Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Тројца финалисти награда ДЕНЕС 2025: Наташа Неделкова, Крсто Глигоријадис и Мила Добревска, Тројца финалисти награда ДЕНЕС 2025: Наташа Неделкова, Крсто Глигоријадис и Мила Добревска, тројца-финалисти-награда-денес-2025-наташа-неделкова-крсто-глигоријадис-и-мила-добревска
Тројцата финалисти за XIX Награда ДЕНЕС претставуваат различни уметнички практики кои ја истражуваат современата човечка состојба низ перформанс, скулптура и социјално ангажирана уметност. Уметниците Наташа Неделкова, Крсто Глигоријадис и Мила Добревска се тројцата селектирани финалисти за XIX Награда ДЕНЕС 2025, која традиционално се доделува на визуелен уметник до 35 години кој живее и работи во Северна Македонија. Оваа награда се доделува од 2002 година и претставува една од ретките независни платформи за следење и афирмација на младата уметничка сцена во земјата. Во партнерство со меѓународната награда Henkel Art.Award. (2002–2012), Наградата ДЕНЕС разви континуитет што го одржува нејзиниот кредибилитет и по престанокот на европската поддршка. Денес таа функционира како иницијатива на организацијата Цивитас – Центар за граѓански и идентитетски студии и Контекст – Стручно здружение за уметност и теорија на уметноста. Со селекција на три финалисти, Наградата го задржува фокусот на индивидуалниот развој на уметничкиот јазик и контекстуалната релевантност на праксата, без да создава натпреварувачка атмосфера во традиционална смисла. Образложението на жирито: Од портфолиото на Наташа Неделкова „Работејќи во широк спектар на медиуми, од колективно реализирани инсталации и (предавања) перформанси до партиципативни аудиовизуелни дела, уметничката и истражувачка Наташа Неделкова ги истражува темите на ментални нарушувања, лажни вести, исцрпеност од труд во времињата на капитализмот, родова нееднаквост и, паралелно со нив, начини за отпор, контра-акција, смирување и редефинирање на постоечките структури, норми, однесувања и навики кои го еродираат нашето секојдневие. Нејзиниот социјално свесен, политички и економски критички пристап е концептуален разгранок кој делува како чувствително и комплексно огледало на нашата сегашна фрагментирана човечка состојба. Од портфолиото на Крсто Глигорјадис Перформативната пракса на Крсто Глигоријадис ги спојува ритуалот, митот и критиката на родот во патријархалниот контекст на Балканот. Работејќи преку различни дисциплини и црпејќи од своето образование во правото, педагогијата и визуелните уметности, тој го користи телото како простор на ранливост, отпор и трансформација. Неговите дела — длабоко лични, а сепак со политички набој, го деконструираат машкото преку симболични гестови, терапевтски ритуали и колективно учество. Глигоријадис ја поканува публиката во простори на исцелување и интроспекција, каде срамот станува сила, а наследените норми се преосмислуваат преку грижа, емпатија и отелотворен дијалог. Скулптуралните дела на Мила Добревска го исполнуваат пресекот меѓу репрезентативното и апстрактното, дводимензионалноста и тридимензионалноста, визуелното и физичкото. Вклучувајќи разновидни тактилни материјали во скулптури во човечка големина, нејзините дела даваат форма на емоции и идеи кои инаку се визуелно неуловливи — темперамент, чувствителност и его — додека ,,Македонска жена” е составена од високо апстрактни форми што се суспендирани во воздухот. Игрива и динамична, праксата на Добревска нуди енергична арена за облик, боја и супстанца за да го ,,претстави” начинoт на кој човештвото напредува.“ Изборот на жирито го сочинуваа кустоската и критичарка Љубица Беќаревиќ (Белград), уметницата Славица Јанешлиева (Скопје), како и Моника Ивановска и Јованка Попова како ко-претставнички од организацијата Контекст. Што значи Наградата ДЕНЕС денес? Од портфолиото на Мила Добревска Во еден културен пејзаж каде институционалната поддршка за младите автори е сè помалку конзистентна, Наградата ДЕНЕС останува простор за артикулација на нови гласови и критичка визуелна мисла. Наместо да фаворизира една естетика или медиум, жирито доследно избира уметници чии практики се насочени кон сложените општествени и лични релации — од класната нееднаквост, преку родовиот дисбаланс, до интимната психолошка деструкција и исцелување. Награда ДЕНЕС“ е единствена и независна годишна награда посветена на младите визуелни уметници до 35 години во Северна Македонија. Со деветнаесетгодишна традиција, ова признание стои како ретка платформа која ги идентификува, поддржува и промовира исклучителните уметнички пракси во земјата. Наградата се доделува за „исклучителна и истакната тековна уметничка практика која подразбира критичко и естетско размислување и дејствување“, како што појаснува самиот текст од образложението. Финалистите ќе бидат претставени на заедничка изложба во текот на есента 2025, кога ќе биде објавено и кој/која од нив ќе ја добие паричната награда, продукциска поддршка и резиденцијален престој во една од европските партнерски институции.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- 💔🎶 Лили Ален ја испеа болката – и ја повика „Madeline“ на сцена, 💔🎶 Лили Ален ја испеа болката – и ја повика „Madeline“ на сцена, лили-ален-ја-испеа-болката-и-ја-повика-madeline-на-сцена
Се вика „Madeline“ – песната, не љубовницата. Иако, како што излегува, и едната и другата постојат. Новиот албум на Лили Ален, West End Girl, кој пристигна минатиот петок по седум години пауза, не е само музичко враќање, туку и емоционална јавна исповед со клавир и цинизам. Откако нејзиниот брак со актерот Дејвид Харбор (да, оној од Stranger Things) заврши во насловите поради наводна афера, една жена – Натали Типет – реши да „излезе од песната“ и да потврди дека да, била таа. Или барем една од тие. Лили, во „Madeline“, прашува: “How long has it been going on? Is it just sex or is there emotion?” („Колку долго трае ова? Дали е само секс или има таму емоции?“) А Натали, сега со дете и „нешта што треба да ги заштити“, вели дека и не ѝ е баш до медиско внимание. Разбирливо. Но јавноста веќе го има саундтракот за целата драма. Играта меѓу реалност и рефрен ни нуди една стара поука со нов ритам: ако ќе го изневеруваш некого кој пишува песни – барем не некого кој пишува песни толку добро. На крај, West End Girl не е само албум за раскинување, туку и доказ дека болката може да се монетизира со мелодија и BMG-договор. Како што би рекла самата Лили – „No Shame“, навистина.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура




