top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • СВЕТЛОСТ со Глигор Кондовски настапуваат во Социјален центар Дуња | diva.mk

    9.3.24 г., во 20:00 концерт, социјален центар Дуња, СВЕТЛОСТ, Глигор Кондовски, експериментална музика, џез Рајко Жинзифов 22, Skopje, North Macedonia Во срцето на анархистичкиот па и културен микрокосмос на нашиот град, Социјален Центар Дуња, се случува музички настан којшто нуди заминување од секојдневната монотонија и вовед во светот на експерименталната музика. Оваа сабота, љубителите на иновативните звучни пејзажи ќе имаат уникатна можност да посведочат на еден многу потребен концерт. . Глигор Кондовски, име кое резонира со духот на авангардата, е виолинист кој не се плаши да ја истражува границата помеѓу класичната музика и модерните звучни експерименти. Од 2009 година, со своите револуционерни пристапи, тој суштински придонесува кон обогатувањето на домашната музичка сцена. Неговата музика е лутање низ разни музички универзуми, од електроника до џез, и сè што живее помеѓу. Авангардниот виолинист Глигор Кондовски од 2009 година ја гради својата импресивна дискографија, првенствено за ШАРЛА и ПМГЏезз. Кондовски (кој работи и под псевдонимот earstwhilesound) е музички камелеон, кој со својот придонес во низа различни и разноврсни проекти тивко се гради во еден од најзначајните чинители на современата сцена. СВЕТЛОСТ е обредна панк-џез дружина. Од својот деби концерт во Дуња, (2017 година) каде го свират материјалот што ќе стане албумот „Џез за работничката класа“, редовно се враќаат во својот духовен дом, каде секогаш презентираат нова, звучно и политички предизвикувачка програма. - СЦ Дуња СВЕТЛОСТ, пак, е колектив којшто се основа на моќната симбиоза помеѓу панк-џез мелодии и обредни интонации. Нивниот деби настап во Дуња го претставува албумот "Џез за работничката класа", кој е израз на посветеност кон демократизација на музиката и правење уметност достапна за сите слоеви на општеството. Членовите на овој состав се: - Глигор Кондовски [виолина / елек троника] - Нинослав Спировски [кларинет / сопран и тенор саксофон] - Кристијан Новковски [тапани] - Дени Омерагиќ [контрабас / електроника] Настанот ветува да биде подеднакво провокативен колку што е и музички инвентивен, со секој член на групата кој внесува свој уникатен пристап до изведбата. Како сведоци на нивните претходни настапи, можеме да очекуваме едно вистинско звучно патешествие, каде што традиционалните граници на музиката се растегаат и премоделираат со секоја нота. За оние кои сè уште не се запознаени со нивната музика, нивните албуми се достапни за слушање на Bandcamp ( овде и овде ), придружни со визуелни решенија - постерот - од самите членови на групата. Влезот на настанот е поддржан со препорачана донација, што овозможува на посетителите не само да уживаат во музиката, туку и да ја искажат својата поддршка кон уметниците. Не пропуштајте ја можноста да станете дел од славата на звукот и креативноста во Социјален Центар Дуња. претходно следно

  • Pink Friday 2  на Ники Минаж е милениче на критичарите, Pink Friday 2  на Ники Минаж е милениче на критичарите, pink-friday-2-на-ники-минаж-е-милениче-на-критичарите

    од Бронтез Пјурнел; Бронтез Пјурнел  е американски писател, музичар, танчер и режисер со седиште во Оукленд, Калифорнија.  Тој е автор на неколку наградувани книги, меѓу кои и „Бидејќи го спуштив мојот товар“ (2017), „100 момчиња“ (2022), кој освои  книжевна награда Ламбда за геј фикција и панк зинот Fag School. Purnell е фронтмен на панк бендот The Younger Lovers  и е основач на Brontez Purnell Dance Company. Премногу долго време, женскиот рап делуваше како самоубиствен избор на кариера. Се чини дека општата формула беше: земи ги овие млади, храбри, убави, паметни и амбициозни поетеси-девојки, накани ги да рапуваат за најгрозните срања, и моментот кога работите за кои рапуваат почнуваат да го пресликуваат нивниот јавен живот, ги подложуваат на јавен атентат на личноста.  Ги читаме коментарите, срцка.  Кучките се длабоко нељубезни.  Жените раперки не само што мораат да туркаат опасно перо, туку и да носат психички оклоп доволно дебел за да ја преживеат сопствената озлогласеност. Кога ќе ги земеме предвид опасно високите влогови кои се во игра, круната е навистина тешка, осветена и крвава за носење. Затоа, со големо внимание се испитува животот и кариерата на единствената Ники Минаж, родена како Оника Тања Мараж (Onika Tanya Maraj), ака Чун Ли, ака Роман Золански. Секоја онтолошка приказна на суперхероите започнува со противник. Сите го гледавме видеото на младата Оника на час по глума во ЛаГуардија каде толку е соживеана со сценариото што го фрла телефонот кон друга млада актерка со таква сила што наставничката мораше да интервенира. Но, можете точно да го посочите, следново : гладот во неа. Црна, од работничка класа и родена во САД, Минаж сигурно имаше неколку културни минуси кои работеа против неа, но и́  беше судено да направи кариера од уметноста. Кога се оценува уметничката личност, тешко е вистински да се одвои автентичното јас од конструираното. Но, може да се воочи дека, во основата, младата Оника беше обучена актерка која го правеше рапот нејзината драма, а Ники Минаж беше најголемата улога од цел еден ебан живот, смислена и прилагодена само за неа. На нејзиниот петти студиски албум, Pink Friday 2, објавен на почетокот во декември, Минаж нуди нешто што изгледа како тотем. Последната деценија, и триумфална и бурна, овде кулминира со албум кој е штедлив на гласни клупски хитови, но делува лирски, автобиографски, па дури и - се осмелувам да користам многу потентен термин - експериментален? Ако го разбереме Pink Friday, првиот, како сончевиот хороскопски знак, тогаш Pink Friday 2 делува како месечевиот знак: доколку првиот ги прикажува сите замки на славата, егото и енергијата, тогаш неговото продолжение открива дека Ники се занимава со работа од сенка: возраста, мудроста, ранливоста, па дури и некакво одучување. Записот повеќе изгледа како компилација, но важна за уметникот како Ники во нејзината фаза во кариерата. Јас го споредувам со Андре 3000 кој објави плоча за џез флејта минатиот месец; понекогаш на нашите идоли им е потребна привилегија да импровизираат и експериментираат. Pink Friday 2  се чувствува како личен дневник и жива книга со скици на понекогаш фрагментирани, но сепак моќни звучни записи. Традиционалните стихови на Ники се таму, но рамката е поместена. Можеби е дури и сосема стишана? Пред да го ислушам, критиката што најмногу ја слушнав за овој албум беше дека звучи како „современ рап за возрасни“(adult contemporary rap). Што ме извади од памет, затоа што, да си ибе, сега сме возрасни, и ебено фала му на Бога што преживеавме. Има една културна амнезија што се случува околу хип-хопот - ние кои сме постари од Gen-Z  се сеќаваат дека тој стана Греми категорија дури во нашето време. Тогаш, воздигнувањето на Ники во рап пантеонот се чинеше како државен удар. Во нејзината ДНК беше девојка со автентична рап моќ  која сепак имаше голем удел во пејзажот на поп музиката (се сеќавате на нејзината EDM соработка од левиот центар со Дејвид Гета ( David Guetta) ?). Се сеќаваме на начинот на кој таа исто така беше малтретирана поради тоа, но во ретроспектива мислам дека тоа беше игра на моќ. Ако таа не ја ставеше виолетовата перика и не ја отпееше „Girls Just Wanna Have Fun“, моќниците ќе ги пренасочеа тие пари на бела девојка. Секогаш оптимист, Ники рече:  “glue my muthafuckin’ wig down, I’m making this money.” ( „залепи ми ја ебената перика, правам пари“). Мотото?  “Act hood (i.e. locally), but think globally.” ( Дејствувајте маалски (т.е. локално), но размислувајте светски“). Вајбот е наместен на нејзиниот вообичаен стил - карипски вајб , на њујоршки начин - но би можеле да го рокнете албумот на Pacific Coast  автопатот, додека гледате контемплативно во брановите. Пружа отпор на фиксен локалитет, но скршнувам од темата. Во создавањето на персоната на Минаж, толку радосно создадена во пост-микстејп ерата на Ники, беше овој досега невиден интерсекциски спој на рап, поп и меѓународна денс музика, што сега е норма (сите Црни девојки  EDM-уваат деновиве,  но тоа е есеј за друг пат). Спој го ова со нејзината Ворхолијанска работна етика; Освен во сопствената дискографија, Минаж гостувала на 185 соработки, а нејзините стихови честопати се единственото незаборавно нешто во тие песни. Таа ни подари цел живот на клупски хитови, но, според нејзините зборови, „Кога веќе имаш победени, кој кур е трка?“ Ова е она што го прави Pink Friday 2  толкав раритет, можеби дури и историски. Она што го добиваме овде е едно од ретките и радикални размислувања на уметник кој нема многу што да изгуби, кој конечно е слободен да истражува други ноти. Дури и кога е најбавен, има нешто топло и имагинативно во резултатот. Ова е албумот кој го направи за себе и за своите обожаватели. „Adult contemporary“ звучи смешно, но сепак е зрел и софистициран. Албумот започнува со „Are You Gone Already“, многу емотивна песна, повеќе или помалку балада, и ода за двајца мажи, нејзиниот починат татко и новородениот син, кој како шлаг има и стих што е срцепарачки: You’ve already made peace with me / One day you’ll have to forgive Mommy(„Веќе сте се помири со мене / Еден ден ќе треба да и простиш на мама“). Толку е блиску до запис во личен дневник, што го поставува тонот на албумот. Како што Минаж сака да каже во нејзините Инстаграм лајвови: we gon get into some things.(ќе навлеземе во некои работи) „Needle“, со нејзиниот долгогодишен пријател Дрејк, изгледа како весел и забавен B-Side, дава карипски вајбови, како освежителната музика во наргиле баровите, што ја пуштаат пред затворање. Но, да се разбереме. Еден од моите лични фаворити на плочата, „Bham Bham“, ја прикажува Ники во режим на комплетно курчење на ѕверски начин: We don’t like them bitches, pussy tight and vicious, hit them likes to lick this („Не ги сакаме кучките,со тесни пичиња и крволочни, удри ги сакаат да лижат“) толку убаво се тркала од нејзиниот јазик, во нејзината препознатлива каденца, што е речиси враќање на нејзините микстејп денови. Но, тогаш, срањево стварно станува чудно. Две песни на албумот  колку што се возбудливи, толку се и збунувачки. Клупската „Everybody“ (семпл земен од Jr. Sr., електроклеш бенд со кој сум бил на турнеја во минатото) изгледа како да скокнала  од проклето нигде-никаде што е речиси како удар од позади  за сите кул клинци што се забавуваа во 2002 година. исто така го поставува тонот на „Last Time I Saw You“, водечкиот сингл што изгледа како електроклеш инди-поп песна од ерата на 00-тите. Тоа е навистина извонредно, и тоа е песната што ме натера да ја пуштам одново.  Само времето ќе покаже каков ќе стане Pink Friday 2. Во однос на лозата, тоа е опуштена, но опсервациона понуда од уметник што нè воодушевува веќе две децении и конечно успеа да направи нешто по нејзин мерак.  Има еден вид лична оправданост за тоа, како да е објавен љубовен плод. А ние, Барби фановите, љубезно го прифаќаме. извор: The Interview Magazine; фотографија: Torso;

  • Албарн нема никогаш да се врати на Коачела

    Албарн не беше импресиониран - но беше ниту американската публика сите вести Албарн нема никогаш да се врати на Коачела Албарн не беше импресиониран - но беше ниту американската публика 16 апр. 2024 г. Дамон Албарн ( Damon Albarn) од Blur си ја кажа својата фрустрација во живо на сцената додека настапуваше пред публиката која беше се́ само не ентузијастички настроена на Коачела овој викенд. Легендата на Бритпоп жанрот настапи со својот бенд на музичкиот фестивал во Калифорнија во саботата (13 април), помеѓу сетовите од Sublime и No Doubt пред Tyler the Creator како хедлајнер на вечерта. Blur испорача сет кој ја покри целата нивна кариера на главната сцена на Coachella, вклучувајќи ги омилените траки на фановите како „Song 2“ и „Popscene“. Сепак, Албарн беше видно иритиран кога се обиде да изведе повик-и-одговор со американската толпа за време на „Boys and girls“. „“Можете и подобро од ова“, им рече тој на присутните во еден момент, што беше пречекано со тишина. Кога сè уште не го доби саканиот одговор, фронтменот рече: „Никогаш повеќе не нè гледате, па може и ебано да ја пеете. Ме разбирате?“ Снимка од Boys and girls нема на Коачела каналот :) ... Пред После

  • Маршот на 8 март: Црвените линии на женските права | diva.mk

    8.3.24 г., во 16:00 марш, осмомартовски марш, женски права, феминизам, Скендербег плоштад Square Skenderbeg, Bitpazarska, Skopje, North Macedonia Оваа година, на 8 Март, граѓаните на многу балкански градови ќе излезат на улиците, на марш под моќниот слоган „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“. Во Скопје, планирано е оваа акција да започне точно во 17:00 часот на плоштадот Скендербег, со цел да се дигне глас против растечките стапки на насилство врз жените, фемициди, секојдневни социјални и здравствени неправди, и економски проблеми кои посебно ги погодуваат жените. Маршот ќе продолжи кон Паркот Жена Борец, каде ќе има завршни обраќања до јавноста и институциите. Од бесплатни гинеколошки прегледи до пристап до менструални и хигиенски продукти, од безбедност на работното место до вреднување на неплатениот домашен труд, организаторите на маршот сметаат дека е време да се исцртаат црвените линии кои не смеат да се преминат. По повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправноста на жените – 8 Март (петок), ве повикуваме кон колективна акција, колективен протест и колективен марш во заедничката борба за рамноправност и родова еднаквост. Оваа година маршираме под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“, со почеток од 17:00 часот на плоштадот Скендербег. Овој марш претставува протестен одраз против ситуацијата во нашата земја, против инситуционалната и општествената негрижа кон жените и девојките, тргнувајќи од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневните социјални и здравствени неправди па сè до високата стапка на економска несигурност и сиромаштија кои нè засегаат сите, а особено ги погодуваат жените. Во период кога се водат интензивни политички, економски и социјални преговори, потсетуваме дека правата на жените не се за преговарање! Повлекуваме црвени линии за нашите здравствени, образовни, работнички, културни, политички и економски права! Маршираме заедно, бидејќи сите ние треба да имаме гарантирани еднакви права и можности - пристап до здравствени услуги, без да го загубиме нашето право на избор, достапност до бесплатни гинеколошки прегледи во сите населени места, како и до менструални и хигиенски продукти, достојни болнички услови и лекарска експертиза, еднакви плати за иста работа, вклученост во донесувањето на одлуки, безбедност на работното место, вреднување на неплатениот домашен труд, живот без насилство – физичко и дигитално, безбедност во јавниот и приватниот простор, фер и непристрасно институционално постапување. Независност, правичност и сигурност - во сите сегменти од нашето постоење! Изразуваме солидарност до нашите сестри и соборнички во Загреб, Сарајево, Белград, Приштина, Подгорица, Тирана, Љубљана, кои се соочуваат со истите неправди и потсетуваме дека регионалната поддршка и соработка ќе ни помогне заедно да ги надминеме препреките. Затоа, ве повикуваме да марширате заедно со нас и заедно да кренеме глас за женските права и црвените линии кои не смеат да се преминат. Маршираме заедно во петок – 8-ми Март во 17 часот на плоштадот Скендербег каде ќе ја започнеме нашата рута, а маршот ќе го завршиме во Паркот Жена Бор ец, со завршни обраќања до јавноста и институциите. Се гледаме на марш! -Повикот на марш на организаторите Историјата на Меѓународниот ден на жената започнува во раните 1900-ти, со корените засадени во индустрискиот револт и борбата за рамноправност и правата на работниците. Се смета дека првиот Национален ден на жената бил одбележан во Соединетите Американски Држави на 28 февруари 1909 година, поддржан од Социјалистичката Партија на Америка. Со текот на годините, денот бил прифатен и во други земји, а во 1910 година, на втората Интернационална конференција на работничките жени во Копенхаген, било предложено 8 Март да биде официјален меѓународен ден на жената за да се отстојуваат барањата за рамноправност и унапредување на правата на жените. Првиот меѓународен ден на жената бил одбележан во 1911 година, а со текот на времето датумот станал симбол на борбата против патријархатот и за рамноправност меѓу половите. Денес, 8 март не само што го обележуваат жените ширум светот како ден на активизам и прослава на достигнувањата, туку служи и како напомена дека борбата за рамноправност сè уште не е завршена. Во ова светло, маршот на 8 Март во градови како Скопје, Загреб, Сарајево, и други, ја продолжува оваа традиција на заедништво и солидарност. Како заедница, мора да продолжиме да се бориме за еднаквост, праведност и достоинство за сите жени, без разлика на нивната раса, религија, сексуална ориентација или економски статус. Време е да ги препознаеме и јавно да ги поддржиме овие црвени линии кои се засноваат на основните човекови права. Правата на жените не се ниту тренд, ниту дневна политика - тие се темел на едно праведно општество. Во време на социјални и економски кризи, жените често непропорционално трпат последиците. Маршот на 8 Март е повеќе од само протест; тоа е и празник на женската заедница и моќта на колективниот активизам. Кога зборуваме за еднакви плати за иста работа, пристап до здравствени услуги, борба против насилството во секој облик, и фер третман во секој аспект на животот, зборуваме за основни човекови права. Со црвена линија симболично ги означуваме нашите позиции за кои не се преговара. Не се на маса ниту здравствената заштита, образованието, безбедноста на работното место, ниту правото на телесна и репродуктивна автономија. Овие се основните столбови на кои треба да се изгради секое општество, и ние бараме истите да бидат утврдени, почитувани и заштитени. На маса, еднакво и рамноправно прифаќаме да седнеме само ние, како жени и сојузници. Солидарноста не познава граници, и мартовскиот марш го проширува својот одек низ регионот, од Загреб до Тирана, од Сараево до Љубљана. Нашите борби може да имаат локален карактер, но нивната суштина и цели се универзални. Регионалната поддршка е витална, бидејќи една од најмоќните пораки што можеме да ја испратиме е дека во оваа борба никој не е сам. Да маршираме заедно означува да стоиме рамо до рамо, да ги подигнеме гласовите високо и да се осигураме дека нашите црвени линии се впечатливи и јасни. Во петок, 8 Март, на плоштадот Скендербег, ќе ги стартуваме чекорите кои одекнуваат со вековни барања за правичност, и ќе завршиме со силни зборови и пораки кон јавноста и институциите во Паркот Жена Борец. Маршот на 8 Март не е само ден за активизам; тоа е ден каде се утврдува верата во свет каде сите жени ќе имаат право да одлучуваат, да бидат слушнати и да живеат без страв. Придружете ни се - заедно, можеме да направиме промена. претходно следно

  • Поп култура фестивалот во сабота во Лабораториум | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BF%D0%BE%D0%BF-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0-%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%83%D0%BC?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан ПМГ, Поп култура фестивал, Силата еу младите, лабораториум 14.11.24 г., во 18:00 Супер младалачки фестивал Поп култура е настан кој е дел од платформата Sila Eu Mladite. Тоа е покана за секојдневно активирање, ангажирање и учество на младите во современиот свет. Поп-културата е изјава дека речиси сите форми на уметност се обединуваат, а оваа можност дава платформа за младите да ги изразат своите идеи, текови и апели. Оваа година, за да апелираме на младешката енергија и креативност се обраќаме на кремот на актуелната македонска поп-хоп генерација, во која членуваат Јанг Дади, Зи, Матеј Фолц, Вански и Димчуга . Но, тоа не е се, ќе има специјална покана и ексклузивен настап на прекрасната Млада Беба, директно од Србија. Ова се само мал дел од оние кои со задоволство ги гледаме на претстојниот фестивал. Настанот ќе се одржи на 17 февруари, во лабораторијата ЕКЦ. Билетите се веќе пуштени во продажба во Лабораториум или онлајн за само 200 денари. Но, Поп култура не застанува тука. Ќе ги надмине физичките бариери и наскоро ќе биде дистрибуиран како винил! Ова е вистинска вест за сите љубители на ретро музички формати. Се надеваме дека го споделуваме ентузијазмот за оваа иницијатива, која на нашите млади ќе им даде простор да го изразат својот креативен дух како никогаш досега. Се гледаме на 17 февруари во Лабораторија. „ПОП КУЛТУРА е дел од платформата СИЛАТА ЕУ МАЛДИТЕ. ПОП КУЛТУРА е фестивал на современата македонска Поп музика, која произлезе од Хип - Хоп движењето, како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина. А нашата младина е модерна. И убава. И паметна. Тоа јасно ќе го демонстрираме во сабота на 17 фебруар, во ЕКЦ Лабораториум. Настап на кремот на актуелната домашна ПОП ХОП генерација: Young Dadi Zee Matej Foltz Vanski Dimchuga ++ специјалната гостинка од Србија, прекрасната Mlada Beba. следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page