top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • Маалски Фестивал 3.0 ги освежува скопските маала со уметност и заедништво | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BC%D0%B0%D0%B0%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB-3.0-%D0%B3%D0%B8-%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%B5%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D0%B0%D0%BB%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%83%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%BE?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Маалски фестивал, КСП Центар - Јадро 14.11.24 г., во 18:00 Третото издание на Маалски Фестивал, објавено за 27-29 септември, носи богата програма од улични уметности до едукативни работилници, прославувајќи пет години на КСП „Центар Јадро“ и култура како јавно добро. Од улични сложувалки до музички перформанси под отворено небо, Маалски Фестивал 3.0 ветува три дена исполнети со уметничка експанзија и културно интимизирање со маалото. Со започнување на 27 септември, фестивалот, кој го чествува своето трето издание и петгодишнината од активирањето на културниот центар КСП „Центар Јадро“, ќе претстави микс од локални уметници и дејствувања насочени кон сплотувањето на заедницата и реафирмацијата на уличниот уметнички израз. Програмата на фестивалот за оваа година вклучува разновидни активности кои целат да ги ангажираат сите возрасти, од работилници за изработка на „све и свашта у маало“ предводени од активистот Никола Писарев, до ексклузивни музички настапи и културни тури по маалото. И во секоја точка, фестивалот дише со духот на инклузивност и колективен креативен напор. Кулминација на првиот ден ќе биде изложбата 'Пет години КСП Центар - Јадро' што ја прославува стабилноста и разнообразноста на Центарот како културен хаб што расте и се развива заедно со својата заедница. Изложбата ќе води кон слободната музичка импровизација во Паркот на Франкофонија, заокружувајќи ден полн со артистички приказни и содржини. За наредните денови, фестивалот најавува и многубројни работилници за деца и возрасни, вклучително и за изработка на чуднозвучни музички инструменти, како и серија работилници за македонски знаковен јазик, сè во духот на инклузивноста. Третиот ден е во знак на филмски вечери во Центарот и завршен концерт со Добрила и Доријан, чија музика носи длабока уметничка порака амбалажирана во експериментални звуци. „Маалски Фестивал секогаш стремел кон создавање на простор каде што уметноста не само што ја претставува културата, туку активно учествува во формирањето на нашите заеднички јавни и приватни простори, обогатувајќи ги така со нов креативен здив ," изјави организаторот. Зад аголот доаѓа третото издание на Маалски фестивал, а ние со нетрпение ве покануваме на нашата маалска забава. А годинава, имаме доста за славење! Не само што изданиево е трета среќа, туку годинава славиме и јубилеј - „Пет години КСП Центар Јадро“, која ја потврдува нашата визија дека КСП „Центар Јадро“ е приказна што се создава колективно. Токму и со изложба по повод овој јубилеј официјалнно ќе го отвориме ова фестивалско издание. На изложбата, присутните ќе можат одблиску да ги засведочат сите изложби, концерти и културни настани кои се одржале во изминативе години во „културното јадро“ на Дебар Маало. Веќе 5 години под заедничката замисла „Културата како јавно добро“ во КСП „Центар - Јадро“ се запознаваат, активно дејствуваат и се инспирираат уметниците, културните работници, локалната заедница и публиката. Низ годините работење и дејствување, просторот постојано се трансформира и адаптира со цел да ги поддржи динамичните процеси и потреби на културната сцена. Преку средбите помеѓу уметниците и граѓаните во рамките на бројните содржини што беа реализирани, сметаме дека не само што направивме храбар обид да ги поврземе овие две групи преку уметноста, туку сметаме дека создаваме простор каде што уметноста се обликува според потребите на колективот. - КСП Центар Јадро Програма на Маалски Фестивал 3.0 27 септември (четврток) 10:00 - Работилница за изработка на све и свашта у маало со Никола Писарев 12:00 - Маалска Тура низ архитектонските знаменитости на Општина Центар со Тиит. Инк 17:00 - „Сложувалка“ – работилница за деца со Доротеј Нешовски 20:00 - Изложба „Пет години КСП Центар - Јадро“ 21:00 - Настапи во Парк на Франкофонија: Букршлиев-Томевски дуо Бенд „Мојра“ Квартет Спировски/Новковски/Танасковски/Џорлев 28 септември (петок) 10:00 - Работилница за чуднозвучни инструменти со Виктор Танасковски и Владимир Лукаш 12:00 - „ЗНАК до ЗНАК“ – работилница за македонски знаковен јазик со Викторија Волак 14:00 - Маалски Базар и Саем на книги во Парк на Франкофонија 19:30 - „Џез во мојот влез“ – настап на џез хор Артисан 21:00 - Проекција на ретро студентски филмови – „Рани трудови“ 29 септември (сабота) 19:00 - Филмски проекции од „ОКО“ и Интернационална студентска филмска платформа „ХАЈ-ФАЈ“ 20:00 - Настапи на Добрила и Доријан следно

  • Албарн нема никогаш да се врати на Коачела

    Албарн не беше импресиониран - но беше ниту американската публика сите вести Албарн нема никогаш да се врати на Коачела Албарн не беше импресиониран - но беше ниту американската публика 16 апр. 2024 г. Дамон Албарн ( Damon Albarn) од Blur си ја кажа својата фрустрација во живо на сцената додека настапуваше пред публиката која беше се́ само не ентузијастички настроена на Коачела овој викенд. Легендата на Бритпоп жанрот настапи со својот бенд на музичкиот фестивал во Калифорнија во саботата (13 април), помеѓу сетовите од Sublime и No Doubt пред Tyler the Creator како хедлајнер на вечерта. Blur испорача сет кој ја покри целата нивна кариера на главната сцена на Coachella, вклучувајќи ги омилените траки на фановите како „Song 2“ и „Popscene“. Сепак, Албарн беше видно иритиран кога се обиде да изведе повик-и-одговор со американската толпа за време на „Boys and girls“. „“Можете и подобро од ова“, им рече тој на присутните во еден момент, што беше пречекано со тишина. Кога сè уште не го доби саканиот одговор, фронтменот рече: „Никогаш повеќе не нè гледате, па може и ебано да ја пеете. Ме разбирате?“ Снимка од Boys and girls нема на Коачела каналот :) ... Пред После

  • Маршот на 8 март: Црвените линии на женските права | diva.mk

    8.3.24 г., во 16:00 марш, осмомартовски марш, женски права, феминизам, Скендербег плоштад Square Skenderbeg, Bitpazarska, Skopje, North Macedonia Оваа година, на 8 Март, граѓаните на многу балкански градови ќе излезат на улиците, на марш под моќниот слоган „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“. Во Скопје, планирано е оваа акција да започне точно во 17:00 часот на плоштадот Скендербег, со цел да се дигне глас против растечките стапки на насилство врз жените, фемициди, секојдневни социјални и здравствени неправди, и економски проблеми кои посебно ги погодуваат жените. Маршот ќе продолжи кон Паркот Жена Борец, каде ќе има завршни обраќања до јавноста и институциите. Од бесплатни гинеколошки прегледи до пристап до менструални и хигиенски продукти, од безбедност на работното место до вреднување на неплатениот домашен труд, организаторите на маршот сметаат дека е време да се исцртаат црвените линии кои не смеат да се преминат. По повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправноста на жените – 8 Март (петок), ве повикуваме кон колективна акција, колективен протест и колективен марш во заедничката борба за рамноправност и родова еднаквост. Оваа година маршираме под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“, со почеток од 17:00 часот на плоштадот Скендербег. Овој марш претставува протестен одраз против ситуацијата во нашата земја, против инситуционалната и општествената негрижа кон жените и девојките, тргнувајќи од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневните социјални и здравствени неправди па сè до високата стапка на економска несигурност и сиромаштија кои нè засегаат сите, а особено ги погодуваат жените. Во период кога се водат интензивни политички, економски и социјални преговори, потсетуваме дека правата на жените не се за преговарање! Повлекуваме црвени линии за нашите здравствени, образовни, работнички, културни, политички и економски права! Маршираме заедно, бидејќи сите ние треба да имаме гарантирани еднакви права и можности - пристап до здравствени услуги, без да го загубиме нашето право на избор, достапност до бесплатни гинеколошки прегледи во сите населени места, како и до менструални и хигиенски продукти, достојни болнички услови и лекарска експертиза, еднакви плати за иста работа, вклученост во донесувањето на одлуки, безбедност на работното место, вреднување на неплатениот домашен труд, живот без насилство – физичко и дигитално, безбедност во јавниот и приватниот простор, фер и непристрасно институционално постапување. Независност, правичност и сигурност - во сите сегменти од нашето постоење! Изразуваме солидарност до нашите сестри и соборнички во Загреб, Сарајево, Белград, Приштина, Подгорица, Тирана, Љубљана, кои се соочуваат со истите неправди и потсетуваме дека регионалната поддршка и соработка ќе ни помогне заедно да ги надминеме препреките. Затоа, ве повикуваме да марширате заедно со нас и заедно да кренеме глас за женските права и црвените линии кои не смеат да се преминат. Маршираме заедно во петок – 8-ми Март во 17 часот на плоштадот Скендербег каде ќе ја започнеме нашата рута, а маршот ќе го завршиме во Паркот Жена Бор ец, со завршни обраќања до јавноста и институциите. Се гледаме на марш! -Повикот на марш на организаторите Историјата на Меѓународниот ден на жената започнува во раните 1900-ти, со корените засадени во индустрискиот револт и борбата за рамноправност и правата на работниците. Се смета дека првиот Национален ден на жената бил одбележан во Соединетите Американски Држави на 28 февруари 1909 година, поддржан од Социјалистичката Партија на Америка. Со текот на годините, денот бил прифатен и во други земји, а во 1910 година, на втората Интернационална конференција на работничките жени во Копенхаген, било предложено 8 Март да биде официјален меѓународен ден на жената за да се отстојуваат барањата за рамноправност и унапредување на правата на жените. Првиот меѓународен ден на жената бил одбележан во 1911 година, а со текот на времето датумот станал симбол на борбата против патријархатот и за рамноправност меѓу половите. Денес, 8 март не само што го обележуваат жените ширум светот како ден на активизам и прослава на достигнувањата, туку служи и како напомена дека борбата за рамноправност сè уште не е завршена. Во ова светло, маршот на 8 Март во градови како Скопје, Загреб, Сарајево, и други, ја продолжува оваа традиција на заедништво и солидарност. Како заедница, мора да продолжиме да се бориме за еднаквост, праведност и достоинство за сите жени, без разлика на нивната раса, религија, сексуална ориентација или економски статус. Време е да ги препознаеме и јавно да ги поддржиме овие црвени линии кои се засноваат на основните човекови права. Правата на жените не се ниту тренд, ниту дневна политика - тие се темел на едно праведно општество. Во време на социјални и економски кризи, жените често непропорционално трпат последиците. Маршот на 8 Март е повеќе од само протест; тоа е и празник на женската заедница и моќта на колективниот активизам. Кога зборуваме за еднакви плати за иста работа, пристап до здравствени услуги, борба против насилството во секој облик, и фер третман во секој аспект на животот, зборуваме за основни човекови права. Со црвена линија симболично ги означуваме нашите позиции за кои не се преговара. Не се на маса ниту здравствената заштита, образованието, безбедноста на работното место, ниту правото на телесна и репродуктивна автономија. Овие се основните столбови на кои треба да се изгради секое општество, и ние бараме истите да бидат утврдени, почитувани и заштитени. На маса, еднакво и рамноправно прифаќаме да седнеме само ние, како жени и сојузници. Солидарноста не познава граници, и мартовскиот марш го проширува својот одек низ регионот, од Загреб до Тирана, од Сараево до Љубљана. Нашите борби може да имаат локален карактер, но нивната суштина и цели се универзални. Регионалната поддршка е витална, бидејќи една од најмоќните пораки што можеме да ја испратиме е дека во оваа борба никој не е сам. Да маршираме заедно означува да стоиме рамо до рамо, да ги подигнеме гласовите високо и да се осигураме дека нашите црвени линии се впечатливи и јасни. Во петок, 8 Март, на плоштадот Скендербег, ќе ги стартуваме чекорите кои одекнуваат со вековни барања за правичност, и ќе завршиме со силни зборови и пораки кон јавноста и институциите во Паркот Жена Борец. Маршот на 8 Март не е само ден за активизам; тоа е ден каде се утврдува верата во свет каде сите жени ќе имаат право да одлучуваат, да бидат слушнати и да живеат без страв. Придружете ни се - заедно, можеме да направиме промена. претходно следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page