Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Црнила ремикс се вратија со награда од Ниш, Црнила ремикс се вратија со награда од Ниш, црнила-ремикс-се-вратија-со-награда-од-ниш
Српскиот Нишвил, џез фестивал кој постои од 1995 и функционира на повеќе сцени, на Нишкото кале. „Црнила ремикс“ настапи во саботата со своето современа и урбана интерпретација на класикот Црнила на Коле Чашуле. Тоа е МКЦ продукција, која имаше премиера на МОТ 2019 а потоа и на Здраво млади! Дарко Димтириевски и Павле Димковски од Зад Аголот се потпишани како автори, а Зад Аголот ја донесоа во живот: Погледнете ја и сами!
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Френк Оушн снима игран филм, Френк Оушн снима игран филм, френк-оушн-снима-игран-филм
Гласините стануваат се́ погласни: Френк Оушн планира да го напише и режира својот прв долгометражен филм со поддршка на A24 и 2AM. 2AM, млада продукциска компанија со седиште во Лондон е независен потфат, поддржан и дистрибуиран од А24. Деталите за проектот остануваат прикриени како и самиот пејач на Blond, но, според HYPEBEAST, проектот, за внатрешна употреба го носи прекарот „Фили“ и Оушн го гледа Ново Мексико како потенцијална локација за снимање, што го отежнува формирањето на какви било кохерентни теории на обожавателите,што се однесува до заплетот на филмот. Минатиот кинематографски труд на Оушн ги вклучува визуелните елементи што го придружуваат Endless од 2016 година, како и музиката што ја има лиценцирано за голем број претходни филмови на А24, вклучувајќи ги „Godspeed“ и „Seigfried“ во Waves и предговорот што го напиша за објавената верзија на Moonlight. Тој е најавен да настапува на Коачела 2023 - што укажува на објавување свежа музика, но по кој редослед ќе се одвиваат и објавуваат проектите - може само да се претпоставува. Ова не е единствениот проект предводен од музичар што се работи на А24, кој склучи продукциски договор со Тревис Скот во 2021 година, со Кактус Џек, компанијата на Скот, потпишувајќи серија филмови. Зинот Boys Don’t Cry на Френк Оушн, даде и детали за некои од омилените филмови на R&B пејачот. Како што можеби веќе знаете, ограничениот печатен магазин беше објавен заедно со новиот албум на Оушн, Blonde кој беше објавен во 2017 во случајни поп-ап продавници ширум светот. Оваа една страница беше посветена на сите филмови кои го инспирираа, вклучително и фотографии од секој од нив. Списокот е прилично голем, но неколку режисери се повторуваа доста често, вклучувајќи ги Квентин Тарантино, Пол Томас Андерсон, Вернер Херцог, Вонг Кар-веи, Дејвид Линч, Браќата Коен и Стенли Кјубрик.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Трики и создавањето на Мaxinquaye (2/3), Трики и создавањето на Мaxinquaye (2/3), трики-и-создавањето-на-мaxinquaye-2-3
Автор: Марк Саундерс. Првиот дел ОВДЕ. Рутината И така, Трики, Мартина и јас продолживме да работиме во станот на Кенсал рајз некое време пред да ја преместиме операцијата во моето студио кое не беше многу далеку во Кеналот продакшн студиос на Кенсал роуд. Ова беше стара фабрика за чоколади поделена на многу единици од кои повеќето имаа компании поврзани со музичкиот бизнис кај нив. Тоа беше одлично место за работа со кул бар и ресторан каде редовно можеше да се видат музички ѕвезди како се дружат. Менаџерската компанија на Џамиракуај (Jamiroquai) беше во зградата, така што тие беа редовни муштерии- сакав да ги гледам прекрасните винтиџ автомобили на Џеј паркирани надвор. Како што може да очекувате од еден дечко наречен Трики, тој беше озлогласено недоверлив кога станува збор за појавувањето на сесии. Тој немаше часовник или саат во неговиот стан - немаше ништо на кое може да го чита времето. Мојата дневна рутина се состоеше во тоа да му се јавам на Трики околу 15 часот кај него дома. Тој ќе го кренеше телефонот, зевајќи, и јас ќе му речев: „Еј Трики, Марк е, требаше да бидеш во студио денес во 12, се сеќаваш?“. На што тој сонливо одговараше: „Тогаш колку саат е сега?“. Јас ќе речев: „3 саат“. И тој неизбежно ќе речеше: „Нееее…! Мартина ти се верува, 3 саат е?!„ Тогаш ќе ја слушнав нејзе како вели: „неее!“... стварно?! " - „ Веднаш ќе дојдам“ - , ќе речеше Трики. И тогаш некаде помеѓу 17 и 20 часот тој ќе се појавеше! Потоа ќе влезеше во „зоната“ околу три часа. Ќе направевме песна, Трики ќе го снимеше својот вокал, потоа ќе ја повикаше Мартина да дојде и да пее, а до 23 часот тој ќе речеше: „Ој се уморив, мора да оам дома во кревет“. Еден ден му се јавив на неговиот менаџер и му реков: „Не можам да го најдам Трики, требаше да биде тука пред еден куп време “. „Ах...“ рече таа „штотуку ми се јави од Њујорк, тој едноставно одлучи да оди минатата ноќ... извинете... не сум сигурна кога планира да се врати“. Сепак, оваа рутина не беше толку лоша за мене, како и да е, бидејќи сум љубител на поп музика, секогаш се обидував да ги направам песните прифатливи за на радио и прилично рано сфатив дека ако се обидам да додадам мелодија со клавијатури или дел со гитара, беше малку веројатно дека Трики ќе го прифатеше ако ме видеше дека го правам тоа - но доколку го правев тоа кога тој не беше присутен - па ќе го чуеше следниот ден, беше поверојатно дека ќе ги задржи. Трики генерално беше задоволен со трака од еден луп без нешто многу друго да се случува, без краеви и почетоци- не го интересираа светлината и сенките. Така, секогаш ги измолкнував музичките промени, ги спуштав луповите за скала или две и генерално се обидував траките да ги направам што е можно поинтересни и ги правев посладуњави. Светлите точки Има неколку траки за кои вреди да се зборува во детали. Мојата омилена е Black Steel. Ова беше дефинитивно посебна песна за мене на албумот. Трики сè уште контактираше со мајката - Индијка на една поранешна девојка и таа му испраќаше касети со индиска музика. Еден ден, Трики ми пушти нешто од овие касети и сакаше да ги семплувам тапаните за интрото. Очигледно, касетата беше копија на касета преснимена од друга касета и шуштеше како да нема утре - но на Трики не му беше гајле, се разбира. И така, го ставив семплот во луп, потоа додадовме некои делчиња со гитара кои свиреа наназад, и други чудесии. Трики ми кажа дека сака ова да биде преработка на песната на Public Enemy „Black Steel“. Па почна да ги пишува стиховите за да може Мартина да пее. Тој не ги доврши, по некое време и́ рече на Мартина: „Ах...ова ќе биде доста, само повторувај ги овие“. Совесно, Мартина отиде зад микрофонот и јас стиснав „снимај“ . Како и обично, она што го слушате на песната е првата работа што излезе од нејзината уста. Звучеше брилијантно и таа создаде кул мелодија иако немаше вистинска музика за пеење на траката, само индиски тапани со длабока табла. Кога заврши, Трики рече „тоа е тоа, значи оваа е готова!“ Не се согласив баш - не ми звучеше толку интересно, само вокал, тапан и малку чудност, но не реков ништо затоа што дотогаш веќе сфатив дека е најдобро да му даеш време на Трики ако сакаш да го убедиш да оди во друга насока за било што. Некое време после ова, братот на Мартина свиреше со својот бенд и сите решивме да одиме да му дадеме поддршка. Трики, како што често правеше, рече: „Нема да пијам вечерва. Последен пат кога излеов се напраив крш“. Па, кога стигнавме на свирката, кога го прашав што сака да пие, ми рече „дупло бренди друже“!. Свиреше предгрупата, но поголемиот дел од времето го поминавме во барот и не ми текнува ништо за нив. И Трики се напраи крш. Следниот ден, назад во студиото, менаџерката на Трики се јави и рече: „Тукушто се слушнав со еден бенд од Манчестер (можеби не беше Манчестер, но беше некаде од север), и велат дека Трики ги поканил да свират. На албумот.“ Се свртев кон Трики и му реков „дали го покани бендот што беше предгрупа вчера вечер да дојде и да свири на албумот?“ Тој рече „ја?...не…..дали? О Боже а можда сум ги, сеа коа размислувам!'. Прашав „Дали беа добри? Каков тип на бенд се?’. „Неам поим“, рече Трики. Како и да е, Трики реши да дојдат да свират и така беше договорен датум за неколку недели подоцна. Неколку дена пред тој датум, се сетивме дека бендот доаѓа во студиото спроти моето што го резервиравме за оваа сесија во живо (моето студио не беше доволно големо) и Трики рече „ шо ќе ги пуштиме да свират?'. Размислив за тоа и реков „а што е со Black Steel?….тоа е единствената трака што ја имаме, што нема многу на нејзе. Изненадувачки, Трики се согласи. Тој ден, многу возбуден бенд се појави во студиото точно на време, и желен да започне. Трики, сепак, беше многу помалку возбуден за целата идеја и не се обидуваше баш да го скрие тоа. Едвај зборуваше со бендот и остана во контролната соба додека јас го поставував бендот во просторијата за во живо, и пробав да сконтам каков бенд се тие, и се обидував да ги забавувам и да им го одвлечам вниманието од фактот дека Трики, типот поради кој што тие извозеле долг пат за да соработуваат, не покажуваше никаков интерес за нив. Се испостави дека свират музика во техно стил, но со живи инструменти. Не го очекував тоа - па да бидам искрен, немав поим што да очекувам. И кога сега мислам за тоа, не ми е јасно зошто не побаравме да ни испратат касета од нивната музика, пред да се појават?! Назад во контролната соба Трики беше намрштен, со својата црна качулка натегната преку главата додека пафкаше од својот сплиф. Го замолив тапанарот да ги удри томовите за да можам да ги проверам микрофоните на тапанот, Трики одеднаш се размрда. „Звучи лудило! Брзо, сними го!“, рече тој. Совесно го ставив DAT плеерот да снима. Имајте на ум сега, дека тапанарот не свиреше кул фанки ритам или нешто така, тој едноставно удираше по неколку отчукувања на секој том - бонг бонг - бум бум - там там. Можев да насетам каде оди сето ова во умот на Трики... ќе ја направиме целата оваа сесија и единственото нешто што Трики ќе сакаше да го искористи беа овие случајни удари на тапани кои штотуку ги снимив на DAT-от! Кога бендот почна да свири, ги замолив да изведат една од нивните песни за да се загреат. Тие беа добри. Беа стегнати, особено тапанарот кој свиреше како драм-машина. Вокало беше добар. „Но, како ќе функционира на Black Steel?“ си помислив. Знаев дека ќе треба нежно да му дадам до знаење дека нема да биде вклучен во оваа трака. Тој го прими ова изненадувачки добро и се чинеше дека е едноставно среќен што бендот ќе добие публицитет со тоа што ќе соработува со артист кој има вистински договор за снимање. Им го пуштив она што го снимивме досега за Black Steel и ги замолив само да бидат трпеливи за да видат како ќе излезе. Тогаш сфатив колку голема работа е да се побара, затоа што, како прво, Мартина пееше вокал без музика и можеби не беше ни блиску до „концертниот“ тон, но, импресивно сепак беше. Бендот се согласи да проба по моите инструкции, и иако ми звучеше премногу затегнато и круто, тие всушност свиреа некои акорди и мелодии на начин кој добро функционираа со песната. Го прашав Трики, кој повторно се спушти во својот дуксер, што мисли и тој рече „ја нема да користам ништо од срањево“. „Одлично“, си помислив, „ова оди добро“. Имав помисла дека Public Enemy се како панк рокерите во светот на рапот, па го замолив тапанарот да го напушти стегнатиот, машински начин на свирење, и го замолив да го испроба пристапот на тапанар на панк рок, на Секс пистолс - полабаво и многу краш цимбали. Тој се прими како патка на вода и навистина влезе во филмот. Одеднаш траката почна да оживува. Бев навистина возбуден, каде води ова. Го погледнав Трики, кој беше прилично коматозиран во овој момент и очигледно не беше заинтересиран. Бендот отсвири неколку преоди, и им реков „тоа е брилијантно, имам многу со што ќе можам да работам“ и многу им се заблагодарив што возеа толку долг пат за да го направат ова итн. - повторно се обидував да им го одвлечам вниманието од Трики кој едвај им кажа збор. Додека се пакував да одам, сопственикот/инженерот на тоа студио, кој беше сведок на целата сесија, ми рече: „Мора да имаш трпение на светец!“ кимнувајќи со главата кон Трики. Назад во студиото следниот ден, додека чекав Трики да се појави како и обично, почнав да го разгледувам она што бендот го свиреше и се обидов да направам груба структура користејќи ги нивните најдобри делови. Ми звучеше навистина добро и направив груба мешавина за му ја пуштам на Tricky мислејќи дека „нема смисла да се исполира ако Трики потоа го мрази “. Сфатив и дека најдобро би било да почекам малку пред да му ја пуштам. Како што беше, кога Трики се појави тој ден, не ја ни спомна сесијата од претходниот ден. Мислам дека тој целосно заборавил на тоа. Само продолживме со нова трака. Околу една недела, или така нешто, подоцна, кога знаев дека Трики ќе влезе во студиото секој момент, го ставив грубиот микс на Black Steel.„Што е тоа?!“ рече тој кога влезе: „Звучи лудило!“. Му реков дека тоа е она што бендот го сними за Black Steel. Тој беше многу возбуден и рече: „брзо, пушти го микрофонот!“ Влета зад микрофонот и го сними неговиот дел „many switch in, switch on, switch off“ (целосно украде сам од себе од Strugglin!). И тоа беше тоа… песната заврши. Беше среќен, не бараше финеси. Навистина сакав да користам нов софтвер кој може да ги отстрани звуците како шуштењето снимката од касетата - сакав да го исчистам шушкавиот тапан...но никогаш не стигнав да го направам тоа. Друга светла точка беше кога Алисон Голдфрап (Alison Goldfrapp) дојде да ја пее песната Pumpkin. Никогаш не сум слушнал за неа до тој момент, но таа влезе, беше многу фина и, откако ја преслуша песната неколку пати, влезе во кујната пред микрофонот, Трики не и́ даде никаков текст - тој сакаше да ја остави да испее по свое. Она што го слушате на плочата е нејзиниот прв и единствен обид. Таа беше брилијантна. Таа во основа го правеше она што го прават многу добри писатели, таа пееше како навистина да го мисли тоа, но пеејќи какви било звуци/зборови што ѝ доаѓаа во главата во тоа време. Понекогаш писателот ќе го направи тоа неколку пати и често ќе открие дека неколку зборови држат вода, и текстот на песната е изграден околу нив. Но, Трики сакаше да ја задржи нејзината прва снимка онаква како што беше. Па тоа беше тоа! Поради некоја причина, кога Алисон за првпат почна да ја пее нејзината фраза, Трики почна да се кикоти. Тоа и мене ме фати, и на крајот во основа се смеевме во текот на целото снимање и моравме да се обидеме да се собереме, за да го притиснеме копчето за разговор за да разговараме со Алисон кога ќе заврши песната и да и кажеме дека е брилијантна. За среќа бевме разделени со цврст ѕид, па Алисон не можеше да не́ види.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Песната „Гуш и Бац“: Промоција на химната за пријателство и инклузија, Песната „Гуш и Бац“: Промоција на химната за пријателство и инклузија, песната-гуш-и-бац-промоција-на-химната-за-пријателство-и-инклузија
На 7 декември, во сабота, македонската јавност ќе има можност да присуствува на промоцијата на видеозаписот за песната „Гуш и Бац“ – инспиративна химна за пријателството, љубовта и прифаќањето на различностите. Настанот, кој ќе се одржи во Кинотека на Македонија, ќе биде настан за и со деца и музика. Повеќе од песна – порака за инклузија „Гуш и Бац“ е дел од кампања за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој. Видеото и текстот, создадени со љубов и посветеност, носат универзална порака: сите деца, без разлика на нивните разлики, заслужуваат место под светлото на сцената. Кампања за инклузија Оваа песна и видео се дел од кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој. Песната ја изведуваат Мијата и Космонаутко заедно со хорот на „Златно славејче“ и група придружни вокали. Композицијата и текстот се дело на Весна Малинова, а аранжманот е заеднички труд на Бојан Димитровски и Наташа Мијат Крстевска, која е и продуцент на проектот. Специјалната промоција Настанот ќе вклучува: Премиерно прикажување на видеозаписот – креативно дело на Moonlight TV & Film Production. Детски игри и дружење со пораката дека различностите нè зближуваат. Музичка изведба на песната, која ги слави насмевките и топлината што сите ги носиме во себе. Тимот зад проектот Покрај авторите и изведувачите, на проектот работеле и бројни музички и видео професионалци. Благодарност беше упатена до тимот на „Златно славејче“, „Хит Радовиш“ и Кинотеката на Македонија, кои несебично ја поддржаа иницијативата. Проектот „Гуш и Бац“ обедини бројни талентирани учесници: песната ја изведуваат Мијата, Космонаутко и хорот на „Златно славејче“, со музика и текст на Весна Малинова, аранжман на Бојан Димитровски и Наташа Мијат Крстевска, која е и продуцент. Гитарските звуци се дело на Стефан Маневски, а на бас гитарата свири Горан Димитровски. Придружните вокали ги исполнија Димитар Иваноски, Мила Крстевска, Стефан Маневски, Никита Крстевска, Дамјан Иваноски, Лина Маневска и славејчињата. Миксот и мастерот се заслуга на Бојан Димитровски и Валентино Скендеровски, додека аудио инженерингот е дело на Ивица Јанкуловски во студио Алшар. Видео продукцијата ја реализираше Moonlight TV & Film Production. Голема благодарност беше упатена до Бобан Јосифовски и тимот на „Златно славејче“, „Хит Радовиш“, Кинотеката на Македонија, и сите кои помогнаа да се сподели оваа инспиративна приказна. За кого е овој настан? Оваа промоција е наменета за сите – деца, родители и љубители на музиката – кои сакаат да ја поддржат мисијата за инклузија и љубов кон различностите. Со песната „Гуш и Бац“, тимот зад проектот покажува дека музиката е универзален јазик кој може да ја надмине секоја бариера и да инспирира љубов и прифаќање. „Гуш и бац за сите!“ Информирајте се повеќе за промоцијата на ФБ настанот.
- Холивуд ги остава поткастите на поткастерите, Холивуд ги остава поткастите на поткастерите, холивуд-ги-остава-поткастите-на-поткастерите
ВЕСТ: Во 2020 вредноста на акциите на Спотифај (Spotify) нагло скокнаа кога се појавија вести за ексклузивниот договор на Меган Маркел и Принцот Хари со стриминг платформата. Но кога договорот пропадна минатиот месец, лидерот на една од најголемите глобални агенции за таленти чиј бизнис сѐ повеќе се ориентира во аудио, кажа дека не е изненаден. „Излезе дека Меган Маркел не е голем аудио талент, или било каков талент“ - кажа Џереми Зимер кој е извршен директор на United Talent Agency додека пиевме кафе во La Majestic за врме на фестивалот за спонзорирање Cannes Lions. „И знаеш, само затоа што си популарен не те прави добар во нешто“ Коментар: Коментарите на Зимер ја рефлектираат новата конвенционална мудрост во поткастерството. Со славните личности од А-листата е завршено - но и со аудио наративите со големи буџети. Новите аудио таленти се ендемски на медиумот и имаат допирни точки со разговорното радио, или личности кои се на дневните телевизиски програми отколку со Виндзорите. Во Кан меѓу ѕвездите беа поткастерите како Алекс Купер (Spotify), Џамела Џамил (SiriusXM) и Џеј Шети (iHeartMedia). Во текот на два дена, трите водители на поткасти, колективно се појавија на 10 настани пред огласувачите дискутирајќи за благосостојбата, зајакнувањето и како тие негувале ангажирана публика преку содржина што е безбедна за огласувачите. Топ фигурите на бизнис индустријата беа заинтересирани за нив. Мајкл Касан, челникот на Медиалинк кој има лудо многу врски, задоцни на состанок со Семафор затоа што беше на состанок со Купер, и еден од директорите на медиа компанијата Candle се извлече од интервју со новинар среде реченица за да ја трча по нејзе. Цимер имаше вечера во Кан со поткастер на вистински криминал жанрот Ешли Флауерс. Спотифај направи најдраматични потези во поткастерскиот простор, во обид да го замени Apple и неговата поткаст апликација и да купиинвентар што не зависи од моќните музички компании. Само во 2020 година, шведската јавна компанија потпиша договор со кралското семејство, Мишел и Барак Обама, Џо Роган и Ким Кардашијан. Годинава Spotify силно ја зграби наративната компанија Gimlet и ќе заштеди претпоставени 20 милиони долари за неколку години на кралското семејство. Главната најава на платформата на минатонеделниот фестивал беше нов неделен подкаст со Тревор Ноа, кој нема да биде исклучиво таму - чувајќи го само на Spotify ограничен временски период - или ексклузивен, знак дека Spotify сè уште се потпира на парите на рекламите и публиката достапни на другите платформи. Кратењата на Спотифај и менување на стратегијата овозможи шанса за некои од неговите конкуренти да се обидат да си ја вратат територијата која беше освоена од шведскиот аудио гигант. Сириус ЕксЕм (SiriusXM) останува најголемиот издавач на поткасти во индустријата. И покрај сопствените намалувања на персоналот на почетокот на оваа година, сателитската компанија беше во Кан за да им го објасни на спонзорите големото повторно лансирање кое е најавено за оваа есен, кое подобро ќе ги подигне и разликува поединечните делови во Сириус, вклучително и платформата за поткасти Стичер (Stitcher). АјХартМедиа (IHeartMedia), радио гигантот порано познат како Clear Channel, се обиде да го преусмери својот најголем предизвик - бавниот пад на копненото радио - во предност. Го искористи својот голем досег на радиото за да ги зајакне своите поткасти, без престан ги вртат рекламите за поткастите на компанијата на радио. iHeart, исто така, ја сврте ситуацијата, распоредувајќи ги своите поткасти на традиционалното радио. Некои радио станици кои компанијата планираше да ги затвори - но наместо тоа беа репрограмирани со посовремена содржина: емисии за вистински криминал. Аудио инсајдерите, исто така, му оддадоа почит на извршниот директор Боб Питман за одржувањето на трошоците на ниско ниво и обезбедувањето на емисиите со пари од реклами пред компанијата да ги објави јавно. Во едно интервју овој месец, шефот на одделот за поткасти на iHeart, Конал Бирн, рече дека неодамнешните настани во другите аудио компании ја оправдале стратегијата на iHeart да дава приоритет на долгорочни емисии со докажани водители наместо фалбаџиство и звучни и сочни имиња на славни личности: „ Ние ги видовме останатите кои пробаа различни бизнис модели кои или ексклузивно ги ограничија содржините на една апликација или правејќи краторочни договори со големи имиња во обид да го купат нивниот влез во индустријата наспроти стратегијата на градење на долгорочни но одлични содржини кои би траеле повеќе години. Видов неколку примери скоро кои почнуваат да се оддалечуваат од од тој тип на стратегии. Не ме изненадува затоа што беа осудени на пропаст од првиот ден. Никогаш немаше смисла за нас.“ И покрај некои повлекувања, сè уште има многу успешни подкасти водени од познати личности, поткастот на Вондери (Wondery) - Smartless (Безумни) неделно ток-шоу со Џејсон Бејтман, Шон Хејс и Вил Арнет, тие константно се на врвот на аудио топ листите. Хот под (Hot Pod) објави претходно оваа година дека главниот директор за содржини на Сириус, Скот Гринштајн, им кажал на вработените дека неговата визија за компанијата е да прави помалку, но подобри емисии, истакнувајќи ги поткастите на Кевин Харт и Конан О'Брајан. Некои вработени го сфатија тоа како знак дека компанијата сака повеќе да се приклонува кон поткастите управувани од познати личности, иако портпаролот на компанијата појасни дека коментарите на Гринштајн „се наменети да покажат што компанијата го прави особено добро: идентификување емисии кои имаат потенцијал на преминот поткаст-радио. ” И покрај големиот апетит на јавноста за содржината на кралското семејство, пристапот на Меган и Хари кон нивниот подкаст со Спотифај не успеа да најде публика или формат што функционираше. Амбициите на поткастот на кралското семејство беа загрозени од недостатокот на посветеност на производот и идеите кои никогаш не се остварија: принцот Хари изнесе голем број идеи за поткаст, вклучително и шоу каде што ќе интервјуира контроверзни луѓе како рускиот претседател Владимир Путин и поранешниот претседател Доналд Трамп и за неговата траума од детството. Но, тој на крајот не продуцираше никакви шоуа за компанијата. Како што претходно објави Семафор, Бил Симонс на Рингер се смета за сè помоќна сила во империјата на подкаст на Spotify. Во повеќе наврати во последниве месеци, Симонс ги критикуваше членовите на кралското семејство, нарекувајќи ги „преваранти“ и велејќи дека му е срам што е на Спотифај со нив. извор: Семафор
- Природни репеленти против инсекти: зошто да ги користиме и пар направи сам рецепти, Природни репеленти против инсекти: зошто да ги користиме и пар направи сам рецепти, prirodni-repelenti-organski-protiv-insekti
Некои луѓе едноставно имаат одбивност кога станува збор за користење на хемиски производи за контрола на инсектите, штетниците но и живиот свет кој може да биде опасен за луѓето и миленичињата како што се змиите. Хемиските репеленти можат многу да ја чинат животната средина и да предизвикаат негативни ефекти врз здравјето на луѓето. Сепак, органските репеленти се направени од природни состојки и не содржат штетни хемикалии. Ова ги прави одличен избор за луѓе кои сакаат да ги заштитат своите домови и семејства, без да ја загрозуваат природата и здравјето на луѓето. Користењето на органски репеленти исто така ја поттикнува одржливоста и може да помогне во намалувањето на отпорноста која штетниците ја развиваат кон конвенционалните пестициди со што тие стануваат малку ефективни. Дополнително, органските производи често се биоразградливи, што значи дека тие се разложуваат природно во околината без да оставаат долготрајни токсични остатоци. Органските репеленти се еколошки прифатливи и природни. Ова значи дека нема да остават негативен траг во природата и нема да ја загадат животната средина. Со користењето на органски репеленти, можете да се чувствувате добро во врска со себе, како некој што преземал позитивни чекори знаејќи дека сте го направиле својот удел во заштита на природата. Освен што се безбедни за употреба околу деца и домашни миленици, органските репеленти исто така се пожелни за оние кои се занимаваат со органско земјоделство или сакаат да одржат природен баланс во своите градини и дворови. Користењето на природни репеленти може да биде дел од справувањето со штетници, стратегија која вклучува различни методи за контрола на штетници со минимално користење на хемикалии. Градинарите треба да бидат обезбедени од штетните ефекти на инсектите, но исто така треба да бидат внимателни кога станува збор за околината. Традиционалните репеленти за инсекти содржат отровни хемикалии кои можат да ги уништат полезните инсекти и да предизвикаат негативни ефекти врз животната средина. Сепак, природните и органските репеленти за инсекти користат природни состојки кои не се штетни за околината и не ги уништуваат полезните инсекти. Еколошка свест и одржливост Со користење на природни средства за заштита од инсекти, градинарите придонесуваат кон одржливата практика која го заштитува биодиверзитетот и земјиштето. Ова е особено важно во време кога еколошките проблеми се на прв план на глобалната агенда. Здравје и безбедност Природните репеленти се посигурен избор за градинарите кои сакаат да избегнат изложување на себе и своите семејства на потенцијално штетни хемикалии. Органските репеленти не содржат синтетички токсини кои можат да влијаат на човековото здравје. Заштита на полезни инсекти Многу природни репеленти се селективни и не ги нарушуваат полезните инсекти како што се опрашувачите. Ова е важно за одржување на екосистемот и за поттикнување на природното управување со штетници. Кои природни и органски репеленти за инсекти да се користат? Природните и органските репеленти за инсекти можат да се користат за заштита од голем број на инсекти, вклучувајќи ги комарите, мувите, молците, јапонските жолтици и многу други. Некои од најефективните репеленти вклучуваат: Органски репеленти за инсекти во природата Органските репеленти за инсекти се создадени од екстракти на билки и етерични масла кои се познати по своите репелентни својства. Тие се ефикасни во одбивање на штетните инсекти, а исто така мирисот им е пријатен на луѓето. Некои од органските репеленти кои се покажале како најефикасни се: Лук и пиперка Лукот и пиперката се познати како природни репеленти за инсекти кои можат да ги одбијат различни инсекти. Лукото може да се сомеле и да се меша со вода за да се направи раствор кој може да се испрска низ градината, во растенијата и околу нив. Пиперката пак може да се стави во вода и да се направи сличен раствор. Овие раствори можат да се истркаат на растенијата или да се исфрлат во околината за да се одбие инсекти. Лаванда и ружа Лавандата е билка која е позната по своите репелентни својства. Има пријатен мирис и е ефикасна во одбивање на комарци, муви и други инсекти. Можете да ја користите како етерично масло, или да ја засадите во градината или на терасата за да ја заштитите вашата куќа од инсекти. Култивацијата на лаванда не само што додава убавина и арома на вашата надворешна просторија, туку исто така служи како природен репелент што ги одбива штетниците. Ружите пак ги обесхрабруваат со своите остри трња. Поставете лавандини и ружи во вашата градина за да ги одбиете комарите и другите инсекти. Нане Нането е уште една билка која има одбивни својства. Мирисот на нане е пријатен на луѓето, но не и на инсектите. Можете да го користите како етерично масло или да го засадите во градината за да ги одбиете инсектите. Нането може лесно да се шири и станува диво, па така може да обезбеди широк спектар на заштита против инсекти во различни делови на вашата градина. Маслото од нане е ефективен природен репелент за инсекти кои може да се користат за заштита на вашата градина. Ова масло може да се купи во специјализирани продавници за градинари и може да се нанесе на градините за да се одбие инсекти. Лимонска трева Лимонската трева има пријатен мирис на лимон и е ефикасна во одбивање на комарци и други инсекти. Можете да ја користите како етерично масло или да ја засадите во градината или на терасата за да ја заштитите вашата куќа. Лимонската трева содржи цитронела, која е активен состојка во многу комерцијални репеленти за инсекти. Оваа билка не само што ги одбива инсектите, туку и додатно придонесува за аромата и свежината на вашиот простор. Како да ги користите природните и органски репеленти за инсекти? Природните и органските репеленти за инсекти се едноставни за користење. Можете да ги испрскатељ на вашите растенија, да ги нанесете со помош на распрсувач или да ги поставите во околината на вашата градина. Овие репеленти не само што ќе ги одбијат инсектите, туку и ќе ги заштитат вашите растенија од штетливите ефекти на хемикалиите. Направи сам природни органски репеленти за инсекти Зошто да изберете органски репеленти? Природните репеленти за инсекти се создадени од сировини кои се лесно разградливи и не оставаат штетни траги во околината. Покрај тоа, овие репеленти се безбедни за употреба околу деца и домашни миленици. За разлика од синтетичките пестициди, органските средства не предизвикуваат отпорност кај инсекти и не негативно влијаат врз полезните инсекти како пчелите и бубамарите. Предности на природните репеленти Еколошка одржливост: Со користење органски репеленти, вие придонесувате кон заштита на животната средина. Безбедност: Тие се сметаат за посигурни од хемикалиите кои можат да предизвикаат здравствени проблеми. Економичност: Многу од суровините потребни за изработка на органските репеленти се веќе достапни во вашата кујна или двор.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Тататарат, Тататарат, тататарат
”Та-та-рата-та-рат! Џака Накот сите ќе ве…” Пред две изданија , кога излезе со неговиот албум Live on(живеј), Да Џака Накот (Владимир Џокиќ) го нарековме еден од најплодните музичари и уметници на македонски! И та-та-ра-тат! - еве го повторно со ново ЕP: Tataratat, со несмален интензитет, гневен како и секогаш, вешто говорејќи вистина на моќ(truth to power) - римувано. Не само што Џака е хроничар на своето време, и доколку не е овде да ги препознае и регистрира урбаните болки се плашиме не само што сеќавањето ќе испари, наративот по обичај ќе биде особено ранлив на ревизија, туку и современиот македонски јазик (уличниот, говорниот) ќе се изгуби. Тоа е една од неговите најголеми силни точки: се чини со голема леснотија дека го покажува во својата еластичност, и сочност…Па честата неоправдана поплака (”македонскиот не може да се адаптира лесно во музика а тоа да звучи добро”) која до ден денес опстојува, ја-татарата - поразува… “Говнари пуни кеш, градење не им пречи/ смс донации за да се лечиш/ лепат на слободоумните етикети премногу гомна и мрак за да светиш гинат пешаци на пешачки/ криминалци ко лебарки/ нема бубреже во лој нешто да не фали/ Тој син, тој- баџанак, братучед- непотизам/ менување историја- рехабилитиран фашизам!/ бизнис ко вообичаено, секое ветување е заборавено/ лепено-сечено-монтирано… дивоградбите на Охрид смрдат до чинарот! приватизација на Матка лудило глуми власта!/ ЕП-то можете да го најдете на сите платформи.









