Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Лени Гелева го гледаше ,,На Запад ништо ново”, Лени Гелева го гледаше ,,На Запад ништо ново”, на-запад-ништо-ново-бескомпромисен-приказ-на-ужасите-на-војната
Еден од најдобрите филмови за вистинските ужаси и бесмисленоста на војната (покрај „Дојди и види“ „Данкирк“ и „Ивановото детство“) „На запад ништо ново“ е третиот обид да се екранизира истоимениот роман од Ерих Марија Ремарк. Претходните два филмови, своевремено, исто така беа многу успешни: верзијата од 1930-та во режија на Луис Мајлстон доби два Оскари. Телевизискот филм од 1979-та од Делберт Ман, доби Златен глобус и Еми награда. Во главната улога е Феликс Камерер, кој брилира во улогата на Пол Бојмер и ова е неговото филмско деби. Саундтракот е нетипична модерна музика компонирана од Хаушка. Пред да го гледаат овој филм, гледачите треба да го имаат на ум предупредувањето на Данте од неговото дело „Пеколот“ напишано на портите на пеколот: „ Вие што влегувате, откажете се од секоја надеж“ затоа што има многу страдање, а нема светлина на крајот на тунелот, ниту среќен крај во овој филм. Авторка: Лени Гелева.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Работилница за Stand-up Комедија со Миранда Лончар | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-stand-up-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0-%D0%BB%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%B0%D1%80?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан работилница, комедија, Миранда Лончар, КСП Центар - Јадро, Stand-up Комедија 14.11.24 г., 18:00 Стапнете на сцената подготвени! 🎤 Датум: 16 декември 2023 (сабота) 🕚 Време: 11:00 - 17:00 часот Сите кои знаат барем малку за изведбените уметности знаат дека комедијата е најтешката вештина. Stand-up комедијата е дотолку посложена бидејќи се одвива во живо, пред публика која изискува од уметникот пред нејзе многу - па затоа покрај талентот потребен е многу подготвеност и искуство (дури и најголемите стендап комичари одат на мали турнеи каде го испробуваат и подготвуваат материјалот.) Но и покрај тоа - дали сакате да застанете пред микрофонот и да го разведрите своето опкружување? Дали имате нешто смешно да кажете, ама сè уште не сте смеле да го изведете? Без гајле - работилницата за Stand-up Комедија со Миранда Лончар е точно тоа што ви треба! 🔗 Пријавете се тука: Линк за пријавување 🤔 Зошто Stand-up? Stand-up комедијата не е само забавна, туку и вештина што може да се научи бидејќи се потпира на реториката. Од КСП Центар Јадро велат „ Stand-up комедијата е жанр кој првенствено се потпира на реторичките вештини на изведувачите. Општо прифатено е дека реториката може да се научи. Во античко време, реториката била еден од главните училишни предмети. Па, ако може да се научи реторика, тогаш е можно да се научи како да се биде stand-up комичар. Сега, учењето како да се користат алатките на реториката и вештините потребни за stand-up изведба не е ниту брзо ниту претерано едноставно, но луѓето кои сакаат да го прават тоа генерално имаат голема желба, а токму оваа страст е најголемиот гарант на успехот.“ Миранда Лончар, искусна stand-up комичарка од БиХ, ќе ве научи како да ги вооружите своите реторички вештини за смеа и забава. 🎭 Што ќе научите? Техники за напишување на смешни текстови Вештини за изведба пред публика Како да ги искористите реторичките алатки за јавно говорење 📚 Подгответе се предвремено: Имате можност пред работилницата да го подготвите вашиот текст и да го испратите на менторката. Така, кога ќе стапите на сцената, ќе бидете подготвени за смеа! 🗣️ За Миранда Лончар: Миранда, израсната во Мостар, ја разбира магијата на комедијата. Нејзиниот стил вклучува блесав, ама богат со пораки, хумор. Со нејзината помош, стапнете на сцената и го изведете своето најсмешно „Здраво свету!“ Миранда Лончар (р. 1976) доаѓа од Мостар, БиХ. Таа се занимава со stand-up комедија од 2008 година, а коментарите се дека ѝ оди добро во последните неколку години. Сака глупав хумор, но сепак да има некоја порака. Ја сака секоја публика, а омилена ѝ е онаа која гласно се смее: луѓе кои ширум ја отвораат устата, неоптоварени со својот изглед во моментот на напад на смеа. Комедијата во живо е игра на заведување за двајца, така што на крајот на вечерта и публиката и изведувачот се разголуваат низ смеа. Таа блискост ја возбудува г-ѓа Лончар, барем малку, затоа што веќе со години е во брак. 🎟️ Цена: Работилницата е бесплатна, но местата се ограничени, затоа брзо се пријавете! 🔴 Бидете дел од ова искуство, смеејте се, учете и создавајте заедно! #StandUpComedy #Работилница #Комедија #Смеа #МирандаЛончар следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура



