top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Изложба на Елизбета Костова во КСП Центар Јадро: Градски импресии во акварел | diva.mk

    8.2.24 г., 19:00 Елизабета Костова, КСП Центар-Јадро, Градски импресии, самостојна изложба, акварел Алберт Ајнштајн 2, Skopje, North Macedonia Скопје, 8 февруари - Во четврток (8.02) во КСП Центар Јадро, публиката ќе има можност да се впушти во светот на градските импресии со изложбата на акварелите на Елизабета Костова, која ќе одржи во 20 часот. Со градските импресии на Елизабета Костова, ќе бидат прикажани триесетина акварели насликани во последните две години. Секоја слика претставува нејзини импресии и впечатоци од градовите кои ги посетила, престојувала или живеела. Но, забележително е како нејзините акварели не се само реални претставувања на градски сцени, туку се и емоционални прегледи на минатото и размислувања за иднината. Елизабета Костова, инаку психолог по професија, но сликар по срце, ги претстави своите уметнички дела на триесетина акварели, создадени во последните две години. На оваа изложба, посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат нејзините импресии и впечатоци од градовите во кои престојувала, ги посетила или живеела. Од тесни улички и ниски куќи до погледите кон просторното сино небо, секој акварел на Елизабета Костова претставува уникатен преглед на градскиот пејзаж. Нејзините дела, со своите бои и форми, не само што го зачувуваат духот на минатите времиња, туку и ги поттикнуваат размислувањата за иднината на нашите градови. Елизабета целиот свој работен век го поминала и работела како психолог. Но таа отсекогаш била голем вљубеник во уметноста, а особено во сликарството. Таа во себе носи и голем креативен потенцијал, кој избива и е видлив, на почетокот со изработката на различни предмети од применетата уметност. Но нејзината љубов кон сликарството сепак преовладува и нејзината уметничка дарба и креативност доаѓа до полн израз кога решава да почне да слика акварел. Aкварелот е нејзината понатамошна преопукација и уметнички израз. Акварелот е една од најстарите сликарски техники. Со техниката акварел сликите се прозирни, се гледа подлогата на која се насликани. Белите полиња од подлогата кои се појавуваат меѓу боите секогаш даваат впечаток на прозирност. Со оваа техника сликале меѓу другите и многу од познатите импресионисти. Акварелот како сликарска техника со големата палета на бои Елизабета успешно го применува. Боите на нејзините акварели нежно преминуваат од една во друга боја од сина во виолетова, црвена, од зелена во сина, жолта. Со четките и боите слика се што ја опкружува, градини, цвеќиња, мртва природа, ликови на девојки, пејсажи, птици. На оваа изложба насловена „Градски импресии“ таа ни се преставува со триесетинаакварели н асликани последните две години, кои што преставуваат нејзини импресии и впечатоци од градовите во кои престојувала, ги посетила или живеела. Голема инспирација и се старите македонски градови или делови од нив. Тесни улички, ниски куќи на приземје и кат, тесно збиени една до друга и со надвиснати еркери над улиците. Оџаци од кои се извива сивиот дим. Насликани се со прекрасни палети од бои, сина, зелена, лилава, жолта… црвени кровови и секако пространото сино небо над нив, кое се гледа и од уличките. И овде белите полиња на подлогата помеѓу топлите бои даваат посебна светлина. Од овие акварели зрачи и светлина и радост. Можеби оваа тема која ја слика Елизабета преставува носталгија за старите делови од градовите како што ги паметиме, а во едно од тие маала Елизабета го поминала детството и младоста, Дебар Маало во Скопје. Можеби ова е и жал и носталгија за старите градски маала кои полека исчезнуваат и ги заменуваат модерни делови од градот со висококатници, асфалтирани улици, многу возила, темни и мрачни, сонцето одвај допира до улицата. А небото и не се гледа од улицата. Овие акварели се и носталгија за минатото кое одминува, а доаѓа сегашноста и иднината, некое ново време со друга слика на градовите. Натка Ќосева, дипл.инж.арх. Eлизабета Костова е родена 1953 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот Факултет во Љубљана, отсек психологија. Реализирала повеќе самостојни изложби во Дом на АРМ, Скопје (1989 и 1991 г.), Галерија на ДЛУМ, Скопје (2002 г.), во Домот на култура Иван Мазов – Климе, Кавадарци (2020 г.), како и во Галерија КО-РА, Скопје (2019, 2020 и 2023 г.) Исто така учествувала на и на повеќе групни изложби. претходно следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    diva.mk е платформа за култура на живеење, женски гласови и урбан активизам – со критички текстови, интервјуа и визуелни приказни од независната сцена. градината Светски ден на голо градинарство: Отворете го вашиот двор и тела кон природата Секој мај - па и април, многумина од нас се собираат околу идејата за работа низ градината, но првата сабота во мај е посветена на голо град Како да ги спасиме сарделите? Брз водич за преживување на растенијата под африканскиот бран Градинарење во климатска криза Во групата „Дворчето“, каде што луѓето си помагаат со совети за растенија како со рецепти за зимница, се... Зошто мојата бугенвилија не цвета? Најчести причини и решенија Нема цветови на вашата бугенвилија? Откријте ги тајните за раскошно цветање: причини и решенија Како да одгледате дрвце од рузмарин – чекор по чекор Рузмаринот не мора да остане само обично зачинско растение- грмушка во аголот на вашето дворче. Со малку трпение и вештина, може да го... Цвеќиња кои цветаат во зима: боја и топлина и во студените месеци Зимата често ја поврзуваме со голи дрвја, студени пејзажи и мирен одмор на природата. Но, тоа не значи дека нема цвеќиња кои можат да го... Важноста и придобивките од чувањето паднати лисја околу растенијата Оставете ги лисјата! Дали е рано да ги собереме цвеќињата од дворот? Пет насоки за есенска промена во градината Во групите за градинарство овие денови често се поставува истото прашање — дали е време да се соберат цвеќињата од дворот, или сè уште е рано? Одговорот, како и секогаш, зависи од повеќе нешта: од времето, од видот на растението, и од тоа дали ја гледате градината како декор, екосистем или лична терапија. Еве пет насоки што ќе ви помогнат да донесете своја, информирана одлука. 1. Следете ја температурната линија, не календарот Во Мак Девет тајни за чување на бугенвилијата од грчките градинари Сите оние кои летувале на Медитеранот се затекнале како го бараат телефонот за да ги фотографираат жешко розевите цветови Медарчиња - како успешно да ги одгледуваме и уредуваме! Медарчето е речиси неспоредливо во леснотијата на неговата нега. Цветање на Божиќинот кактус - неколку совети! Запомнете ги овие важни аспекти за успешно цветање. Умот на улиштето (прв дел) Природните пчелари сметаат дека конвенционалното пчеларство е одговорно за загрижувачката состојба со пчелите- умираат во шокантни бројки. Градинарство во ГРАДИДНИНА: играта на зеленилото Преку сликарството и цртањето, децата се поттикнуваат да изразуваат своиот уникатен стил и перцепција, додека градинарството ги запознава со Само една петунија Набрзинка до расадникот, чекај во кола одма доаѓам Справување со штетници во градината во лето Најдобри совети и природни решенија Грижа за вашата градина во лето Иако времето оваа година не ни даде до крај шанса да се помириме со фактот дека веќе сме на прагот на летото - врнежливата пролет... Рон Финли - гангста градинарот - за моќта на градинарството Изненадувањето беше толку големо кога хортикултурниот гангста градинар за Дива одговори, што сосема занемаривме да ја искористиме... Градинарството во август е делумно припрема за есенва Размножете и поделете ги повеќегодишните цвеќиња Август е најдобро време за копање и делење на повеќегодишни цвеќиња во вашата градина... Како да си направите рузмарин дрво? Започнете со мало стебленце рузмарин. Издвојте едно гранче кое ќе стане стебло на вашето растение, отстранувајќи ги сите други гранчиња... Градинарство за почетници: зошто е градинарството за секого! Има нешто посебно во искуството да се почне дел од градината од семки -до мај или јуни тоа е веќе убавица која привлекува пчели и погледи.

  • Илон Маск е во неверица откако бојкотот на Twitter/X се продлабочува после антисемитски твит, Илон Маск е во неверица откако бојкотот на Twitter/X се продлабочува после антисемитски твит, илон-маск-е-во-неверица-откако-бојкотот-на-twitter-x-се-продлабочува-после-антисемитски-твит

    Гигантот на социјалните мрежи Twitter/X (Твитер/Икс) западна во криза овој викенд бидејќи голем број големи американски компании ги повлекоа рекламите поради стравувањата дека страницата изобилува со антисемитска содржина. Apple, Disney, Paramount, Warner Brothers и Sky и сопственикот на NBCUniversal, Comcast, ги паузираше финансирањата за реклами на платформата бидејќи нејзиниот сопственик Илон Маск се противеше на обвинувањата дека дозволува рекламите да се прикажуваат напоредно со екстремно десничарските објави. Бојкотот дојде неколку дена откако Маск лично одобри антисемитска објава на платформата. Компјутерскиот гигант IBM беше првата компанија што го запре рекламирањето во четвртокот, после извештајот на непрофитната американска организација Media Matters кој тврди дека X сервира реклами за IBM, Apple, Oracle, NBC Universal и Comcast’s Xfinity напоредно со пронацистичка содржина. Apple и другите големи брендови го следеа примерот, додека Европската комисија рече дека ќе ги паузира рекламите поради „широко распространета загриженост во врска со ширењето на дезинформации“ во неделите по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Во сабота Маск се закани со „термонуклеарна тужба“ против Media Matters и ја обвини дека манипулира со нивните вести за да генерира „редок пример“ на реклами кои се сервираат покрај екстремно десничарските објави. „Оваа недела, Media Matters for America објави приказна која целосно погрешно го претстави вистинското искуство на X, во уште еден обид да ја поткопа слободата на говорот и да ги доведе во заблуда огласувачите“, се вели во соопштението на X. Сепак, претседателот на Media Matters, Анџело Карусоне, рече: „Далеку е од поборникот за слобода на говор кој тврди дека е, Маск е насилник кој се заканува со неосновани тужби во обид да ги замолчи извештаите за кои тој дури и потврди дека се точни. Маск призна дека спорните реклами се појавија заедно со пронацистичката содржина што ја идентификувавме. Ако не́ тужи, ќе победиме“. Потенцијалната правна борба со Media Matters следи по одделен инцидент во средата кога Маск му одговори на корисник на X кој промовираше антисемитска теорија на заговор дека Евреите им помагаат на „ордите на малцинствата“ во САД да ги заменат белите луѓе. „Ја кажавте правата вистина“, одговори Маск на Твитер. Таканаречената теорија за замена беше верување застапено од Роберт Бауерс пред да убие 11 верници во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург, Пенсилванија, во 2018 година. Бурните реакции по твитот на Маск стигна до Белата куќа, каде што портпаролот рече: „Ја осудуваме оваа одвратна промоција на антисемитска и расистичка омраза“. Во обид да ги задржи последиците, извршната директорка на X, Линда Јакарино, во петокот рече: „X беше исклучително јасен во нашите напори за борба против антисемитизмот и дискриминацијата. Апсолутно нема место за тоа никаде во светот“. Последниот бран на бојкот на компаниите предизвика нови прашања за одржливоста на X, кој Маск го купи пред една година за 44 милијарди долари. Договорот беше делумно финансиран со долг од 13 милијарди долари од банките на Волстрит. За време на неговото кратко, но бурно владеење, Маск ја преименуваше компанијата, нарушувајќи ја функционалноста на страницата, воведе функции што се платени и отпушти илјадници вработени, вклучително и модератори на содржини, во обид да ги спречи огромните загуби. Сепак, страницата останува силно зависна од огласувачите. Податоците од аналитичката фирма Guideline минатиот месец сугерираат дека овој приход паѓал во просек за 55 отсто секој месец од преземањето. Јакарино, поранешен шеф за рекламирање во NBCUniversal, беше донесен во мај во обид да ја стабилизира ситуацијата и да ги врати огласувачите во јатото. Директорот на една голема лондонска агенција за дигитално рекламирање рече: „Клиентите мора да се повлечат, барем на краток рок. Дали ќе се вратат? Едноставно не знам. Ова е многу полошо од било што [Маск] направил или рекол во минатото. Ќе биде тешко да се прости“. „Ниту еден огласувач не сака нивниот бренд да биде поврзан со токсична содржина“, рече Алис Ендерс, шеф на истражување во Ендерс Анализис, но додаде дека многу организации ќе држат дел од вниманието на рекламирањето за претседателските избори во 2024 година во САД. „Има многу политичко рекламирање и медиуми на X. Циклусот на политички реклами навистина ќе го фаворизира Илон Маск во 2024 година“. Последната контроверзија на Маск околу X дојде додека компанијата на милијардерот SpaceX се подготвуваше за второто лансирање на својата најголема ракета досега, Starship, која се лансираше од Тексас во саботата.

  • Почнува 43. Скопски џез фестивал со исклучителна програма | diva.mk

    17.10.24 г., 10:00 Скопски џез фестивал Македонска опера и балет, Бул. Гоце Делчев, Skopje, North Macedonia Вовед во светот на современиот џез и креативната музика Скопје, 17 октомври 2024 – Денес започнува 43. издание на Скопскиот џез фестивал, едно од најзначајните културни настани во регионот, којшто од 17 до 20 октомври ќе ја претвори македонската престолнина во епицентар на современиот џез и креативната музика. Со внимателно селектирана програма, фестивалот продолжува да ја гради својата репутација како еден од најреномираните европски џез фестивали, претставувајќи го најдоброто од светската сцена. Во текот на четирите фестивалски вечери, девет меѓународно признати состави од САД, Европа и Македонија ќе настапат на сцените на Националната опера и балет и Младинскиот културен центар (МКЦ). Програмата, распоредена на четири инспиративни вечери, изобилува со ексклузивни настапи и звучи ветувачки, со оглед на фактот дека ова издание ќе донесе некои од најголемите имиња во светот на џезот и импровизираната музика денес. Сесил Меклорин Салвант и Next to Silence ја отвораат првата вечер Фестивалот ќе биде свечено отворен вечерва со специјален концерт на една од најголемите џез пејачки на денешницата – Сесил Меклорин Салвант. Со три освоени Греми награди и уште шест номинации зад себе, Салвант е позната по својот талент да оживува стари, речиси заборавени песни, внесувајќи во нив нов живот и емоционална длабочина. Нејзиниот уникатен вокален стил и неверојатната способност за раскажување ја прават овој концерт задолжителен за љубителите на џезот. Вечерта ќе продолжи со настап на домашниот состав Next to Silence во МКЦ, кои ќе го претстават својот нов албум „Ruh“. Овој албум, кој веќе беше промовиран на 12 октомври, ќе биде изведен во живо, што претставува ексклузивна концертна премиера на новиот материјал. Композициите на Next to Silence ја носат публиката на необично музичко патување, преполно со древни вештини и природни феномени, вешто преобразени во модерна џез форма. Втора вечер: Од европска импровизација до експериментална енергија Петочната програма ќе ја одбележат настапите на квартетот на португалскиот саксофонист Родриго Амадо, The Bridge, којшто ги обединува врвните европски и американски импровизатори како Александар фон Шлипенбах, Ингебрит Хакер Флатен и Џери Хемингвеј. Нивниот концерт ветува извонредно импровизаторско искуство и мајсторска техника. Исто така, на истата вечер ќе настапи The End, предводен од Матс Густафсон и Кјетил Мостер. Нивниот експериментален звук, кој комбинира жесток грајндкор, фри џез и ноиз, збогатен со фолклорни влијанија од Мавританија до Скандинавија, ќе го претстави уникатниот спој на различни музички светови. Викенд програма: Давид Вирејес, Роб Мазурек и Алабастер ДеПлум Третата фестивалска вечер (сабота) ќе донесе три светски реномирани џез уметници. Давид Вирејес, њујоршки пијанист со кубански корени, ќе ја покаже својата уникатна синтеза на традиционалните и современите музички влијанија, а Роб Мазурек со неговиот Exploding Star Orchestra ќе донесе аудиовизуелно патување во светот на авангардниот џез. Овој проект, кој ги обединува музичарите од пост-рок и слободната импров сцена, се истакнува со својот најнов албум „Live at the Adler Planetarium“, чија концертна премиера ќе ја доживее на овој фестивал. Британскиот музичар и поет Алабастер ДеПлум ќе ја затвори вечерта со својата магична комбинација на џез и перформативна поезија, внесувајќи интроспективна длабочина и топлина во своите настапи. Неговата музика повикува на заедништво и колективна креативност, што го прави уникатен на денешната сцена. Финале со Fire! Orchestra Последната вечер на фестивалот ќе ја затвори шведскиот Fire! Orchestra. Со свои 43 музичари и троен албум „Echoes“, тие ќе ги поместат границите на модерната музика. Овој оркестар, предводен од Матс Густафсон, Јохан Бертлинг и Андреас Верлин, со својата комбинација на фри џез, психоделичен рок и ноиз ќе донесе импресивен и енергичен настап, кој ветува спектакуларно затворање на фестивалот. Џез за солидарност и културна програма Како дел од дополнителната програма, Скопскиот џез фестивал продолжува со проектот „Џез за солидарност со бегалците“, во соработка со UNHCR, повикувајќи на поддршка за сите што страдаат од војни и конфликти. Минатата сабота беше промовиран и новиот албум на Next to Silence, додека во текот на фестивалот ќе се одржат и изложби и филмски проекции, меѓу кои документарниот филм за Мајлс Дејвис, „Birth of the Cool“. ПРОГРАМА 17 октомври Национална опера и балет, 20:00 • CECILE MCLORIN SALVANT (САД) МКЦ - Дансинг сала, 23:00 • NEXT TO SILENCE (С. Македонија) 18 октомври Национална опера и балет, 20:00 • RODRIGO AMADO THE BRIDGE (Португалија/Германија/Норвешка/САД) • THE END (Шведска/Норвешка) 19 октомври Национална опера и балет, 20:00 • DAVID VIRELLES (САД) • ROB MAZUREK EXPLODING STAR ORCHESTRA (САД/Норвешка/Италија) МКЦ - Дансинг Сала, 24:00 • ALABASTER DEPLUME (В. Британија) 20 октомври Национална опера и балет, 20:00 • NICOLE MITCHELL & MARK SANDERS (САД/В. Британија) • FIRE! ORCHESTRA (Шведска/Норвешка/Франција) претходно следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page