top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Jay-Z и неговиот адвокат ги оспоруваат обвинувањата за силување: „Ова никогаш не се случило“, Jay-Z и неговиот адвокат ги оспоруваат обвинувањата за силување: „Ова никогаш не се случило“, jay-z-и-неговиот-адвокат-ги-оспоруваат-обвинувањата-за-силување-ова-никогаш-не-се-случило

    Џеј Зи, музичката икона и еден од најуспешните претприемачи во индустријата, продолжува со одбраната од тешките обвиненија за силување кои беа поднесени против него. Адвокатот Алекс Спиро, на прес-конференција организирана од „Рок Нејшн“, ги истакна, како што рече, бројните недоследности во приказната на обвинителката. Обвинувањата и реакцијата на одбраната Џеј-Зи, чиј вистинско име е Шон Картер, и Шон „Диди“ Комбс се обвинети за силување на тогаш 13-годишно девојче на забава по доделувањето на MTV Video Music Awards во 2000 година. Обвинителката, која го поднесе случајот првично против Диди, го додаде Картер во тужбата минатата недела. Адвокатот Базби преземал случај кој е полн со недоследности На прес-конференцијата, Спиро презентираше детали кои, според него, покажуваат дека обвиненијата се неосновани. Тој посочи на несоодветности во времето и локацијата на наводниот инцидент, тврдејќи дека „ова никогаш не се случило“. „Тврдењата во тужбата не се поклопуваат со фактите,“ изјави Спиро. „Времето, локацијата и другите околности што таа ги наведува едноставно не се реални.“ Недоследности во приказната на обвинителката Спиро истакна дека: Обвинителката тврди дека нејзиниот татко патувал пет часа од Рочестер, Њујорк, за да ја земе од местото на настанот, но нејзиниот татко не се сеќава на такво патување. Забавата се наоѓала во „бела куќа со У-облик влез“, но ниту еден од имотите на Диди во тоа време не се поклопува со овој опис. Тврдењето дека таа видела „џамботрон“ пред Радио Сити Мјузик Хол во 2000 година е неосновано, бидејќи таква инсталација не постоела во тоа време. Хронологијата на настаните, според Спиро, е невозможна. „Доделувањето на наградите заврши во 23:00 часот. Обвинителката наведува дека била нападната, избегала, повикала дома и била земена пред зори. Ова едноставно не е логистички можно,“ изјави Спиро. Критика кон адвокатот на обвинителката Спиро го насочи вниманието кон адвокатот на обвинителката, Тони Базби, обвинувајќи го за експлоатација на ситуацијата: „Оваа приказна е создадена за да предизвика сензација. Овој адвокат ја искористил оваа жена,“ рече Спиро. Тој ги повика и другите познати личности кои би можеле да се најдат на мета на слични обвиненија да застанат цврсто во одбрана на вистината. Одговорот на Базби и состојбата на Џеј-Зи Базби, за негов дел, изјави дека ваквите несогласувања треба да се решаваат во судница, а не на прес-конференции. Од своја страна, Спиро откри дека Картер е „разочаран и гневен“. „Тој е гневен. Тој е гневен што вакви тврдења можат да направат пародија од системот и да одвратат вистински жртви од тоа да проговорат. Лут е што неговото семејство и деца треба да се соочат со ваква ситуација,“ рече Спиро. Што следува? Иако Спиро не даде директен одговор за потенцијална тужба за клевета против обвинителката или Базби, тој навести дека понатамошни правни чекори се можни: „Ова прашање ќе биде решено. Останете во тек.“ Со оглед на сериозноста на обвинувањата и нивното влијание врз јавната перцепција, исходот на овој случај ќе биде внимателно следен од јавноста.

  • Pink Friday 2  на Ники Минаж е милениче на критичарите, Pink Friday 2  на Ники Минаж е милениче на критичарите, pink-friday-2-на-ники-минаж-е-милениче-на-критичарите

    од Бронтез Пјурнел; Бронтез Пјурнел е американски писател, музичар, танчер и режисер со седиште во Оукленд, Калифорнија. Тој е автор на неколку наградувани книги, меѓу кои и „Бидејќи го спуштив мојот товар“ (2017), „100 момчиња“ (2022), кој освои книжевна награда Ламбда за геј фикција и панк зинот Fag School. Purnell е фронтмен на панк бендот The Younger Lovers и е основач на Brontez Purnell Dance Company. Премногу долго време, женскиот рап делуваше како самоубиствен избор на кариера. Се чини дека општата формула беше: земи ги овие млади, храбри, убави, паметни и амбициозни поетеси-девојки, накани ги да рапуваат за најгрозните срања, и моментот кога работите за кои рапуваат почнуваат да го пресликуваат нивниот јавен живот, ги подложуваат на јавен атентат на личноста. Ги читаме коментарите, срцка. Кучките се длабоко нељубезни. Жените раперки не само што мораат да туркаат опасно перо, туку и да носат психички оклоп доволно дебел за да ја преживеат сопствената озлогласеност. Кога ќе ги земеме предвид опасно високите влогови кои се во игра, круната е навистина тешка, осветена и крвава за носење. Затоа, со големо внимание се испитува животот и кариерата на единствената Ники Минаж, родена како Оника Тања Мараж (Onika Tanya Maraj), ака Чун Ли, ака Роман Золански. Секоја онтолошка приказна на суперхероите започнува со противник. Сите го гледавме видеото на младата Оника на час по глума во ЛаГуардија каде толку е соживеана со сценариото што го фрла телефонот кон друга млада актерка со таква сила што наставничката мораше да интервенира. Но, можете точно да го посочите, следново : гладот во неа. Црна, од работничка класа и родена во САД, Минаж сигурно имаше неколку културни минуси кои работеа против неа, но и́ беше судено да направи кариера од уметноста. Кога се оценува уметничката личност, тешко е вистински да се одвои автентичното јас од конструираното. Но, може да се воочи дека, во основата, младата Оника беше обучена актерка која го правеше рапот нејзината драма, а Ники Минаж беше најголемата улога од цел еден ебан живот, смислена и прилагодена само за неа. На нејзиниот петти студиски албум, Pink Friday 2, објавен на почетокот во декември, Минаж нуди нешто што изгледа како тотем. Последната деценија, и триумфална и бурна, овде кулминира со албум кој е штедлив на гласни клупски хитови, но делува лирски, автобиографски, па дури и - се осмелувам да користам многу потентен термин - експериментален? Ако го разбереме Pink Friday, првиот, како сончевиот хороскопски знак, тогаш Pink Friday 2 делува како месечевиот знак: доколку првиот ги прикажува сите замки на славата, егото и енергијата, тогаш неговото продолжение открива дека Ники се занимава со работа од сенка: возраста, мудроста, ранливоста, па дури и некакво одучување. Записот повеќе изгледа како компилација, но важна за уметникот како Ники во нејзината фаза во кариерата. Јас го споредувам со Андре 3000 кој објави плоча за џез флејта минатиот месец; понекогаш на нашите идоли им е потребна привилегија да импровизираат и експериментираат. Pink Friday 2 се чувствува како личен дневник и жива книга со скици на понекогаш фрагментирани, но сепак моќни звучни записи. Традиционалните стихови на Ники се таму, но рамката е поместена. Можеби е дури и сосема стишана? Пред да го ислушам, критиката што најмногу ја слушнав за овој албум беше дека звучи како „современ рап за возрасни“(adult contemporary rap). Што ме извади од памет, затоа што, да си ибе, сега сме возрасни, и ебено фала му на Бога што преживеавме. Има една културна амнезија што се случува околу хип-хопот - ние кои сме постари од Gen-Z се сеќаваат дека тој стана Греми категорија дури во нашето време. Тогаш, воздигнувањето на Ники во рап пантеонот се чинеше како државен удар. Во нејзината ДНК беше девојка со автентична рап моќ која сепак имаше голем удел во пејзажот на поп музиката (се сеќавате на нејзината EDM соработка од левиот центар со Дејвид Гета ( David Guetta) ?). Се сеќаваме на начинот на кој таа исто така беше малтретирана поради тоа, но во ретроспектива мислам дека тоа беше игра на моќ. Ако таа не ја ставеше виолетовата перика и не ја отпееше „Girls Just Wanna Have Fun“, моќниците ќе ги пренасочеа тие пари на бела девојка. Секогаш оптимист, Ники рече: “glue my muthafuckin’ wig down, I’m making this money.” ( „залепи ми ја ебената перика, правам пари“). Мотото? “Act hood (i.e. locally), but think globally.” ( Дејствувајте маалски (т.е. локално), но размислувајте светски“). Вајбот е наместен на нејзиниот вообичаен стил - карипски вајб , на њујоршки начин - но би можеле да го рокнете албумот на Pacific Coast автопатот, додека гледате контемплативно во брановите. Пружа отпор на фиксен локалитет, но скршнувам од темата. Во создавањето на персоната на Минаж, толку радосно создадена во пост-микстејп ерата на Ники, беше овој досега невиден интерсекциски спој на рап, поп и меѓународна денс музика, што сега е норма (сите Црни девојки EDM-уваат деновиве, но тоа е есеј за друг пат). Спој го ова со нејзината Ворхолијанска работна етика; Освен во сопствената дискографија, Минаж гостувала на 185 соработки, а нејзините стихови честопати се единственото незаборавно нешто во тие песни. Таа ни подари цел живот на клупски хитови, но, според нејзините зборови, „Кога веќе имаш победени, кој кур е трка?“ Ова е она што го прави Pink Friday 2 толкав раритет, можеби дури и историски. Она што го добиваме овде е едно од ретките и радикални размислувања на уметник кој нема многу што да изгуби, кој конечно е слободен да истражува други ноти. Дури и кога е најбавен, има нешто топло и имагинативно во резултатот. Ова е албумот кој го направи за себе и за своите обожаватели. „Adult contemporary“ звучи смешно, но сепак е зрел и софистициран. Албумот започнува со „Are You Gone Already“, многу емотивна песна, повеќе или помалку балада, и ода за двајца мажи, нејзиниот починат татко и новородениот син, кој како шлаг има и стих што е срцепарачки: You’ve already made peace with me / One day you’ll have to forgive Mommy(„Веќе сте се помири со мене / Еден ден ќе треба да и простиш на мама“). Толку е блиску до запис во личен дневник, што го поставува тонот на албумот. Како што Минаж сака да каже во нејзините Инстаграм лајвови: we gon get into some things.(ќе навлеземе во некои работи) „Needle“, со нејзиниот долгогодишен пријател Дрејк, изгледа како весел и забавен B-Side, дава карипски вајбови, како освежителната музика во наргиле баровите, што ја пуштаат пред затворање. Но, да се разбереме. Еден од моите лични фаворити на плочата, „Bham Bham“, ја прикажува Ники во режим на комплетно курчење на ѕверски начин: We don’t like them bitches, pussy tight and vicious, hit them likes to lick this („Не ги сакаме кучките,со тесни пичиња и крволочни, удри ги сакаат да лижат“) толку убаво се тркала од нејзиниот јазик, во нејзината препознатлива каденца, што е речиси враќање на нејзините микстејп денови. Но, тогаш, срањево стварно станува чудно. Две песни на албумот колку што се возбудливи, толку се и збунувачки. Клупската „Everybody“ (семпл земен од Jr. Sr., електроклеш бенд со кој сум бил на турнеја во минатото) изгледа како да скокнала од проклето нигде-никаде што е речиси како удар од позади за сите кул клинци што се забавуваа во 2002 година. исто така го поставува тонот на „Last Time I Saw You“, водечкиот сингл што изгледа како електроклеш инди-поп песна од ерата на 00-тите. Тоа е навистина извонредно, и тоа е песната што ме натера да ја пуштам одново. Само времето ќе покаже каков ќе стане Pink Friday 2. Во однос на лозата, тоа е опуштена, но опсервациона понуда од уметник што нè воодушевува веќе две децении и конечно успеа да направи нешто по нејзин мерак. Има еден вид лична оправданост за тоа, како да е објавен љубовен плод. А ние, Барби фановите, љубезно го прифаќаме. извор: The Interview Magazine; фотографија: Torso;

  • Најпрестижната Прицкер награда за архитектура оди на Diebedo Francis Kere, Најпрестижната Прицкер награда за архитектура оди на Diebedo Francis Kere, најпрестижната-прицкер-награда-за-архитектура-оди-на-diebedo-francis-kere

    Нема да лажеме дека и покрај се́ - бев шокирана кога слушнав дека на состанokoт во месната заедница во Влае, на насобраните граѓани жена го одбранила градоначалникот со зборовите: живеете во град! Ако не ви се допаѓаат неговите процеси одете на друго место! Тоа е точно тип на работа што би кажал некој што е од „друго место„ како го замислува градот: немилосрдна бетонизација. Градот, во своите најсовршени форми е прилагоден на човекот и околината ..Почнавме да бараме инспирација во антропологија на архитектурата но таа потрага заврши кога пред некој саат излезе веста: Прицкер наградата за архитектура отиде на првиот црнец кој некогаш ја добил : Франсис Кебе од Буркина Фасо. Еве зошто е битен за нас: За многу архитекти, да се одликува со награди е задолжително отскочна штица за попрестижни комисии. И нема поголема награда од годишната награда за архитектура Прицкер. За архитектурата е она што е Нобеловата награда за литературата. Денеска беше објавено дека Прицкеровата награда за 2022 година му е доделена на 56-годишниот архитект Дибедо Френсис Кере. Со оваа награда, архитектот роден во Буркина Фасо ќе добие 100.000 долари и бронзен медал. Кере вработува голем број граѓани на Буркинабе (во 2020 година, неговата земја беше рангирана на 20-то место во светот по најнизок БДП по глава на жител) со работни места во столарија, заварување, изработка на тули, ѕидање и сликарство, обезбедувајќи локалната заедница да има поголема корист од неговите проекти како и посетителите. „Нормално со јавните објекти овде, никој не се грижи за нив“, рече Кере за Architectural digest во 2014 година, во врска со структурите во неговата матична земја. „Но, луѓето се посветени на овие проекти, се чувствуваат поврзани со нив. И ако нешто се случи, тие можат да ги поправат“. Кере е роден во 1965 година во Гандо, Буркина Фасо, како најстар син на селскиот поглавар каде што пораснал без струја или пристап до чиста вода за пиење. Тој се преселил на млада возраст за да стане единственото дете во неговото семејство што посетувало училиште. Дваесет години подоцна, Кере се преселил во Германија, каде што на крајот студирал на Техничкиот универзитет во Берлин и дипломирал во 2004 година со диплома по архитектура. По завршувањето на своето образование, Кере можеше лесно да го направи она што го направија толку многу архитекти пред него: остана во Европа за да се фокусира на облакодери, музеи и други профитабилни граѓански згради. Но, Кере избра поинаков пат. Тој се врати во Буркина Фасо, каде што процвета со обезбедување на својата заедница со многу потребна инфраструктура. По успехот во неговата родна земја, архитектот ја отвори својата фирма Kéré Architecture во 2005 година, со канцеларии во Берлин и Буркина Фасо. Дизајните на овогодинешниот лауреат се протегаат од кампусот „Startup Lions“ во Кенија (кој беше прогласен за „Чудото на чудата од 2022 година од АД) до серија единици за домување на наставници во Буркина Фасо. Она што ги поврзува овие две архитектонски дела е употребата на Кере на автохтони материјали, особено глина, која ја користел за правење дебели ѕидови. Оваа древна техника одржува свежа внатрешна температура во делови од Африка каде температурите често достигнуваат 45 степени целзиусови. Но, не само на неговиот роден континент, архитектот постигна успех. Во 2017 година, Кере го дизајнираше лондонскиот Serpentine Pavilion. Две години подоцна, архитектот ја завршил својата прва постојана градба во Америка со павилјон од борови трупци (направени од мртви дрвја) во руралното Fishtail, Монтана. Архитектурата, објаснува Кере, во основа е општествен процес - особено во посиромашните и помалку развиените региони во светот. Станува збор за интегрирање на луѓето за кои градите, правејќи ги да се чувствуваат, дека тоа е нивен проект. На овој начин тие се поистоветуваат со зградата исе гордеат со неа. „Архитектурата е многу повеќе од уметност. И тоа е многу повеќе од само градење згради“, вели архитектот Диебедо Франсис Кере од Буркина Фасо, интервјуиран од Марк-Кристоф Вагнер, во ова интервју за неговата архитектонска филозофија. Во најновото видео од каналот Луизијана, Френсис Кере со седиште во Берлин размислува за целта на архитектурата во општеството што се менува и влијанието што го врши неговата родна нација, Буркина Фасо. Во своите дела, Кере избира да работи со локални материјали - дрво и глина - иако неговите згради мора да имаат модерна артикулација. Локалната заедница многу често ги идентификува традиционалните материјали со предмодерна фаза на развој. Вклучувањето на луѓето значи да ги научиме на модерни градежни вештини, кои подоцна ќе им бидат потребни за одржување на зградата. Освен тоа, локалните материјали се идеални за соочување со климатските предизвици на регионот: глината ја задржува топлината надвор од зградата и ја стабилизира температурата внатре, што е „подобро од вештачката климатизација“, вели Кере. „Ако научиме да градиме со локални материјали, имаме иднина. Архитектурата може да донесе многу за локално општество како моето. Архитектурата ги прави луѓето горди, едноставно горди. А тоа може да генерира многу енергија“. „Преку градби кои покажуваат убавина, скромност, смелост и изум, и со интегритетот на неговата архитектура и гест, Кере грациозно ја поддржува мисијата на оваа награда“, се објаснува во официјалната изјава на Прицкеровата награда за архитектура.

  • Балконска градина за почетници: 5 чекори до тераса што мириса на лето, Балконска градина за почетници: 5 чекори до тераса што мириса на лето, balkonska-gradina-za-pocetnici-5-chekori

    Балконското градинарство не бара совршени услови, туку малку трпение, сонце и чувство за ритамот на растенијата. Од домати и босилек до нане и јагоди, ова е водич за сите што сакаат терасата полека да им стане мала урбана градина. Постои еден момент што секој човек со мала градина на терасата го памети. Најчесто е рано наутро, со кафе во рака, кога ќе излезе на балкон и ќе забележи дека нешто навистина пркнало и почнало да расте. Не купено од продавница или пазар. Не донесено во букет. Туку нешто што сам(а) го полевал(а), преместувал(а) од сонце во сенка и му ги следел(а) листовите како да чита промени во расположението. Тогаш терасата престанува да биде само тераса: прераснува во мало живо место. И не, не мора да знаете сè однапред за да почнете. Најголем дел од луѓето учат градинарство така што прво ќе направат неколку грешки. Ќе претераат со вода. Ќе сфатат дека нането има амбиција да ја освои целата саксија. Ќе спасуваат марула од јулско сонце како да е пациент на интензивна нега. Така и треба. 1. Почнете со растенија што ќе ви „простуваат“ Ако сте почетник, не почнувајте со нешто што бара прецизност како лабораториски експеримент. Чери домати, босилек, магдонос, нане и јагоди се добар почеток затоа што брзо покажуваат раст и лесно создаваат чувство дека терасата навистина живее. Чери доматите и босилекот се особено добра комбинација. И визуелно и практично. Делуваат како да припаѓаат еден до друг, медитеранско дворче пренесено на балкон. Марулата и спанаќот, пак, сакаат помирно темпо и посвежи услови, па подобро функционираат во одделни саксии. Три растенија што речиси секогаш им даваат самодоверба на почетниците: чери домати, босилек, нане. Ако овие три успеат, многу брзо ќе почнете да гледате на секој празен агол од терасата како на „место за уште една саксија“. 2. Не ја потценувајте големината на саксијата Ова е моментот кога многу луѓе сфаќаат дека растенијата имаат поголемо его отколку што изгледа на прва. Малите декоративни саксии изгледаат прекрасно првите две недели. Потоа доматот почнува да се однесува како човек кој брза дома до WC заглавен во лифт среде август. Колку повеќе простор има коренот, толку подобро ќе расте растението. Доматите особено сакаат длабоки саксии со добра дренажа. Ако водата останува заглавена на дното, коренот може да почне да скапува без веднаш да забележите. Нането е приказна за себе. Мириса прекрасно, расте брзо и делува безопасно. А потоа ќе сфатите дека сака да ја преземе целата саксија. Најдобро е да живее само. 3. Запознајте ја светлината на вашата тераса Искусните градинари често велат дека прво треба да го набљудувате балконот, па дури потоа растенијата. Каде удира најсилно сонцето? Каде има сенка попладне? Дали има ветер што ќе исуши сè за неколку часа? Патлиџанот и јагодите сакаат многу сонце. Марулата и спанаќот полесно поднесуваат делумна сенка, особено во екстремни горештини. Во скопските лета, понекогаш и растенијата изгледаат како да бараат климатизер. Малку сенка во најжешкиот дел од денот често прави огромна разлика. 4. Не ги давете растенијата со љубов Најчеста почетничка грешка е премногу вода. Ќе видите едно омалаксано ливче и веднаш ќе посегнете по цревото да наводнувате. Но растенијата не сакаат паника. Сакаат ритам. Најдобро е земјата да ја проверите со прст. Ако е уште влажна, почекајте. Ако е сува неколку сантиметри под површината, време е за полевање. Со време ќе почнете да ја разбирате разликата меѓу растение што е жедно и растение што само се изморило од сонце. Тоа е моментот кога човек навистина почнува да учи градинарство. 5. Оставете простор градината да ве изненади Не секое растение ќе успее. И тоа е дел од приказната. Ќе има босилек што ќе се навреди од промена на време. Јагода што ќе даде еден плод и ќе се однесува како да завршила огромна работа за сезоната. Или домат што драматично ќе овене, па следното утро ќе изгледа како ништо да не се случило. Но токму тука е убавината. Балконската градина не е проект за совршенство. Таа е место каде човек полека учи да забави. Да гледа. Да чека. Да се радува на нешто мало. И некако, без многу да забележите, терасата почнува да мириса на лето дури и пред навистина да дојде летото.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page