top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Триумфално враќање на Euphoria, Триумфално враќање на Euphoria, триумфално-враќање-на-euphoria

    Еуфорија е серијата која на родителите на тинејџери им даваше ноќни мори и ги држеше будни навечер: погоди нерв, баш затоа што изгледаше болно познато и вистинито. Исто така, Еуфорија им понуди естетика на децата на тие родители кои ја копираа во шминката, облеката, ставовите и поставеноста во светот. А кого лажеме дека децата ја копирале шминката? Ги препознав Фенти светките на Џулс - и јас ги носев за Нова година, децении после моето тинејџерство! Во втората сезона која ја почекавме цели две години поради пандемијата (со исклучок на две special епизоди, кои ги премостуваат приказните до точка на која што очигледно сценаристите сакаат да ја однесат без да фалат големи делови) ние како публика сме супер жедни затоа што Еуфорија баш поради недостатокот на цензура во име на коректност вообичаена за телевизијата, која не сака да се расправа со дневниот печат или јавноста воопшто, станува тип на серија во која публиката е вљубена. Приказните се искрени со нас, и добиваат приврзаност. Овој тип на „Еуфорија„ за ТВ или филм беше реакција на Брејкинг бед - тоа се пресликува и во бројките, а премиерата поставува рекорд од 2.4 милиони прегледи на HBO платформата. Десет минути во првата епизода, гуглам да дознаам дали режисерот е Тарантино. Најозбилно. Иако сцената која ја отвора сезоната ја видовме во Needed me спотот на Ријана, сепак хуморот (кој е нов елемент оваа сезона) е она што потсетува на Тарантино освен линијата по која оди помеѓу хорор и насилство (- што правиш? - а ова? немаш гајле, само хероин е.). Тарантино го режира Трејнспотинг кој се одвива на Тамблер со Тамблер естетика. И сега следи спојлер... Фактот што после толку долго чекање , стигнавме до премиерна епизода посветена на Фез - дилерот со златно срце (секоја епизода портретира по еден лик ), финишот вредеше толкав застој: кулминира и со тоа завршува со брутално и графичко претепување на насилниот негативец (Нејт) кој нè антагонизира нас како гледачи преку тоа што се изживува со протагонистите - физички надмоќен, но и по статус, шовинист, хомофоб кој „лови„ луѓе на Грајндер, поради личен конфликт, конечно кроткиот но правичен антихерој тарантиновски го понижува пред сите со развлечен, брутален и калкулиран напад но како гледачи, наместо да се скриемe позади дланките воскликнуваме во Еуфорија...

  • Рири и A$AP Rocky во шопинг, Рири и A$AP Rocky во шопинг, рири-и-a-ap-rocky-во-шопинг

    Не нѝ треба посебна прилика да ѝ се воодушевуваме на Рири… таа веќе некое време - 2 години- е воглавно во Њу Јорк, стационирана со дечко ѝ A$AP Rocky , а слушаме по подкасти Њујорчани кажуваат дека често налетуваат на нејзе во зградата на студиото каде што снима… вчера излегоа од Roc-A-Fella records и тркнаа до Bottega Venetа на шопинг отворено заљубени.. таа беше облечена во линија на нашите препораки: јакна, Balenciaga тренерки, и т.н. Boyfriend шминка: само Fenty Beaty lipstain и доколку имаше пудра тоа е бб крема… тој беше од глава во пети маскирно.. фармерките тексас кошулата, монтката и капчето што го викаат шајсти капче(по раперот poo sheisty)..

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Последното дело на Банкси украдено среде бел ден, Последното дело на Банкси украдено среде бел ден, последното-дело-на-бенкси-украдено-среде-бел-ден

    Британскиот уличен уметник Банкси стана жртва на кражба на свое ново антивоено дело во Лондон, и тоа само еден час откако го објави на Instagram на 22 декември. Видео записи што кружат на интернет покажуваат двајца мажи кои го отстрануваат делото: стоп знак на кој Банкси нацртал три авиони што се слични на американските беспилотни летала MQ-9 Reaper, неодамна забележани над Газа. Сведоците на сцената се слушаат како шепотат "О, мој Боже" и " толку многу сум изнервирана", додека мажот бега од местото на настанот со уметничкото дело во раце. Банкси ги претстави истите авиони во уметничко дело од 2017 година насловено "Civilian Drone Strike", во кое беспилотните летала летаат над рамката на детски цртеж на девојче со нејзиното милениче што сведочи на бомбардирање на куќа. Делото беше изложено на Art the Arms Fair, настан организиран од уметници и активисти за да протестираат против саемот на оружје во Лондон. Во меѓувреме, хотелот Walled Off Hotel во палестинскиот град Витлеем во Западниот брег, кој е дизајниран од Банкси, е затворен од 12 октомври, поради ескалацијата во регионот. Уметникот исто така нацрта мурал во Газа, чија судбина сè уште е непозната.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page