top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Феликс не беше само куче: Првата затворска казна за насилство врз животни во Македонија, Феликс не беше само куче: Првата затворска казна за насилство врз животни во Македонија, феликс-не-беше-само-куче-првата-затворска-казна-за-насилство-врз-животни-во-македонија

    Насилството врз животните не е инцидент – тоа е симптом Во Македонија се испиша значајна легална историја. За првпат досега, лице беше осудено на затворска казна поради убиство на куче. Љубе Крстевски доби ефективна казна затвор од три месеци за монструозното убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година. Иако три месеци звучат како симболичен гест, сепак оваа пресуда не е само правна пресвртница, таа е морална проверка за сите нас. И добар почеток. Кога некој ќе убие или повреди животно од досада, омраза или од чиста бездушност, не е станува збор за „само куче“. Тоа е аларм. Тоа е симптом на длабока социјална неосетливост губење на емпатијата кон животот. Психолошките и криминолошките истражувања одамна предупредуваат: насилството врз животни често е раната манифестација на насилничко однесување и кон луѓе. Зошто насилството врз животните треба да нѐ загрижува сите? Одговорот е подлабок од самото прашање: односот кон животните често го рефлектира нашиот однос кон луѓето. Насилството врз животните не е изолиран настан; тоа е симптом на подлабоки општествени проблеми како што се недостаток на емпатија, неконтролирана агресија и несоодветно морално воспитување. Пресудата против Љубе Крстевски за бруталното убиство на кучето Феликс ги нагласува овие прашања и отвора сериозна дискусија за вредностите кои ги негуваме како заедница. Организацијата „Зелен хуман град“ ја поздрави оваа досега невидена судска одлука: „Ја добивме првата затворска казна за убиство на куче во историјата на Македонија! Денес е значаен ден бидејќи Љубе Крстевски доби првостепена пресуда од три месеци ефективен затвор за грозоморното убиство на Феликс. Активистите за права на животните повторно испишаа историја. Оваа пресуда докажува дека граѓанскиот активизам е важен; промените се случуваат кога ќе се спротивставиме на неправдата.“ Насилството врз животните не е личен проблем. Тоа е прашање на јавен морал. Ако како општество дозволиме страдањето на едно невино суштество да помине незабележано, тогаш сме изгубиле нешто подлабоко, чувството за правда. Пресудата за убиството на Феликс е шанса да го вратиме тоа чувство. Како што порача „Зелен хуман град“: „Кога се бориме против неправда, тоа има ефект! Активистите за заштита на животни повторно испишаа историја! Пресудата е жив доказ дека да се биде активен граѓанин се исплати, промените се случуваат!“ Ова е победа за сите што веруваат дека секое суштество заслужува достоинство. Трагичната смрт на Феликс, како резултат на повреди нанесени од човечка рака, претставува пресврт во македонското судство. Судијката Лидија Петровска ја нагласи пошироката импликација на оваа пресуда, истакнувајќи: „Оваа затворска казна служи за заштита на јавниот интерес и има за цел да спречи слични инциденти во иднина. Делото предизвика значителна јавна чувствителност и морално негодување, особено во контекст на растечкиот број случаи на суровост кон животните. Со изрекувањето на затворска казна се испраќа јасна порака дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, потврдувајќи ја обврската на секој граѓанин за хуман третман кон животните.“ Оваа пресуда носи големо значење, нагласувајќи ја вознемирувачката поврзаност меѓу суровоста кон животните и пошироките обрасци на човечко насилство. Лицата што вршат насилство врз животни често се покажуваат како насилни и кон луѓето. Како што активистите јасно истакнаа: „Од убиство на животно до убиство на човек има само еден чекор.“ Пресудата не смее да остане изолиран глич во системот . Барањата на активистите се јасни и разумни: Минимум една година затвор за убиство и мачење животни, општински служби за заштита на животни, животинска полиција како дел од комуналната полиција, превентивни мерки и едукација за хуман однос кон животните Ова не се барања од “љубители на миленичиња” ова се темели на едно одговорно општество. Насилството врз животните е прашање на вредности. Прашање на граници. Ако не поставиме црвена линија тука, каде ќе ја поставиме? Судбината на едно куче, по име Феликс, стана симбол. Не само на една борба, туку на еден избор — дали ќе гледаме на животот како на нешто што вреди да се заштити или како нешто што може да се фрли во контејнер. Феликс не беше само куче. Беше живот. И животот мора да значи нешто. Кога се чини дека е безвреден тој трага по своето достоинство преку границата.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Јавна реакција од Јадро: Просторот на Кинотеката отстапен за анти-родова трибина предизвикува бурни реакции, Јавна реакција од Јадро: Просторот на Кинотеката отстапен за анти-родова трибина предизвикува бурни реакции, јавна-реакција-од-јадро-просторот-на-кинотеката-отстапен-за-анти-родова-трибина-предизвикува-бурни

    Јавните културни институции не смеат да промовираат загрозување на основните човекови права и демократските придобивки ЈАДРО - Асоцијација на независната културна сцена изразува критика што Кинотека на Северна Македонија, како јавна културна институција, отстапува простор за настани кои поттикнуваат дискриминација, говор на омраза, ненаучни ставови и политики на исклучување. Ова е спротивно на целта на секоја културна институција и претставува опасен преседан. Сметаме дека е сериозно загрижувачки што јавната културна институција Кинотека на Македонија ѝ отстапи простор на анти-родовата трибина „Постојат ли озаконети идеолошки индоктринации во македонското образование?!“, организирана од граѓанската организација „Родителски фронт“ во Кинотеката на Македонија на 20 ноември 2024 година. Кинотеката на Македонија е јавна културна институција финансирана од државниот буџет, која има обврска да ги почитува принципите на инклузивност, толеранција и еднаквост. Јавните институции имаат обврска да постапуваат одговорно и принципиелно во програмирањето на своите активности, внимавајќи тие да бидат во согласност со почитувањето на заедничкото добро и на инклузивноста. Просторите финансирани од јавниот буџет не смеат да бидат места за промоција на ретроградни и антидемократски наративи базирани на стереотипизација, стигматизација и дискриминација на граѓаните по основа на род, родов идентитет и сексуалност. Јавните културни институции треба да бидат платформа за современи културни програми кои ги почитуваат, наместо да ги уназадуваат основните човекови права и демократски придобивки. Тие треба да бидат пример за простори на прогресивност, критичка култура, слобода и еманципација, а не за терминолошка, декларативна и фактична злоупотреба на овие категории. Дополнително, Кинотека, како јавна културна институција, треба да биде запознаена со профилот на организацијата на чија програма отстапиле простор. Родителски фронт е дел од мрежата на анти-родовото движење што неколкупати во изминатиов период сензационалистички повикуваше на цензура и бојкотирање на дела на уметници и културни работници од независната културна сцена, проследено со тенденциозно толкување на нивните дела и применетите уметнички практики. Преку овие акции на јавен линч, мрежата на анти-родовото движење целеше кон натамошна стигматизација на жените, родовите и сексуалните малцинства. Во оваа прилика, ЈАДРО смета дека е неопходно да изразиме солидарност со колегите од граѓанскиот сектор кои со децении наназад работат на социјална правда, инклузија и родова нееднаквост. Неоправданата дисквалификација на нивното знаење и работа дополнително ја поларизира јавната дебата и создава простор за натамошно ширење на наративи на исклучување. Поразително е што програми што се директно во судир со демократските вредности и човековите права добиваат простор во јавните културни институции. Ова покажува дека тие не се доследни во својата „отвореност“, што го поткопува нивниот кредибилитет и создава сомнеж за нивната непристрасност и одговорност кон сите граѓани. Што сѐ промовираше трибината одржана во Кинотека? Трибината во Кинотека промовираше ставови кои беа ненаучни, дискриминаторски и длабоко проблематични. ● Нападите врз Истанбулската конвенција и повиците за нејзина дератификација ја игнорираа нејзината клучна улога во заштитата и спречувањето на насилството врз жените. ● Негирањето на постоењето на родот и родовиот идентитет, спротивно на научните сознанија, ги загрозија правата на ЛГБТИК заедницата, создавајќи социјална стигма и несигурност. ● На трибината се говореше и за ограничување на автономијата на просветните работници, преку повикување на вмешување на нестручни поединци во образовниот процес, и за исклучување на содржините за родова сензитивност, еднаквост и инклузивност од образовните содржини. ● Ширењето дезинформации за родовата еднаквост и сеопфатното сексуално образование креираше атмосфера на страв и лажна паника, со цел да се спречи воведување на едукација ослободена од предрасуди и стереотипи. ● И, последно, иако говорниците декларативно го признаа секуларниот карактер на државата, целеа да докажат дека историската улога на црквата во образованието ѝ дава право да се меша во современиот образовен систем, што де факто го поткопуваат уставниот принцип на секуларност. ЈАДРО - Асоцијација на независата културна сцена бара од Министерството за култура и од Кинотека на Македонија да се изјаснат по изборот на оваа програма и да се извинат на граѓаните на Република Северна Макединија за одлуката, со тоа покажувајќи одговорност, транспарентност и отчетност во својата работа. ЈАДРО упатува апел до сите јавни културни институции својата работа да ја спроведуваат во согласност со принципите на демократијата и човековите права, и доколку се одлучат да дискутираат за статусот со образованието во нашата држава, да посегнат по конструктивни негови решенија, без да ги загрозуваат соживотот и напредокот во општество во кое веќе имаме доволно насилство, омраза и поделби.

  • Триумфално враќање на Euphoria, Триумфално враќање на Euphoria, триумфално-враќање-на-euphoria

    Еуфорија е серијата која на родителите на тинејџери им даваше ноќни мори и ги држеше будни навечер: погоди нерв, баш затоа што изгледаше болно познато и вистинито. Исто така, Еуфорија им понуди естетика на децата на тие родители кои ја копираа во шминката, облеката, ставовите и поставеноста во светот. А кого лажеме дека децата ја копирале шминката? Ги препознав Фенти светките на Џулс - и јас ги носев за Нова година, децении после моето тинејџерство! Во втората сезона која ја почекавме цели две години поради пандемијата (со исклучок на две special епизоди, кои ги премостуваат приказните до точка на која што очигледно сценаристите сакаат да ја однесат без да фалат големи делови) ние како публика сме супер жедни затоа што Еуфорија баш поради недостатокот на цензура во име на коректност вообичаена за телевизијата, која не сака да се расправа со дневниот печат или јавноста воопшто, станува тип на серија во која публиката е вљубена. Приказните се искрени со нас, и добиваат приврзаност. Овој тип на „Еуфорија„ за ТВ или филм беше реакција на Брејкинг бед - тоа се пресликува и во бројките, а премиерата поставува рекорд од 2.4 милиони прегледи на HBO платформата. Десет минути во првата епизода, гуглам да дознаам дали режисерот е Тарантино. Најозбилно. Иако сцената која ја отвора сезоната ја видовме во Needed me спотот на Ријана, сепак хуморот (кој е нов елемент оваа сезона) е она што потсетува на Тарантино освен линијата по која оди помеѓу хорор и насилство (- што правиш? - а ова? немаш гајле, само хероин е.). Тарантино го режира Трејнспотинг кој се одвива на Тамблер со Тамблер естетика. И сега следи спојлер... Фактот што после толку долго чекање , стигнавме до премиерна епизода посветена на Фез - дилерот со златно срце (секоја епизода портретира по еден лик ), финишот вредеше толкав застој: кулминира и со тоа завршува со брутално и графичко претепување на насилниот негативец (Нејт) кој нè антагонизира нас како гледачи преку тоа што се изживува со протагонистите - физички надмоќен, но и по статус, шовинист, хомофоб кој „лови„ луѓе на Грајндер, поради личен конфликт, конечно кроткиот но правичен антихерој тарантиновски го понижува пред сите со развлечен, брутален и калкулиран напад но како гледачи, наместо да се скриемe позади дланките воскликнуваме во Еуфорија...

  • Рири и A$AP Rocky во шопинг, Рири и A$AP Rocky во шопинг, рири-и-a-ap-rocky-во-шопинг

    Не нѝ треба посебна прилика да ѝ се воодушевуваме на Рири… таа веќе некое време - 2 години- е воглавно во Њу Јорк, стационирана со дечко ѝ A$AP Rocky , а слушаме по подкасти Њујорчани кажуваат дека често налетуваат на нејзе во зградата на студиото каде што снима… вчера излегоа од Roc-A-Fella records и тркнаа до Bottega Venetа на шопинг отворено заљубени.. таа беше облечена во линија на нашите препораки: јакна, Balenciaga тренерки, и т.н. Boyfriend шминка: само Fenty Beaty lipstain и доколку имаше пудра тоа е бб крема… тој беше од глава во пети маскирно.. фармерките тексас кошулата, монтката и капчето што го викаат шајсти капче(по раперот poo sheisty)..

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page