Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Кога Balenciaga ја сретна Ким, Кога Balenciaga ја сретна Ким, кога-balenciaga-ја-сретна-ким
Naomi Fry писателка за The New Yorker во нејзиниот „културен коментар„ во текстот кој се вика Kim & Kanye & Pete & Julia забележа: „Улогата која ја игра Balenciaga со чиј дизајнер Demna Gvasalia Вест и Кардашијан изградија исклучително блиска врска во последниве неколку години, беше интригантно. Набљудувачите веќе забележаа дека е чудно, што парот кој се раздели се вградени во брендот, до таа мерка што изгледа како да си ја координираат облеката еден со друг. „Ми изгледа дека е без преседан тоа што Ким и Кање носат ексклузивно Balenciaga„- твитна писателот Патрик Сендберг оваа недела. „Да спонзорираш и облекуваш селебрити развод, изгледа како циничен а сепак брилијантен нов вид на покровителство„ Овој текст е напишан на почетокот на Јануари а оттогаш разводот доби нова димензија, и тоа прилично грда. Последното што го слушнавме од Кање е - тој одел наоколу и кажувал на луѓе дека Пит Дејвидсон има СИДА. Со тоа не само што го стигматизираше него, туку и ја обележа Ким. Околу обележувањето на Ким во интервју со блогот Hollywood unlocked, инсистираше дека се сретнал со Реј Џеј, за да земе лаптоп на кој имало уште секс снимки од нејзе - така делува дека онаа снимка која ја лансираше во универзумот на славни личности не е инцидентна и ја „деградира„ во порно глумица. Сите вести што доаѓаа од страната на Кање, наговестуваат лош и грд развод, во кој единствен кој изгледа грдо - е тој. Во исчекување на неговиот нов албум Донда2 - во кој со сигурност ќе има уште пикантерии - Balenciaga децидно зазема страна: на својот Инстаграм профил ги симна сите постови и цел еден ден ,единствениот пост беше фотографија од Ким К. Со тоа ја избраа својата страна... И покрај тоа што тој со месеци ги носи Баленцијага/Крокс чизмите, и наполни цел хотелски апартман со Balenciaga облека, за да си игра со новата љубовница - Julia Fox како со барбика, и покрај тоа што мерч-от од концертот со Drake беше потпишан од токму Balenciagа... и покрај тоа што Кање објави партнерство помеѓу него, Gap и Balenciagа- се чини дека недвосмислено се Ким во овој развод.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Новата колекција на „Лудус“ претставена на Љубљанската модна недела, Новата колекција на „Лудус“ претставена на Љубљанската модна недела, новата-колекција-на-лудус-претставена-на-љубљанската-модна-недела
„Декалог“: дишењето на една нова насока На 18 октомври, на Љубљанската модна недела, македонскиот моден бренд „Лудус“ ја претстави својата најнова колекција за пролет–лето 2026 – „Декалог“. Името звучи строго, речиси литургиски, но самата колекција отвора нешто многу поприродно: десет нови принципи на движење, материја и форма. Десетто поглавје од серијата Пост-родовост е всушност пресврт – суптилно напуштање на строгиот монохроматизам по кој Ludus станува препознатлив на регионалната сцена. Во „Декалог“ се случува промена што е тивка, но решителна. Наместо досегашната црно-бело-сива симболика, брендот внесува природни ткаенини со класични, внимателно избрани дезени – линии, минијатурни текстури, нијанси што го носат духот на прединдустриската естетика. Тоа е визуелен јазик што не сака да импресионира преку гласност, туку преку длабочина: баланс меѓу чистото и сложеното, меѓу едноставната форма и богатата материјална меморија. „Декалог“ се храни од прединдустрискиот период – време кога облеката не била производ, туку занает; кога допирот со ткаенината бил присуство, а не индустриски процес. Колекцијата ја носи таа идеја, но не ја репродуцира буквално. Ludus ги преведува традиционалните занаетчиски кодови во современи, безродови силуети. Тука телото не е поделено на машко и женско – туку просто тело што се движи, дише, ја носи формата како дополнителен слој на својот идентитет. И повторно се чувствува она препознатливо ludus-овско: кроеви кои не го ограничуваат движењето, туку го почитуваат. Облека како архитектура, но мека; како простор, но интимно блиску. „Декалог“ продлабочува нешто што брендот одамна го истражува – безвременост, одржливост, и идејата дека модата може да создава нови светови, а не само да ги следи постоечките. Органска изработка и екологија како етичка рамка Колекцијата содржи 20 целосни изгледи и 50 производи, од кои дел се обоени со природни состојки. Овој процес не е декоративен, туку дел од етичката основа на брендингот на Ludus – одржливи практики, минимален отпад, природни влакна и рачна изработка како целосна производствена филозофија. За ревијата се изработија и рачно направени кожени сандали во колаборација со занаетчијката Катерина Микрут – детал што додава друга текстура, мал, но значаен знак дека „Декалог“ останува вкоренет во занаетот, и во човечките раце. Видео како втор слој на раскажување Во текот на ревијата беше прикажано и видео со ремиксирани секвенци од филмот „Терански фрагменти“ на авторката Кумјана Новакова. Овој избор не е случаен: филмот е фрагментиран, органски, со поглед на телото и просторот како нешто што се распаѓа и повторно се составува. Тоа е иста линија на размислување со „Декалог“ – тело што преминува, материјал што се трансформира, свет што може да се чита преку детали. Сликите од ревијата: тишината на формата (Визуелен коментар според приложените изгледи) Минимализам во движење:) Моделите во бели, скулптурални форми носат нешто речиси духовно. Ткаенината паѓа слободно, без притисок да „покажува“, без да ги диктира линиите на телото. Еден фустан, широк како летна сенка, го враќа телото во состојба на мир. Некои изгледи асоцираат на антички силуети, но во целосно современ контекст. Црното како простор, не како тежина Црните асиметрични модели се движат меѓу острина и мекост. Едното рамо слободно, другото спуштено – како да ја трасираат линијата на новата визуелна насока: внимателна, но храбра. Теракота и земјеното наследство Долгиот теракота капут стои како скулптура со структурирани копчиња, патенти и прецизни драпирања. Боја што личи на печена глина, на земја, на некој стар занает каде сè се правело на рака. Овој изглед нивелира топлина во целината на колекцијата. Структура наспроти леснотија Сивите и пругирани модели, особено долгите палта и костумите со широки бермуди, покажуваат дека Ludus не бега од класичен мотив , само го превртува наопаку. Пругата не е деловна, туку апстрактна; кројот не е строга рамка, туку простор за движење. Модата како простор за дишење во леснотија Најизразени се широките бели кошули-фустани со долги ракави и слоеви. Во нив има нешто што наликува на негативен простор во архитектура — делови што не се пополнети, што оставаат воздух меѓу материјалот и кожата. Што му дозволуваат на телото да постои без наметнат наратив. Заклучна нишка: каде води „Декалог“? Со оваа колекција, „Лудус“ прави тивок, но значаен пресврт. Од строгиот монохромен минимализам кон сложен, природно текстуриран свет што го отвора патот за следната декада на брендот. „Декалог“ не се обидува да шокира. Тој се обидува да врати човечност во формата, да ја одближи модата до телото, до природата, до занаетот, до нешто што е поавтентично од тренд. Колекцијата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија – уште еден знак дека локалната сцена може да произведува моден јазик со впечатоци кои одекнуваат надвор од границите.
- Промоција на публикацијата „Горчлив шеќер“ на Ѓорѓе Јовановиќ | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%E2%80%9E%D0%B3%D0%BE%D1%80%D1%87%D0%BB%D0%B8%D0%B2-%D1%88%D0%B5%D1%9C%D0%B5%D1%80%E2%80%9C-%D0%BD%D0%B0-%D1%93%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B5-%D1%98%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Музеј на современа уметност, Горчлив шеќер, промоција, Ѓорѓе Јовановиќ, Никола Гелевски, Протерани од Рајот 14.11.24 г., 18:00 Придружено со разговор и концерт Во сабота, на 16 фебруари, од 20 часот, бидете дел на промоција на публикацијата „Горчлив шеќер“ на еден од нашите најреномирани уметници Ѓорѓе Јовановиќ. Настапот ќе биде дополнет со промоција и дискусија во која ќе учествуваат Никола Гелевски и кураторот на изложбата, Владимир Јанчевски. Но, овој настан не се застанува само на разговор и изложба. По завршување на промоцијата и дискусијата, ќе имаме привилегија да уживаме во музичкиот перформанс „Протерани од Рајот“, изведен од Џијан Емин и Георги Шарески. И сè ова ќе се случи во самите изложбени простории каде што публиката ќе може да ужива во уметност во сите нејзини форми на самата локација. Ве очекуваме во Музејот на Современа Уметност во 20 часот. следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура




