top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Што значи поништувањето на Роу против Вејд? Сè што треба да знаете за одлуката и последиците, Што значи поништувањето на Роу против Вејд? Сè што треба да знаете за одлуката и последиците, што-значи-поништувањето-на-роу-против-вејд-сè-што-треба-да-знаете-за-одлуката-и-последиците

    Роу против Вејд, знаменитиот случај на Врховниот суд од 1973 година што го направи абортусот легален во САД во последните пет децении, беше поништен, а абортусот веќе не е заштитен на федерално ниво од 24 јуни. Наместо тоа, поединечните држави ќе одлучуваат дали абортусот е легален во нивните државни граници. Во петокот, судот ја врати својата речиси 50-годишна одлука откако донесе одлука за новиот судски случај, Добс против Женската здравствена организација Џексон, кој се справуваше со 15-неделната забрана за абортус во Мисисипи. Случајот Добс беше всушност, во својата суштина, предизвик за првичната одлука Роу против Вејд донесена уште во 1973 година. Во петокот, судијата Самуел Алито напиша во своето мнозинско мислење дека „Роу беше екстремно погрешно од самиот почеток. Неговото резонирање беше исклучително слабо, а одлуката имаше штетни последици. И далеку од тоа да донесат национално решение за прашањето за абортусот, Роу и Кејси ја разгореа дебатата и ја продлабочија поделбата“. Судиите Стивен Брејер, Соња Сотомајор и Елена Каган објавија заедничко спротивставено мислење кое силно го критикуваше потегот. „Со жалење - за овој суд, но повеќе, за многуте милиони Американки кои денес ја изгубија основната уставна заштита – се противиме“, напишаа тие. Земјата се подготвуваше за оваа одлука откако нацрт-мислењето од Врховниот суд, објавено од Политико на почетокот на мај, сугерираше дека судот планира да го поништи случајот. Нацрт-мислењето, кое го напиша конзервативниот судија Алито и го одразува мнозинското мислење на судот, беше напишано во врска со Добс против Женската здравствена организација Џексон. И бидејќи нацрт-мислењето беше обелоденето уште на почетокот на мај, некои држави се придвижија кон дополнителното ограничување на пристапот до абортус. Од јануари, 541 мерки за ограничување се воведени во 42 држави, а 42 од тие мерки се донесени во 11 од тие држави, според Институтот Гутмахер. На 26-ти мај, гувернерот на Оклахома го потпиша најстрогиот закон во земјата, со кој се забранува абортусот почнувајќи од оплодувањето со многу малку исклучоци, според NPR. Исто така, им овозможува на другите граѓани да пријават секој кој „помага или поттикнува“ абортус, според Инсајдер. Изгледа, како сите да зборуваат за Роу против Вејд во моментов, и разбирливо е да се поставуваат прашања за тоа што значи поништувањето на случајот за земјата и за пристапот на луѓето до абортус. Значи, еве сѐ што треба да знаете. Што е Роу против Вејд и зошто е важно? Роу против Вејд е историски случај на Врховниот суд од 1973 година, кој утврди дека Уставот на САД го штити правото на жената на абортус пред нејзиниот фетус да биде одржлив, според Правниот факултет Корнел. Случајот започна со една жена по име Норма Мекорви, која го презеде правниот псевдоним „Џејн Роу“. Мекорви забременила во 1969 година со своето трето дете и сакала да абортира. Но, таа живеела во Тексас, каде што абортусите биле нелегални, освен во ретки околности. Судот на крајот одлучи дека во текот на првиот триместар, одлуката за прекинување на бременоста е избор на жената врз основа на тоа што претставува „право на приватност“ на жената. И како такво, беше неуставно да се забрани пристапот на жените до абортус во одделни држави. Со оваа одлука на Врховниот суд, државите сепак можеа да „регулираат“, но не и да ги забранат абортусите во интерес на здравјето на мајката. Надвор од првото тромесечје, судот пресуди дека државите можат да ги регулираат или забранат абортусите, освен кога тоа е неопходно за да се зачува животот или здравјето на мајката. Откако Роу против Вејд беше поништена, Врховниот суд сега ја враќа одлуката во рацете на државите. Зошто беше отфрлен Роу против Вејд? Одлуката Роу, беше постојано оспорувана речиси половина век, но сегашната конзервативна структура на Врховниот суд ја зголеми веројатноста дека случајот всушност ќе биде поништен оваа година. Минатата година, Врховниот суд се согласи да го сослуша оспорувањето на 15-неделната забрана за абортус во Мисисипи со случајот Добс, кој исто така бараше судот повторно да ја анализира одлуката во Роу против Вејд, објаснува Си-Ен-Ен. Оваа одлука на крајот влијае на законитоста на абортусот во САД и сега им остава на државите да одлучат дали и кога абортусите се легални во државните граници. „ Оспорувањето на законот на Мисисипи му даде на Судот можност да го врати Роу“, вели Мери Зиглер, професорка по право на Државниот универзитет во Флорида и автор на „Абортусот и законот во Америка: Ро против Вејд до денес“..- „Ќе имаше многу други опции за да се смени Роу. Ова беше само онаа што најбрзо дојде до Судот“. Во исто време, некои држави воведоа политики што го зголемуваат пристапот до абортусот за конституентите, додека други ги направија работите порестриктивни. Севкупно, 26 држави, или повеќе од половина од земјата, имаат закони кои би можеле да го ограничат пристапот до абортус сега кога Роу е отфрлен. И само 16, плус округот Колумбија, имаат закони за заштита на тоа право, и покрај тоа што Роу беше отфрлен. Претходно во мај, Зиглер објасни дека таа „ќе очекува околу половина од државите да ги криминализираат сите абортуси. Тоа ќе се случи многу брзо - за неколку недели или месеци.” Кои држави ќе го забранат абортусот или ќе имаат во сила закони за активирање на абортусот? Тринаесет држави донесоа таканаречени „закони за активирање“ со кои речиси веднаш ќе се забрани абортусот сега кога Роу против Вејд е отфрлен, според Институтот Гутмахер и Си-Ен-Ен. Тие држави ги вклучуваат: Арканзас Ајдахо Кентаки Луизијана Мисисипи Мисури Северна Дакота Оклахома Јужна Дакота Тенеси Тексас Јута Вајоминг Најмалку 9 држави имаат забрани за абортус пред Роу, кои не се спроведуваат бидејќи претходно биле „неуставни“. Сега тоа веќе не е случај. Овие држави веќе имаа ограничувања, но Роу против Вејд ги направи неуставни, објаснува Институтот Гутмахер. Ограничувањата беа блокирани од судовите, но сега тие би можеле да бидат вратени по судски налог, бидејќи Роу е поништена. Алабама Аризона Арканзас Мичиген Мисисипи Оклахома Тексас Западна Вирџинија Висконсин Врховниот суд, исто така, не ја суспендираше шестнеделната забрана за абортус во Тексас, која нуди награда од 10.000 долари за секој што ќе пријави луѓе осомничени дека бараат, добиваат, помагаат или вршат абортуси. 16 држави и Д.К. се главно незасегнати. Шеснаесет држави воведоа свои закони за да го заштитат правото на прекин на бременоста, а некои пратеници од овие држави, исто така, ветија дека ќе ги заштитат правата за абортус. „Нашите ќерки, сестри, мајки и баби нема да бидат замолчени. Светот допрва ќе го чуе нивниот гнев. Калифорнија нема да седи на страна. Ќе се бориме жестоко“- изјави гувернерот на Калифорнија Гавин Нусом на Твитер. Државите кои главно не се засегнати од одлуката вклучуваат: Калифорнија Колорадо Конектикат Делавер Дистрикт Колумбија Хаваи Илиноис Мејн Мериленд Масачусетс Невада Њу Џерси Њујорк Орегон Род Ајленд Вермонт Вашингтон Како луѓето би имале пристап до абортуси во овие држави доколку стапи на сила забраната? Ако некој сака да направи абортус и живее во држава каде што е нелегален или многу ограничен, сепак ќе има опции. Но, установите кои нудат абортуси ќе бидат потешко да се најдат и поскапи. „Некои опции вклучуваат патување во држава каде што абортусот е сè уште легален или нарачување апчиња надвор од земјата“, вели Стефани Тоти, постар советник и директор на Правниот проект. „Луѓето кои имаат ресурси за патување ќе бидат принудени да патуваат надвор од државата со големи трошоци и непријатности“, вели таа. „Но, луѓето кои немаат можност да патуваат ќе бидат принудени да ја носат бременоста до крај“. „Нарачувањето лекови преку Интернет е тешко“, вели Тоти. „Тие услуги постојат и ќе продолжат да постојат, но, во секоја држава што го забранува абортусот, тие услуги исто така ќе бидат нелегални“, вели таа. „Луѓето кои се обидуваат да пристапат до абортус на тој начин ќе се соочат со потенцијално кривично гонење“. Клиниките во соседните држави на оние со забрани за абортус, исто така, веројатно ќе видат поголема побарувачка и ограничен капацитет за задоволување на потребите на оние што бараат помош, според Њујорк Тајмс. „На краток рок, секоја држава ќе одлучува за своите политики“, вели Зиглер. „Но, ќе има притисок за криминализирање на абортусот на национално ниво преку Врховниот суд или преку Конгресот.“ Дали План Б е некаде забранет? Со сите овие превирања околу абортусот, некои луѓе исто така се збунети дали Планот Б (апчиња за итна контрацепција), слични Следното утро, па дури и спиралата сега ќе бидат забранети. Краткиот одговор? Не се́ уште. Иако ниту една држава не ги забрани официјално апчињата за „следното утро“ во овој момент, некои пратеници размислуваат да воведат забрани. На пример, во Мисури, законот за активирање најверојатно ќе го ограничи планот Б и спиралата. И во Ајдахо, еден пратеник рече дека е заинтересиран за одржување сослушувања во врска со законите со кои ќе се забрани итна контрацепција, според Ајдахо Стејтсмен. Автор: КОРИН МИЛЕР Корин Милер е хонорарна писателка специјализирана за општа благосостојба, сексуално здравје и врски и трендови во животниот стил, а делата се појавуваат Men’s Health, Women’s Health, Glamour Превод: Дивотно

  • Револуционерната моќ на женското пријателство за време на празниците, Револуционерната моќ на женското пријателство за време на празниците, револуционерната-моќ-на-женското-пријателство-за-време-на-празниците

    „Може ли да те прашам нешто?” гласи порака од мојата блиска пријателка Адриен. Таа секогаш почнува вака, прашувајќи дали имам простор да слушнам нешто и да се вложам. Понекогаш тоа е борба со која таа се справува, понекогаш е непријатност, понекогаш радост. Само откако ќе одговорам со „да“, таа ќе сподели. Рано сабајле е, па сè уште не сум расонета. Ми возврати порака „Да, се разбира. Дозволете ми прво да се напијам кафе“. Таа испраќа емотикон со дигнати палци. Се спуштам по скалите покрај прозорецот, гледајќи свеж слој снег од претходната ноќ кој падна на планините Васач во Јута. Ги приклучувам светилките на елката, ставам кафе во машината за кафе, а потоа го притискам копчето за почеток. Чекајќи да се свари кафето, мислам на едноставната практика на прашување на Адриен која беше модел за комуникација со почит, граници и самоефикасност. И како, на големи и мали начини, преку нивните зборови и присуство, моите пријателки ме научија како да живеам, обликувајќи го мекиот простор на сепството. Јас не сум сама во ова. Истражувањето од 2010 година, „Женски пријателства на колеџ: Надолжен поглед“, од Ана М. Мартинез Алеман, покажа дека женските пријателства се „место за проценување на значењето на себе и на реалноста, место за искуство на различни перспективи и гледишта, и можност за раст преку меѓузависност“. И една понова студија за феминизам и психологија од 2020 година покажа дека женските пријателства се „место на леснотија, бегство и засолниште“. Џејн Фонда го повтори ова на седенката „Жените во филмот на Санденс“ во 2015 година, споделувајќи дека нејзините женски пријателства помогнале „да го задржам скробот во мојот рбет“ во текот на нејзината долга и неверојатна кариера во Холивуд, само со тоа што можела „да се дружиме и да си помагаме“. Друга студија на Харвард од 2019 година, покажа дека најуспешните жени се оние со близок внатрешен круг на пријателки. Ова секако беше и моето искуство. Пред 20 години за време празничната сезона, ја изгубив мајка ми од зависност на опиоиди. Бев во раните 20-ти години, и набргу откако таа умре, се омажив, се преселив на речиси 2.000 милји подалеку од Питсбург, Пејсинг, во Парк Сити, Јута и го основав своето семејство. Првите неколку години, особено околу празничната сезона, без мајка ми беа комплицирани. Некои од нејзините традиции ми донесоа утеха, како што е украсувањето на дрвото со неа и старите лимени украси на баба ми, или правење синџир за одбројување, како што правеше за мене, од црвена и зелена хартија за моите деца. Но, многу други ме оставија во огромна тага. Иако повеќе не бев религиозна, копнеев да седам до неа во топлиот сјај на полноќната миса. Или да разговараме додека правиме пити од тиква. Или да остануваме будни до доцна додека разговараме во близина на осветленото дрво. На повеќе начини не сакав да имам никаква врска со традициите на мајка ми. Нема никаква врска со неа. Бев лута на изборот што го направи. Лута, што ја немаше. Бесна, што не знаев како да ја спасам. Тој гнев долги години ме чуваше од сеќавањето на неа. Ме направи неспособна да ја вратам во моето секојдневие. Ме чуваше далеку од нејзините празнични традиции. Но, утрово, по мојата прва шолја кафе, ѝ одговорив Адриен во порака: "ОК! Сега сум доволно кафеинизирана. Добро утро!" Таа враќа „Хаха“, а потоа „Што сакаат децата за Божиќ?“ Испраќам скриншот од маица и игра. Таа испраќа срце. Потоа добивам нова порака од друга пријателка, Емили. „Добро време е да разговараме утрово?“ Јас одговарам: „Да! Само почекај да ги одведам децата на училиште. Ќе ти се јавам кога ќе го шетам кучето“. Навлекувајќи ги моите чизми, телефонот повторно вибрира. Овој пат, тоа е Џилијан. „Ќе бидеме во град за празниците. Вечера кај вас?“ „Да!“ враќам на пораката. „Јавете се кога ќе пристигнете“. Во студијата „Жените кои прават пријателства“ од 2010 година, научникот по социологија Ајлин Грин ја испита важноста на слободното време и разговорите, особено со други жени, како клучно место на нашата самоконструкција. Таа тврди дека „рекреативните контексти, особено оние со други жени, се важен простор за жените да ги прегледаат своите животи; да ја оценат рамнотежата на задоволствата и активностите преку контрадикторни дискурси кои вклучуваат и „отсликување“ на сличностите и отпор кон традиционалните женски идентитети“. Во редицата за автомобили кои ги носат децата во школо, ги туркам децата, ранците и и облеката за снег надвор од вратата, го наоѓам контактот на Емили и се сеќавам на тие први празници како нова мајка - кога проаѓаше, често со кутија специјалитетни пива. Или садници од нејзината зимска градина. Или колачиња од локалниот пазар. Она што таа го носеше, на многу начини, не беше важно. Она што беше важно беше дека таа ќе седнеше со мене и моето неутешно бебе на каучот и ќе разговараше, ќе се смееше и ќе плачеше со часови. И оттогаш, поминавме години споделувајќи разговори за време на прошетки, вечери, пијалоци и патувања. Ѝ се јавувам, и само слушам додека таа ги споделува нејзините проблеми за патувањето за да ги посети родителите на сопругот, за време на празниците. Не ѝ треба мојот совет, само малку простор околу идеите што ги формира - стратегии за здрави граници, начини да го обезбеди времето за сама себе што знае дека ќе и треба. Таа вели дека е убаво да се зборува за сето тоа. И кажувам како е убаво само да се слуша. Студија од 2021 година ја истражуваше биохемијата на овие размени, откривајќи дека пријателствата меѓу жените ослободуваат смирувачки хормони, помагајќи да се негираат влијанијата на стресот. Емили ми се заблагодарува што ја слушав, вели дека се чувствува подобро, појасно за тоа што и треба. На крајот од нашиот повик, почнуваме да планираме заедничко патување за пролет. Јас и велам дека ја сакам. Таа вели дека и таа ме сака мене. Назад дома, конечно стигнав до мојата работна маса, за да работам за тој ден. Се појавува мејл од мојата пријателка, Нала. Тоа е нејзиниот билтен за нејзината работа со тага со наслов: „Нашите сакани не се изгубени! Зборувајќи со нашите предци“. Кликам да го отворам. Тоа е интелигентно, промислено истражување на начините на кои го користиме јазикот за да зборуваме за нашите починати сакани - изгубени, исчезнати - создавајќи исклучување наместо врска, тврди таа. На крајот од мејлот, таа го охрабрува своите читатели, да разговараат со љубов со нивните мртви. Таа не потсетува дека сме мешавина и продолжение на сите наши претходници. Учам дека сум збир на сите жени кои живееле пред мене. Дефинитивно мајка ми. Особено моите пријателки. Оваа празнична сезона, нема да готвам сложени празнични вечери во нејзина чест. Нема да одам на полноќна миса или да ги шетам моите две мали деца низ земјата, да ги носам на големи семејни собири. Но, ќе се приближам до споменот на мојата мајка, поради љубовта и поддршката на жените во мојот живот. Ќе закажам телефонски состанок со Адриен, вклучувајќи ги и моите деца за да можат да и се заблагодарат за подароците. Ќе ѝ направиме елаборирани домашни картички со заблагодарување, сместени во подарок што ќе го испратиме по пошта. Ќе се видам со Џилијан на муабет, на едноставен домашен оброк додека е во градот, уживајќи во времето што го поминуваме заедно. Ќе побарам мали подароци за Емили - книги што знам дека ќе ѝ се допаднат, локални производи за туширање, смешна разгледница за свекорот. И ќе го следам поттикот на Нала - ќе направам мала олтар со фотографии од баба ми и мама, додавајќи оваа година и фотографија од татко ми. Ќе запалам свеќа за секој од нив, ќе разговарам со нив со љубов. И можеби ова е најдобриот подарок што можеме да си го понудиме еден на друг, нашето присуство и убави зборови. Во култура и сезона што може да се чувствуваат толку трансакциски, да се биде обликуван и негуван од сочувствувачкото внимание на вашите блиски, имам чувство дека е револуционерно. Од Ребека Бренер 22 декември, 2022 Бренер е автор и ко-основач на Mindful. Summit County, непрофитна организација фокусирана на поместување на обмисленоста на грижата за себе, во грижа за заедницата.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page