top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Ајде малку драма: Литературни непријателства и ривалства, Ајде малку драма: Литературни непријателства и ривалства, rap-literaturni-beef-neprijatelstva

    ERICA EZEIFEDI од: Ерика Езеифеди; Од крајот на март, ги следам рап битките и непријателства каде Дрејк (Drake) се позиционираше наспроти Future, Metro Boomin и Кендрик Ламар (Kendrick Lamar). Иако на почетокот се чинеше дека е стандардна рап препирка, сепак потоа зема друга насока. Набрзо, непријателството стана само Кендрик против Дрејк, а навредите што се фрлаа беа сериозни. Меѓу другото, Кендрик ја извика тенденцијата на Дрејк да ја присвојува Црната американска култура, го обвини дека е женомразец и насилник. И Кендрик - го избриша подот со него. Никогаш досега не сум видела толку голема ѕвезда да биде симната толку брзо и толку апсолутно. Каде и да отидев на мојот тајмлајн на TikTok, гледав луѓе кои рецитираа различни делови од четирите дисови на Ламар и, за време на празникот Cinco de Mayo, беа направени толку многу видеа од луѓе кои танцуваат на „Not Like Us“, со ритамот типичен за Западниот брег лесни за цитирање, тешки удари со поенти. Вестите за непријателството стигнаа дури и до мејнстримот незасегнат со хип хоп, и сите од Њу Јорк Тајмс до The Guardian имаа што да кажат на темата. Но, каква врска има ова со литературата? Па, ако припаѓате на кампот што ги гледа музичките текстови како литература, одговорот на тоа е очигледен. За сите останати, усните традиции одат подалеку од пишаните, како за почеток, а поезијата - што е, голем дел од рапот, има ритмичен квалитет што овозможува да се зборува на глас. Боб Дилан е добитник на Нобеловата награда, а Кендрик Ламар, касап на канадски рапери, доби Пулицерова награда во 2018 година за неговиот албум DAMN. Се́ на се́, ова непријателство беше толку интересен момент во Црната американска култура и делува како пресвртница за поп-културата во целина. И покрај тоа, има и такви кои се обидоа да го минимизираат моментот. Има многу објави низ платформите на социјалните медиуми кои се обидуваат да не́ засрамат нас, кои следевме како се одвива битката, а има дури и статија во Rolling Stone која цмиздри за тоа колку е тешко да ти е гајле „за рап војна среде вистинска војна“. Како да не можеме да одиме по улица и да џвакаме мастика во исто време. Хип хопот е огромен дел од Црната американска култура, па кога ќе видам сентименти слични на овие и кога ќе се сетам како се прават напори да се зачува уметноста на другите култури во хаотични времиња (како на пример кога Гети даде 1 милион долари за да и́ помогне на Украина да складира уметност за време на војната), ги препознавам по она што се: суптилни начини да се поништи Црната американска култура. Со сето тоа кажано, битката не беше без своите проблематични моменти. На моменти, и Кендрик и Дрејк дофрлаа бодежи еден на друг, со што ја редуцираа траумата на жените и девојчињата на обични вицеви. Токму ова префрлање на грижите на црните жени во позадина и гореспоменатото поништување на Црните луѓе и нашата култура, сакав да го споменам во првите неколку книжевни непријателства што ги истакнувам. Ричард Рајт против Зора Нил Харстон Ричард беше тој што го фрли првиот книжевен удар во овој beef(сленг, непријателство) Во 1937 година, Зора Нил Харстон ја објави Their Eyes Were Watching God (Нивните очи го гледаа Бога)-што стана нејзиното најпознато дело - се објавува. И тогаш, Рајт, самиот склон кон драми се фрли среде ситуацијата. Тој напиша есеј во кој ја осудува книгата на Херстон, во суштина велејќи дека нејзиниот фокус на потрагата на главниот лик на Црната жена за самоактуелизација - што го вклучуваше и нејзиниот сексуален живот - ги зајакнува стереотипите околу Црните луѓе и промискуитетот. Тој рече дека има, „нема тема, нема порака, нема мисла. Главно, нејзиниот роман не е упатен на Црниот човек, туку на белата публика чии шовинистички вкусови знае како да ги задоволи. а „лесната сензуалност, нешто што - според него - првпат фатило корен во пишувањето на Црнците благодарение на Филис Витли, друга Црна жена и книжевна ѕвезда. Сето тоа го кажува и покрај тоа што еден од неговите најпознати романи, Native Son следи еден млад Црн маж, Бигер Томас, кој уби бела жена чие име…е избор. Да. Една година подоцна, Херстон, ситничар како и секогаш - и со право - ја прегледува првата книга на Херстон Рајт Децата на чичко Том, велејќи „Овде има раскошни убиства, можеби доволно за да ги задоволи сите машки Црни читатели“. Ауу. Оваа расправија совршено го опфаќа прашањето за сексизмот во црнечката култура и директно ја покажува потребата Кимберли Креншо да го измисли терминот „интерсекционалност“. Времето кога Херстон и Рајт беа најактивни - за време на ренесансата на Харлем - беше време кога Црните креативци се бореа да не се хранат со негативните стереотипи околу Црните луѓе и да не се изразуваат автентично. Токму оваа потреба да се спротивстави на овие негативни стереотипи ги натера некои од Црнците да се вклучат во политиката за почитување, особено - и во некои случаи, исклучиво - што се однесуваше на жените. Ова го гледаме со Ричард Рајт, кој немаше проблем со пишување книги кои содржеа негативни стереотипи, но ја повлече линијата кај Црните жени кои автентично пишуваат за нивните искуства. Тони Морисон против Бил Моjерс Ова е помалку двострано непријателство, а повеќе Мојерс како си го покажува своето лице, додека Морисон го покажува свето трпение. Кога таа беше интервјуирана од него во 1990 година, ја праша дали некогаш може да напише книга во која нема да бидат во фокус Црните луѓе. Како што споменав претходно, нејзиниот одговор беше грациозен. Сепак, осум години подоцна, таа беше прашана за интервјуто со Мојерс од Чарли Роуз, и таа објасни како прашањето на Мојерс е вкоренето во евроцентризмот и колку сосема друг-уваше. Брам Стокер против Оскар Вајлд Иако ова непријателство е лом но на сладострасен начин, исто така е тажно. Абрахам Стокер и Оскар Вајлд всушност пораснаа заедно - нивните родители беа пријатели - и заедно отидоа на колеџ. Се вели и дека биле многу блиску. Толку блиски, всушност, што дури и́ се додворуваа на истата жена, популарната Флоренс Балкомб. Ова е делумно точката каде што започна непријателството. На почетокот, Вајлд и неговата примамлива накинџуреност го привлекоа вниманието на Балкомб, но потоа Стокер ја запроси - прилично скандалозно - и таа на крајот се омажи за примерниот Стокер. Подоцна, кога Вајлд беше испратен во затвор на две години поради тоа што бил квир, Стокер почнал да работи на Дракула. Писателот на Book Riot (Книжен бунт), Тика Витери забележа како Стокер го опишува ликот Дракула на ист начин како Вајлд е опишан од јавноста. И двајцата се опишани како „прејадени пијавици“ и ги претставуваат се́ што е зло и лошо во општеството. Салман Ружди против Џон Апдајк Во 2006 година, Џон Апдајк напиша рецензија за Шалимар кловнот од Салман Ружди, и имаше мисли.Поточно, за изборот на името, од страна на Ружди за еден од ликовите на книгата. Тој праша: „Зошто, ох зошто, Салман Ружди, во својот нов роман,Шалимар кловнот, нарече еден од неговите главни ликови Максимилијан Офулс? Читателите на оваа рецензија ќе бидат поштедени, на начин на кој што не беше рецензентот, од налудничавата вежба во обидот да го преклопи Офулс на Ружди со историскиот. Тие двајца немаат никаква врска еден со друг, освен во името и перипатетичкиот живот“. Потоа, Ружди, со сета своја ситничавост, одговори: „Зошто, ох зошто. . . ?’ Па, зошто да не? Некаде во Лас Вегас веројатно има машка проститутка наречена „Џон Апдајк“. Господине Ружди! Продолжувајќи, тој рече: „Она што најмногу ме разочара кај Апдајк е тоа што во својата рецензија тој не спомена дека штотуку завршил роман за тероризмот. Мораше да ме исфрли од видното поле, за да си направи простор. Не сум во линија на претежно англиското восхитување на Апдајк... Тој треба да остане во своето парохиско соседство и да пишува за размнување со сопруги, бидејќи тоа е она што може да го направи“. „Изгледаше како навистина да бил претепан, како да го претепала мексиканската полиција“. Габриел Гарсија Маркез vs. Марио Варгас Љоса Ова е непријателство како од реалношоу. Варгас Љоса ја изневерил сопругата со шведска стјуардеса. Потоа Патриша, неговата сопруга, оди кај најдобриот пријател на Варгас Љоса, Гарсија Маркез, за ​​совет. Тој предлага развод...а можеби и нешто друго. Одреден вид нешто друго што води до тоа Варгас Љоса да спопука Гарсија Маркез следниот пат кога ќе го види во Мексико Сити во 1976 година. Еден ден подоцна, Гарсија Маркез и неговата сопруга Мерцедес одат кај нивниот пријател Родриго Моја и Гарсија Маркез бара од него да ја фотографира неговата модрица. Моја рече: „Изгледаше како навистина да бил претепан, како да бил претепан од мексиканската полиција“. Цел хаос. Верувајте ми кога велам дека има многу повеќе книжевни непријателства- како онаа помеѓу Колсон Вајтхед и Ричард Форд (се работи за плукање!), и Ернест Хемингвеј и, како и сите негови современици - но се надевам дека мојот мал излет во литературниот скандал можњ да ги засити најлом аглите на вашите срца.

  • Бурни реакции по повод првиот МПЦ-ОА протест, Бурни реакции по повод првиот МПЦ-ОА протест, бурни-реакции-по-повод-првиот-мпц-оа-протест

    Господин Господин Стефан направи потег кој е без преседан во нејзината кревка историја - повика на протест МПЦ-ОА тргна во организација на протестот, но и нејзините сателити... Отец Пимен иако звучи помалку комично заземајќи ја позицијата на жртва - а претставник и член во една од најгломазните институции на моќ, сепак ќе го прашаме: зошто како жртви до сега не организирале протести? Што се сменило? Добрите познавачи на трансродовата проблематика се чудат што тргнало по зло, Катица, каде и кога залутала... Колумните на Ирена Цветковиќ „МПЦ, извинете што постоиме“ и Ана Василевска „МПЦ се плаши од Вирџинија Вулф“ беа меѓу најсилните и солидни гласови кои дојдоа како реакција на протестот на МПЦ-Охридска Архиепископија против владата на Р.С,Македонија ... И разбирливо дека наидоа на одговори со одобрување... И тоа не е се́.... nobody expects the spanish inquisition!

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Летечки пекинезери ги освежуваат џез вибрациите во Лабораториум | diva.mk

    23.2.24 г., 20:00 Летечки пекинезери, концерт, лабораториум, ПМГ џез, секој петок Laboratorium, Bulevar Kliment Ohridski, Skopje, North Macedonia Скопје, Македонија – Во срцето на скопската џез сцена, PMG Jazz Klub, со бендот Летечки пекинезери ќе ги претстави своите најнови музички амбиции во петокот вечер во веќе култниот простор на Лабораториум. Познати по својата свинг-џез основа и виртуозно музицирање, пекинезерите ветуваат незаборавно музичко искуство исполнето со оригинални композиции и свеж звук. Формирани во 2004 година, Летечки пекинезери ги поместуваат границите на традиционалниот џез и веќе со деценија и пол се еден од водечките современи македонски џез состави. https://www.youtube.com/watch?v=F6YQ6-wFpPI Основачите Бојан Петков-Шамба (гитара) и Иво Солдатовиќ-Сол (кларинет) се стожерите на бендот, а нивната креативност во создавањето на оригинални теми е веќе добро позната сред љубителите на овој жанр.Заедно со нив, на сцената ќе настапат и испробаните членови на бендот Петар Христов (тенор-саксофон), Кирил Туфекчиевски (двоен бас) и Славчо Коцев (тапани). Секој од нив внесува посебен печат во музиката, создавајќи уникатен музички идентитет кој е лесно препознатлив и широко ценет.Откако минатата година успешно ги претставија своите авторски дела на јавноста, сега ветуваат дека ќе ја продолжат својата музичка експлорација, обеќавајќи нови музички правци и свежи интерпретации. Концертот е извонредна можност за сите обожаватели на џез музиката да ја искусат динамиката и иновативноста на овој бенд. Најавениот настан е дел од серијата концерти кои PMG Jazz Klub ги организира, со цел да ја промовира и поддржи локалната џез сцена. Клубот, кој е познат по својата посветеност кон откривањето и презентирањето на неоткриени таленти и на легендарни имиња, останува верен на својата мисија да нуди врвен џез на своите посетители. PMG JAZZ KLUB продолжува со својата серија концерти во Лабораториум. Овој ПЕТОК ќе уживаме во музиката ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ, без двоумење еден од водечките современи македонски џез бендови. Свинг-џез квинтет формиран во Скопје, во 2004 година, Летечки пекинезери е бенд со огромен репертоар оригинални теми, a за создавање на репертоарот, најмногу се ангажирале основачите на бендот, Бојан Петков-Шамба (гитара) и Иво Солдатовиќ-Сол (кларинет). Останати членови на бендот се: Петар Христов, тенор-саксофон, Кирил Туфекчиевски, двоен бас и Славчо Коцев, тапани. Пекинезери деновиве пробиваат нови правци на нивните музички интереси, па се чини ова е извонредна можност да се запознаеме со актуелните интереси на бендот. Концертот ќе се одржи во петокот вечер во Лабораториум, а влезот е слободен за сите љубители на квалитетната музика. За повеќе информации, љубителите на џезот можат да ја посетат веб-страницата pmgrecordings.com или да го следат PMG Jazz Klub на социјалните мрежи . Не пропуштајте ја уникатната прилика да ги чуете Летечки пекинезери и да уживате во нивните нови и оригинални интерпретации, кои сигурно ќе ги раздвижат вашите музички сетила - а и вие со нив. претходно следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура РАЗГОВОРИ 1 2 razgovori pogovori conversations Milk of dreams

  • Били Корган од Smashing Pumpkins со нов поткаст – The Magnificent Others, Били Корган од Smashing Pumpkins со нов поткаст – The Magnificent Others, били-корган-од-smashing-pumpkins-со-нов-поткаст-the-magnificent-others

    Доколку сте љубители на рок легенди, неочекувани приказни и длабоки разговори, тогаш новиот поткаст на Billy Corgan – The Magnificent Others – е нешто што веројатно ќе ви биде интересно да го слушнете. Легендарниот фронтмен на The Smashing Pumpkins, Billy Corgan, неодамна го лансираше својот нов поткаст The Magnificent Others, каде што води искрени и длабоки разговори со музички и културни икони. Поткастот, продуциран од Club Random Studios на Bill Maher, се емитува секоја среда и веќе привлекува големо внимание. Интервјуа со внимателно избрани гости Во The Magnificent Others, Корган зборува со личности кои биле погрешно сфатени, потценети или кои не добиле доволно признание. За разлика од традиционалните интервјуа каде гостите често зборуваат за свои нови проекти, тој инсистира на автентични разговори. „Сакам да ги славам луѓето што културата ги игнорира или погрешно ги интерпретира. Не сакам да правам интервјуа каде што ПР агенти ќе ни испраќаат гости за промоција на нешто. Секој гостин го бирам внимателно“, вели Корган во интервју за NME. Досегашни гости во подкастот беа Gene Simmons (KISS), Tom Morello (Rage Against The Machine) и Adam Jones (Tool), Шерон Озборн, а во една од епизодите Dale Bozzio (Missing Persons) открива детали кои никогаш досега не ги споделила во јавноста. Нова перспектива од рок-легендата Корган, кој со децении бил на другата страна на новинарските интервјуа, вели дека сака да разговара како музичар со музичари. „Не сум фанбој, не сум ни класичен новинар. Но, сакам да разберам зошто некој донел одредена музичка одлука. Сакам разговорите да бидат автентични, не само за публиката, туку и за мене“, истакнува тој. Во една од првите епизоди, разговорот со Gene Simmons открива нова перспектива за неговото имигрантско потекло и како тоа влијаело на неговата кариера. Каде да го слушате? Поткастот The Magnificent Others излегува секоја среда и е достапен на Spotify, Apple Podcasts и YouTube. Со гостувања на икони кои ја обликувале музичката индустрија, овој поткаст брзо станува еден од најинтересните во својата категорија.

  • Jay-Z и неговиот адвокат ги оспоруваат обвинувањата за силување: „Ова никогаш не се случило“, Jay-Z и неговиот адвокат ги оспоруваат обвинувањата за силување: „Ова никогаш не се случило“, jay-z-и-неговиот-адвокат-ги-оспоруваат-обвинувањата-за-силување-ова-никогаш-не-се-случило

    Џеј Зи, музичката икона и еден од најуспешните претприемачи во индустријата, продолжува со одбраната од тешките обвиненија за силување кои беа поднесени против него. Адвокатот Алекс Спиро, на прес-конференција организирана од „Рок Нејшн“, ги истакна, како што рече, бројните недоследности во приказната на обвинителката. Обвинувањата и реакцијата на одбраната Џеј-Зи, чиј вистинско име е Шон Картер, и Шон „Диди“ Комбс се обвинети за силување на тогаш 13-годишно девојче на забава по доделувањето на MTV Video Music Awards во 2000 година. Обвинителката, која го поднесе случајот првично против Диди, го додаде Картер во тужбата минатата недела. Адвокатот Базби преземал случај кој е полн со недоследности На прес-конференцијата, Спиро презентираше детали кои, според него, покажуваат дека обвиненијата се неосновани. Тој посочи на несоодветности во времето и локацијата на наводниот инцидент, тврдејќи дека „ова никогаш не се случило“. „Тврдењата во тужбата не се поклопуваат со фактите,“ изјави Спиро. „Времето, локацијата и другите околности што таа ги наведува едноставно не се реални.“ Недоследности во приказната на обвинителката Спиро истакна дека: Обвинителката тврди дека нејзиниот татко патувал пет часа од Рочестер, Њујорк, за да ја земе од местото на настанот, но нејзиниот татко не се сеќава на такво патување. Забавата се наоѓала во „бела куќа со У-облик влез“, но ниту еден од имотите на Диди во тоа време не се поклопува со овој опис. Тврдењето дека таа видела „џамботрон“ пред Радио Сити Мјузик Хол во 2000 година е неосновано, бидејќи таква инсталација не постоела во тоа време. Хронологијата на настаните, според Спиро, е невозможна. „Доделувањето на наградите заврши во 23:00 часот. Обвинителката наведува дека била нападната, избегала, повикала дома и била земена пред зори. Ова едноставно не е логистички можно,“ изјави Спиро. Критика кон адвокатот на обвинителката Спиро го насочи вниманието кон адвокатот на обвинителката, Тони Базби, обвинувајќи го за експлоатација на ситуацијата: „Оваа приказна е создадена за да предизвика сензација. Овој адвокат ја искористил оваа жена,“ рече Спиро. Тој ги повика и другите познати личности кои би можеле да се најдат на мета на слични обвиненија да застанат цврсто во одбрана на вистината. Одговорот на Базби и состојбата на Џеј-Зи Базби, за негов дел, изјави дека ваквите несогласувања треба да се решаваат во судница, а не на прес-конференции. Од своја страна, Спиро откри дека Картер е „разочаран и гневен“. „Тој е гневен. Тој е гневен што вакви тврдења можат да направат пародија од системот и да одвратат вистински жртви од тоа да проговорат. Лут е што неговото семејство и деца треба да се соочат со ваква ситуација,“ рече Спиро. Што следува? Иако Спиро не даде директен одговор за потенцијална тужба за клевета против обвинителката или Базби, тој навести дека понатамошни правни чекори се можни: „Ова прашање ќе биде решено. Останете во тек.“ Со оглед на сериозноста на обвинувањата и нивното влијание врз јавната перцепција, исходот на овој случај ќе биде внимателно следен од јавноста.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page