top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • Антивикенд програма на „Мртов коњ“: пет дена концерти, експерименти и светски гости, Антивикенд програма на „Мртов коњ“: пет дена концерти, експерименти и светски гости, антивикенд-програма-на-мртов-коњ-пет-дена-концерти-експерименти-и-светски-гости

    Издавачката куќа „Мртов Коњ“ повторно го крева темпото со „Антивикенд програма“ од 8 до 12 септември. Во пет дена ќе се одржат осум концерти, една радио-сесија и работилница, со учесници од Македонија и гости од Хрватска, Америка, Италија и Виетнам. Почеток со Стражар на 103 На 8 септември, Стражар (Мартин Џорлев) ќе настапи со целовечерен концерт на Канал 103 во чест на Денот на независноста. Настанот стартува во 20:00 часот и ветува сиров и жесток поход. Хрватско-македонски судир во Паб Ѕе На 9 септември, од 21:00, во Паб Ѕе настапува хрватското гараж-панк трио Dad Joke, заедно со локалната поддршка од Кајзер Созе. Линк од настанот Sound Escapes во Буква На 10 септември, во Буква од 19:00, публиката ќе има можност да се запознае со теремин преку работилница и концерт во рамки на „Sound Escapes“. Ќе настапат Александар Ордев и Improof. Линк од настанот Тамшамагандаз во МКЦ На 11 септември, Тамшамагандаз (Јордан Костов, Там Пхам, Никола Коџабашија, Ник Де Карло, Марко Печеновиќ и Александар Галевски) ќе настапат во Кино Фросина (МКЦ). Настан што ветува воинствена и експериментална енергија. Линк од настанот 🎟️ Билети: mktickets.mk Големото финале со Passepartuot Duo и Алембик На 12 септември, во КИЦ, на програмата е највозбудливиот настан: настапот на Passepartuot Duo (Италија/Америка), кои од формирањето се во постојана светска турнеја. Тие се креаторите на првиот електромагнетен синтисајзер Chromaplane, со кој во 2021 ја освоија првата награда на Guthman Musical Instrument Competition 2025. Заедно со нив настапуваат и нашите Алембик. Линк од настанот 🎟️ Билети: mktickets.mk „Пуста независност и распадот навестен кој сѐ уште доаѓа, но не се даваме. Нека нѐ има за да нѐ има,“ велат од „Мртов Коњ“.

  • Песната „Гуш и Бац“: Промоција на химната за пријателство и инклузија, Песната „Гуш и Бац“: Промоција на химната за пријателство и инклузија, песната-гуш-и-бац-промоција-на-химната-за-пријателство-и-инклузија

    На 7 декември, во сабота, македонската јавност ќе има можност да присуствува на промоцијата на видеозаписот за песната „Гуш и Бац“ – инспиративна химна за пријателството, љубовта и прифаќањето на различностите. Настанот, кој ќе се одржи во Кинотека на Македонија, ќе биде настан за и со деца и музика. Повеќе од песна – порака за инклузија „Гуш и Бац“ е дел од кампања за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој. Видеото и текстот, создадени со љубов и посветеност, носат универзална порака: сите деца, без разлика на нивните разлики, заслужуваат место под светлото на сцената. Кампања за инклузија Оваа песна и видео се дел од кампањата за подигнување на свеста за  прифаќањето на различностите  и  инклузијата на лицата со атипичен развој . Песната ја изведуваат Мијата и Космонаутко заедно со хорот на „Златно славејче“ и група придружни вокали. Композицијата и текстот се дело на Весна Малинова, а аранжманот е заеднички труд на Бојан Димитровски и Наташа Мијат Крстевска, која е и продуцент на проектот. Специјалната промоција Настанот ќе вклучува: Премиерно прикажување на видеозаписот  – креативно дело на Moonlight TV & Film Production. Детски игри и дружење  со пораката дека различностите нè зближуваат. Музичка изведба  на песната, која ги слави насмевките и топлината што сите ги носиме во себе. Тимот зад проектот Покрај авторите и изведувачите, на проектот работеле и бројни музички и видео професионалци. Благодарност беше упатена до тимот на „Златно славејче“, „Хит Радовиш“ и Кинотеката на Македонија, кои несебично ја поддржаа иницијативата. Проектот „Гуш и Бац“ обедини бројни талентирани учесници: песната ја изведуваат Мијата, Космонаутко и хорот на „Златно славејче“, со музика и текст на Весна Малинова, аранжман на Бојан Димитровски и Наташа Мијат Крстевска, која е и продуцент. Гитарските звуци се дело на Стефан Маневски, а на бас гитарата свири Горан Димитровски. Придружните вокали ги исполнија Димитар Иваноски, Мила Крстевска, Стефан Маневски, Никита Крстевска, Дамјан Иваноски, Лина Маневска и славејчињата. Миксот и мастерот се заслуга на Бојан Димитровски и Валентино Скендеровски, додека аудио инженерингот е дело на Ивица Јанкуловски во студио Алшар. Видео продукцијата ја реализираше Moonlight TV & Film Production. Голема благодарност беше упатена до Бобан Јосифовски и тимот на „Златно славејче“, „Хит Радовиш“, Кинотеката на Македонија, и сите кои помогнаа да се сподели оваа инспиративна приказна. За кого е овој настан? Оваа промоција е наменета за сите – деца, родители и љубители на музиката – кои сакаат да ја поддржат мисијата за инклузија и љубов кон различностите. Со песната „Гуш и Бац“, тимот зад проектот покажува дека музиката е универзален јазик кој може да ја надмине секоја бариера и да инспирира љубов и прифаќање. „Гуш и бац за сите!“ Информирајте се повеќе за промоцијата на ФБ настанот.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Враќање на магијата: Новата ера на танцот во срцето на Старата чаршија | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%3A-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D1%80%D1%86%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%87%D0%B0%D1%80%D1%88%D0%B8%D1%98%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан ПМГ Танц Дигитал, журка, Андреја Салпе, Виолета Качакова, Мирко Попов, ПМГ, Стара чаршија 14.11.24 г., во 18:00 лом музика, партали журка. За љубителите на урбаната култура и ноќниот живот, ретко има причина за поголемо возбудување од отворањето на нов простор за изразување на танцовата страст:). PMG Tanz Digital најавува - ќе бидат домаќини во волшебниот простор во Старата Чаршија, нудејќи ни нешто што може да биде ренесанса на клупската сцена во нашиот град. Ноќта ќе ја отворат (и затворат) три врвни ТАНЦ ДИЏЕИ кои се веќе добро познати на фановите на квалитетниот електронски звук: Мирко Попов, Виолета Качакова и Андреја Салпе . Секој од нив претставува свој уникатен музички израз кој е гаранција за вечерта. Мирко Попов, со своите еклектични сетови, е вистински маестро на пултот. Виолета Качакова, позната по својата способност да ги води слушателите на емотивно патување преку музиката, и Андреја Салпе, чиј стил несомнено додава нова димензија на клупската сцена, ќе бидат капетаните на Танц дигитал бродот. Отворањето на новиот клуб, кој се наоѓа веднаш спроти поранешниот Дамар, ветува повеќе од вообичаенот искачање у град: ветува искуство кое резонира со златните денови на Капан Ан пред десетина години. За оние кои не беа дел од таа епоха, ова е шанса да ја почувствуваат истата енергија која ги оживе најдобрите ноќи во градот. Организаторите ветуваат "ЛОМ МУЗИКА" Оваа ветувачка фраза кажува се́ што треба да знаете, па земете ги танцовите црвени чевлички и трк на PMG Tanz Digital Party . следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page