top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Кое ќе биде новото име на Facebook?, Кое ќе биде новото име на Facebook?, facebook-rebrending

    На следниот Connect ќе дознаеме Facebook набрзо ќе се ребрендира, и она што знаеме дека е оваа социјална мрежа (вклучувајќи ги и Instagram, WhatsApp, Oculus) ќе се интегрираат во метаверзум кој ќе биде повеќе од само социјална мрежа. На 28 октомври на Connect конферецијата се очекува Zuckerberg да го открие името и принципот на работа понатаму. Инаку во моментов Facebook има 10.000 вработени кои работат на хардвер како АR (artificial reality) наочари и самот Zuckerberg верува дека тоа е иднината и дека тие ќе станат вообичаени како мобилните… последните постови му се токму како си игра со нив (наочарите)…

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    Приказна за Свети Чети - заштитник на гласовни пораки, исповедни пораки и кафе во 3 наутро. Само на diva.mk. КУЌНА СЛАВА НА НЕСОНИЦАТА Заштитник на мислите што се јавуваат после полноќ. Патрон на оние што й враќаат на пораката на бившата, и на оние што гуглаат „Дали љубовта исчезнува или само се менува" во 3:14 наутро. Чувар на трагични флертови и поетски мизерии во чет бокс. Со факел во рака и лаптоп во скут, доаѓа кога сите други спијат, и ти вели: „Што те мачи, душо?" МОЛИТВА Слушај нè, Свети Чети, кој обитаваш во ноќта, светло нека е името Твое во Inbox и во срце. Да дојде царството на тишината, да биде волјата Твоја и во гласовна порака, како што е во мисла. Слушај нè вечерва, дај ни го овој ноќен момент на мир, и прости ни ги заборавените одговори, како што и ние простуваме на сите што ни „видоа порака, не одговорија“. И не нè воведи во doomscrolling, туку избави нè од алгосрам и препорачани клипови, зашто Твоја е светлината, ноќта и сè што се чува во drafts. Во име на свеќата, лаптопот и близнаците што шепотат: „Не си сам/а.“ Амин. (Seen 02:46 AM) Житие според Дивотни канонското" житие – во стил: Во некои верзии на легендата, Чети се родил на тераса во Хорефто, во момент на алгично откровение. Четиво од тераса, запишано во отсуство на гравитација и присуство на морски прав И беше вечер, и беше тераса. Две Дивотни пушеа алги на тераса покрај Егеј, во земјата на Кентаурите. Воздухот имаше вкус на сол и пастрмајлија од претходната инкарнација. И така, во дувот меѓу збор и зрак, по прв пат се јави Чети. Дувна еднаш. Дувна два пати. И — саксијата со красулата падна! Ваистина падна! Чети проговори. Свети Чети се роди! 📞 Големата дилема Во дилемата, дали да се јавиме кај газдата, дали да го разбудиме домаќинот на ЕрБиЕнБи-то, дали да кажеме: „Ало, Лефкос? Извини што те будам во 12:37 по полноќ. Падна саксија.“ …само еден можеше да нѐ разбере. Само еден можеше да расчисти вака етичка ситуација под магла и месечина. Свети Чети. 📿 Откровение во дијалог - Укажување до ноќните суштества. 📖 Ова е записот на првото јавување на Свети Чети, зачуван преку шепот, насмевка и пушен здив. Тоа не е доктрина – туку патоказ. За сите што се колебаат дали да пратат порака. Или да остават seen. За сите што се будат ноќе и гледаат во мобилен. За тие што чуваат саксии на балкон и тајни во drafts. 🐚 Првото Дивотно рече: „Да му јавиш! Тој рече: ‘Во кое било време, за што било, јавете се, тука сум’.” 🌿 Второто Дивотно рече: „Не, тоа е премногу! Што ќе му кажеш? Извини, Лефкос…саксијата падна?" 🙏 И Чети, Светиот со пижами и лаптоп, седнат на ѕвезда, погледна надолу и рече: „Пратете му порака. Ама со емпатија. И емотикон.“ 🕯️ Епилог И така, испратија порака. И Лефкос не се лути. И Чети се насмевна. Саксијата беше вратена на своето место (со малку помалку земја). А двете Дивотни знаеја: Oд таа ноќ – не се сами во дилемите. Зашто Чети не е само име. Тој е присуството што доаѓа кога ќе се двоумиш. Гласови за време што не постои. Пратено. Seen. Прочитано. Разбрано. Не се плаши. Не си сам. Св. Чети ги гледа сите што имаат нешто за криење.

  • Лувр во шок – историски накити украдени за само седум минути, Лувр во шок – историски накити украдени за само седум минути, лувр-во-шок-историски-накити-украдени-за-само-седум-минути

    Лувр затворен по дрзок дневен грабеж: украдени „непроценливи“ кралски накити Драматично утро во музејот на сите музеи Во неделата, 19 октомври 2025 година, Париз се разбуди со вест што одекна низ целиот културен свет: во музејот Лувр се случи еден од најхрабрите дневни грабежи во поновата историја. Група крадци украле осум предмети од Галеријата на Аполон, дел од националната збирка на францускиот кралски накит. Според Министерството за внатрешни работи на Франција, крадците влегле во музејот околу 9:30 наутро, само половина час по отворањето. „Се движеа смирено, не напаѓаа никого, за неколку минути ги скршија витрините, ги собраа предметите и исчезнаа. Сè беше професионално изведено,“ изјави министерката за култура Рашида Дати за TF1. Полицијата смета дека групата користела механичка платформа – таканаречен basket lift – за да се искачи до вториот кат од југоисточната фасада. Преку прозорецот на галеријата Аполон влегле во просторијата каде што се изложени скапоцености кои датираат од XVIII и XIX век. Во акцијата учествувале најмалку четири лица. Петмина чувари биле присутни во просторот, но нападот бил толку брз и координиран што не успеале да реагираат. Крадците поминале само седум минути внатре, а потоа побегнале со два моторцикла кои ги чекале пред музејот, открива Ројтер. Меѓу осумте украдени предмети се наоѓаат дела од француското кралско наследство со непроценлива вредност. 📿 Сет на кралица Мари-Амели и кралица Ортанс (Hortense de Beauharnais) — вклучува сафирна и дијамантска тиара, огрлица и обетки, изработени од париски златари на почетокот на XIX век. 💎 Сет со смарагди и дијаманти, подарок од Наполеон Бонапарта на неговата сопруга Мари-Луиза од Австрија по нивната венчавка во 1810 година. 👑 Тиара со бисери и дијаманти на царицата Eugénie, сопруга на Наполеон III, која била меѓу највредните парчиња во колекцијата. 💠 Голем дијамантски брош во облик на панделка, исто така дел од сетот на Ежени. Еден од познатите симболи на Лувр – круната на царицата Ежени со вградени дијаманти – е меѓу ретките пронајдени предмети. Таа била пронајдена фрлена во близина на музејот, што на истражителите им сугерира дека крадците дел од пленот го оставиле во брзањето. „Овие предмети не се само накит – тие се дел од историјата на Франција,“ соопшти портпаролот на Лувр. „Нивната културна и историска вредност е поголема од која било пазарна цена.“ Француската полиција ја вклучи специјалната единица за уметнички кражби (OCBC), која претходно работела на враќање на дела од Пикасо и Моне. Експертите предупредуваат дека првите 48 часа се клучни: ако предметите не бидат лоцирани во тој период, голема е веројатноста да бидат растопени, препродадени или сокриени во приватни колекции. Ова не е првпат најпознатиот музеј на светот да стане сцена на криминална приказна. Во 1911 година, вработен во музејот ја украл „Мона Лиза“ – дело кое било пронајдено дури по две години. Во 1998 година, од една од салите била украдена слика на Жан-Батист-Камил Коро која никогаш не е вратена. Новата кражба повторно го поставува прашањето: колку е навистина безбеден музејот кој секојдневно го посетуваат околу 30.000 луѓе? Лувр веќе извесно време се соочува со преголема посетеност и недостиг на кадар. Во јуни годинава, дел од вработените штрајкуваа, барајќи подобри услови и поголема безбедност. Францускиот претседател Емануел Макрон во јули најави децениумски проект за целосна обнова на музејот, вклучувајќи и нов систем на безбедносен надзор и периметарска заштита. По вчерашниот грабеж, Министерството за култура соопшти дека ќе се забрзаат сите безбедносни инвестиции, а музејот ќе остане затворен на неодредено време додека трае истрагата. Француските медиуми го опишуваат грабежот како „удар врз националната гордост“. За многумина, накитот на кралиците и цариците не е само збирка луксузни предмети – туку симбол на историјата, моќта и уметничката изведба на една епоха. „Да се изгуби ваков предмет е како да изгубиш страница од колективната меморија,“ напиша Le Monde во својата уредничка колумна. Што следува Истрагата продолжува, со учество на специјални единици за културно наследство и меѓународна координација преку Интерпол. Музејот ќе биде делумно отворен за јавноста најрано по неколку недели, со ограничен пристап. Француската влада најави дека ќе ја зголеми безбедносната обука за сите вработени во националните музеи. Кражбата на накитот од галеријата на Аполон се случува во време кога Европа дебатира за враќање на колонијални артефакти и редефинирање на музејската етика. Парадоксално, токму симболот на француската слава стана жртва на сопствената уметничка привлечност , но и на современите безбедносни пропусти. Извори: Reuters · AP News · The Guardian · Le Monde · Time · People

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page