top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • Дрејк реагираше на дискутабилните коментари на Јасиин Беј од викендот

    „Остави ме да блескам во своето светло царе!“ сите вести Дрејк реагираше на дискутабилните коментари на Јасиин Беј од викендот „Остави ме да блескам во своето светло царе!“ 16 јан. 2024 г. Во понеделникот вечерта, 15 јануари, раперот кој стои позади песни како „Rich Flex“ на Инстаграм сподели клип од Method Man во својата младост, каде објаснува што е хип-хоп културата. Со овој пост се чини дека Дрејк разговара директно со Јасиин Беј (кој некогаш беше познат како Mos Def), со референцирање на песната „Umi Says“ од албумот од 1999 година Black On Both Sides. Тоа е прва реакција што тој јавно ја сподели откако коментарите на Беј за него го запалија интернетот. „Кажи ми пак, што вика Уми? Остави ме да блескам во своето светло царе, не го менувај муабетот сега“, напиша Дрејк под видеото. Јасиин Беј стана трендинг тема во неделата откако одговори на прашањето - дали Дрејк е хип-хоп. За време на гостувањето на поткастот на The Cutting Room Floor, Беј се согласи дека музиката на Дрејк е „допадлива“, но во неговите очи тоа е поп музика. Тој, исто така, тврдеше дека комерцијалната привлечност на музиката на Дрејк може да биде знак за нешто што може да доведе до падот на хип-хопот. „Дрејк е поп за мене“, рече Беј. „Во смисла, ако пазарував во Таргет во Хјустон и слушнев песна на Дрејк... ми изгледа како многу од неговата музика да е компатибилна со шопинг.“ „Што ќе се случи кога оваа работа ќе се сруши?“, праша Беј подоцна. „Што се случува кога столбовите ќе почнат да напукнуваат? Зарем не сме во некоја рана фаза на тоа во овој сегашен час? Купување и продавање... каде е пораката што може да ми биде од корист? Што има од тоа за вашата публика?“ Коментарите на Беј предизвикаа многу дебати на интернет за време на викендот. Некои обожаватели тврдеа дека Беј има поента и го коментираа однесувањето на Дрејк како поп-ѕвездата во последниве години. Другите кои го поддржуваа Дрејк велат дека раперот од Black Star едноставно нема почит кон Дрејк. Погледнете што кажа Јасин бег за Дрејк во продолжение. A ние... не знаеме што се буни Дрејк, кога: Пред После

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Трета вечер на Оффест: Хедлајнерот на годинешниот фестивал - Винсенте Амиго! | diva.mk

    8.6.24 г., во 18:00 оффест, оффест 2024, Винсенте Амиго Национална опера и балет (НОБ), Бул. Гоце Делчев, Skopje, North Macedonia Вечерва на Оффест следи - фламенко, каде што гитарските акорди преплетени со традицијата на Андалузија нудат посебна музичка реалност. Во рамките на третата вечер од 23-тото издание на OFFest, сцената на Националната опера и балет ќе биде осветлена од еден од најголемите фламенко гитаристи на денешницата – Висенте Амиго. Ова е вечер посетителите ќе ја имаат ретката можност да го проследат концертот на човекот кој се смета за наследник на легендарниот Пако де Лусија, добитник на две Греми награди и бездруго богата музичка кариера. Амиго е уметник кој од своето родно место Гвадалканал (Севиља) и од детството во Кордоба ја носи традицијата на фламенкото до нови височини. Познат по својата фасцинантна чувствителност и длабочина, тој е комплетен гитарист кој направи мостови меѓу различни музички жанрови. Во своето творештво, Амиго успеа да внесе елементи од џез, рок, и разни светски музички традиции, притоа задржувајќи го јадрото на фламенко. Соработките со музички гиганти како Пако де Лусија, Камарон де ла Исла, Диего Ел Сигала, Дејвид Боуви, Кит Ричардс и многу други, само дополнително ја зацврстуваат неговата позиција како еден од најзначајните музичари на нашето време. Навистина, легендарниот џез-гитарист Пет Метини го има наречено „најдобриот светски гитарист денес“. претходно следно

  • Осмомартовската седмица заклучена со „Нејзина песна“ - во авторство на пет македонски поетеси | diva.mk

    9.3.24 г., во 18:00 Нејзина песна, женско писмо, промоција, поезија, Темплум Бруталиск, Boulevard Ilinden, Skopje, North Macedonia Во сабота, 9ти март, со почеток во 19 часот, љубителите на поезијата и литературата ќе имаат прилика да ја посетат промоцијата на „Нејзина песна", која ќе содржи поезија на пет македонски поетеси . Настанот ќе се одржи во амбиентот на „Бруталиск“ во Скопје, каде ќе се лансира збирката на поезија, но и се́ што подразбира овој ансамбл во неделата на 8-ми март - женска поетска промисленост, и глас. Оваа поетска стихозбирка содржи избрана дела од Весна Ацевска, Магдалена Хорват, Николина Андова Шопова, Лидија Димковска и Будимка Поповска. Изборот на песни е направен од страна на Пандалф Вулкански, и самиот поет, но и уредник и книгоиздавач. На порталот за култура „Окно“ може да се најде извадок од поезијата : Поезијата на Ацевска, „Подготовки за претстава“, со непосредност и проникливост го осветлува животот како сценски настан, додека Димковска во „Милениче“ говори за формирањето на идентитетот со елементи на грижа и одгледување, но и со силна критичка нота кон општествените очекувања и историски обременувања. Поезијата на Хорват нуди еден личен момент каде што секојдневието и значајното се спојуваат преку спомен на детството и разводот на нејзините родители, додека Андова Шопова со „Се затворам“ пишува за внатрешно собирање и потоа расклопување на светот во сопственото битие. Поповска, пак, во „Воспоставување ред со цвеќе“, ни нуди една убава слика за трансгенерациска комуникација и продолжување на животот преку метафората на наследените семиња без јасни упатства за садење. Будимка Поповска ВОСПОСТАВУВАЊЕ РЕД СО ЦВЕЌЕ Мајка ми ми оставила низ куќава милион семиња за цвеќе. Не остави тестамент или упатство кое семе за кое цвеќе е. По фиоки, меѓу крпи, маици, чорапи. Трчи трчи - врзулче со семе. Меѓу страници од книги. Дур читаш, наеднаш никнува цвеќе. Си го полевал со мислите што течеле од книгата кон тебе. Светлината од твојот поглед била замена за сонце. Облекуваш чорапа и дур да стигнеш до одредиштето, меѓу твојот палец и дното на чевелот никулците фатиле место и со чудење осеќаш како мека ластегарка ти се витка од глуждот угоре по ногата; си мислиш, среќа што е зима, од капутот нема да се забележи дека заедно со своето носиш и тело на растение. Порака од мајка ти. Најголемиот дел од семињата таа ги остави во земјата во дворот. Се сеќавам, една пролет седев во двор и читав. Сончевите зраци се мешаа со увидите - читањето ме беше зашеметило со силата на длабоко прочистувачки чувства. Слоеви очај и беспомошност како санти мраз се топеа закопани на дното на душата. Ги гледав мравките, слични на букви, беспрекорно организирани лазеа по патеката наваму–натаму, налево–круг и пак назад... Одеднаш, бам! Планета Земја! Веќе следниот миг можев да направам разлика меѓу земјата како почва, и земјата како космичка топка која заедно со мравките, лисјата, дрвјата, мачките и кучињата, се тркала низ бесконечноста на просторот. Во јануари започнуваше протоколот „порака во цвеќе“, што траеше до крајот на октомври. Прво никнуваа кокичињата. На крајот на февруари нарцисите. Зумбулите и лалињата. Се појавуваа како порака со боја, мирис и трепет. Да, цвеќињата трепереа во одреден ритам и зачестеност како Морзеова азбука, продолжувајќи го поредокот на љубовта, од чие поле, додека беше жива, со своето тело мајка ми вибрираше кон мене. Цвеќињата ѝ беа патокази и упатства со кои се обидуваше да фрли светлина врз една голема грмушка–трн што никнуваше зад мојот тил, и се вообличуваше во некаква екстерна надградба на поткожниот Атлас што тивко создаваше почва за таквиот перформанс. Таа ја нарекуваше Лавиринт-билка, и освен неа никој не го забележуваше цветот што можеше да се појави на излезот од лавиринтот, ако правилно се движиш и не го нарушиш поредокот на меѓупрешленската љубов, ’рбетниот столб и сличните незабележливи со голо око бавчи на грбот. Секоја од песните, иако длабоко индивидуална, се сече на заеднички точки на егзистенција, сеќавање и неизбежно навигирање низ општествените конструкти. Тие предизвикуваат и утешуваат, прашуваат и потврдуваат и, најважно, го слават силата и сложеноста на женското искуство. Со "Нејзина песна", што излегува како шестата книга од едицијата OK.NO . на издавачката куќа Темплум, се оддава почит кон женската креативност и се означува важната улога на жените во македонската литературна сцена. Промоцијата се случува недела по Меѓународниот ден на жената, и така продолжува да го одбележува значењето на женските достигнувања. Илустрации: Будимка Поповска; претходно следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page