Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Transmarginal Beverly Hills – промотивен концерт и албум во чест на Мирко Попов | diva.mk
27.3.24 г., 20:00 концерт, промоција, Transmarginal Beverly Hills Народен Фронт 1131, Скопје, Северна Македонија Скопје, 27 март 2024 година – Сцената изгуби еден од своите стожери, но неговото наследство продолжува да живее не само во звуците што ги остави зад себе туку и инспирацијата. Мирко Попов, икона на македонската музичка култура, во неделата почина во Скопје, а музичката заедница реагира на единствен начин што знае – преку музика што го допира срцето. Во негова чест, на 27 март, со почеток од 21:00 часот, JaZzy Music Venue (поранешен ZZ Top) ќе биде домаќин на концерт за промоција на албумот "Transmarginal Beverly Hills" од триото Бука | Коста | Нино. Филип Букршлиев (електрична гитара), Константин Хаџи Коцев (пијано) и Нинослав Спировски (кларинет и сопрано саксофон), талентирани членови на македонската експериментална џез сцена, спојуваат своите музички визии во ова динамично трио. Албумот беше снимен на живо во мај 2023 година, во атмосферата на клубот Џези, и одразува спонтаност и длабока музичка комуникација. Иако овие музичари веќе имаат заедничко музицирање на различни проекти, "Transmarginal Beverly Hills" претставува нивно прво интегрално соработување во формат на трио. Концертот е организиран од Зафир Шуманов, со Михаил Стојанов зад снимањето и миксањето на албумот, дополнителниот микс и мастеринг во рацете на Филип Букршлиев, додека визуелниот идентитет на албумот го креираше Ѓорче Ставрески. Извршниот продуцент и автор на текстот за албумот е Вангел Ноневски од Аксиома. Најавувајќи го концертот, организаторите истакнаа дека е немисливо откажување на настанот поради губењето на Мирко, човек кој го посвети својот живот на музиката и културата. Во духот на оваа филозофија, вечервашниот концерт ќе биде посветен на неговата меморија – за да се ода почит на неговото име и она што го остави зад себе. Transmarginal Beverly Hills! – Слободна и структурирана импровизација во духот на овој најнов албум на Филип Букршлиев, Константин Хаџи Коцев и Нинослав Спировски 27 март 2024 година (среда), 21:00 часот JaZzy Music Venue (поранешен ZZ Top) НАСТАНОТ Е ПОСВЕТЕН НА МИРКО ПОПОВ (1972-2014) Филип Букршлиев – електрична гитара Константин Хаџи Коцев – пијано Нинослав Спировски – кларинет и сопрано саксофон Овие тројца млади, но веќе мошне докажани музичари на македонската експериментална, авангардна, алхемијска и некомодифицирана џез сцена, концертно ќе го промовираат албумот Transmarginal Beverly Hills (Live at JaZzy), издаден пред само неколку денови за новото музичко издаваштво на Аксиома. Албумот на ова неконвенционално трио беше снимен во клубот Џези, една мајска вечер 2023 година. Иако досега сите тројца, ама само во пар свиреле заедно на други албуми, ова е првпат сите тројца да се соберат на заеднички албум. Имено, Спировски и Хаџи Коцев се појавуваат на двата исклучително успешни албуми на Svetlost Odron Ritual Orchestra; Букршлиев и Хаџи Коцев соработуваа на последниот албум на Филип Букршлиев трио, издаден за реномираната Skopje Jazz Festival Records; а Спировски и Букршлиев свиреа заедно на последните три албуми на пост-рок/џез бендот Fighting Windmills. На овој албум, Букршлиев, Хаџи Коцев и Спировски се зафатиле со исклучително тежок потфат: да спојат три инструменти кои досега многу ретко биле врзувани во трио формат. Меѓутоа, резултатот од тој спој звучи како тие да свиреле заедно долги години, а не на една спонтана музичка соработка/дружба, што и било случај таа вечер. Обидот овој албум да се објасни со зборови е ѓаволски тежок потфат. Затоа, само ќе посочиме на неколку можни споредби и надреални хипотези. Замислете го The Fourth World на Џон Хасел, исфилтриран низ урбаниот самрак на електронскиот меланхолик Burial, во неговиот пост-Untrue период. Или можеби звукот на трубата на Мајлс Дејвис од Bitches Brew, ама задушена со крпа натопена во конзумеристички смог. Или, пак, најтажните, репетитивни завивања на Mats Gustafsson од албумот (Without Noticing) на Fire!, но „скротени“ со формалдехидна еуфорија. Можеби Godspeed You! Black Emperor, ама кога би свиреле приспивни преработки на сопствените песни. Сепак, веројатно најсоодветната определба би била дека се работи за заталкан албум од архивите на Манфред Ајхер, откако тој заминал на егзотичен одмор и сосема заборавил дека овој албум останал некаде длабоко во правливите фиоки на ECM. Доколку не можете да си ја замислите домашната џез музика без албумите и концертите на Светлост (и проширениот Odron Ritual Orchestra), Taxi Consilium, Fighting Windmills, Филип Букршлиев трио, Строг Пост, групите на Јордан Костов исл., тогаш концертната промоција на албумот Transmarginal Beverly Hills не смее да биде настан кој треба да го пропуштите. Очекувани емоции и силни музички интерпретации ќе го пополнат просторот на JaZzy, додека публиката ќе има прилика да стане дел од уникатното музичко патување кое спојува авангардата со неконвенционалните звуци и тимскиот дух на овие тројца музичари. Албумот и концертот се поклон кон сите кои ги вреднуваат делата на Светлост, Taxi Consilium, Fighting Windmills, Филип Букршлиев трио и многу други проекти на кои работеше Мирко. Сите се добредојдени да се придружат и да станат дел од ова вечерно тагување во слава на еден голем човек, кој својот отпечаток го оставил не само во музиката, туку и во срцата на оние кои го познавале. АКСИОМА, асоцијацијата која стои зад организацијата на настанот, е посветена на културата, уметноста и музиката која граничи и прекорачува, токму како и делото на Мирко Попов. претходно следно
- Европски месец на креативноста во Скопје (28 мај – 20 јуни): Изложби и работилници за алтернативна фотографија и сито печат, Европски месец на креативноста во Скопје (28 мај – 20 јуни): Изложби и работилници за алтернативна фотографија и сито печат, европски-месец-на-креативноста-во-скопје-28-мај-20-јуни-изложби-и-работилници-за-алтернативна-ф
Културно-информативниот центар – Скопје со богата програма што ги слави аналогната фотографија, графичките техники и ракотворната креативност во рамки на европската иницијатива за културна размена. Од 28 мај до 20 јуни, Културно-информативниот центар – Скопје ќе го отвори својот простор за програмата на Европскиот месец на креативноста. Настанот, кој се одвива во рамки на пошироки европски културни мрежи, ќе понуди изложби и работилници што го слават експериментот, аналогната уметност и човечката рака како медиум на изразување. Програмата започнува на 28 мај со изложбата „Три години игра со светлината“, селекција од ЗРНО фестивалот за алтернативна фотографија, која ќе се отвори во 20 часот во Продажниот ликовен салон на КИЦ. Станува збор за можност да се погледне опусот на автори што работат во технички сложени и визуелно неочекувани фотографски процеси како мокар колодиум, цијанотипија, лумен принт, мордасаж, полароид манипулации, како и класични и експериментални црно-бели техники. Името на изложбата е директна алузија на истрајноста и посветеноста на оваа независна иницијатива која веќе три години гради заедница околу „рачното гледање“ во фотографијата. На само два дена подоцна, на 30 мај, публиката ќе има можност и да се вклучи практично во процесот на создавање на една од најпопуларните благородни техники – цијанотипијата, на специјализирана работилница под менторство на Сашо Алушевски и Петар Стојановски. Работилницата започнува во 11 часот во истиот салон и е отворена за љубопитници и практиканти од сите нивоа. Фестивалот ЗРНО, основан како одговор на дигиталната заситеност, низ годините успеа да изгради респектабилна позиција на културната мапа – не само во Македонија, туку и во поширокиот регион. Над стотина уметници, истражувачи и ентузијасти го имаат претворено фестивалот во живо ткиво на заедничко учење и експериментирање, каде што фотографијата е начин на размислување и начин на гледање и заборавените процеси добиваат нов живот преку современи читања. Во втората половина на програмата, вниманието се префрла кон графичките уметности. На 2 јуни во изложбениот салон Империјал 2, во 20 часот, ќе се отвори изложбата „Графичка имагинација во сито печат“, која носи фокус на техника што сè поретко се применува во дигиталната ера – сито печатот. Изложбата ќе ги обедини делата на десет уметници од различни генерации, меѓу кои и Илија Аџиевски, Родољуб Анастасов, Павле Кузмановски, Дијана Томиќ Радевска, Горјан Ѓорѓиев и други. Секој од овие автори има својот визуелен глас, но заедничко им е чувството за материјалот, печатот и текстурата – нешто што сито печатот особено нагласува. Оваа изложба е повик на сеќавање за занаетот, но и актуелна рефлексија за телесноста на отпечатеното во време кога екранот е доминантен медиум. Следува и работилница за сито печат, на 4 јуни во 12 часот, со ментори Зоран Младеновски и Јован Атанасовски – двајца уметници кои со години ја практикуваат и пренесуваат оваа техника, особено на млади генерации дизајнери и графичари. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со целиот процес: од подготовка на шаблони до рачното печатење, што го прави ова искуство и едукативно и хедонистичко. Програмски осврт: -28.5, 20:00 ч. – Отворање на изложбата „Три години игра со светлината“, Продажен ликовен салон -30.5, 11:00 ч. – Работилница за цијанотипија -2.6, 20:00 ч. – Изложба „Графичка имагинација во сито печат“, Изложбен салон Империјал 2 -4.6, 12:00 ч. – Работилница за сито печат
- Прв регионален координативен центар за родителски програми: Историски исчекор за Западен Балкан и Југоисточна Европа, Прв регионален координативен центар за родителски програми: Историски исчекор за Западен Балкан и Југоисточна Европа, прв-регионален-координативен-центар-за-родителски-програми-историски-исчекор-за-западен-балкан-и-ју
Во време на зголемени предизвици за семејствата, децата и професионалците во областа на менталното здравје, Експертскиот центар за родителство при НВО Алтернатива го презема водството како носител на промената – со гордост објавувајќи ја својата номинација за прв Регионален координативен Центар за Родителски Програми за Западен Балкан и Југоисточна Европа. Овој значаен чекор е резултат на долгогодишна работа, истрајност и посветени партнерства со водечки меѓународни организации како PLH (Parenting for Lifelong Health), Фондацијата ЛЕГО, УНИЦЕФ, Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната иницијатива за поддршка на родителите (GISP). Центар што поврзува и гради капацитети Експертскиот центар нема само амбиција – тој веќе е активен двигател во градењето одржливи и ефективни системи за поддршка на родителството. Главните цели на Центарот вклучуваат: Континуирана професионална едукација на стручните служби кои работат со деца и семејства, со користење на научно засновани и иновативни методологии; Интеграција на родителските програми во националните стратегии на пет држави: Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија; Практична поддршка за родителите, преку алатки за справување со секојдневните предизвици во воспитувањето на деца од 0 до 18 години. Локални примери – модел за регионот Пример за иновативниот и пристапен модел на Центарот е Канцеларијата за родители во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош, отворена во соработка со Општина Карпош. Секоја среда од 17 до 19 часот, родителите имаат можност за бесплатна индивидуална психолошка поддршка – иницијатива која веќе носи конкретни резултати во заедницата. Повик за вклучување Експертскиот центар за родителство ги повикува сите – институции, професионалци, родители и деца – да станат дел од оваа регионална иницијатива што има за цел да го редефинира начинот на кој заедниците го поддржуваат менталното здравје и да изградат посилна, поотпорна социјална структура. Контакт информации: Email: centarregionalen@gmail.com Телефон: +389 70 392 206 Веб: www.AlternativaGroup.org Поддржете ја промената. Инвестирајте во родителството. Градиме иднина – заедно.
- Поткаст кој заврши со десетминутно извинување: Ye по втор пат на Drink Champs, Поткаст кој заврши со десетминутно извинување: Ye по втор пат на Drink Champs, подкаст-кој-заврши-со-десетминутно-извинување-ye-по-втор-пат-на-drink-champs
Је минативе недели беше тргнат од Инстаграм по што Илон Маск му понуди добредојде на Твитер. Издржа таму околу 24 часа. Овој пат се закачи со Евреите. Тогаш се појави на конзервативната Фокс Њуз за едночасовно интервју со Такер Карлсон и конечно заклучи со три часа на Drink Champs (Шампиони по пиење ) каде што со својот настап(носеше капче 2024 како најава на кандидатура за претседател во таа година ) содржината поради која што беше прогонет од социјалните мрежи изгледа како чај од камилица. N.O.R.E. следниот ден мораше да се извинува на The breakfast club а семејството на Џорџ Флојд најави тужба.
- Јавен кондензатор: Нови спортски структури за динамичен урбан живот, Јавен кондензатор: Нови спортски структури за динамичен урбан живот, јавен-кондензатор-нови-спортски-структури-за-динамичен-урбан-живот
📍 Скопје, Кеј на реката Вардар Во рамките на урбаниот развој на Скопје, тим предводен од проф. д-р Михајло Зиноски работи на проектот „Јавен кондензатор: нови спортски структури“, кој има за цел да ја редефинира улогата на спортските и рекреативните објекти во современиот урбан живот. Проектот, реализиран во соработка со асистент м-р Јана Брсакоска, д-р Ива Петрунова, Оливера Ќоќоровска Митиќ д.и.а, Наташа Тодоровска Пренк д.и.а и Игор Котларовски д.и.а, ги истражува можностите за создавање мултифункционални јавни простори што ќе комбинираат спорт, рекреација и различни форми на урбано живеење. „Јавен кондензатор: нови спортски структури“, кој има за цел да ја редефинира улогата на спортските и рекреативните објекти во современиот урбан живот. Концепт: Интеграција на различни функции во хибридни структури Во свет каде што физичката активност и рекреацијата стануваат сè поважни сегменти на животот, новите спортски комплекси треба да одговорат на динамичните потреби на современите граѓани. Ова истражување има за цел да: ✔ Ги трансформира традиционалните спортски објекти во мултифункционални хибридни структури✔ Интегрира јавни настани – саеми, концерти, комерцијални содржини и дури привремено сместување✔ Создаде простори што ќе бидат достапни и корисни за различни заедници во различни периоди од денот и годината Јавен кондензатор – нов урбан модел Идејата за „јавен кондензатор“ подразбира спојување на различни функции во единствен простор, што ќе овозможи флексибилност и адаптибилност во зависност од потребите на заедницата. Проектот го преиспитува традиционалниот поим за спортски центри и ги насочува кон иднина каде што тие нема да бидат само места за физичка активност, туку центри на урбаниот живот. Локација: Кеј на реката Вардар – нова точка на урбана трансформација Кејот на Вардар, како една од најфреквентните рекреативни зони во Скопје, претставува идеална локација за тестирање на овие нови концепти. Со интеграција на спортски и јавни содржини, проектот има потенцијал да создаде простор што ќе биде подеднакво атрактивен за спортисти, рекреативци и пошироката јавност. 👉 Проектот „Јавен кондензатор: нови спортски структури“ поставува темели за иднината на урбаната рекреација, комбинирајќи архитектура, спорт и динамичен јавен живот.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Reset! Форум во Скопје: Независната култура и медиуми го враќаат својот простор на 10 април, Reset! Форум во Скопје: Независната култура и медиуми го враќаат својот простор на 10 април, reset-форум-во-скопје-независната-култура-и-медиуми-го-враќаат-својот-простор-на-10-април
Скопје оваа среда, 10 април 2025, станува точка на вриење за европската независна културна и медиумска сцена! Мрежата Reset! го носи својот прв Reset! Форум токму кај нас, во просториите на нашиот локален член – Лабораториум. Во време обележано со геополитички превирања и предизвици за демократијата ширум континентот, овој форум има цел да ги засили гласовите на оние кои дејствуваат надвор од мејнстримот – независните културни центри, алтернативните медиуми, уметничките колективи и сите кои ја обликуваат културата од темел. Зошто е ова важно за нас? Главната тема на форумот е „Враќање на просторите (Reclaiming Spaces)“. Инспириран од неодамнешните граѓански мобилизации во градови како Белград, Берлин, Братислава, Будимпешта и Тбилиси, Reset! сака да ја истакне клучната улога што независната култура и медиуми ја играат во овие движења. Од студентски протести против корупција до борба против политички притисоци во културата и одбрана на слободните медиуми – независните актери често се во првите редови, создавајќи простор за дијалог, критичко размислување и граѓанска акција. Овие организации – мали концертни сали, фестивали, општински кина, интернет радија, алтернативни музички етикети, кооперативни театри – се неопходни за градење заедници. Тие се простори каде што се негува довербата и каде граѓаните можат да се вклучат и да дејствуваат. Затоа, поддршката на овој сектор е влог во демократската иднина. Што нѐ очекува на 10 април во Лабораториум? Целиот ден ќе биде исполнет со динамична програма, дизајнирана да инспирира, поврзе и зајакне: Денот започнува со кафе за добредојде (10:00) и завршува со неформално дружење (18:00 – 20:00). - Работилници (11:00 – 12:30): Три паралелни сесии ќе истражуваат како да се биде поактивен граѓанин (Action Competence), како да се користат инклузивни практики во уметноста и медиумите, особено во радијата на заедницата, и како успешно да се дизајнираат проекти за добивање фондови за независни иницијативи. Разговори (14:00 – 18:00): Панел дискусиите ќе се фокусираат на клучни теми: -Како независните гласови можат да влијаат врз културната политика на ЕУ („Културен Компас“), модерирана од Тео Мајшер (ALTER EGO (X) | Франција). -Потребата од создавање нови сојузи помеѓу културниот сектор, локалните власти и други јавни актери за заштита на заедничкиот интерес, модерирана од Дамир Ивиќ (Soundwall | Италија). -Како да се поврземе со недоволно застапените заедници и да излеземе од сопствените „меурчиња“. -Завршна дискусија„Враќање на просторите“ со говорници од Словачка, Грузија и Надица Банишка од Македонија, модерирана од Манон Мулин (Reset! network | Франција). -Reset! Радио Преземање (14:30 – 17:30): Слушнете ги во живо дискусиите за жените во културата, јавните простори и политиките за грижа за раселени уметници, со гости од Италија, Унгарија, Германија и Украина. -Вмрежување (Networking): Идеална можност да се сретнете со колеги од цела Европа, да размените искуства и да започнете нови соработки. -Културен настан (20:00 – 00:00): За крај на денот, уживајте во музичката програма со настап во живо на I am Dive и ДЈ сет на Motsion. Приклучи се! Сите формати на Reset! Форумот се бесплатни и отворени за јавноста. Ова е уникатна можност за локалната независна сцена, но и за сите заинтересирани граѓани, да се вклучат во важна европска дебата, да научат нови вештини и да станат дел од мрежа која се бори за поотворено, демократско и културно богато општество. Важно: За учество на работилниците и панел дискусиите потребна е претходна регистрација бидејќи местата се ограничени. Повеќе информации за програмата и линкови за регистрација можете да најдете на официјалните канали на Reset! network. Не ја пропуштајте оваа шанса да бидете дел од движењето кое ја ресетира иднината на независната култура и медиуми во Европа. Се гледаме во Лабораториум!







