Резултати од пребарување
5233 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Нирвана, Нирвана, нирвана
од Ханиф Курејши; Сачин беше отсутен неколку недели, и кога се врати потскокнувајќи во куќата, се чини дека пораснал. Како семејство никогаш не сме биле огромни; Трејси и јас сме отприлика иста висина, пет стапки, 6 инчи (1.66м). Сачин носи дебели чевли, но се чини и дека станал поширок. Бидејќи е близнак, можам да го споредам со брат му, и тој исто така се чини дека станал покрупен но и повисок. Сончев зимски ден, и излегуваме од дома во Шепередс Буш Роуд, јас со мојата моторизирана инвалидска количка. Како што го поминуваме Ле Ситрон, француски ресторан - поранешното озлогласено Кафе Руж каде што можев да бидам виден како се врткам секоја вечер со пријателите - и двајцата сме погодени од истото сеќавање. Пред околу една година, Трејси и Карло гледаа документарен филм за бендот Нирвана и нивната прва турнеја во Лондон. Бендот ја имаше таа среќа да престојува во неугледниот мотел на Шепердс Буш Роуд, и беа снимени како се зезаат надвор од Руж. Продуцентот на документарецот сега се врати на сцената, снимајќи го Шепердс Буш Роуд како што е денес. Случајно, тие го снимија Сачин како се пробива во етаблирачки кадар, а јас како клечам на вратата на Ле Ситрон, подготвен да скокнам кон него. Бидејќи јас сум сеприсутен во околината, Трејси и Карло всушност напола очекуваа да ме видат - и така и се случи, и плачеа од смеа. Тешко е да не помислиш на ова, како Сачин и јас се движиме по улицата, но после неколку јарди, станувам повеќе загрижен дека тротоарот е нерамен. Доколку сте во инвалидска количка од скоро, ќе ви биде јасно за прв пат во вашиот живот за точната природа на тротоарите по кои се движиш. Поблизу си до земјата од било кога порано, и секоја испакнатина ќе продира низ тебе со удар. Работите се подобруваат кога стигнавме во Шепердс Буш Грин, каде што земјата е помазна. Наскоро сме кај мојот бербер каде што груб човек во инвалидска количка се лизна блиску до мене и почна да се восхитува на мојата количка, и истакнувајќи ги нејзините одлики со завист и прашува од каде ја имам земено. Објаснувам дека е најдоброто од Јавното здравство. Помина повеќе од една година откако ме има шишано мојот константен бербер, Македонецот Лула кој сметам дека ги има рацете на Микеланџело. Нашето семејство го знае петнаесет години, откако беше поставен во шупа која протекува веднаш до бензинската пумпа на Голдхак Роуд. Лула, всушност, му ја направи првата возрасна фризура на Киер, и момчињата и јас се бричевме таму. Сега, Лула има два салони и ресторан во близина, како и постојан загрижен поглед на неговото лице. Сачин ми помага да го прејдам прагот во берберницата, каде што има простор кој е ослободен за мојатаколичка. Киер, мојот најмлад син, ни се придружува. Олеснување е што се враќам да правам нормални работи, во редовен ден, во моето маало. Честопати сите четворица одевме заедно на бербер; озборувавме, слушавме музика, се расправавме околу тоа кој ќе се шиша прв и се обидувавме да избегнеме еден од новите регрути на Лула кој неизбежно ќе ви дадеше фризура на „српски силувач“. За време на Ковид, кога не ни беше дозволено да се дружиме момчињата и јас моравме потајно да се шишаме. Ќе се сретневме позади зградата на Лула проаѓајќи покрај анонимна врата, покрај неколку влажни коридори, и во соба која никогаш не сме ја виделе, без прозорци. Ќе седневме пред минијатурно огледалце со големина на екран на ајфон, осветлени од една единствена светилка. Лула ќе почнеше да работи со неговите ножици. Делуваше како да сме дел од некое нелегално движење на отпор, или како да се одвиваше дилање на дрога. Сега, гледајќи надвор од прозорите кон Грин, гледам некого кој го препознава. Тоа е таткото на пријателите на Киер. Кога Киер беше во основно школо, дојде дома еден ден, откако играше со синот на овој човек и ни објави дека станал Муслиман. Го најдов на неговите колена, како се моли пред телевизорот, и не́ замоли нас, неговите родители, да ја почитуваме неговата конверзија. Практикувањето на оваа негова нова религија траеше неколкумина денови. Јас бев апсолутно гневен и сакав да отидам кај човеков и да го измавам прописно. За среќа, Киер набрзо се откажа од неговите религиозни практики и продолжи да гледа ТВ и да јаде бомбони во неговото слободно време како што правеше претходно. Сега го прашувам зошто се конвертираше и ми кажа дека сакал да биде како другите деца во одделението. Не сакал да биде изоставен. Му кажувам нема ништо лошо во тоа да бидеш изоставен, всушност може да биде луксуз, задоволство и форма на само-определување во кое можеш да се насладуваш. Сачин, Киер и јас на сонцето, го проаѓаме Грин, и назад во Шепердс Буш Роуд. Беше прекрасен ден.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Куса и брза историја на стиховните битки, Куса и брза историја на стиховните битки, куса-и-брза-историја-на-стиховните-битки
Во моментов вниманието на културата е неподелено сконцентрирано на лиричната битка помеѓу Кендрик Ламар ( Kendrick Lamar) и Дрејк ( Drake), во која се вовлекоа и Рик Рос, Yе, J Cole, Metro Boomin Future, поради што беше наречена Големата цивилна рап војна. Нема катче од интернетот каде што живее Црната култура каде не се премеруваат, анализираат, дисецираат стиховите првично на Дрејк, а сега и на Ламар. Додека ја слушаме најновата трака на Кеј-дот, втора неделава, се потсетуваме на историјата на стиховните натпревари. Историјата Историјата на поетските и лирични натпревари и битки е длабоко вкоренета во различни култури и цивилизации низ целиот свет. Овие натпревари варираат по нивната природа, облик и форма, претставувајќи широк спектар на изразување, од епски рецитации до современи freestyle рап битки. Првите поетски натпревари можат да се следат уште од античка Грција (веројатно и многу порано), каде што поезијата била сметана за важен дел од општествената и културната сцена. Драмските фестивали како што бил Дионизиј , нуделе платформа каде поетите можеле да ги покажат своите дела во форма на драми или рецитали. Овие настани биле организирани конкурси каде што поетите и драматурзите ги покажувале своите вештини пред жири и публика, надевајќи се дека ќе бидат наградени за нивната дарба. Многу од овие елементи се појавуваат и во средновековните лирични натпревари во Европа, наречени Minnesang во Германија или Trobadori во Франција - поетите кои ја мелодизирале својата поезија, пеејќи искажувајќи ги своите стихови во аристократските дворци. Овие изведби често вклучувале пораки на љубов, чест и политички коментари, исполнувајќи ги и естетските и социјалните потреби на нивните слушатели. Со тек на времето, поетските натпревари и битки продолжиле да се развиваат и менуваат, адаптирајќи се кон конкретните културни и историски контексти. Во 18ти и 19ти век, во Јапонија, Haiku натпреварите претставувале форум за остроумие и длабока рефлексија преку кратки, но значајни поетски форми. Овие настани служеле како средство за демонстрација на ерудиција и духовитост на поетите. Во современата ера, поетските натпревари и битки зазеле нова форма преку растот на слем поезијата и рап битките. Слем поезијата, која стана популарна во 1980-тите години во САД, ги собира поетите во натпревари во живо, каде што тие ги изведуваат своите дела пред публика и жири. Овие настани подигнале нова платформа за социјални и политички коментари, пружајќи им на уметниците шанса да ги истакнат своите лирични гласови. Рап битките, кои имаат свои корени во афроамериканската култура и хип-хоп музиката, ги носат овие традиции еден чекор напред. Тие се фристајл натпревари во кои учесниците во живо и неподготвено спонтано римуваат, често во форма на меѓусебни предизвици, достигнувајќи го врвот на лиричката дарба и креативноста.Иако формите и контекстите на овие натпревари и битки се менуваат низ вековите, суштината останува иста: тоа е испит на уметничка вештина, начин на изразување и комуникација со публиката. Од древните времиња до денес, поетските и лиричните натпревари и битки го отсликуваат длабокиот човеков потенцијал за креативност и неговата непрекината потреба за културна и социјална интеракција преку уметноста. Рап битки Рап битките се сметаат за круцијалниот елемент на хип-хоп културата, која своите корени ги има уште од раните 1970-ти години. Хип-хопот не е само музички жанр; тој е движење што овозможи масовна културна експресија на Афро-Американците и Латиноамериканците во САД, кои беа маргинализирани и соочени со социјални и економски предизвици. Во оваа богата лепеза, рап битките ја заземаа централната позиција како форма на уметничка надградба, натпреварување и коментар на општествените (не)прилики.Историјата на рап битките може да се смета како рефлексија на борбата, креативноста и отпорот на црната култура во Америка. Овие битки, како форма на музички и лирски судир, овозможуваат директен пренос на пораки, идеи, и непоколеблив дух, истовремено служејќи како механизам за изградба на заедницата и идентитетот. Во рап битките, емси-јата (мајсторите на церемониите) се натпреваруваат во способноста да импровизираат рими, вештини за изведба и остроумност, често со намера да се порамнат со духот на публиката и да го исмејат противникот, но во исто време и да изразат социјални, политички и лични коментари. Тие се трудат да го докажат својот талент и оригиналност, првично во живите настапи и бит бокс дуелите. Сепак, со текот на времето, овие судири се претворија во интензивни зборовни препирки изразени преку студиски записи. Овие динамични натпреварувања, кои често се одвиваат на улични агли, клубови и паркови, имаат длабоко значење за црната култура. Тие не само што ја овозможуваат афирмацијата и видливоста на нивните гласови, туку исто така служат како оружје против социјалната неправда, расизмот и економската маргинализација. Рап битките се уникатен начин на комуникација кој може да оспорува преовладувачките наративи и да понуди алтернативна, неретко критична перспектива на светот околу нас.Она што е битно да се нагласи, е: рап битките претставуваат суштинска платформа за автономен културен израз. Во рамките на овие судири, уметниците ги користат своите наративи како механизам за само-еманципација, обезбедувајќи сили за мобилизација и поддршка во борбата за рамноправност и против опресијата. Од класичните битки на улиците во Бронкс до масовно популарните денешни препирања по дигиталните платформи, рап битките го претставуваат ехото на минатите генерации и продолжуваат да ги инспирираат младите генерации да заземат став и да ја одржуваат борбеноста преку уметност. Покрај својата социјална функција, рап битките исто така играат критична улога во музичката иновација во рамките на хип-хоп жанрот. Тие поттикнуваат креативност, нови стилови, флоуови (ритмички обрасци) и иновативна лексика, што допринесува за постојаната еволуција на хип-хоп уметноста и културата. Некои од најголемите битки Хип-хопот е платформа на изразување каде што римите и ритамот создаваат епски приказни од епски размери. Но, покрај уметноста, хип-хоп културата е дом на еден уникатен феномен - рап битките. Овие лирски престрелки, често со корени во длабоко закопани емоции, гордост и барање на доминација, е голем дел од историјата на хип-хопот. Некои од најемблематичните рап битки вклучуваат: - Nas vs. Jay-Z : Оваа битка е историски сметана за една од најголемите во хип-хопот. Почнувајќи со Jay-Z-јата “Takeover” и одговорот на Nas, “Ether”, двајцата рапери ја одбележаа својата ера со остри рими и лични напади. Tолку е иконична што ethered стана глагол кој означува - победен, понижен. - 2Pac vs. Notorious B.I.G. : Познатиот Исток-Запад хип-хоп ривалитет се врти околу двајца од најголемите рапери на сите времиња. 2Pac-овиот “Hit 'Em Up” и Biggie-јотов “Who Shot Ya?” станаа химни на ова историско непријателство. Не верувам дека има човек кој може да каже за себе дека живее во современиот свет, и го познава а да не ја чул Hit 'em up. - Eminem vs. Machine Gun Kelly : Современ пример на хип-хоп битка што брзо се прошири преку социјалните мрежи. Еминем се занимаваше со коментари направени од MGK со “Not Alike”, на што MGK одговори со “Rap Devil”. Одговорот на Еминем, “Killshot”, покажа дека и покрај тоа што не е во цветот на младоста, тој останува мајстор во битките. - Drake vs. Pusha T: Drake не е почетник во рап непријателствата… Почнувајќи со “Exodus 23:1” на Pusha T и избувнувајќи со “The Story of Adidon” (го користи семплот на Story of OJ на Jay Z) оваа битка го стави под лупа личниот живот и интегритетот на Drake, откривајќи таен син и поставувајќи нови стандарди за колку далеку може да одат емсијата во своите напади. Секоја од овие битки служеше не само како средство за решавање на спорови меѓу уметниците, туку и за унапредување на нивните кариери преку демонстрирање на нивната лирска вештина и оригиналност. Рап битките не се само агресивни расправии; тие се vткаени во ткивото на хип-хоп културата. Ставајќи ги рaперите еден спроти друг во лирската арена, овие моменти станаа катализатори за иновации и креативност. Дали се водени од престиж, меѓусебни разлики или промоции, рап битките остануваат неизбришлив дел од душата на хип-хопот. Како почна најновата сеопшта рап војна: Ана Чушкова фотографии: Кристофер Ли
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





