив. Или потфрлил менталитетот? Млади волонтери во Виница Приказната не завршува со институциите. Постои и подлабока културна димензија на проблемот: односот кон јавниот простор. Во општества што долго живееле низ политичка нестабилност, транзиција, сиромаштија и недоверба кон институциите, јавниот простор постепено престанува да се чувствува како нешто заедничко. А кога просторот е „ничиј“, тогаш и одговорноста лесно исчезнува. Постои и логиката на заморот: „И онака е валкано.“ Така отпадот почнува да се шири како визуелна зараза. Една кеса станува десет. Една мала депонија постепено станува нов пејзаж. Сведувањето на проблемот само на „менталитет“ е исто така опасно поедноставување. Луѓето не живеат надвор од системот. Ако државата со години испраќа порака дека јавниот простор не е вреден за заштита, граѓаните постепено почнуваат да се однесуваат како тоа навистина да е така. Можеби токму затоа ѓубрето во Македонија делува толку тврдоглаво. Тоа не е само отпад. Тоа е трага од подлабока криза: криза на институции, доверба и чувство за заедничко. Чистење како форма на надеж „Генералка викенд“ веројатно нема да ја реши еколошката криза во Македонија. Следниот месец, некои од исчистените места повторно ќе бидат полни со отпад. Некои диви депонии повторно ќе се појават како да никогаш не исчезнале. Но, акцијата открива нешто друго, можеби подеднакво важно. Дека и покрај заморот, цинизмот и долгогодишната запуштеност, сè уште постојат луѓе што веруваат дека просторот околу нив вреди да се спаси и пркосат. Макар за еден викенд.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Балканска музичка сцена во Европа: „Сесија за музичката сцена“ во Скопје ги отвора прашањата за мобилност, пазар и културна стратегија, Балканска музичка сцена во Европа: „Сесија за музичката сцена“ во Скопје ги отвора прашањата за мобилност, пазар и културна стратегија, balkanska-muzicka-scena-evropa-skopje-2026
На 30 април во Лабораториум, Скопје, музички професионалци, европски експерти и независни артисти ќе дискутираат за пробивот на Балканот на европската музичка сцена, структурните бариери и новите можности за меѓународен развој. Во рамките на „Форумот за праведност во културната мобилност 2026“, на 30 април во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи „Сесија за музичката сцена“ – програмски сегмент посветен на позицијата на балканската музичка индустрија во европски контекст, со фокус на мобилност, структурни пречки и развојни стратегии. Организирана од Канцеларијата за Креативна Европа – Северна Македонија во соработка со „Пасворд продукција“, сесијата ќе отвори директни разговори за тоа колку регионалната музичка сцена навистина има пристап до европските пазари, фондови и мрежи, но и кои системски ограничувања го отежнуваат тој процес. Програмата започнува во 9:30 часот со панел-дискусијата „Пробив? Музичка мобилност и структурни бариери на Балканот“, каде ќе се разгледуваат европските политики за култура, можностите на „Креативна Европа“, регионалната соработка, зелената транзиција во музичкиот сектор и местото на балканската музичка индустрија во поширокиот европски екосистем. Меѓу говорниците се Малгожата Шлендак од Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура при Европската комисија, Данијела Јовиќ од EACEA, Рут Јакоби од Европскиот музички совет, Гвендолен Шарп од „The Green Room“, Рут Колева од Sofia Live Festival и Лазе Трипков од „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Панелот ќе го модерираат Билјана Прентоска од македонската Канцеларија за Креативна Европа и Анера Стопфер од хрватската канцеларија, што дополнително ја нагласува регионалната рамка на настанот. По кафе-паузата, од 11 до 12:30 часот, следува интерактивната работилница „Пробиј ги границите: мобилност, менаџмент и пристап до пазарот за млади балкански артисти“, наменета за музичари и професионалци кои сакаат практично да ги развиваат своите европски стратегии. Под водство на Владимир Стојчевски, со учество на експерти од European Music Exporters Exchange, Hangvető, Mastering the Music Business, бугарската музичка асоцијација, „Пасворд продукција“ и домашната независна сцена, работилницата ќе вклучува самопроценка за извозна подготвеност, pitch презентации со директен feedback, како и креирање индивидуални планови за меѓународен развој. Со ваква структура, сесијата не останува само на разговор за проблемите, туку нуди и конкретни професионални алатки за артисти кои сакаат да излезат надвор од локалниот контекст.





