top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Пред климатизацијата, Пред климатизацијата, пред-климатизацијата

    автор: Артур Милер; Точно која година беше, веќе не можам да се сетам – веројатно 1927 или ’28 – кога септември беше неверојатно топол, и жегата се задржа дури и откако почна школската година, и се вративме од нашиот бунгалов на Рокавеј плажата. Секој прозорец во Њујорк беше отворен, и на улиците продавачи со мали колички сечеа мраз и попрскуваа обоен шеќер врз топки од него за неколку пени. Ние децата, ќе скокневме на задните скали на бавно движечките вагони со мраз, влечени од коњи, и ќе украдевме по некое парче; мразот имаше неопределен мирис на лепешки но ги ладеше дланките и јазикот. Луѓето на улицата Вест 110-та, каде што живеев, беа помалку буржуи, за да седат на пожарните скали, но зад аголот на 111-та и понатаму накај центарот, душеците беа изнесувани кога доаѓаше ноќ, и цели семејства лежеа на тие железни балкони во нивната долна облека. Дури и во текот на ноќите, покривката на жегата не напукнуваше. Со неколку други деца, преминував од 110-тата до Паркот и шетавме меѓу стотиците луѓе, сами и со семејства, кои спиеја на тревата, покрај нивните големи будилници, кои произведуваа блага какофонија од секунди кои одминуваат, отчукувањето на еден часовник, синкопираше со отчукувањето на другиот. Бебиња плачеа во темницата, длабоките гласови на мажите мрмореа, и жена ќе испуштеше понекогаш продорно смеење, покрај езерото. Се сеќавам само на Белци распослани на тревата; Харлем тогаш почнуваше над 116-та улица. Подоцна, за време на Депресијата во триесеттите години, летата се чинеа уште поврели. На Западот, тоа беше време на црвеното сонце и бурите од прашина, кога цели исушени фарми се разронуваа и ги испраќаа Оките, на нивните очајни патувања кон Пацификот, кои ги овековечи Стајнбек. Пустошот оставен од Прашното Корито - исушени ниви и напуштени фарми. "Oките" (жители на Оклахома) кои беа принудени да се преселат. Мојот татко тогаш имаше мала фабрика за палта на 39-та улица, со околу десетина мажи кои работеа на машините за шиење. Самото гледање како ракуваат со дебели волнени зимски палта во таа жега за мене беше измачување. Секачите работеа на парче, плаќани според бројот на шевовите што ги завршуваа, така што нивната пауза за ручек беше кратка – петнаесет или дваесет минути. Носеа своја храна: гроздови ротквици, можеби домат, краставици, и тегла со густа кисела павлака, која ја ставаа во чинија што ја чуваа под машините. Исто така, се појавуваше мал леб од пумперникел, кој го раскинуваа и го користееа како лажица за да ги намакаат павлаката и зеленчукот. Мажите многу се потеа во тие мансарди, и се сеќавам на еден работник кој имаше необичен начин на капење. Беше мало типче, кој ја презираше ножицата, и, на крајот од шевот, го одгризуваше конецот наместо да го пресече, па така, нишките од еден инч му остануваа на долната усна, и до крајот на денот имаше шарена брада. Неговата пот се истураше врз врвовите на конецот и капеше врз ткаенината што постојано ја бришеше со партал. Имајќи ја во предвид жегата, луѓето мирисаа, секако, но некои мирисаа многу полошо од други. Еден секач во продавницата на мојот татко беше коњ во овој поглед, и мојот татко, кој нормално немаше чувство за мирис – никој не знаеше зошто – тврдеше дека може да го мириса овој човек и му се обраќаше само од далечина. За да направи колку што е можно повеќе пари, овој човек почнуваше со работа во пет и пол наутро и продолжуваше до полноќ. Имаше станови во Бронкс и земја во Флорида и Џерси, и изгледаше напола излуден од лакомост. Имаше моќна физичка структура, многу исправен рбет, сплеткана коса и црна сенка на образите. Шмркаше како коњ додека ја туркаше машината за сечење, следејќи ги своите обрасци низ некои осумнаесет слоеви на зимски материјал за палта. Доцна, едно попладне, силно трепна со очите против потта која гореше, додека го држеше материјалот со левата рака и со десната го притискаше вертикалното, остро како жилет, повратно сечило. Ножот му го пресече показалецот на вториот зглоб. Гневен одби да оди во болница, тој истури вода од чешма преку трупецот, ја завитка раката во крпа и веднаш продолжи да сече, шмрка и смрди. Кога крвта почна да се појавува низ намотаните слоеви на пешкирот, татко ми ја исклучи машината и му нареди да оди на болница. Но тој се врати следното утро, и работеше цел ден до вечерта, како обично, трупајќи ги своите станови. Тогаш сè уште имаше надземни возови, кои се движеа по Втората, Третата, Шестата и Деветтата авенија, а многу од вагоните беа дрвени, со прозорци што се отвораа. Бродвеј имаше отворени колички без странични ѕидови, во кои барем дуваше провев, иако беше жешко, така што очајните луѓе, неспособни да издржат во своите станови, едноставно плаќаа никел и се возеа бесцелно неколку часа за да се изладат. Што се однесува до Кони Ајленд за време на викендите, дел по дел од плажата стануваше толку преплавена со луѓе, што едвај беше можно да се најде простор за седење или за да се остави книгата или хот-догот. Мојот прв директен контакт со клима уред дојде дури во шеесеттите години, кога живеев во хотелот Челзи. Таканареченото раководство испрати машина на тркалца која прилично бесцелно го ладеше, а понекогаш и го загреваше воздухот, потпирајќи се, како што беше, на канчињата со вода што требаше да се истураат во неа. На почетното полнење, ќе испрскаше вода низ целата просторија, така што требаше да се насочи кон бањата наместо кон креветот. Еден јужноафрикански господин еднаш ми кажа дека Њујорк во август бил пожежок од кое било место што тој го знаел во Африка, но сепак луѓето овде се облекувале за некој северен град. Тој сакаше да носи шорцеви, но се плашеше дека ќе биде уапсен поради непристојно изложување. Високите жештини создаваат ирационални решенија: ленени костуми кои пропаѓаат во длабоки брчки кога некој ќе ја свитка раката или коленото, и машки сламени шапки вкочанети како мацови, кои, како некој вид тврд жолт цвет, годишно процветува низ целиот град на одредениот свет датум - 1-ви јуни или така нешто. Тие шапки копаа длабоки розови набори околу челата на мажите, а збрчканите костуми, кои наводно беа посвежи, мораа да се извлекуваат надолу, нагоре и странично, за да се направи простор за телото внатре. Градот во лето лебдеше во зашеметеност, и ги тераше инаку разумните луѓе бескрајно да го повторуваат безмозочниот поздрав „Доволно ти е жешко или.. да? Ха-ха!" Тоа беше како последната шега пред распаѓањето на светот во локва пот. ♦︎

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Пеј ми, Поетроника, збори ми Блаже, Пеј ми, Поетроника, збори ми Блаже, пеј-ми-поетроника-збори-ми-блаже

    Ноември е, врне, а Блаже се снебива - дождот му го дотолчува ионака снемоштениот ден. Ѕвони телефонот, и тој веќе се чувствува дека се работи за некаква подла соработка на случајности решена да си поигра со него, Го довикуваат „за тебе е!“. Сале се претставува, „Не ме знаете, но сигурен сум дека дури и да не можете да ме запознаете, дека она што можеме да го направиме, може да биде добро на значаен начин. Блаже, вие сте музичар на некој начин што ни јас не го разбирам до крај. Она што сакам да кажам е напишете ми песна која ќе се пее, а која можеби не ја разбирате иако ќе ја напишете. Не мора да биде либрето, не мора да биде ниту школска стихотворба. Кажете „да“ и ќе ви ја донесе Оливер за 10 минути од вашата потврда“ До крајот на телефонскиот разговор уличните светилки веќе беа запалени а не осветлуваа ништо, Блаже седна и ги излупи чевлите од петите. „Добро, ајде“. Додека дождот го налеваше ноември со есен, и морници Конески го слушаше Андреја Салпе додека Оливер ја стискаше чашата вода што го измиваше кадаифот од забите, оставен на милост и немилост на жената која можеше лесно да биде наоружан шериф, кој чека малку побрз потез со раката кој не е по негов вкус па да распали по него. Едно обично доцнење донесе тензија на целата вечер и сите што се најдоа во нејзиното купе. Тап тап тап. Да да да. Не не не. Тап тап тап со моливот во една точка. Песна О пеј ми, пеј ми! Каква песна! За едно пее за друго збори: „Се што си рекол, се што си сторил, случајно не е, простено не е.” Накиснат, Оливер влегува дома и ја соблекуа тенката накисната ветровка, останувајќи само по портокалова маица, како уличните светилки кои светат без ништо да осветлат, да ја исцедиле својата боја на памукот. Компјутерот зуи се напрега. Оливер го трие маусот како магичната аладинова ламба, па ги трие рацете од задоволство: ги има авустовските сништа на Блаже на УСБ-то! Ете го видеото! ....“ итн.итд... Доколку ја чуете „Пеј ми“ на Поетроника, сигурна сум дека лесно можете да се убедите себе дека приказната за Песната е токму онаа горе што ја напишав наместо да се предадам на стандардното известување кое глас: 4 декември 2023 година Скопје, Македонија – Поетроника претставува уметнички проект кој ги поставува делата на македонското поетско творештво во современ музички контекст, со посебен акцент на електронската музика. Зад проектот стојат Андреја Салпе, музички талент којшто ги искористува своите вештини за создавање уникатни мелодии, и Оливер Митковски, македонски актер чиишто рецитации ја додаваат последната нота на атмосферичност на овој проект. "Пеј Ми", објавен на 2 декември 2023 година, е еден од низата обиди на овој тандем да ја освежи македонската уметност со нов пристап кон поетската наратива и музика. Проектот користи стихови од Блаже Конески, еден од најзначајните македонски поети после Втората светска војна, и ги претставува во електро-џез аранжман. Она што го прави Поетроника посебен е фактот дека не ги следи вообичаените стереотипи поврзани со тоа како треба да се интерпретира поезијата и во која музичка форма треба да се изведе. Со музика напишана и спродуцирана од Андреја Салпе, аранжирана во колаборација со Оливер Митковски и мајсторски усовршена од Владан Дробицки, "Пеј Ми" го носи слушателот низ емоционално и интелектуално патување преку зборовите на Конески, при што останува верен на духот на македонската поетска традиција додека истовремено ги истражува можностите на современата музика. Проектот е објавен под етикетата на PMGJazz и е достапен на нивната официјална веб страна и на Bandcamp за секого кој сака да ја искуси оваа магична спојка на македонската поетска убавина и современа музичка иновација. Поетроника не е само музички проект; тој е светлосен зрак кој ја озарува македонската културна сцена, потсетувајќи нѐ на богатството на нашето литературно наследство и на моќта на уметноста да го надминува времето и границите. За повеќе информации и ажурирања, следете ги PMGJazz, Андреја Салпе и Оливер Митковски на нивните официјални платформи и социјални мрежи.

  • Премиера на „Хелверовата ноќ“ во Охрид – интимна приказна за ранливоста во време на фанатизам, Премиера на „Хелверовата ноќ“ во Охрид – интимна приказна за ранливоста во време на фанатизам, премиера-на-хелверовата-ноќ-во-охрид-интимна-приказна-за-ранливоста-во-време-на-фанатизам

    На малата сцена на НУЦК „Григор Прличев“, новата продукција на ЗУКЦ Медиа Артес го отвора прашањето за различноста и човечноста во тивките пукнатини на едно мрачно време. На 17 ноември 2025, со почеток во 20 часот, малата сцена на охридскиот НУЦК „Григор Прличев“ ќе стане простор за една од најинтимните, најраспарчени приказни што современиот театар ја поставил пред публиката. Премиерата на „Хелверовата ноќ“, во продукција на ЗУКЦ Медиа Артес, пристигнува како тивок повик да се погледне во она што најчесто се истиснува на маргините – ранливото, неприфатеното, „инаквото“. Во режија на Александар Јовановски, претставата ја оживува драмата на полскиот автор Ингмар Вилквист (Јарослав Свијершч), напишана во 1999 година – текст кој настрана од политичката сценографија, всушност проговорува за врската меѓу две осамени суштества фрлени во немирниот свет на 1930-тите. Љубовта, стравот, обидот за спас – сето тоа се меша во домот на мајката и нејзиниот посинок, млад човек со посебни потреби, чии реакции на насилството надвор стануваат болен ехо на времето што ги следи. Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ го носат ова партнерство на сцена со внимателна, кревка динамика: мајка и дете, но и старател и штитеник, сестра и брат, жена и маж, џелат и жртва – сите тие релации се појавуваат и исчезнуваат како сенки што се поместуваат со секое ново зовриено надворешно мешење. Во оваа претстава има нешто потресно човечко: чувството дека две души се обидуваат да го задржат светот однадвор да не ги проголта. Историската позадина — фашистичкиот занес, фанатизмот, фабрикуваните непријатели — е присутна како тежок здив во собата, но фокусот останува врз оние што во такви времиња „немаат место“. „Хелверовата ноќ“ не проповеда, туку сведочи: за тоа колку лесно е општеството да ги прогласи најранливите за пречка, и колку малку е потребно за љубовта да стане акт на отпор. Креативен тим Режија: Александар Јовановски Текст: Ингмар Вилквист Превод: Јасмина Билаловиќ Драматуршка адаптација: Александар Јовановски Играат: Даријан Петров, Јасмина Билаловиќ Автор на музика: Лука Тошев Избор на музика: Александар Јовановски Сценографија: Симона Димковска Костими и шминка: Павел Маслов Светло-дизајн: Александар Јовановски Тон-мајстор: Митко Серафимовски Светло-мајстор: Илија Левески Сценски работници: Ѓоко Китоски, Кире Ангелоски Дизајн на плакат: Филомена Дода Билети Билетите по цена од 400 денари се достапни на билетарата на НУЦК „Григор Прличев“ секој работен ден од 10:00 до 17:00, како и на денот на изведбата од 10:00 до 20:00 часот. Проектна поддршка Претставата е дел од Годишната програма на ЗУКЦ Медиа Артес, финансирана од Општина Охрид. Логистичка поддршка: КСП Центар-Јадро и НУЦК „Григор Прличев“.

  • Трамп се јави на пријателка од The New Yorker пред погребот на Ивана во среда, Трамп се јави на пријателка од The New Yorker пред погребот на Ивана во среда, трамп-се-јави-на-пријателка-од-the-new-yorker-пред-погребот-на-ивана-во-среда

    Њујорчани знаат како е да се падне од ивицата - или барем за живеењето на нејзе. Правам педикир, готовите нокти сè уште влажни, кучето луто лае - на пат кон ветеринар затоа што го боли шепата - и телефонот ѕвони. ПОТУС. Бр. 45. Доналд Трамп. Не е деловен телефонски повик. Едноставно. Брзо. Нема политички муабет. Две човечки суштества кои долго време ги делат животот, смртта, успесите, трагедиите и биле еден со друг цел живот. ДЈТ: „Тука сум. Јас сум во Њујорк. се чувствувам во ред. Се одморив малку. Малку спиев. Но, сум тажен.” Гласот, свиснат. „Само размислувам колку добро ја познаваше Ивана. Ти ја знаеше многу добро. Ти ја знаеше од прва. Од самиот почеток. Од кога првпат ја запознав. Беше убава. Таа беше посебна. Знам дека ти и нејзе ѝ се допадна уште од првите денови.” Кратка пауза. Потоа, тивко: „Таа беше извонредна. Убава внатре и надвор. Го започнавме сето тоа, нашите заеднички животи, со толку одличен однос“. Што е за него еден од нејзините најголеми атрибути? „Дека таа беше поинаква. Дека никогаш не се откажала. Убава, да, но беше и трудољубива. Без разлика колку беа тешки работите или колку лошо изгледаа, таа никогаш не падна. Таа отиде од комунизмот во нашиот заеднички живот. Таа ништо не земаше здраво за готово“. Една секунда пауза, а потоа, бидејќи штотуку изгубивме некој што ни беше толку значаен, прашав дали мисли дека ќе ја изгубиме и нашата земја. Доналд: „Тоа е ужасно. Никогаш не сме биле на толку ниско ниво. Тоа патување во Саудиска Арабија? Имаме повеќе нафта отколку тие. Овој човек во Вашингтон нѐ враќа сите назад. Враќање на сите назад.” Една секунда пауза, потоа: „Види, ајде да успееме да го пребродиме ова страшно болно искуство. И после ова. . . само запомни . . . само сети се што ти кажувам. . . На 78 не си стар.”

  • Скопје прајд викенд со презентирање на архива на екстатичните тела во Македонија, Скопје прајд викенд со презентирање на архива на екстатичните тела во Македонија, скопје-прајд-викенд-со-презентирање-на-архивира-на-екстатичните-тела

    Вчера во МСУ беше отворен јубилејниот десетти “Скопје прајд викенд” на почеток на јуни, глобалниот прајд месец со тема Екстатични тела: архива на перформативни квир тела во Македонија. Славчо Димитров во улога на куратор на настанот (годинешново издание ќе заклучи со настани во септември) објаснува: “Истражувањата на отелотворениот живот, субјективитетот и моќта во рамки на феминистичките и квир уметнички, теориски и политички практики претставуваат недвосмислена критика на историското, маскулинистичко и хетеронормативно обезвреднување на корпореалниот и афективниот живот, а којшто во историјата на уметноста, политиката и филозофијата е отфрлен како пречка и ограничување на Разумниот човек (маж) (Lloyd, Jones), како пасивна, ирационална и потисната материјална реалност асоцирана со стереотипизирачките слики и репрезентации за жените, квир луѓето и расните и културните малцинства, поставена во хиерархизирана бинарна рамка и опозиција со машкиот ум, разумот, когнитивните апстрактни капацитети, безинтересната естетичка дистанца, културата, технологијата и симболичкиот живот на западниот, цивилизиран субјект. Дополнително, оваа хегемониска западна и маскулинистичка епистемолошка и политичка рамка се потпира на претпоставката за телото како изолирана, омеѓена, ограничена, индивидуализирана, природно фиксирана и трансисториска, контролирана од умот и рационално дисциплинирана материјалност, наспроти која стои авторефлексивната автономна свест и волја како извор на идентитетот, којшто останува непроменет низ изведбените телесни акти и им претходи. “ Вечерва (петок), ќе настапат Џули Толентино и Стош Фила со перформанс-инсталација .bury.me.fiercly. Настанот е во соработка со Ивана Драгшиќ, Јован Јосифовски, Александар Георгиев, и Јован Гаковски.

  • Што доколку сите престанат да плаќаат струја?, Што доколку сите престанат да плаќаат струја?, што-доколку-сите-престанат-да-плаќаат-струја

    Во Влае со години камионот кој го собира ѓубрето стануваше прогресивно помрзелив, и помрзелив. Лани Општина Карпош ми одговори: „не е тоа во наша надлежност“ - откако посочив дека се преполови фреквентноста на собирањето ѓубре. Тоа ескалираше последнава половина година кога од „мрзеливо“ статусот се промени во апсолутно хаотичен во најдобар случај, а непостоечки во најлош. И тој најлош стана стандард. Општината по социјалните мрежи повторно повтори: Комуналец е задолжен за ѓубрето, ние немаме ништо со тоа. И тогаш предложив во групата „Заедно, за зеленилото за Карпош“ - доколку ЈП Комуналец е служба независна од општината а плаќаме сметки за нејзе - логично е да престанеме да ги плаќаме, затоа што услугата - не ја добиваме! Во коментарите тоа се чинеше дека е дизни фантазија, и ми посочија дека веројатно ќе се соочиме со насилници, кои милом или силом ќе ги изнудат парите, и дека едноставно е невозможен тој подвиг. Новинарка од Слободен Печат го примети разговорот, почнала да врти броеви и да прашува зошто не се собира ѓубрето, и - уште следниот ден се „поправи камионот“(што го наведоа како причина за отсуството). Од јули, сметките за струја се зголемија и до 40% , и веројатно тоа ќе продолжи и како се приближуваме до грејната сезона. Јасно е дека ова е глобален проблем, поскапувања, инфлација, тонење во сиромаштија... и така наидов на интервју со иницијатива која се нарекува „Не плаќај“ и која почнала од муабет на шанк. Еве го интервјуто, па вие сами извлечете си заклучоци. Што би се случило ако сите едноставно престанеме да ги плаќаме сметките? „Не плаќај” е нова кампања која ги повикува луѓето да престанат да ги плаќаат сметките за струја од 1 октомври (во Велика Британија) - овде разговараме со организаторите за да дознаеме дали навистина може да профункционира Дали некогаш сте се запрашале што би се случило ако сите едноставно се одлучиме да престанеме да ги плаќаме нашите сметки? Дали доколку толку многу од нас одбијат да платат, енергетските компании едноставно нема да можат да направат ништо околу тоа? Можеби звучи како сон, но „Не плаќај“ е нова кампања која ги повикува луѓето да ги откажат своите директни задолжувања од 1 октомври. Ако еден милион луѓе ја дадат својата поддршка, штрајкот ќе продолжи. Претходно во април, група пријатели дошле на идеја во паб откако почувствувале потреба да направат нешто за да се борат со вртоглавата криза на трошоците за живот. „Сите ние сме социјално и класно свесни луѓе кои често разговараме и правиме планови да одговориме на она што го гледаме како угнетувачко економско насилство извршено врз луѓето од работничката класа“, вели Џес, еден од организаторите, за Dazed. „Сметките за струја и нивните трошоци се едни од најважните работи што сите ги чувствуваме во овој момент“, продолжува таа. „Со грозоморните и неправедни поскапувања што ги имавме во текот на минатата година и ги очекуваме во октомври, почувствувавме дека сега е време навистина да го направиме скокот и да започнеме со „Не плаќај“. Џес е во право: сметките за енергија се зголемија за речиси половина во април, оставајќи околу 6,5 милиони луѓе неспособни доволно да ги загреат своите домови - неверојатна бројка за шестата по големина економија во светот. Работите треба да се влошат, исто така, со тоа што се очекува сметките да се зголемат од просечни 2.000 фунти годишно на 3.000 фунти годишно во октомври, што се проценува дека ќе втурне уште два милиони луѓе во сиромаштија со гориво. Џес објаснува дека движењето исто така се обидува да изрази солидарност со оние кои веќе се финансиски неспособни да платат. „Во Обединетото Кралство има 28 милиони домаќинства кои користат електрична енергија и гас. Најмалку 1 милион луѓе се веќе во долгови - т.е. луѓе кои не можат да платат. Оваа бројка масовно ќе се зголеми како што доаѓаме кон зимата - просечните сметки за енергија ќе се тројно зголемени од минатото лето“. Во моментов, над 5.000 луѓе се пријавиле да волонтираат, а 140.000 летоци се нарачани од веб-страницата „Не плаќај“. „Одговорот досега беше неверојатно моќен“, вели Џес. „Веќе сме во огромна криза и сите знаат дека ќе стане многу полошо доколку не дојде до голема промена во насоката“. Неоспорно е импресивно - но дали организаторите кои стојат зад „Не плаќај“ навистина можат да ја изведат кампањата? На крајот на краиштата, ова е Обединетото Кралство, земјата на „Keep calm and carry on“(остани сталожен и продолжи понатаму) и „Блиц дух“ и „stiff upper lip“(вкочанета горна уста – фраза која отсликкува стоицизам и непокажување емоции), каде што луѓето се навлечени на тешкотии и жестоко се спротивставуваат на секаков вид граѓанска непослушност. Нема вистинско чувство за заедница или сочувство, благодарение на децениската индивидуалистичка политика на ториевците што го еродира социјалното ткиво и промовира менталитет „секој човек за себе“. Но, организаторите се свесни за ова - и тие посочуваат дека не е како Британците претходно да не ја оспорувале општествената неправда.„Бидете повеќе од само хаштаг и вирална кампања на социјалните мрежи“, изјави Џес за Dazed. „Бунтот на Анкетниот данок од 1989 и 1990 година е вистински извор на инспирација, каде што 17 милиони не платија [укинувањето на Анкетниот данок тогаш беше објавен во 1991 година]. Ова сè уште има многу силно културно и политичко значење во Британија. Значи, за да стигнеме до еден милион, имаме за цел да го олесниме создавањето на многу локализирани групи - можеби дури и на ниво на улици или населби - за да помогнеме да се извлече заветот пред 1 октомври“. „Како и со било што, имаше загрижености и прашања“, продолжува Џес. „Луѓето прашуваа што можат да направат ако се на припејд бројач и не можат да штрајкуваат затоа што тоа значи дека ќе бидат отсечени од снабдувањето, но тие сепак можат да ја поддржат кампањата во нивните локални заедници“. Други се загрижени поради стравот од исклучување - но всушност е тешко за енергетските компании да ги исклучат клиентите. Според веб-страницата „Не плаќај“, во 2018 година беа пријавени дури осум исклучувања на снабдувањето со енергија поради неплаќање. Тоа, рече - сè уште е ризик, како и штетен ефект врз кредитниот статус на штрајкувачите. „Иако знаеме дека постојат начини да ги ублажиме, реалноста на ситуацијата е дека милиони луѓе сепак ќе се соочат со нив ако не ја преземеме оваа акција“, вели Џес. „И тие ќе мора да се соочат сами со нив“. „Сакаме да ја изградиме нашата колективна моќ, да ги поддржуваме нашите соседи и да им дадеме на луѓето надеж дека работите можат да бидат поинакви

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page