Резултати од пребарување
5233 results found with an empty search
- Радозен Фест: Чекор кон радоЗно заедништво | diva.mk
26.1.24 г., во 17:45 Радозен фестивал, буква Church of Saint Constantine and Helena, Skopje, North Macedonia Скопје, 26 Јануари 2024 - Во свет каде што често се нагласува темното и тешкото, настаните како Радозен Фест се не само добредојдени туку и неопходни. Со замисла да стане нешто повеќе од обичен фестивал, малку во Скопје, повеќе во Охрид овој настан ја објединува креативноста, танцувањето, пишувањето, и здравите навики во едно. Во срцето на фестивалот Фестивалот се одвива во кафе книжарницата Буква , место кое е посебно со својата удобност и атмосфера. Од 18:45, посетителите ќе бидат пречекани... Програмата: разнообразност на доживувања Фестивалот подготвил разнообразна програма, во која што секој посетител ќе најде нешто што го одбира. Од документарни филмови, поетски изведби, слем перформанси, и концерти, секој дел од програмата е креиран за да придонесе кон остварување на вистинската радозност. Специјални Гости: Cacao Potentia и Далвина Освежувањето на овој настан е гарантирано со специјалните гости, Cacao Potentia и Далвина. Сите посетители ќе имаат можност да ги искусат необичните вкусови на какаото и виното. Организатор: Радио Радосно Драчево Организатор на овој настан е Радио Радосно Драчево , кое со својата креативност и посветеност кон позитивниот дух, создава платформа за доживување на среќа и веселба. Повеќе за настанот: на нивниот Фејсбук настан. претходно следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Март низ град, Март низ град, mart-niz-grad
Оваа недела, Скопје и Битола ќе бидат домаќини на серија на интимни и инспиративни културни настани кои ќе го збогатат уметничкото платно на Македонија. Од иновативни музички промоции до изложби и маршеви за правата на трансродовите лица, овие настани го покажуваат динамичниот и разнолик карактер на градската културна сцена. Оваа недела е исполнета со разновидни настани и случувања; од музички спектакли и уметнички изложби, до промоции и акции за важни заеднички цели,. Неделата започна со магична вечер во Beverly Hills, каде што Transmarginal оствари промоција на својот албум "Transmarginal Beverly Hills (Live at JaZzy)". Во пресрет на оваа неодолива музичка одисеја, JazZy беше претворена во трансформативен простор каде што талентот на Филип Букршлиев, Константин Хаџи Коцев и Нинослав Спировски се споија во џез магија. Оваа ноќ на жива музика беше во чест на Мирко Попов. Во Галерија Пионери, уметноста замина на сосема друго ниво со отворањето на изложбата "A Fancy Evening Affair". Овој настан не само што ни дозволи да ги разгледаме искуствата на талентирани уметници како Лусиана Ампева, Мила Добревска, Ана Јовановска и Ана В’чкова, туку и да го запознаеме длабокиот свет на нивната креативност. Со своите различни техники и стилови, нивните дела не само што го збогатуваат уметничкиот пејзаж на градот, туку и отвораат прозорец кон нови уметнички искуства. Се издвоија и два музички настани кои ја оживеаа градската сцена со својата енергија и разновидност. Haexler ќе ги почестат фановите на екстремната музика со својот брз ритам и сурови вокали, додека Luke Levin со својата иновативност и спојка на стилови ќе ја претстави својата уникатна интерпретација на металот. Овие настани не само претставуваат разнообразност во музичката понуда на градот, туку и го обогатуваат и прославуваат различни стилови и изрази. Сепак, еден од најважните настани на неделата ќе биде петтиот Марш за видливост на трансродовите лица во Скопје, организиран од Граѓанската иницијатива ТрансФормА и поддржувачите на транс заедницата. Овој марш не само што ќе ја подигне свеста за предизвиците и борбите на трансродовите лица, туку и ќе ја истакне важноста на видливоста и инклузијата во општеството. Со секој чекор напред, оваа иницијатива продолжува да ги поддржува и брани правата на трансродовите лица и да се бори со стереотипите и предрасудите. Корнечно промоцијата на првата винил компилација на современата поп продукција од младите македонски музичари во Лабораториум претставува уште еден момент за славење на креативноста и иновацијата во македонската музичка сцена. Со оваа промоција, ги прославуваме и го почитуваме наследството на Мирко Попов, чие присуство и влијание се и те како живи во срцата и душите на многу. Неговата предаденост кон комуникацијата и поддршката кон младите ја продолжуваат неговата легенда. Оваа недела беше еден мозаик на културни и социјални настани кои го обогатија и оживеаја градот, претставувајќи го во неговата најживописна и разновидна слика. - Датум: 27 март, 2024 - Настан: Интимната промоција на албумот "Transmarginal Beverly Hills (Live at JaZzy)" - Место: JaZzy Music Venue, Беверли Хилс - Учесници: Филип Букршлиев, Константин Хаџи Коцев, Нинослав Спировски - Организација: Зафир Шуманов - Дополнителни детали: Снимање на албумот - Михаил Стојанов, Филип Букршлиев, Фотографија и дизајн - Ѓорче Ставрески Клик за повеќе>>> Музичка Одисеја во Beverly Hills - Датум: 28 март, 2024 - Настан: Изложба "A Fancy Evening Affair" - Место: Галерија Пионери, Скопје - Учесници: Лусиана Ампева, Мила Добревска, Ана Јовановска, Ана В’чкова - Организ Отмена Вечерна Афера - Датум: Неопределен - Настан: Концерти на Haexler и Luke Levin - Место: Битола - Особености: Слободен влез, можност за донација, разновидност на музички жанрови Грајндкор во Битола - Датум: 29 март, 2024 - Настан: Петти Марш за Видливост на Трансродовите Лица - Место: Старт пред Владата на Република Северна Македонија, завршува пред Собранието, Скопје - Слоган: "МАРШИРАМЕ ХРАБРО – 5 години видливост" - Организација: Граѓанската иницијатива ТрансФормА Марш за Видливост на Трансродовите Лица - Датум: 29 март, 2024 - Настан: Промоција на ПОП компилацијата на современа поп музика и сеќавање на Мирко. - Место:Лабораториум - Организација: Силата ЕУ младите. Во чест на Мирко Попов одиме понатаму: во Лабораториум!
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Нирвана, Нирвана, нирвана
од Ханиф Курејши; Сачин беше отсутен неколку недели, и кога се врати потскокнувајќи во куќата, се чини дека пораснал. Како семејство никогаш не сме биле огромни; Трејси и јас сме отприлика иста висина, пет стапки, 6 инчи (1.66м). Сачин носи дебели чевли, но се чини и дека станал поширок. Бидејќи е близнак, можам да го споредам со брат му, и тој исто така се чини дека станал покрупен но и повисок. Сончев зимски ден, и излегуваме од дома во Шепередс Буш Роуд, јас со мојата моторизирана инвалидска количка. Како што го поминуваме Ле Ситрон, француски ресторан - поранешното озлогласено Кафе Руж каде што можев да бидам виден како се врткам секоја вечер со пријателите - и двајцата сме погодени од истото сеќавање. Пред околу една година, Трејси и Карло гледаа документарен филм за бендот Нирвана и нивната прва турнеја во Лондон. Бендот ја имаше таа среќа да престојува во неугледниот мотел на Шепердс Буш Роуд, и беа снимени како се зезаат надвор од Руж. Продуцентот на документарецот сега се врати на сцената, снимајќи го Шепердс Буш Роуд како што е денес. Случајно, тие го снимија Сачин како се пробива во етаблирачки кадар, а јас како клечам на вратата на Ле Ситрон, подготвен да скокнам кон него. Бидејќи јас сум сеприсутен во околината, Трејси и Карло всушност напола очекуваа да ме видат - и така и се случи, и плачеа од смеа. Тешко е да не помислиш на ова, како Сачин и јас се движиме по улицата, но после неколку јарди, станувам повеќе загрижен дека тротоарот е нерамен. Доколку сте во инвалидска количка од скоро, ќе ви биде јасно за прв пат во вашиот живот за точната природа на тротоарите по кои се движиш. Поблизу си до земјата од било кога порано, и секоја испакнатина ќе продира низ тебе со удар. Работите се подобруваат кога стигнавме во Шепердс Буш Грин, каде што земјата е помазна. Наскоро сме кај мојот бербер каде што груб човек во инвалидска количка се лизна блиску до мене и почна да се восхитува на мојата количка, и истакнувајќи ги нејзините одлики со завист и прашува од каде ја имам земено. Објаснувам дека е најдоброто од Јавното здравство. Помина повеќе од една година откако ме има шишано мојот константен бербер, Македонецот Лула кој сметам дека ги има рацете на Микеланџело. Нашето семејство го знае петнаесет години, откако беше поставен во шупа која протекува веднаш до бензинската пумпа на Голдхак Роуд. Лула, всушност, му ја направи првата возрасна фризура на Киер, и момчињата и јас се бричевме таму. Сега, Лула има два салони и ресторан во близина, како и постојан загрижен поглед на неговото лице. Сачин ми помага да го прејдам прагот во берберницата, каде што има простор кој е ослободен за мојатаколичка. Киер, мојот најмлад син, ни се придружува. Олеснување е што се враќам да правам нормални работи, во редовен ден, во моето маало. Честопати сите четворица одевме заедно на бербер; озборувавме, слушавме музика, се расправавме околу тоа кој ќе се шиша прв и се обидувавме да избегнеме еден од новите регрути на Лула кој неизбежно ќе ви дадеше фризура на „српски силувач“. За време на Ковид, кога не ни беше дозволено да се дружиме момчињата и јас моравме потајно да се шишаме. Ќе се сретневме позади зградата на Лула проаѓајќи покрај анонимна врата, покрај неколку влажни коридори, и во соба која никогаш не сме ја виделе, без прозорци. Ќе седневме пред минијатурно огледалце со големина на екран на ајфон, осветлени од една единствена светилка. Лула ќе почнеше да работи со неговите ножици. Делуваше како да сме дел од некое нелегално движење на отпор, или како да се одвиваше дилање на дрога. Сега, гледајќи надвор од прозорите кон Грин, гледам некого кој го препознава. Тоа е таткото на пријателите на Киер. Кога Киер беше во основно школо, дојде дома еден ден, откако играше со синот на овој човек и ни објави дека станал Муслиман. Го најдов на неговите колена, како се моли пред телевизорот, и не́ замоли нас, неговите родители, да ја почитуваме неговата конверзија. Практикувањето на оваа негова нова религија траеше неколкумина денови. Јас бев апсолутно гневен и сакав да отидам кај човеков и да го измавам прописно. За среќа, Киер набрзо се откажа од неговите религиозни практики и продолжи да гледа ТВ и да јаде бомбони во неговото слободно време како што правеше претходно. Сега го прашувам зошто се конвертираше и ми кажа дека сакал да биде како другите деца во одделението. Не сакал да биде изоставен. Му кажувам нема ништо лошо во тоа да бидеш изоставен, всушност може да биде луксуз, задоволство и форма на само-определување во кое можеш да се насладуваш. Сачин, Киер и јас на сонцето, го проаѓаме Грин, и назад во Шепердс Буш Роуд. Беше прекрасен ден.




