top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • ФЕСТИВАЛ во 19:19 - Фестивал на класична и нова музика | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-19%3A19---%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Фестивал во 19:19, КИЦ, Салон 19:19, концерт 14.11.24 г., во 18:00 Фестивал 19:19 - почеток на нова традиција во срцето на културниот живот на Скопје. Скопје, Македонија - Во традицијата на Културно информативниот центар Скопје, се раѓа нов проект кој ги има сите елементи потребни да го обогатат музичкиот живот во центарот на градот. „Фестивал во 19:19“, како што и самото име вели, настанува во салата со ист број - Салон 19:19, започнувајќи точно во 19:19 часот. Оваа музичка авантура не претставува само моментално настаниште, туку процес на обликување на нова традиција. Се знае дека најдобрите нешта се случуваат случајно, и „Фестивал во 19:19“ е идеален пример за тоа. Започнувајќи со првата година, овој фестивал го обележуваат три програмски денови, секој со своја уникатен принцип и звук. Програма за 12.12.2023: ДУО „ГЕЛЕБЕШЕВИ“ ДУО „ВЕЈСЕЛИ/БАФТИЈАРИ“ AMPLIDYNE EFFECT & AXIOTOMIC Програма за 13.12.2023: ЕЛЕГИЧНИ ПЕСНИ И МЕЛОДИИ СО ТРИО ИМЕРИ/AРИФОВСКА/КАЦАРСКИ КАЛАТА IMPROOF Овие музички актови се само дел од широката палитра која Фестивал во 19:19 нуди на својата публика. Од класична до нова музика, од елегантни песни до експериментални звуци, овој фестивал е исцрпна музичка авантура што го вклучува секој музички вкус. Влезот е слободен, што го прави овој настан уште посветен кон идејата за демократско пристапување кон уметноста. Со поддршка на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, овој фестивал станува уште еден магичен дел од културната понуда на градот. Затоа, придружете ни се во овој музички вовед во нешто што сигурно ќе расте и развива во годините што следуваат. следно

  • Гробиштата каде што е погребана мајката на Megan Thee Stallion, го зголемува обезбедувањето откако нејзиниот гроб беше доксиран онлајн

    Класичен хип-хоп момент: ривалство во стихови. сите вести Гробиштата каде што е погребана мајката на Megan Thee Stallion, го зголемува обезбедувањето откако нејзиниот гроб беше доксиран онлајн Класичен хип-хоп момент: ривалство во стихови. Закачката (благо кажано) на Megan Thee Stallion со Nicki Minaj доби грд и морбиден пресврт - полицијата се вклучила за да ја заштити гробницата на нејзината почината мајка, откако беше предмет на доксинг - беше откриена локацијата на нејзиното место на нејзиниот гроб, од страна на непријателската фан база на Ники наречена Барбз. Sigh How you fuck your mother man when she die? How you go on Gayle King and can't cry? Chile, bye Big Foot, but you still a small fry Swearin' on your dead mother when you lie ( Bigfoot од Ники Минаж, вели - „како тоа го ебеш типот на мајка ти кога умре/ како тоа си на Гејл Кинг и не можеш да плачеш бре?/цуро чао/Бигфут а сепак ситна боранија/се колнеш на мртва мајка во лажни признанија/ - ова е стихот кој доведе до откривање на локацијата на гробот на мајката на Меган). Тексаското гробиште каде што мајката на Мег, Холи Томас, беше положена откако почина од рак на мозок во 2019 година - кажува на TMZ ... тие ги известија локалните власти и го зголемија бројот на обезбедување на нивните објекти поради ескалирачката тензија Тексашката полиција, пак, вели дека ќе продолжи да го следи случајот бидејќи сериозно ги сфаќаат сите прашања поврзани со безбедноста - а во последно време, работите стануваат премногу реални - многу брзо. Повеќе : Ники Минаж и Мег Ди Сталион во војна на зборови поради стих во Hiss . Сепак за среќа до сега ништо не се случило со гробиштето, но истакнуваат дека се на висока приправност за секој/ случај. Дополнителните претпазливи мерки доаѓаат откако некои од Барбзите на Ники( нејзината армија на ревносни поддржувачи од кои сите зазираат)- прво објавија локација на местото каде Холи е почината на социјалните мрежи ... поттикнувајќи луѓе да одат и го осквернават нејзиниот гроб како начин да се одмаздат на Меган за нејзината оригинална провокација. . Се започна минатата недела кога Ники во направи шега за мајката на MTS на стриминг платформата Stationhead. Точната изјава во тоа време беше ... "Подобро оди и ја викни го духот на мајка ти и се извини и́ се. Тоа е одвратно да се колнеш во нејзе кога лажеш." Изгледа дека некои од нејзините фанови го примија тоа при срце. Сигурно, тоа беше особено болно за Mеган да го чуе ... бидејќи таа беше многу искрена и емотивна за влијанието на нејзината мајка врз нејзиниот живот. Megaн исто така беше многу отворена за значењето на загубата на нејзината мајка за неа - и според сите сведоштва, тоа беше многу тешко ... нешто што беше добро документирано и објаснето. Сега, Ники подоцна објасни дека таа само ја нападна мајката на Мег бидејќи MTS ја вклучи нејзината фамилија. Конкретно, MTS изгледа дека реферираше на сопругот на Ники, Кени Пети, во нејзината нова песна "Hiss" - правејќи референца на законот за Меган што многумина ја толкуваа како навреда кон Пети поради неговите правни проблеми. Ова резултираше со речиси двонеделна онлајн тирада од Минаж, додека Мег главно молчеше по објавувањето на синглот. Пред После

  • Иван Аџиевски изложува „Форми на системот“ во КСП Центар-ЈАДРО | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%B0%D1%9F%D0%B8%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%E2%80%9E%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%82%E2%80%9C-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D1%81%D0%BF-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D1%98%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%BE?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Иван Аџиевски, изложба, КСП Центар-Јадро, артивизам 14.11.24 г., во 18:00 Мултимедијалната концептуална изложба претставува обид да се критикува реалната состојба на коруптивниот неправичен систем преку ликовната уметност. На 9-ти декември 2023 година, сабота, со почеток во 19:00 часот , Културно-социјалниот простор Центар-ЈАДРО во Скопје ќе го претстави самостојниот творечки напор на Иван Аџиевски, изложбата „Форми на системот“. Мултимедијалната концептуална изложба претставува обид да се критикува реалната состојба на коруптивниот неправичен систем преку ликовната уметност, инсталации, скулптура и видеопроекции. Авторот праќа порака за надминување на корупцијата, која се перципира како најголемо општествено зло и закана за правната држава. Во изложбата, корупцијата се гледа не само како морално штетна, туку и како причина за нефункционирање на институциите и сериозен економски и политички проблем. Аџиевски го користи своето уметничко изразување за охрабрување на граѓанска акција против корупцијата. Изложбата овозможува на уметниците, активистите и новинарите креативно да се вклучат во антикорупциските прашања, создавајќи меѓусекторски релации и го подобрувајќи разбирањето за улогата на креативната акција во влијание на перцепцијата на јавноста за корупцијата. Целта на проектот е поттикнување на јавниот дијалог за надминување на корупцијата и неправичноста на правниот систем, стимулирајќи свест за овој проблем како пречка за евроинтеграција. Изложбата вклучува уметнички слики изработени во различни формати, алуминиумски и бакарни плочи со принтани цитати од актуелното позитивно право, како и скулптура која симболизира неправичниот корумпиран судски систем. Инсталации со пораки на активисти против корупцијата и видеопроекции заокружуваат авторската изложба. Иван Аџиевски: Од правник до уметник на креативниот Фронт Скопскиот уметник и бивш правник, Иван Аџиевски, ќе го претстави својот последен творечки напор во вид на самостојна изложба наречена „Форми на системот“. Роден во 1985 година, Аџиевски заврши правен факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2009 година, но неодоливата потреба за самоизраз во уметноста го наведе на сликарската сцена во 2018 година. Со својата последна изложба, „Форми на системот“, Аџиевски создава мултимедијално уметничко искуство кое преку сликарство, инсталации, скулптури и видеопроекции обидува се да ја илustrира и критикува реалната состојба на коруптивниот неправичен систем. Неговата уметност не само што ја прикажува корупцијата како општествено зло, туку и поттикнува граѓанска акција и дијалог за надминување на овој сериозен економски и политички проблем. Од своите први изложби, како „Beauty Spot“ и „Beauty Spot II“, до најновата концептуална изложба, Аџиевски ги претставува различните аспекти на својата уметничка личност. „Форми на системот“ не само што го илустрира креативниот потенцијал на уметноста, туку и го вклучува граѓанскиот ангажман и свеста за проблемите во друштвото. . Отворањето на изложбата „Форми на системот“ е закажано на 9 декември, Светскиот ден за борба против корупцијата, во КСП Центар-ЈАДРО. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, дел од „Програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година“. следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page