Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Амбасадата на Drake, Амбасадата на Drake, амбасадата-на-drake
Не е дека не сме го виделе домот на Дрејк, и не е дека не бил главна ѕвезда, но секогаш имплицитно. Во написот на Architectural Digest јукстапозицијата е сменета - има место за обете ѕвезди (вклучувајќи ги и имињата на тапестријата, мермерот, пијаното, уметноста..) но сега е внатрешноста на домот во преден план. Проблеснуваше гетсбисковскиот сјај од време на време преку пијани лајв инстаграм вклучувања, но конечно добивме турнеја преку Toosie Slide - Drake танцува со покриено лице - " I can dance like Michael Jack-sonn, I can give you thug passion" - додека опулентноста која го опркужува ни се срушува на глава, Mao на Andy Warhol нè заселпува преку рамото, и кулминира со огномет во дворот, каде се искрадува поглед на целата зграда, и само делче ја наговестува импозантноста( Architectural Digest известува дека сводот во влезот е 13метри висок. Во спарингот со Кање Вест адресата беше објавена на твитер од страна на Кање и со тоа потенцијално го стави во опасност, блиску до закана по неговиот живот („неговата куќа е знаменитост во Торонто - сите ја знаат" беше оправдувањето на Кање на Drink Champs) но, наместо очекуваната реакција, на кревање буквални дефанзивни ѕидови - тој го престори својот вебсајт drakerelated.com во виртуелна турнеја на „Амбасадата„. Со овој потег, на Кање му наплати бесплатна промоција - прмотивни твитови од ѕвезди на калибарот на Кање одат во милиони. Сега ја имаме Амбасадата објаснета од библијата на дизајнот на ентериери : Architectural Digest.
- BATTY BWOY на Харалд Бехари на Викендот на гордоста, BATTY BWOY на Харалд Бехари на Викендот на гордоста, batty-bwoy-na-harald-beharie-vikend-gordost-skopje
Годинава, Скопје веќе традиционално станува центар на креативноста, инспирацијата и квир културата (но и психолошко зајакнување, преку потсетување дека квир заедницата не само што е овде, туку почнува да се придвижува во територија каде што буи - и покрај се́) благодарејќи му на Викендот на гордоста 2024, фестивалот кој го слави спектарот на ненормативните форми на изразување. Од 5 до 16 јуни, четири локации низ градот ќе бидат сцени каде што уметноста, теоријата и активизмот ќе се преплетат, истражувајќи различни аспекти на луѓето и нивните идентитети. Соло танцовиот перформанс BATTY BWOY на норвешко-јамајскиот изведувач и кореограф Харaлд Бехари го добива посебното внимание во богатиот календар на „Викендот...“ . Перформансот ќе се одржи на 10 јуни во 20:00 часот во Денсинг салата на МКЦ и е еден од најочекуваните моменти на Викендот на гордоста 2024. BATTY BWOY: Од повеќеслојна игра до потрага по квир тело BATTY BWOY не е обичен танцов перформанс. Тој започнува не со прашање или критика, туку со игра и желба, испреплетени со насилство и фина суровост. Бехари користи танц за повторно дефинирање и реапропријација на негативниот термин „Batty Bwoy“ од јамајскиот јазик, кој во буквален превод на англиски јазик значи "butt boy" и се користи како сленг за квир личност. Тој го искористува овој термин како основа за истражување и претставување на црнечкото квир тело, откривајќи ранливи можности во секоја заемна интеракција на свесност и наивност. Перформансот е апсурдно и истовремено длабоко изучување на квир монструозноста, истражувајќи ја порозноста на телата и јазиците. Во овој магичен танц, устите ги голтаат и ги плукаат телесните фикции проектирани врз кожата, создавајќи визуелна и телесна поезија која не остава никого рамнодушен. Повеќе: Враќање на уметноста и квир културата: Гостувањето на Харaлд Бехари и Викендот на гордоста – Скопје 2024 На 10 јуни, со почеток од 20:00 часот, во Денсинг салата во МКЦ ќе се одржи соло танцовиот перформанс BATTY BWOY, во изведба на норвешко-јамајскиот изведувач и кореограф Harald Beharie, кој доаѓа од Осло, Норвешка. Batty Bwoy е солистички настап, што започнува не со прашање или со критика, туку со игра и желба, испреплетени со насилство и фина суровост. Преку реапропријација на поимот „Batty Bwoy“ од јамајскиот јазик, кој во буквален превод на англиски јазик значи butt boy (педер), користен како сленг за квир личност, делото ги искривува и испревртува митовите за црнечкото квир тело, откривајќи ранливи можности во една заемна интеракција на свесност и наивност. Проучувајќи ја апсурдноста на квир монструозноста, Batty Bwoy артикулира со помош на порозноста на телата и јазиците, устите ги голтаат и ги блујат телесните фикции проектирани врз кожата. Кореографската пракса на Харалд претставува колаборативно патешествие, навигација низ двосмисленоста и фантазмите, испресечени со теми на конструкција и деконструкција, надеж и несигурност, незаинтересираност и емоционален интензитет. Посебен интерес негува во техниката „Направи сам“ и во ранливоста да се биде во непознатото. Во потрага по дисекција на воспоставените корпореални и телесни наративи, нивното дело го слави спектарот на отелотворување – почнувајќи од патетичното до заносното, колапсот на изобилството, несигурноста пред непоколебливото, но сето тоа со доза на наивност и квир игривост. - Викендот на гордоста – Скопје 2024; BATTY BWOY беше особено признат во 2023 година кога ја доби наградата „Хеда“ за Најдобра танцова продукција. Ова признание сега го поставува како еден од главните моменти на Викендот на гордоста Скопје 2024. Викендот на гордоста: Соочување со нелагодноста и славење на квир идентитетот Дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје ќе се одржи од 5 до 16 јуни. Оваа година, фестивалот ги опфаќа локациите Музејот на современа уметност, Станица 26, МКЦ и Театар Комедија, создавајќи различни сцени каде што квир културата, уметноста и теоријата се слават и промовираат. Главната тема на фестивалот оваа година е „Останувајќи со нелагодноста“. Темата ги истражува потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација кои можат да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, чудното. Оваа тематика е интегрална за разбирање на квир искуствата и нивната транспозиција во уметничкиот израз. Квир луѓето често живеат и се изразуваат во контексти каде што традиционалните и здраворазумски рамки не се применливи, а нивните наративи и тела се изложени на предизвици и конфликти. Викендот на гордоста нуди платформа за истражување на оваа нелагодност и за славење на квир идентитетот на уникатни и креативни начини. Гостувањето на Харaлд Бехари со неговиот перформанс BATTY BWOY е несомнено неверојатен момент на Викендот на гордоста - Скопје 2024. . Викендот на гордоста е уникатна можност за Скопје и за пошироката заедница да се запознае, да го прослави и уште еднаш да се потсети на важноста на квир културата и идентитетите. Ова е фестивал кој ги отвора вратите за нови можности, разбирања и едно побогато културно искуство.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Концерт на Woo и Џезболах во петок во Буква | diva.mk
3.5.24 г., 19:00 концерт, Буква, Џезболах, WoO Кафе и книжарница „Буква“, Скопје, North Macedonia Љубителите на инди музика ќе имаат прилика да бидат дел од искуството кое ќе го донесе настанот - концерт на Вукашин Гелиќ, познат под уметничкото име WoO, и квартетот Џезболах . Настанот ќе се одржи во просториите на Буква, Оваа вечер е добредојдена на публика која има различни сензибилитети благодарение на еклектичниот микс од жанрови и уникатниот пристап до музиката што ги одликува двајцата изведувачи. WoO ја претставува својата најнова звучна авантура - албумот „Од утре“ („Od sutra“), кој е уникатна смеса од електроника, микропоп и онирични звучни пејзажи. Гелиќ е познат по својот експериментален пристап кон гитарата, користејќи ја како основа за создавање на комплексни аудио слики, кои често инкорпорираат иновативни техники и ефекти. Со дела објавени преку различни музички куќи, WoO континуирано ги истражува границите на музиката, правејќи го неговиот настап нешто што навистина не треба да се пропушти. Со свој стил опишан како 'дизастер џез', квартетот Џезболах доаѓа од Белград со вибрациите на локалната панк/нојз и фри-џез/импров сцена. Во својата музика, тие вешто ги спојуваат овие жанрови, создавајќи силна политичка изјава која резонира со актуелните глобални проблематики. Нивниот последен албум, „Liquidate All Assets“, предизвика значително внимание во меѓународната заедница, ставајќи ги под светлото на рамнотежата на моќта во современиот свет. Настанот ветува прилика публиката уште еднаш да се сретне со Џезболах, на нивната проштална турнеја, и првата можност на многумина да се запознаат со WoO. Посетителите се поттикнуваат да дојдат отворени за новитети и подготвени да истражуваат различни звучни перспективи. Спремете се овде со Џезболах овде со новиот албум на - WoO претходно следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура




