Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Македонскиот стрип гостуваше на фестивал во Ужице, Македонскиот стрип гостуваше на фестивал во Ужице, македонскиот-стрип-бришти-на-фестивал-во-ужице
Ужице, Србија – Во светот на деветата уметност, македонските стрипаџии блеснаа со полн сјај на третото издание на стрип фестивалот „Ужички стрип сусрети“ во Ужице, Србија. Поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Томе Трајков, програмскиот координатор на Македонскиот стрип центар со седиште во Велес, беше еден од претставниците на овој настан. Повеќе: Томе Трајков успева да исплива на површина и покрај условите дома; Трајков ја искористи приликата за да ги запознае присутните со активностите и успесите на македонските стрип артисти и стрип центарот, истакнувајќи го нивното делување во интерес на македонската стрип сцена. Како врв на неговото учество, Трајков организирал изложба со дела од новата генерација македонски стрип цртачи и сценаристи. Со презентацијата на делата од реномирани и надежни стрип артисти како Славица Купенкова, Ангела Петрушевска, и Евгенија Трајковска, меѓу другите, македонскиот стрип покажа зошто важи за значаен учесник на меѓународната стрип сцена. Наведени се и важни сценаристички имиња како Ване Трајков и Александар Стеванов, кои со своето дело придонесоа кон богатството и разновидноста на изложеното. -Престојот во Ужице го искористив да присутните,преку посебна панел дискусија но и неформална комуникација , ги запознам со актуелната стрип сцена во Македонија . Се разбира дека акцент се даде и на долгогодишната работа на Стрип центарот на Македонија и делување во интерес на македонските автори, стрип групации и воопшто целокупната наша стрип сцена. На крај организирав стрип изложба од домашни автори , учесници на последниот Интернационален стрип салон во Велес , како најзначајна стрип манифестација(фестивал ) во светот на 9та уметност во Македонија. Беа изложени дела на македонски цртачи од понова генерација : Славица Купенкова, Ангела Петрушевска, Евгенија Трајковска, Матеа Аризановска, Вилма Дамњановска,Елена Апостоловска, Влера Чиче, Катерина Тери Николовска (сите од Скопје) ,потоа Методија Андоновски и Анастасија Недељковска од Куманово, Оливер Цветковски од Велес и на крај Теодора Христова и Михаела Васкоска од Битола. Како сценаристи на некои од делата беа застапени Ване Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип. Од другите гости на овој фестивал ,повеќето реномирани стрип артисти од регионот, се слушнаа доста комплименти за талентот на изложените стрип автори, и изразена подготвеност за развивање на идна меѓународна стрип соработка ..“-нагласи Трајков Ова претставува уште еден значаен чекор напред за ,,Македонскиот стрип центар” и македонската стрип сцена во целина, продолжувајќи да ги испишува страниците на глобалниот стрип наратив. Со своето учествување на фестивалот во Ужице, македонскиот стрип не само што ја зголеми својата препознатливост на меѓународно ниво, туку и потврди дека стрипот е уметност без граници, соопштувајќи пораки и емоции до широк аудиториум преку својата уникатна визуелна и наративна сила.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Во дијалог со македонски визуелни уметници: Кристина Пулејкова | diva.mk
6.12.23 г., 19:00 онлајн настан, Кристина Пулејкова, Ана Франговска, разговор, КСП Центар - Јадро Среда, 6.12.2023, почеток: 20.00 часот КСП Центар-Јадро ја продолжува својата мисија за претставување на македонската визуелна сцена со серија разговори. На 6-ти декември, среда, во 20.00 часот , ќе имате прилика да учествувате во онлајн настан каде што кураторката и историчарката на уметност, Ана Франговска , ќе води разговор со македонската визуелна уметница, Кристина Пулејкова. Серијата на разговори е насочена кон остварување на континуитет во претставувањето на македонските уметници, со цел за постигнување на поголема промоција и генерирање на дијалог на локалната уметничка сцена. Овојпат, фокусот е на Кристина Пулејкова, македонска уметничка која со своето интердисциплинарно творештво предизвикува стереотипи и ги истражува границите меѓу човекот и природата. Со историска предметност, Кристина ги обединува науката и технологијата во своето творештво. Нејзините дела, изложени во национални и меѓународни институции, го истражуваат влијанието на технологијата врз нашите меѓусебни односи и врз природата. Низ подвижни слики, звук и инсталација, таа ги изградува субјективните наративи засновани на научни принципи, обликувајќи гласови од различни перспективи, вклучувајќи ги и нечовечките гледни точки. Со диплома за магистериум по сликарство((БА + м-р) и анимација од Универзитетот за применети уметности во Виена и магистер по уметност и наука од Централ Сент Мартинс во Лондон, Кристина Пулејкова го претставува Македонското уметничко творештво во светот. Таа добила инаугуративната стипендија FLAMIN од Филм Лондон во 2017 година. Делата на Кристина се изложени/прикажани во Националната галерија, Скопје; МСУ, Скопје но и во галерии ширум Европа. Овој онлајн настан не е само можност за запознавање со творештвото на Кристина Пулејкова, туку и шанса за учество во дијалог кој го обогатува искуството на уметноста. За сите љубители на уметноста и сите оние кои сакаат да го истражат светот на визуелната уметност, овој настан е одлична прилика. Очекуваме вирутелно да се сретнеме со Кристина Пулејкова и да се впуштиме во разговор за уметност, технологија и нивната интеракција во денешното современо општество/општества. претходно следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Лени Гелева го гледаше ,,На Запад ништо ново”, Лени Гелева го гледаше ,,На Запад ништо ново”, на-запад-ништо-ново-бескомпромисен-приказ-на-ужасите-на-војната
Еден од најдобрите филмови за вистинските ужаси и бесмисленоста на војната (покрај „Дојди и види“ „Данкирк“ и „Ивановото детство“) „На запад ништо ново“ е третиот обид да се екранизира истоимениот роман од Ерих Марија Ремарк. Претходните два филмови, своевремено, исто така беа многу успешни: верзијата од 1930-та во режија на Луис Мајлстон доби два Оскари. Телевизискот филм од 1979-та од Делберт Ман, доби Златен глобус и Еми награда. Во главната улога е Феликс Камерер, кој брилира во улогата на Пол Бојмер и ова е неговото филмско деби. Саундтракот е нетипична модерна музика компонирана од Хаушка. Пред да го гледаат овој филм, гледачите треба да го имаат на ум предупредувањето на Данте од неговото дело „Пеколот“ напишано на портите на пеколот: „ Вие што влегувате, откажете се од секоја надеж“ затоа што има многу страдање, а нема светлина на крајот на тунелот, ниту среќен крај во овој филм. Авторка: Лени Гелева.




