Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Под лектира: совети и стратегии за уметникот како трговец поединец, Под лектира: совети и стратегии за уметникот како трговец поединец, под-лектира-совети-и-стратегии-за-уметникот-како-трговец-поединец
Кога по прв пат слушнавме дека уметниците ќе ја населат графата „трговец-поединец“ реакциите беа поделени во две категории: индигнација - оние кои сметаа дека таа квалификација е вулгарна и омаловажувачка; и оние кои сметаа дека неинформираноста и трапавоста е комична а и загриженост. Но ние следејќи ја логиката на Западните уметници кои капитализмот се обидуваат да го стават во функција на својата уметност, на кои слично во еден момент им се уклучи светло во главата кое прашува „чекај, па оваа игра можам и јас да ја играм!“) , конечно ја сфативме логиката (можеби се работи делумно за случајност, повеќе отколку промисленост?) позади оваа поставеност. "Financial freedom my only hope Fuck livin' rich and dyin' broke I bought some artwork for one million Two years later, that shit worth two million Few years later, that shit worth eight million I can't wait to give this shit to my children Y'all think it's bougie, I'm like, it's fine But I'm tryin' to give you a million dollars worth of game for $9.99 I turned that 2 to a 4, 4 to an 8 I turned my life into a nice first week release date Y'all out here still takin' advances, huh? Me and my ni***s takin' real chances, uh Y'all on the 'Gram holdin' money to your ear There's a disconnect, we don't call that money over here, yeah" - Story of O.J.; Jay Z. Фактот дека помладите генерации природно се сместија во таа логика на нештата исто така помогна, но како и да е: Па затоа, во морето од поткасти, најдовме три- за почеток - кои ќе им помогнат на креативците и уметниците да ги пофаќаат конците во трговскиот аспект на нивните кариери. Овие поткасти обезбедуваат проникливи совети, искуства и можат да бидат водичи кои ги знаат сите патеки и лавиринти на уметничката кариера. Доколку сте посветени да не станете стереотипот „изгладнет уметник“ продолжете со читање, и почнете со слушање: 1. Beyond the Studio Поткаст за работата што се одвива зад сцената на визуелните уметници и креаторите/творците. Никол Мјулер(Nicole Mueller) и Аманда Адамс(Amanda Adams), две уметнички души кои се запознале во Институтот за уметност на Мериленд во Балтимор, споделуваат искуства и совети за поддршка и одржување на самите себе и на вашата креативност. Поткастот има за цел да ги истражи предизвиците и успесите на уметниците и да отвора длабоки разговори со деловни експерти за она што подразбира работа на уметниците. Како уметници, Никол и Аманда се познати како снаодливи, издржливи и амбициозни уметници. Тие сакаат да споделат како другите уметници ги поврзуваат точките во нивните практики и го осмислуваат и демистифицираат процесот. Епизода за вовед: Justin Anthony talks Business Fundamentals, Standing Out to Collectors, and Protecting the Legacy of Your Work Creative Pep Talk Водителот Енди Џ. Милер (Andy J. Miller) ентузијастично ги прашува своите слушатели: : „Дали сакате да научите како да заработите добро, правејќи одлична уметност? Ако вашиот одговор е да, тогаш овој поткаст е за вас. “ (А каков ако не ентузијастичен водител за разговор кој ќе ве трзне од летаргија - рep тalk? ) Обработува теми низ епизодите од „како да се изборите со вашиот креативен блок“ до одлични совети за тоа како да се претставите на социјалните медиуми - и да не се потценувате, во најбуквална смисла на зборот. Без разлика во кое креативно поле работите, Енди е тука да ви помогне да го откриете вашиот талент, да го развиете и да го поврзете со публиката на која и́ е најпотребен. Воведна епизода: How to Drown Out the Noise and Find Your Creative Pulse Again( Како да ја исклучите вревата и повторно да го пронајдете вашиот креативен пулс.) The Savvy Painter Рангиран меѓу најдобрите 30 едукативни поткасти во светот (и со повеќе од 840 оценки од пет ѕвезди низ светот) подкастот Savvy Painter прави повеќе отколку само давање инспирација. Слушнете разговори со врвни уметници, автори и визионери кои ги споделуваат своите сознанија, детали кои имаат клучно значење за нивниот креативен процес и што навистина се случува зад сцената. Она што ни се допаѓа во поткастот е - чувството на заедницата. Како што признава водителот Антрис Вуд, „Уметниците поминуваат огромно време сами во нивните студија. Лесно им е да поверуваат дека нивните проблеми се уникатни, а всушност не се. За среќа, други биле во таа ситуација претходно, и со споделување на овие приказни со други уметници, сите ние победуваме“. Savvy Painter не е само подкаст, тој е заедница од илјадници каде што можете да слушате заедно, да учите заедно и да ги споделувате вашите ресурси! Добра почетна епизода: How Meditation Can Fuel Creativity: An Interview with Artist Michael Ryan Завршуваме со добра вест: има уште еден куп, можеби дури и тон на поткасти во оваа категорија, кои се добри... Илустрации: Млеко на соништата;
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Сатирична визија на Saturday night live за „просперитетот“ на Трамп: Од „МАВА“ до „МАГДА“ – нова ера на економски предлози?, Сатирична визија на Saturday night live за „просперитетот“ на Трамп: Од „МАВА“ до „МАГДА“ – нова ера на економски предлози?, сатирична-визија-на-saturday-night-live-за-просперитетот-на-трамп-од-мава-до-магда-нова-ера
Во неодамнешната презентација, извесен господин Џонсон ја претстави својата неортодоксна визија за економски просперитет на Америка. Отфрлајќи ги вообичаените флоскули, Џонсон се заколна дека ќе ја оствари „МАВА“ – Да ја направиме Америка повторно богата (Make America Wealthy Again). Но, според него, пред да се стигне до тоа благосостојба, можеби ќе треба да поминеме низ една, како што самиот ја нарече, преодна фаза: „Ќе го направиме МАГДА. Да ја направиме Америка повторно Голема депресија (Make America Great Depression Again). знаете што? Ќе биде по - ќе биде подобро од големо. Ќе биде фантастична, неверојатна депресија, каква што досега не сте виделе.“ Згора на тоа, Џонсон додаде дека таа Депресија ќе биде „толку голема, што ние ќе ги јадеме мачките и кучињата.“ Презентирајќи го својот план со помош на Дизмукс, кој носеше голем картонски плакат кој се испостави дека е страница од менито на „Cheesecake Factory“, на Џонсон му беше предадена друга табла со детали за неговиот тарифен систем. And I ooop „Ниту една земја не е безбедна од моите тарифи“, изјави Џонсон, „Јас дури и ставив тарифи на остров кој е ненаселен од луѓе.“ Осврнувајќи се на островите Херд и Мекдоналд, Џонсон рече: „Ох, островот Мекдоналд. Би сакал да го посетам.“ Тој додаде: „Можете ли да си замислите? Биг Мек во хавајски сукњичка, у ла ла.“ Покажувајќи картичка со уметнички приказ на токму таа слика, тој рече: „Однеси ме во Божјата земја, нели?“ (Ова, се разбира, беше референца на објава на социјалните мрежи од кантри музичарот Морган Валeн по неговото нагло заминување од сцената на „С.Н.Л.“ минатиот викенд за време на завршната проштална порака).
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Пред климатизацијата, Пред климатизацијата, пред-климатизацијата
автор: Артур Милер; Точно која година беше, веќе не можам да се сетам – веројатно 1927 или ’28 – кога септември беше неверојатно топол, и жегата се задржа дури и откако почна школската година, и се вративме од нашиот бунгалов на Рокавеј плажата. Секој прозорец во Њујорк беше отворен, и на улиците продавачи со мали колички сечеа мраз и попрскуваа обоен шеќер врз топки од него за неколку пени. Ние децата, ќе скокневме на задните скали на бавно движечките вагони со мраз, влечени од коњи, и ќе украдевме по некое парче; мразот имаше неопределен мирис на лепешки но ги ладеше дланките и јазикот. Луѓето на улицата Вест 110-та, каде што живеев, беа помалку буржуи, за да седат на пожарните скали, но зад аголот на 111-та и понатаму накај центарот, душеците беа изнесувани кога доаѓаше ноќ, и цели семејства лежеа на тие железни балкони во нивната долна облека. Дури и во текот на ноќите, покривката на жегата не напукнуваше. Со неколку други деца, преминував од 110-тата до Паркот и шетавме меѓу стотиците луѓе, сами и со семејства, кои спиеја на тревата, покрај нивните големи будилници, кои произведуваа блага какофонија од секунди кои одминуваат, отчукувањето на еден часовник, синкопираше со отчукувањето на другиот. Бебиња плачеа во темницата, длабоките гласови на мажите мрмореа, и жена ќе испуштеше понекогаш продорно смеење, покрај езерото. Се сеќавам само на Белци распослани на тревата; Харлем тогаш почнуваше над 116-та улица. Подоцна, за време на Депресијата во триесеттите години, летата се чинеа уште поврели. На Западот, тоа беше време на црвеното сонце и бурите од прашина, кога цели исушени фарми се разронуваа и ги испраќаа Оките, на нивните очајни патувања кон Пацификот, кои ги овековечи Стајнбек. Пустошот оставен од Прашното Корито - исушени ниви и напуштени фарми. "Oките" (жители на Оклахома) кои беа принудени да се преселат. Мојот татко тогаш имаше мала фабрика за палта на 39-та улица, со околу десетина мажи кои работеа на машините за шиење. Самото гледање како ракуваат со дебели волнени зимски палта во таа жега за мене беше измачување. Секачите работеа на парче, плаќани според бројот на шевовите што ги завршуваа, така што нивната пауза за ручек беше кратка – петнаесет или дваесет минути. Носеа своја храна: гроздови ротквици, можеби домат, краставици, и тегла со густа кисела павлака, која ја ставаа во чинија што ја чуваа под машините. Исто така, се појавуваше мал леб од пумперникел, кој го раскинуваа и го користееа како лажица за да ги намакаат павлаката и зеленчукот. Мажите многу се потеа во тие мансарди, и се сеќавам на еден работник кој имаше необичен начин на капење. Беше мало типче, кој ја презираше ножицата, и, на крајот од шевот, го одгризуваше конецот наместо да го пресече, па така, нишките од еден инч му остануваа на долната усна, и до крајот на денот имаше шарена брада. Неговата пот се истураше врз врвовите на конецот и капеше врз ткаенината што постојано ја бришеше со партал. Имајќи ја во предвид жегата, луѓето мирисаа, секако, но некои мирисаа многу полошо од други. Еден секач во продавницата на мојот татко беше коњ во овој поглед, и мојот татко, кој нормално немаше чувство за мирис – никој не знаеше зошто – тврдеше дека може да го мириса овој човек и му се обраќаше само од далечина. За да направи колку што е можно повеќе пари, овој човек почнуваше со работа во пет и пол наутро и продолжуваше до полноќ. Имаше станови во Бронкс и земја во Флорида и Џерси, и изгледаше напола излуден од лакомост. Имаше моќна физичка структура, многу исправен рбет, сплеткана коса и црна сенка на образите. Шмркаше како коњ додека ја туркаше машината за сечење, следејќи ги своите обрасци низ некои осумнаесет слоеви на зимски материјал за палта. Доцна, едно попладне, силно трепна со очите против потта која гореше, додека го држеше материјалот со левата рака и со десната го притискаше вертикалното, остро како жилет, повратно сечило. Ножот му го пресече показалецот на вториот зглоб. Гневен одби да оди во болница, тој истури вода од чешма преку трупецот, ја завитка раката во крпа и веднаш продолжи да сече, шмрка и смрди. Кога крвта почна да се појавува низ намотаните слоеви на пешкирот, татко ми ја исклучи машината и му нареди да оди на болница. Но тој се врати следното утро, и работеше цел ден до вечерта, како обично, трупајќи ги своите станови. Тогаш сè уште имаше надземни возови, кои се движеа по Втората, Третата, Шестата и Деветтата авенија, а многу од вагоните беа дрвени, со прозорци што се отвораа. Бродвеј имаше отворени колички без странични ѕидови, во кои барем дуваше провев, иако беше жешко, така што очајните луѓе, неспособни да издржат во своите станови, едноставно плаќаа никел и се возеа бесцелно неколку часа за да се изладат. Што се однесува до Кони Ајленд за време на викендите, дел по дел од плажата стануваше толку преплавена со луѓе, што едвај беше можно да се најде простор за седење или за да се остави книгата или хот-догот. Мојот прв директен контакт со клима уред дојде дури во шеесеттите години, кога живеев во хотелот Челзи. Таканареченото раководство испрати машина на тркалца која прилично бесцелно го ладеше, а понекогаш и го загреваше воздухот, потпирајќи се, како што беше, на канчињата со вода што требаше да се истураат во неа. На почетното полнење, ќе испрскаше вода низ целата просторија, така што требаше да се насочи кон бањата наместо кон креветот. Еден јужноафрикански господин еднаш ми кажа дека Њујорк во август бил пожежок од кое било место што тој го знаел во Африка, но сепак луѓето овде се облекувале за некој северен град. Тој сакаше да носи шорцеви, но се плашеше дека ќе биде уапсен поради непристојно изложување. Високите жештини создаваат ирационални решенија: ленени костуми кои пропаѓаат во длабоки брчки кога некој ќе ја свитка раката или коленото, и машки сламени шапки вкочанети како мацови, кои, како некој вид тврд жолт цвет, годишно процветува низ целиот град на одредениот свет датум - 1-ви јуни или така нешто. Тие шапки копаа длабоки розови набори околу челата на мажите, а збрчканите костуми, кои наводно беа посвежи, мораа да се извлекуваат надолу, нагоре и странично, за да се направи простор за телото внатре. Градот во лето лебдеше во зашеметеност, и ги тераше инаку разумните луѓе бескрајно да го повторуваат безмозочниот поздрав „Доволно ти е жешко или.. да? Ха-ха!" Тоа беше како последната шега пред распаѓањето на светот во локва пот. ♦︎
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





