Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Книжевна вечер со хрватскиот автор од БиХ, Жарко Милениќ во КИЦ, Книжевна вечер со хрватскиот автор од БиХ, Жарко Милениќ во КИЦ, книжевна-вечер-со-хрватскиот-автор-од-бих-жарко-милениќ-во-киц
Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ) ќе биде домаќин на реномираниот прозаист, драмски автор, поет и преведувач, Жарко Милениќ. Настанот е закажан за четврток, 29 мај 2025 година, со почеток во 19:19 часот, во Салон Империјал 2. Оваа вечер ќе биде посветена на богатото и разновидно творештво на Милениќ, автор чии дела ги надминуваат границите и јазиците. За неговиот книжевен опус и значење ќе говорат проф. д-р Славчо Ковилоски и Нове Цветаноски, Роден во 1961 година во Брчко, Босна и Херцеговина, Жарко Милениќ е фигура со импресивна кариера. Неговиот живот и творештво се протегаат низ различни градови и култури – од Осиек и Риека, до неговите сегашни адреси во Брчко (БиХ) и Подмосковје, Русија. Неговиот авторски печат е видлив во повеќе од триесет прозни дела, вклучувајќи романи и збирки раскази, четири поетски книги, две книги со критики и една со есеи. Милениќ е познат и како приредувач на антологии и тематски избори, како и автор на радиодрами. Неговата работа е преведена на македонски, украински, ерменски, руски, француски и англиски јазик, а неговиот талент е препознаен и наградуван во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Ирак и Кина. Милениќ и Македонската Книжевност Македонската публика имаше можност да се запознае со делата на Милениќ преку преводите на романите-сказни за деца „Леон, ученикот на волшебникот“ и „Леон во Стаклената Гора“, романите „Ги изеде дождот“ и „Заедно“, како и расказите „Од училиште до дома“. Тој е и приредувач на „Антологијата на хрватски научнофантастични раскази“ објавена на македонски јазик. Посебно значаен е неговиот придонес како преведувач и промотор на македонската литература. Со преведени повеќе од десет книги од македонски на босански, хрватски и српски јазик, Милениќ игра клучна улога во афирмацијата на македонските автори во регионот. Пророчица (извадок од роман) Жената беше сосема обична. Обична домаќинка. Домаќинка која не се шминка, не ја следи модата, не внимава на линијата. Домаќинка која, значи, седи по цел ден дома. Кога некој ќе ѝ дојде, муабети со него со кафе. Кога е сама, гледа телевизија. Се надевам дека никогаш нема да бидам таква. Дека никогаш нема да изгледам како домаќинка. Не би сакала да бидам таква. Не би сакала да бидам домаќинка. Жената можеше да има најмногу педесет години. Имам доволно време да се подготвам. Да се подготвам да не бидам како неа. Влезе во дневната соба. Таа просторија истовремено беше и кујна. -Седни. - покажа на неугледната, празна маса. Седнав. Таа нали вода од чешмата во мало ѓезве и го стави на стариот плински шпорет. Го запали плинот со автоматска запалка. -Брзо ќе биде кафето. - рече. Не е баш гостопримлива, помислив. Не ме праша дали пијам кафе. Пиев кафе со млеко. Дали имаше млеко? Кога кафето беше готово, зеде од висечкиот кујнски елемент стандардна бела шолја и го истури кафето во неа. Само за мене. Нејзе, изгледа, ѝ беше доста кафе за денес. -Испиј го кафето. - ми рече. Не звучеше како наредба. Бев гладна. Сакав нешто да јадам, а не да пијам кафе. Немав обичај да пијам кафе во ова време. Кафето ќе ми го расипеше апетитот. Ако го испиев, ќе го одложев ручекот за барем два часа. Тоа веќе немаше да биде ручек, туку вечера. А јас не вечерам. Оваа, дебела домаќинка, сигурно вечера и тоа обилно. Жената, значи, нема да пие, туку ќе чека јас да испијам. Непријатно ми беше да кажам дека не ми се пие кафе. Зошто не ме праша? Ќе ѝ кажев дека не можам. Непријатно ми беше да побарам млеко. Како ќе пијам кафе без млеко? Пиев кафе со млеко од две причини. Првата беше таа што повеќе ми се допаѓаше вкусот на белото отколку на црното кафе. Втората, што во врелото кафе се става ладно млеко. Млекото така го разладува кафето. Не сакам да пијам ниту да јадам ништо врело. Ладното не ми пречи. Помеѓу храна од фрижидер и онаа тукушто зготвена, би ја избрала ладната. Една дизајнерка, откако ми ги погледна дланките, ми рече дека сум ладен тип. -Пиј го кафето. - Жената одеднаш стана нетрпелива. Или така ми се чинеше. -Благодарам. - реков и се напив голтка. Беше врело. Како што и претпоставував. Сега цел ден ќе ме пече јазикот. Ужас. Продолжив да пијам. Никогаш не сум пиела кафе толку бавно. Кога конечно го испив, ја погледнав жената. Таа не гледаше во мене, туку во шолјата. Кога го испив, ја зеде. Ја подигна и почна да ја разгледува. Значи, така таа пророкува, бев разочарана. Од кафе. - Живееш сама во стан што си го наследила... Точно, сакав да кажам. Но, бев толку изненадена што останав без зборови. -Станот си го наследила од мајка ти. Татко ти е во родителската куќа во твојот роден град... Далеку. Го посетуваш кога можеш. Тој те оптоварува. Но, не грижи се, нема уште долго... И ова беше точно. Неверојатно. -Имаш брат близнак кој живее блиску до вашиот татко. Но, не сте во контакт... Зарем знае и за Сандро? И дека со години не разговараме? -Работиш здодевна работа... Во право е. Сметководството е навистина здодевно. -Немаш пријатели... Гледам некои личности почесто од другите, но никого од нив не би можела да го наречам мој пријател. -Немаш многу пари... Навистина немам. Платата не ми е баш голема. Многу работи не можам да си ги дозволам. - Никаде не излегуваш... Реков како не би сакала да изгледам како домаќинка. Не сум домаќинка затоа што сум вработена. Не пијам по цел ден кафиња, ниту озборувам со соседските. Не сум зависна од телевизија. Но, сум зависна од книги. На домаќинките телевизијата и озборувањето им се единствена забава. Гледаат сапуници и „Големиот брат“, а потоа за тоа коментираат пиејќи кафе. Ги озборуваат телевизиските протагонисти и потстанарите. Не им е здодевно како што ми е мене. Не работат здодевна работа, ниту мораат да го посетуваат таткото кој тврди дека има рак и постојано го зборува истото. - Но, твојот најголем проблем е што не сонуваш... И тоа беше вистина. Спиев ноќе како и другите. Но, ништо не сонував. Читав за тоа во некоја книга по психологија. Таму се тврдеше дека сите луѓе сонуваат, само едни го паметат она што го сонувале, а други не го паметат. Ако е тоа точно, јас спаѓав во оние кои не се сеќаваат на своите соништа. Тогаш првпат ѝ поставив прашање на мојата соговорничка: -Би сакала да се сеќавам на своите соништа. Како да го постигнам тоа? -Како? Не смееш да бидеш таква кон својот сон! Мораш пред спиење да го замолиш да остане запаметен. Зборуваше за сонот како да е живо суштество. Како да е човек. -Дури кога ќе направиш така, ќе го запаметиш она што си го сонувала. - Ќе го запаметам тоа. Така ќе направам вечерва. -Кога наутро ќе се разбудиш, ќе се сетиш на својот сон. Тогаш мораш да го запишеш... -Да го запишам? -Да. Да го запишеш во посебна тетратка... - Зошто? -Затоа што ќе го заборавиш. -Зошто би требало да го запишам сонот? -Затоа што тоа е, како прво, израз на почит кон него. Запишувајќи го, го оставаш да трае. Како второ, мораш постојано да ги читаш запишаните соништа и да размислуваш за нив... -Зошто? -Тоа се пораки кои ни користат во животот. Не можев да ја замислам оваа домаќинка како писателка. Но, ниту себеси. -Ви благодарам на советот. Ќе направам така. -Мораш така да направиш. Ако не направиш, нема да ти се случи она убавото, што би можело да ти се случи... -Ќе го послушам вашиот совет. Ќе направам така. А што убаво ќе ми се случи? -Ќе ти се случи она за што сонуваш на јаве. Дека ќе го сретнеш мажот на својот живот. Но, мораш да сонуваш. Мажите не сакаат жени кои не сонуваат... Тогаш се сетив на една реченица од Борхес. „Не ја оставив затоа што ме изневеруваше, ниту затоа што не знаеше да готви, туку затоа што не знаеше да сонува.“
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Јавна дебата: „Важноста на независната сцена во услови на поларизација“, Јавна дебата: „Важноста на независната сцена во услови на поларизација“, јавна-дебата-важноста-на-независната-сцена-во-услови-на-поларизација
Во организација на Здружението за демократски активности Есперанца и партнерите (Светски културен центар, Центар Јадро, ИМА), утре, 7 мај, во 19.00 часот, во КСЦ Центар Јадро во Скопје ќе се одржи јавна дебата „Важноста на независната сцена во услови на поларизација“ . Говорници ќе бидат Искра Гешоска, Мања Величковска и Роберт Алаѓозовски, а дебата ќе ја модерира Тијана Спасовска . Независната сцена – простор на слобода и иновација Независната културна сцена во Македонија е простор каде слободата на творечкиот израз, иновативноста и критичкото мислење речиси исклучиво се вдомени. Како што наведуваат организаторите, таа е „цветот на современата култура, зародиш на иновативни и експериментални културни практики и промотор на македонската креативност во светот“ . Низ децении, МКЦ и другите независни простори создале простор за „возбуда и иновација, но и безбеден простор за размена на идеи и за градење пријателства“ . Мовата музика, театар, перформанс и визуелна уметност често остануваат надвор од рамките на официјалните институции. Во време кога традиционалните медиуми и културните институции постепено се стеснуваат, независната сцена нуди алтернативен канал за млади автори и активисти да ги ослободат своите идеи, а граѓаните – да размислуваат критички и да ја богатат културната клима. Политики и маргинализација И токму оваа сцена деновиве е на маргините. Според најавените говорници, новоименуваното Министерство за култура и туризам презеде мерки кои практично ја исклучуваат независната култура од државните приоритети. Министерството „ја откажа проектната програма за интердисциплинарни проекти и повеќекратно ја намали поддршката за проектите на независната сцена“ . Со други зборови, наместо продолжување на досегашната соработка, државната културна политика ја укина буџетската линија за многу проекти на невладиниот сектор и субвенционирана култура. Како што напоменува и публикацијата, независната сцена „повторно е турната на маргините“ . Во услови кога слободното творештво бара уште повеќе поттик од сите страни (и од државата и од донаторските организации), ваквите исчекори доведоа до остар пад на државната поддршка и поголема неизвесност за уметниците. МКЦ – од алтернатива кон турбо-фолк Симболично за промените во културните приоритети е и случајот со Младинскиот културен центар (МКЦ). Овој култен простор со децении беше препознатлив како „светол и редок пример“ за функционирање на институција која постојано унапредува културата . МКЦ стана центар на алтернативната сцена во Скопје – дом на нови театри, музички бендови, фестивали и креативни работилници кои се отсекогаш поттикнувани од независниот културен сектор. Но, последниве месеци таму се одржаа настани кои само пред неколку години изгледаа невозможни во таков контекст. Како што бележи еден медиум, „Денес таму свој настан имаат Аца Лукас и екипа која никогаш не настапувала, ниту одела на настани во поранешниот, култен Дом на млади 25. Мај“ . Со други зборови, турбо-фолк музиката влегува во просторот кој долги години се сметаше за бастион на алтернативната уметност. Според авторот на текстот, „бастионот на алтернативната култура падна“ , што покажува како институционалните промени се пресликуваат и на програмскиот профил на културните центри. Најавите за собирање потписи и протести за одбрана на МКЦ имаа ефект најмногу во техничката сфера, но, според критичарите, не доведоа до суштински промени во концептот на работа . Ова уште еднаш ги потсетува граѓаните дека културните политики директно влијаат врз тоа кои уметнички жанрови и вредности ќе добијат простор, а кои ќе бидат ставени во сенка. Поларизација и културни практики Сличните проблеми е тешко да се разгледуваат одвоено од поширокиот политички контекст на поларизација. Како што нагласуваат организаторите на дебатата, „во услови на зголемена поларизација, … независната сцена се соочува со закана за своето опстојување“ . На пример, во време на геополитичка криза и војна (потребата од нови фондови за хуманитарна помош, менување на ориентациите на донаторите итн.), парите за “несомнено маргинализираната култура” опаѓаат. Од друга страна, поларизираните ставови често се пресметуваат и во доменот на културните практики – каде што традиционалистички или популистички наративи добиваат превласт. Во вакви услови, независните уметници и здруженија, кои дејствуваат критички или експериментално, имаат помала прилика да се искажат и да обезбедат одржлива публика и финансирање. Затоа оваа дебата има за цел „да се преиспита и уште еднаш да се укаже на важноста од постоењето на независната сцена за културната демократија, плурализмот на уметнички изрази и развојот на критичкото мислење“ . Значењето на јавните дебати и повик за поддршка Разговори како оваа јавна дебата играат клучна улога во градењето на културната свест и отпорноста на независната сцена. Отвореното дискутирање на предизвиците пред кои се соочува алтернативната култура е првиот чекор кон широка поддршка. Како што се нагласува во најавите, целта е токму да се охрабрат нови согледувања и да се артикулира гласот на независните актери . Граѓаните, уметниците и сите заинтересирани се поканети да присуствуваат на дебатата во Центар Јадро и со своето присуство да ја дадат поддршката за сцената која созрева уште од времето на „Домот на млади“ до денес. Заедничкото учество на јавноста во вакви дискусии е начин да се демонстрира дека слободната уметничка сцена не е глас во пустина, туку суштински дел од демократските вредности и иднината на македонската култура. Настанот е отворен за јавност, а влезот е слободен. Секој кој ја цени независната култура и сака да даде поддршка е добредојден да дојде и да се приклучи кон дебатата на 7 мај во 19:00 часот во КСЦ Центар Јадро . Со вашето присуство и ангажман го поддржувате обидот да се зацврсти слободниот културен простор и да се истакне значењето на плурализмот во уметничките изрази. А.Ч.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура




