top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • „Гуш и бац е љубов“ – настан за прифаќање, поддршка и игра без граници, „Гуш и бац е љубов“ – настан за прифаќање, поддршка и игра без граници, гуш-и-бац-е-љубов-настан-за-прифаќање-поддршка-и-игра-без-граници

    На 11 мај, со почеток во 11:00 часот, кај Школка во Градски парк – Скопје ќе се одржи инклузивниот настан „Гуш и бац е љубов“, во организација на Аутизам ААМК. Овој настан, шести по ред од 2018 година, е посветен на подигање на свеста за лицата со атипичен развој, нивното прифаќање и вклучување во општеството. „Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, сакаат да покажат дека и тие знаат, умеат, можат да пеат и танцуваат,“ велат од организацијата. Настанот ќе биде голема игротека отворена за сите – со креативни работилници, музички и ликовни катчиња, образовни активности и игри за децата. Целта е преку забава и дружење да се срушат предрасудите и да се приближат семејствата со типичен развој кон оние со деца од аутистичниот спектар. Аутизмот не е болест, туку невроразвојна состојба што влијае на начинот на кој лицата комуницираат и ја доживуваат околината. Кај секое дете се манифестира поинаку – некои имаат потешкотии во говор, некои во социјалната интеракција, додека други се особено талентирани во одредени области. Заедничко за сите е потребата за прифаќање и разбирање. „Преку игра да им покажеме на семејствата со деца со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови кои се резултат само на страв од непознатото,“ стои во поканата. „Да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата состојба или болест, да се обидат да најдат начин на кој би им помогнале.“ Организаторите потсетуваат на едноставната, но силна порака: „А децата… децата за разлика од нас големите, гледаат со срцето и со душата… Да учиме од нив како треба.“ Сите заинтересирани се поканети да учествуваат и да придонесат кон изградбата на едно отворено и инклузивно општество. Бидејќи, како што порачуваат од ААМК – „Гуш и бац е љубов!“

  • Сурово будење на Matt Damon од ќерка му!, Сурово будење на Matt Damon од ќерка му!, сурово-будење-на-matt-damon-од-ќерка-му

    Matt Damon 50 годишен маж по сопствено признание, само пред неколку месеци дознал дека "the f-word" (faggot, педерче) е навредлив збор. За време на појадок кажал виц, и неговата 15 годишна ќерка шокирана ја напуштила ситуацијата и "напиша цел реферат. сега контам, тој збор е пензиониран сега ". Не знаеме што да искоментираме на ова, освен доколку требало 15 годишно дете да му оддржи лекција за да дознае, тоа е: 1. Зошто сите се смеат кога ќе каже нешто по линија на полтронство? 2. Онаа појава, бела привилигериност (башка маж) сепак постои? Откако интернет колективно се :-, тој излезе со изјава "не знам кој ја раскажа таа приказна, никогаш во живот не сум рекол "педер"... Претпоставуваме виде што му се случува на раперот Da baby...

  • Тасос Стаму: звуци на носталгијата и електронската тишина, Тасос Стаму: звуци на носталгијата и електронската тишина, тасос-стаму-звуци-на-носталгијата-и-електронската-тишина

    Грчкиот композитор и технолошки експериментатор настапува во Скопје со жив перформанс на 9 октомври во 21 часот. 🎧 Музички перформанс на Тасос Стаму (Грција) 09 октомври (четврток) КСП Центар-Јадро: 21:00 – 22:30 часот Грчкиот електроакустичен композитор, изведувач и радио-уметник Тасос Стаму е меѓу оние автори што го претвораат звукот во биографија. Неговата музика е составена од носталгија, експеримент и меморија, мешавина на аналоген шум и медитеранска чувствителност, на тишини и детски ехоа кои остануваат во телото. Стаму повеќе од деценија создава музика што пулсира помеѓу древното и современото, спојувајќи ги старите обреди со самоградена електроника и аналоген шум. Во неговите настапи, долги и континуирани композиции се создаваат in situ — преку она што го нарекува „преносливо електроакустично студио“. Звукот се гради од подготвени жици, дувачки инструменти, објекти, модуларни синтисајзери и обработени повратни фидбек јамки, создавајќи амбиент што колеба меѓу фолклор и авангарда, меѓу шум и тишина. Стаму разви сопствен стил на жива композиција, каде импровизацијата и технологијата не се спротивставени туку комплементарни јазици. Неговите изведби, со тонални текстури и слоевити сола, често создаваат атмосфера на ритуален шум — како современа трансцендентална музика. Со повеќе од дваесет изданија за независни етикети (Discrepant, Moving Furniture, Lal Lal Lal, Linear Obsessional, Orila, Triple Bath, Kukuruku, Coherent States), Стаму се движи низ жанрови и медиуми – од musique concrète и drone до фолклорни и ритуални структури. Неговата инспирација е длабоко лична: спомени од детството (“Infant”, 2007), загуба (“The Return of the Long Lost One”, 2013), или звукот на руралните пејзажи (“Musique con Crète”, 2018). Иако најчесто настапува соло, често соработува со Adam Bohman, Steve Beresford, Mike Cooper, Tomomi Adachi, Andrea Parkins, Savina Yannatou, Kuupuu & Lau Nau, и London Improvisers Orchestra, градејќи звучни дијалози на фестивали како Incubate, Supernormal, Café OTO, Bent Festival, The Barbican, Cave 12, Ausland, Onassis Cultural Centre. Покрај настапите, Стаму води работилници за „circuit bending“ и хардвер хекинг, каде ги воведува младите музичари во слободната музичка продукција. Во последниве години, неговиот фокус се проширува и кон радио-уметноста, преку Stegi Radio и независни поткаст формати.

  • Само социопатите намерно повредуваат животни: Професионален поглед, Само социопатите намерно повредуваат животни: Професионален поглед, само-социопатите-намерно-повредуваат-животните-професионален-поглед

    Овде, во ПЕТА, секојдневно гледаме ужасни случаи на злоупотреба на животни. Нашиот Оддел за истраги на суровост прима повици 24/7, помагајќи им на животните и осигурувајќи се дека оние што ги злоставуваат ќе одговараат пред законот. Ако сте како нас, веројатно сте поминале доста време со прстот на чело, прашувајќи се каков човек би направил толку ужасни работи. Затоа ја замоливме Даун Дракер, поддржувач на ПЕТА и психотерапевт, да ја сподели својата професионална перспектива за оваa тема. „Јас сум психотерапевт кој има работено со секакви луѓе, вклучително и поединци од сите возрасни групи, како и лица со растројства на личноста. Открив (и други психотерапевти со кои сум разговарала и за чии наоди сум читала, се согласуваат со мене) дека постои корелација помеѓу поединците кои повредуваат или убиваат животни и социопатското однесување. Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања (ДСМ) е објавен од Американската психијатриска асоцијација и се користи како алатка од страна на работниците од менталното здравје за дијагностицирање на психолошките проблеми на клиентите, врз основа на нивните симптоми и однесување. Дијагностицирањето на клиентите е неопходно за развој на нивните цели во третманот. За жал, постојат ограничени дијагностички алатки за да се потврди врската помеѓу суровоста кон животните и социопатското однесување, но социопатското однесување и социопатскиот тип на личност се навистина распространети во нашето општество. На пример, сериските убијци како што се Тед Банди, Џефри Дамер и Ричард Рамирез - како и безброј други сериски убијци, убијци и силувачи - сите злоупотребувале животни како деца, а тоа однесување ескалирало во повредување на луѓето. Социопатската личност најпрво се развива во раното детство или адолесценција и се класифицира под дијагнозата „нарушување на однесувањето“, кое потоа се развива во „антисоцијално растројство на личноста“ (и двете се наведени во ДСМ). Еден од раните знаци на нарушување на однесувањето е често суровоста кон животните. Поединецот кој е способен да се занимава со суровост кон животните се чини дека нема совест, а со тоа и нема каење за своето однесување. Чинот на суровост кон животните произлегува од очигледната потреба за моќ и контрола, а оваа потреба е придружена со недостаток на емпатија. Животните се таргетирани, особено оние беспомошните кои не се опасни, бидејќи сторителот не препознава или се грижи дека тие имаат чувства и можат да доживеат не само физичка болка, туку и емоционална болка. Животните можат да чувствуваат болка и да страдаат, исто како и луѓето, но бидејќи социопатите имаат општа неспособност да сочувствуваат, тие се способни да нанесат болка и агонија на чувствителните суштества без чувство на каење - оттука и зголемената веројатност дека суровоста кон луѓето е следниот чекор. Често сум работела со клиенти чиј став бил „Тоа беше само животно, па на кого му е гајле? Тие опишуваат чувство на возбуда по злоупотребата и убиството на животно. Овој налет на возбуда, може да се појави и кај луѓе кои нанесуваат суровост врз други луѓе, па ако некое лице е способно да злоупотребува, мачи и убие животно, тој или таа може да одлучи да оди уште подалеку и да нанесе штета на друго човечко суштество за да ја постигне истата сензација. Врската помеѓу насилството врз животните и насилството врз луѓето е добро утврдена. Dawn Drucker, MS, LMFT, LCDC, има магистерска диплома по клиничка психологија на Универзитетот во Источен Мичиген и е терапевт за брак и семејство лиценциран LMFT и советник за хемиска зависност лиценциран со LCDC во Тексас. *** извор: PETA Prime

  • „Приказната на Силјан“ со американска премиера во Њујорк, „Приказната на Силјан“ со американска премиера во Њујорк, приказната-на-силјан-со-американска-премиера-во-њујорк

    Американска премиера на филмот на Тамара Котевска во Менхетен Некои филмски премиери се најавуваат со црвен тепих и раскошни маркетинг кампањи. Други: со тивка возбуда, типична за документарните приказни што носат нешто поретко: човечка искреност, природна драматургија и симболика што не бара дотерување. Во таква атмосфера вечерва во легендарниот IFC Center на Менхетен ќе слета „Приказната за Силјан“, новиот документарен филм на македонската режисерка Тамара Котевска. Филмот, кој веќе трепка како значајна точка на радарот на светската документаристика, ја носи приказната за штркот Силјан, вистински штрк, со вистинско гнездо, и со вистинска врска со човекот кој од случајна средба создава нешто слично на заедничка судбина. Ако штрковите традиционално симболизираат дом и раѓање, Силјан вечерва добива уште еден слој: симбол на малата, но упорна кинематографија што го бара своето место во глобалниот разговор. Филмската авантура на „Силјан“ започна во Венеција, каде освои престижна Cinema & Arts Award, награда што ретко оди кај документарци со толку интимен радиус. Тоа беше првиот знак дека Котевска повторно го допрела она невидливо ткиво што поврзува човекот со природата, нешто што многумина го препознаа и во нејзините претходна филмски проекти. Оттаму, патувањето продолжи низ NY Doc, IDA Awards, Bergen, Cinema Eye Honors, Coronado Island Film Festival во Калифорнија и уште неколку десетици селекции што го позиционираат филмот како веќе стабилен титулар во документарниот календар. Но најцврстото признание, и најголемиот знак дека приказната допира до глобалната публика е откупувањето на филмот од National Geographic Documentary Films, куќа која знае да препознае уметничка сила зад природните феномени. Вечерва по проекцијата следи разговор со режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Jean Dakar. IFC Center, место славено за независни документарци и култни селекции, ќе им даде сцена на авторите да проговорат за процесот на создавање на филмот: како се гради доверба со птица што не познава човечки јазици, колку време треба за да се регистрира ритамот на еден штрков живот, и како камерата станува дел од пејзажот, а не наметнато око однадвор. За американската публика, ова е прва можност да ја слушне оваа приказна опипливо, без превод и без посредување. За фестивалските селектори, тоа е момент на одлучување: дали „Силјан“ ќе продлжи да расте во престојната сезона на награди, или ќе остане драгоцен, но мал бисер во брзата документарна продукција. Интересот околу „Силјан“ добива дополнителна тежина со најавата дека филмот ќе влезе во двојна трка за Оскар. Македонија го испраќа во конкуренција за најдобар странски филм, а National Geographic го пријавува и за најдобар документарен филм. Ова го отвора просторот за повторување на истата необична можност што Котевска веќе еднаш ја создаде: една авторка со два различни филмски јазици да се најде во двете најтешки категории на Академијата. Во документарниот свет, ваквата двојност е речиси исклучок. А токму тоа го прави патот на „Силјан“ толку интересен како да е продолжение на логиката на штрковите патувања: долги, трпеливи, со ризици, но со посебна енергија што ја носи самото движење. Во Њујорк, каде публиката често гледа документарни филмови со големи очекувања, приказните базирани врз природни чуда знаат да имаат привилегија: предизвикуваат чувство на свежина. На улиците околу IFC Center, кои живеат меѓу артхаус филмови, и долги редови на синефили, вечерва се очекува силно присуство на македонската заедница во градот. За нив, ова е повеќе од премиера. Тоа е момент на колективна близина: да се гледа како малите држави го наоѓаат својот глас во глобалната документарна архитектура. И можеби токму затоа оваа премиера има симболика што оди подалеку од филмската индустрија. Понекогаш, една птица може да го носи вниманието подалеку отколку што тоа би го можеле човечките амбиции. Додека светлата на Менхетен полека се собираат како сценографија за оваа премиера, „Приказната на Силјан“ го започнува најважниот дел од своето патување: средбата со американската критика, гледачи и индустриски медиуми. Секој ваков чекор е тест но и шанса плус. А приказната, префинета во својата едноставност, вечерва ќе се обиде да покаже дека врската меѓу еден човек и еден штрк може да биде доволно силна да го надмине локалното, да го спротивстави урбаното на природното, и да создаде мит што лесно прелетува граници.

  • Промоција на новиот сингл La Crimоsa на Да Џака Накот на Школка во Градски Парк Скопје, Промоција на новиот сингл La Crimоsa на Да Џака Накот на Школка во Градски Парк Скопје, промоција-на-новиот-сингл-la-crimrosa-на-да-џака-накот-на-школка-во-градски-парк-скопје

    Македонскиот рапер Да Џака Накот го најавува својот нов сингл со настан кој ќе се одржи на 27 јуни во 18 часот, на Школка во Парк . Да Џака Накот, кој е дел од македонската музичка сцена од 1991 година, изјавува дека сега како никогаш досега има услови и можности да биде креативен и да снима музика со висок квалитет откако живее и работи во Полска. Во своето обраќање до фановите, тој вели: ,,Другари, праам музика од 91'ва.Сега како никогаш во животот имам услови и можности да бидам креативен и снимам до бол.Физички копии нема да вадам на музиката, ама дигитално можам секо месец нова песна. Послушате го новиот сингл и претплатете се на моот канал за нова музика-цело време. Благодарам на поддршката другари, многу ми значи“ Присуството на настанот е бесплатно, а сите заинтересирани можат да најдат повеќе информации и да се пријават преку настанот на Facebook.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page