Резултати од пребарување
1178 results found with an empty search
- Записи од мртвиот дом - на Навални
До мртвото тело на земјата лежи пасош со името „Навални“. Ова е еден од убиените во украинското село Буча. Навални Илја Иванович. Сите околности укажуваат дека го убиле поради презимето. Затоа, пасошот беше пркосно фрлен во близина. Сосема невина личност беше убиена од џелатите на Путин (добро, како поинаку да ги наречеме? Сепак не „руски војници“) затоа што сме имењаци. Очигледно се надевале дека е некој мој роднина. Не знам дали е во роднинска врска со мене. Потекнува од истото село на татко ми. Значи, можеби некој роднина, но генерално има многу Навални во тоа село. Се сеќавам, како дете бев зачуден кога го погледнав споменикот на загинатите во Големата патриотска војна. Навикнат сум на сознанието дека моето презиме е ретко, а има неколку Навални по ред. Сега во Украина ќе има уште еден споменик на загинатите во војната, каде меѓу другите ќе биде и Илја Иванович Навални, роден 1961 година. И оваа војна ја покрена и демонски манијак опседнат со некои будалаштини за геополитиката, историјата и структурата на светот. Овој манијак нема да се запре себеси. Тој, како дрога, се навлече на смрт, војна и лаги - тие му требаат за да ја одржи власта. Должност на сите е да даде барем некој, макар и најмал придонес за да се запре оваа војна и да се отстрани Путин од власт. Протестирајте каде и како можете. Агитирај колку што можеш и на кого можеш. Неделувањето е најлошо. А сега последицата е смрт.
- Како Бремената Ријана го редефинира бременото тело
Бременото тело традиционално е извор на срам и стомакот е покриван и криен, а тој срам е поврзуван и со суеверија. Едно од објаснувањата е - бременоста е многу очигледен потсетник дека мајката имала секс, па онаа дихотомија: светица, мајка Богородица, и курва е во конфликт. Прва во поп културата која го покажа своето бремено тело беше Деми Мур во фото сесија за Венити Фер, каде што објавија вкусни актови но и покрај тоа тоа издание било покривано на ист начин на кој биле покривани порно списанијата. Триесет години подоцна , жените на бојата одбиваат да се извинуваат за било што а Ријана тоа го преведе во нејзиното бремено тело: продолжи да го облекува како и секогаш со тоа што стомакот е секогаш акцентиран(обично тоа за нејзе беа голите нозе)… Кога се појави на модната недела во Париз во црнa мрежа, црна долна облека и црни чизми интернетот ја “облекуваше” во фотошоп, за да покаже како треба… „Се надевам дека успеавме да го редефинираме она што се смета за „пристојно“ за бремените жени“, изјави Ријана на писателката Чиома Ннади за нејзиниот став за ”мајчинскиот” стил. „Моето тело прави неверојатни работи во моментов, и нема да се срамам од тоа. Овој пат треба да се гледа славенички. Затоа што треба да ја криеме бременоста?” Rihanna за Vogue, фотографирана од Annie Leibovitz Еве го трудничкиот стил на Рири од моментот кога ка ја објави бременоста: статусот легенда и поп икона и те како заслужен.
- Велигден
Анте Поповски
- Енди Ворхол персоната и човекот - дневниците читани со неговиот (AI) глас
Нема човек, дури и кој не е добро информиран за тековната култура кој не го знае Енди Ворхол. Дури и подобро информираните, имаат претстава за него како за чудак, со фасцинација за селебрити култура, кој се лепел за убави и славни луѓе како молец за светлост (или обратното е точно?) со фотоапарат во рацете. Границата помеѓу него и неговата работа е непостоечка и често се преклопувала. Тој калап за современ генијалец, дава претства за многу поедноставни ликови, како дводимензионални и без длабочина. „Дневникот на Енди Ворхол„ е овде да ви покаже дека не е баш така. Нетфликс и неговите креативци најдоа начин како документарците да ги доближат до значително голема публика и со тоа да го заживеат жанрот, да го оттргнат од риалити шоута и конечно да им дадат толку потентност и моќ што за субјектите и темите кои ги обработуваат во толку популарниот immersive (да се потопиш, да се вдлабочиш) стил, да ги отворат и заживеат. Една од позначајните примери е Создавајќи убиец, од вистински криминал жанрот, каде го отворија прашањето „дали навистина човекот (Стив Ајвери) позади решетки е убиецот?„ и во реалниот свет, со тоа што гледачите и јавноста се вложија во приказната. Кралот на Тигрите го вмеша и Трамп, Џин-јус му ја даде на Кање Вест многу потребната милост во овој период, кога беше обвинуван за малтретирање и напаствување на бившата сопруга и нејзинот нов романтичен интерес. Нетфликс стои позади „култура на измамници„ термин кој стана популарен со Измислувајќи ја Ана и Тиндер трчилажот. За документарците на Нетфликс кои што ја поминуваат границата во снаф филмови кога се занимаваат со деликатни теми, некој друг пат. Дневниците на Енди Ворхол доаѓаат во година кога едно од неговите најпопуларни дела Сината застрелана Мерлин оди на аукција и е типувано да стане најскапото дело на 20-от век. Во година кога Фондацијата на Енди Ворхол оди пред Врховниот суд на САД да го одбрани своето уметничко право на говор и принципот на „фер употреба„ за фотографија на Принс, која ја користел, и со тоа се имплицираат многу дела од современата уметност доколку го изгуби спорот.. Затоа кога слушнавме дека Енди Ворхол ќе го добие Нетфликс третманот беше јасно дека Ворхол ќе заживее во тековниот дискурс. Еден од методите на Нетфликс документарците е пристап до протагонистите директно вклучени поради тежината на самиот Нетфликс. Сепак точката на продавање беше гласот на Енди, кој го чита дневникот, генериран од AI. Поинтимна перспектива и да нема. Документарецот е над 7 часа поделен во 6 епизоди, кој хронолошки го следи Енди Ворхол и го коментира со визуелни референци, како и интервјуа од луѓето спомнати во дневниците, или кои биле сведоци на случувањата, и сликаат приказна која е толку интригантна, што доколку немате слушнато за Енди Ворхол, лесно може да се „продаде„ филмот како комплетна фикција смислена да го држи вниманието на гледачот. И конечно за оние што го знаат Енди Ворхол, дури и малку повеќе од енциклопедиско и фактографско знаење ќе бидат изненадени од фактот дека постои цел човек позади персоната Енди Ворхол. Со тоа станува очигледно дека естетиката што денес е доминантна - филтери, темплејти, Инстаграм приказни и фидови - е сосема Енди Ворхол естетика, и директно доаѓа од него. Тој е недвосмислено татко и покровител на поп културата. Таткото на тој говор. Како Дива ја зема својата форма, сфаќаме колку е и наш татко исто така.. Повеќе пати неговите пријатели заклучуваа „ многу нѝ е жал што не доживеа да ја види денешницата - ќе беше фасциниран„. Сепак самиот документарец во чин на само-рефлексија , нè опоменува дека дневниците се лекторирани и уредувани од Пат Хекет - па можно e да не го слушаме неговиот автентичен глас до крај - нешто што таа го одрекува. Дури тоа и да е точно, Дневниците на Енди Ворхол се содржина што останува со вас долго откако ќе ја изгледате, како тврдоглав вкус на лук или вино... Облакот на трагичност и осаменост кој го следел е нешто што допира до болен нерв.
- Во Њу Јорк акција доведе до апсења известени од видеo спотови и стихови од музика на дрил рап
Минатата недела њујоршката полиција и обвинителство излезе со необична прес конференција, во која објави дека врз основа на видео спотови организирала акција „операција Дрили„ а обвинетите ги дехуманизираше и опишуваше како „глутница волци„ Токму затоа кумот на рапот Џеј Зи(заедно со раперот Мик Мил - кој поради возење со мотор заглави во затвор после што стана активист) се обратија со писмо за поддршка на закон кој ќе забрани да се користат стихови и видеа, поконкретно од рап жанрот, за да се обвинуваат и осудуваат луѓе, наречена „Рап на судење„ : „Ова е прашање што е важно за (Џеј Зи) и сите други уметници кои се собраа да се обидат да ја донесат оваа промена. Ова требаше да се случи пред долго време. Господинот Картер е од Њујорк, и ако може да го позајми своето име и тежина, тоа е она што тој сака да го направи“, рече Алекс Спиро, адвокатот на Џеј Зи, според Комплекс. Раперот Фет Џо, еден од првите латино суперѕвезди во индустријата, кој потекнува од Јужен Бронкс во Њујорк, ја сподели својата перспектива како уметник за важноста рап музиката да се изземе од криминални судења. „Нашите стихови се креативна форма на самоизразување и забава – исто како и секој друг жанр. Сакаме нашите зборови да бидат препознаени како уметност, наместо да бидат оружени за да добиваме пресуди на суд. Се надевам дека гувернерот и сите пратеници во Њујорк ќе го земат предвид нашето писмо, ќе ги заштитат нашите уметнички права и ќе донесат правилна одлука да го усвојат овој предлог-закон“, рече Фет Џо, според Комплекс. Во 2018 во Британија, судија им одреди на петорица рапери мерка - да не можат да снимаат и објавуваат стихови и песни без судско одобрување. Во 2019 година, раперот од Бруклин, Даниел Хернандез, кој ги носи уметничките имиња Текаши69 и 6икс9ин, беше принуден да стане сведок на владата за да избегне построги казни откако неговите стихови беа воведени во судот како контекст и тој исто така беше испрашуван за нив. Калифорнискиот рапер Drakeo the Ruler беше осуден за убиство во 2018 година, откако обвинителите исто така ги користеа неговите стихови и музички спотови за да ја докажат неговата вина и поврзаност со злосторството. Тој подоцна беше ослободен од обвиненијата за убиство во 2019 година. Во 2020 година, Американската унија за граѓански слободи (ACLU), исто така, ја оспори употребата на уметничко изразување во криминални случаи, поднесувајќи пријателски бриф во случајот на Ноксвил, Тенс, раперот Кристофер Басет. Басет беше осуден за убиство, а на неговото судење, обвинителите покажаа рап видео како доказ против него. ACLU рече дека обвинителите тврдат дека понекогаш насилните и графички слики на Басет се поистоветуваат со признание во песна. Ако „рапот на судење„ биде усвоена и потпишана во закон, тоа ќе им забрани на обвинителите од Њујорк да користат креативно изразување како криминален доказ против лица без јасен и убедлив доказ дека постои буквална, фактичка врска помеѓу креативното изразување и фактите на случајот. . Сепак, во четвртокот во пресот полицијата и обвинителите кажаа: „Drill рап-музички видеа им помогнаа на полицајците да фатат 20 безмилосни членови на банди, вклучително и четворица адолесценти, обвинети за улоги што ги играле во злобното владеење на теророт врз заедниците во Бронкс каде жителите биле застрелани или избодени со нож во серија на смртоносни насилства што траело повеќе од три години„ „Десетици акти на насилство беа наведени во обвинението од 82 точки, и 32 насилни злосторства во текот на 36 месеци, вклучително и дрски пукања среде бел ден, од кои некои се фалеле на дрил-рап музичката сцена„, рекоа властите. Апсењата во „Операција Дрили“ резултираа со пронаоѓање на 18 пиштоли и обвиненија кои вклучуваат убиство, обид за убиство, убиство од небрежност, поседување оружје, напад и голема кражба. “Обвинетите, наводно, извршиле повеќекратни престрелки, некои сред бел ден, при што убиле две лица и раниле невини случајни минувачи“, рече Дарсел Кларк од Бронкс. „Овие обвинети ги тероризираа жителите на населбите Фордам/Бедфорд Парк кои беа принудени да бегаат за да си ги спасат животите додека летаа куршуми“. Меѓу загинатите е Делила Васкез (20), која беше застрелана во главата во празен стан на третиот кат на улицата Хал во Норвуд на 17 март 2021 година. Надзорната снимка покажа дека четири лица влегуваат и излегуваат од зградата во моментот на пукањето. Мртов е и Џејмс Ривера (24), кој беше убиен на 20 јули 2020 година, кога шест напаѓачи, вклучително и двајца кои тогаш беа тинејџери, го бркаа по улицата Декатур. Полицајците рекоа дека најмалку четворица од нив имале пиштоли и употребиле да пукаат во Ривера повеќе пати. Но, тоа очигледно не беше доволно. Кога Ривера паднал на земја, еден од напаѓачите го избодел со нож. Ривера подоцна почина од прострелна рана во грбот. „Денешното општо обвинение ги истакнува фокусираните напори кои продолжуваат да го идентификуваат релативно малиот процент на луѓе одговорни за голем дел од криминалот и нередот во нашиот град“, рече полицискиот комесар Кичант Севел. „Ние ветуваме дека ќе продолжиме да ги разбиваме бандите и екипите и да работиме напорно за да го спречиме бесмисленото насилство толку често поврзано со нивните активности“. Според обвинителите, осомничените биле наводни членови на бандата G-Side/Drilly, подгрупа на Bloods Sex Money Murder одговорна за десетици чинови на насилство помеѓу 20 септември 2018 година и 15 март 2022 година. Обвинетите, кои се истакнати во рап-сцената Drill, наводно се фалеле со актите на насилство во музичките видеа што биле објавени на видеата во живо на YouTube и Instagram. Честопати, видеата ги предизвикуваат ривалите и директно воделе до насилни дејствија набргу потоа, рече Кларк. „Тоа беше бесмислено насилство“, рече Кларк. „Тоа беа ривалства и нерпијателства што ги предизвикаа некои од овие инциденти. Правиме се што можеме за да се справиме и да се бориме со злото што се случува овде во Бронкс. Но, мора да се направи повеќе за да се оттргнат овие млади луѓе од животот на банди и бесмислено насилство. Треба да направиме повеќе“. Дрил рапот беше пионер на Боби Шмурда, кој одлежа седум години затвор за заговор и поседување оружје. Додека музиката експлодира на социјалните мрежи, луѓето како градоначалникот Адамс, укажуваат на врските помеѓу хардкор начинот на живот што го прикажува музиката и насилството во реалниот живот. Раперите за вежбање често ги исмеваат ривалите во нивните текстови и видеа,одмаздувајќи се со оружје поради непријателствата , изјавија за Daily News претставници на NYPD. Њујоршката сцена е потресена од смртта на најмалку три млади рап-ѕвезди во подем во последната година, што ги натера Адамс и другите да повикаат да се забрани на платформите на социјалните мрежи. Многумина од уапсените при соборувањето во четвртокот имале претходни обвиненија за оружје, рече заменик-началникот Џејсон Савино, кој командува со одделот за сузбивање на оруженото насилство на NYPD. Двајца од уапсените, Донхуан Патерсон (17) и Омар Гибс (20), двајцата од Бронкс, имале шест апсења меѓу себе со оружје. Вкупно, групата претходно имала 26 обвиненија за поседување огнено оружје. Меѓу запленетите оружја има и пиштол - дух кој не може да се следи, соопштија полицајците. Бандата, рече Савино, била особено безмилосна и насилна група, која спроведувала „пребарувања на луѓе како глутници волци“ по своите цели, со шест до 12 луѓе вооружени со повеќе пиштоли, заедно со импровизирано оружје, бркајќи и пукајќи кон осамени жртви. . Но, имаше и колатерална штета. Многу од тие куршуми често завршуваа во свети простори кои би требало да се надвор од пристап ,во заедницата, како старечки дом на патот Ган Хил каде што беше пукано прозорецот на вратата и училиште во кое беа отпуштани ученици од пред тинејџерски години принудени да трчаат да се покријат со нивните ранци”- рече Савино. Волтер Филдс Јуниор, бранител кој го застапува еден од обвинетите тинејџери, Брајан Хернандез (17), АКА Бризо, рече: „Мојот клиент е целосно невин. Тој беше опфатен во далекосежна истрага со која немаше никаква врска. Тој нема никаква поврзаност со дрил рап или банди. Тие само ги однесоа децата од улиците што живеат во една област. Срамно е канцеларијата на Бронкс апси луѓе без соодветни докази“. Дрил рап е поджанр на трап музиката, кој беше популаризиран во 2012 и во моментов е еден од водечките жанрови. Текстовите и звукот се темни и на моменти насилни и ја отсликуваат реалноста на улиците, а како живееме во апокалиптичен свет не е за изненадување што се рашири и потрадиционалните рапери посегаат по тој израз.
- Како да си направите рузмарин дрво?
Започнете со мало стебленце рузмарин. Издвојте едно гранче кое ќе стане стебло на вашето растение, отстранувајќи ги сите други гранчиња во основата на растението. Забодете шпилка или тенко парче бамбус во почвата во близина на основата на растението и врзете го за стеблото. Како што започнува растот, стеблото ќе се издолжува, по него ќе никнат нови гранки а и во базата ќе никнат гранчиња како зајакнување и проширување. Последниве се најзастапени кај сортите на рузмаринот, кои имаат склоност да бидат грмушка. Вашата цел во следните недели е да поттикнете издолжување и задебелување на идното стебло. За таа цел, продолжете да ги исечете сите нови гранчиња што никнуваат од основата на растението. Оставете само неколку лисја, сите гранки што никнуваат по идното стебло. Тоа ги држи подредени, но им овозможува да помогнат да се здебели стеблото. Откако стеблото ќе достигне целосна висина, сега сакате да го запрете растот и да создадете грмушка како глава. Но, колку е висока „целосна висина“? Ова ќе го правиме за есттски ефект, а што изгледа добро зависи од тоа колку голема глава ќе му дадете на растението и колку голема саксија растението на крајот ќе му биде дом. Како да се запре растот? Општо земено, главата два до три пати поголема од висината и само малку повеќе од ширината на садот изгледа добро. Запрете го растот на саканата висина со штипкање на растечкиот врв на стеблото, едноставна операција што го буди растот на пупките по должината на дрвцето. Создадете ја грмушката глава со постојано штипкање и поткастрување- и на тој начин предизвикувајќи повеќе разгранување - врвовите на сите ластари што никнуваат од горниот дел од неколку сантиметри на стеблото. Сега дефинирајте ја таа глава појасно со целосно отстранување на сите гранки и лисја подолу по стеблото. Сите овие кастрења не треба да се фрлат, секако. Тие можат да се користат како зачин или како сечи за да се направат уште повеќе растенија. Одржувајте го вашето мало дрво со постојано отсекување на краевите на стеблата, што го одржува вашето растение компактно, уредно и елегантно и обезбедува многу листови од рузмарин за ароматизирање. Последен совет: иако рузмаринот успева на сувиот воздух во медитеранскиот регион и во нашите домови, почвата мора да се одржува влажна. Тесните лисја на рузмарин никогаш не клапнувааг, така што вашата единствена индикација дека на растението му треба вода инаку може да биде мртво растение!
- Better Call Saul ќе финишира со главните јунаци на Breaking Bad!
Better Call Saul - Подобро барај го Сол - е спин оф драма на супер популарната серија Брејкинг Бед, серија за која луѓето се натпреваруваа кој попрв знаел за нејзе, а Ентони Хопкинс и́ пишуваше љубовни писма. (Ел Камињо беше друг спин-оф но како филм) Сол Гудман (игран од Боб Оденкирк) беше комичната оддишка, во тензичната серија па претпоставката беше дека Подобро јави му се на Сол ќе биде драмедија. Серијата така се отвори - комично и со ликови од Брејкинг бед, и со тоа носталгијата ја задоволи - а потоа скршна сосема лево и отиде, ако не и забега на моменти во спора био драма. Искрено, во еден момент ме изгуби како гледач, и покрај решеноста да го игнорирам темпото. Како напредуваше ликовите од Брејкинг Бед полека се враќаа во екипата, и сега пред самиот финиш не́ пукаат со големите пиштоли! Споделија слики од Брајан Кренстон и Арон Пол како Волтер Вајт и Џеси Пинкман со насловот: се враќаат! Последната сезона почнува на Април 18ти, и ќе биде поделена на два дела. Вториот дел од 6та сезона ќе продолжи во Јули. Таман за да изгледате се́ што сте пропуштиле. Кај нас ја има на Нетфликс во стандардниот распоред(а доколку има промени нема начин да знаеме).
- Руските уметници во акција поради Буча!
Неидентификуван уметник - активист, ги комеморираше жртвите на масакарот, на мажите во Буча во близина на Киев со тоа што се фотографираше пред Московски знаменитости лежејќи со лицето во змеја, со рацете врзани позади грбот со бела ткаенина. Ужасните слики што испливаа од Буча преку минатиот викенд откако беше ослободен после недели руска окупација, покажаа многу жртви кои се положени во таа поза, некои со рани од куршуми во главата што укажува на егзекуција. Украинскиот претседател Зеленски кажа дека повеќе од 300 луѓе биле убиени и измачувани во Буча. Обраќајќи се во ОН во вторникот прикажа видео од злоделата и ја обвини Русија за воени злосторства . Русите, пак, тврдеа дека Украинците го режирале масакрот, дека тие се појавиле дури откако Русите се повлекле, но сателитските слики ги поби тие тврдења. Позата која ја зазема уметникот ,стана синонимна со Буча која е споредувана со други воени злосторства вклучувајќи го масакрот на Бошњаците во Сребреница. Тој се поставил наспроти четири московски знаменитости Александровскиј Сад - градина која е во склоп на Кремљ, на мост кој што води до Христос Спасителот катедрала, и Николскаја и Стар Арбат - пешачки улици. Сликите се раширија во вторникот под насловот Буча-Москвапреку каналот Холод на Телеграм. Холод е независен сајт за вести кој ја евакуираше редакцијата, откако се донесе знак кој предвидува 15 години затвор за „лажни вести„ за војната во Украина. Главниот уредник на Холод емигрираше во Грузија лани откако беше етикетиран како „странски агент„. Москва-Буча привлече 226 000 прегледи на Холодно и многу повеќе надвор од Телеграф. Во мешувреме на 27 Март во Петербург уметницата Јевгенија Исајева носеше бел фустан истури лажна крв преку себе и повторуваше „моето срце крвари„ Таа беше одведена од полицијата и казнета 45 000 рубљи за „дискредитирање на активностите на оружените сили„ и осудена на осум дена затвор за хулигнизам.
- OffFest четвородневен излет во музиката на светот : до каде се фестивалите и концертите пост ковид?
Иако Оффест не паузираше сосема во ”пандемониумот”, освен 2020 кога вообичаениот термин се поклопи со кулминацијата на деновите поминати во полициски час, а во 2021, неговото јубилејно 20-то издание, се помести за половина година. Сепак, ова издание, во она што се чини постпандемискиот свет, го доживуваме како камбана која одѕвонува враќање во нормалниот свет, колку што е тоа возможно. Фестивалите и концертите полека почнаа срамежливо да се враќаат уште минатово лето. Два фестивали котираа во циклусот вести, првиот “Rolling Loud” со хомофобичниот испад на Da Baby, a другиот Астроворлд кога загинаа 10 посетители за време на настапот на Травис Скот. Сепак, прво церемониите за награди а потоа Коачела за која сѐ погласно се зборува (со нетрпение се очекуваше Кање Вест со гостување на Травис Скот, но деновиве дознавме дека тие концерти се откажани, сосема неповрзано со пандемијата) го потврдуваат она што го насетуваме, додека ги гледаме обновените програми со воздржен ентузијазам. Културниот живот,посебно јавниот, оној кој се доживува во заедништво, е дел од ткивото на животот. Барем, на оној здрав, функционален… Изолацијата овие две години многу пластично нѝ го долови тој труизам. Полстар процени дека концертната индустрија изгубила 30 милијарди долари во 2020 година, откако секоја голема турнеја и музички фестивал беа суспендирани во обид да се запре ширењето на COVID-19. Музичката индустрија се врати во на работа во 2021 година, бидејќи уметниците како Џеј Кол, Џек Харлоу, Де Бејби, Савити и Лил Бејби, сите ги започнаа или целосно ги завршија турнеите. Неколку од нивните постојки на турнеите беа пред илјадници обожаватели кои ги тресеше “кабинска треска“ подготвени да се вратат на музика во живо додека фестивалите како Rolling Loud, Astroworld Fest, Day N Vegas, Governors Ball, Firefly Music Festival и Lyrical Lemonade’s Summer Smash се враќаа. Во Европа ситуацијата беше поинаква на штета на музичката индустрија. Како еден од најголемите европски фестивали, Primavera Sound вообичаено дочекува до 220.000 посетители секоја година. Од овој број, една студија откри дека 56% од присутните на фестивалот долетале од странство. Само за тој викенд фестивал, Барселона забележа значителен скок во престојот во хотели, резервации во ресторани и посети на музеи. Primavera Sound секоја година привлекува илјадници туристи во Барселона. Со оглед на тоа што теренот на фестивалот е на кратко возење од 20 минути од центарот на градот… Денешната сцена е многу поинаква приказна. Со затворањето на границите поради пандемијата, меѓународните патувања паднаа на 87%, отфрлајќи ги маршрутите на уметниците и љубителите на музиката ширум светот. И додека вакцините даваат трошка надеж, експертите предвидуваат дека небрежните патувањеа што некогаш го знаевме веројатно нема да се вратат до 2024 година. Но, тоа не мора да значи крај на музичкиот туризам каков што го знаеме. Наместо тоа, што ако фестивалите би можеле да инспирираат нов вид туризам? Оној што не бара од вас да летате на половина пат низ светот, но ве поттикнува да го истражувате сопствениот двор? Изолацијата нè натера колективно да доживееме обновена благодарност за и за нашите заедници. Нашите планови за викенд сега се посветени на престој, патување во домот и истражување на локалните сцени што некогаш биле оставени во позадина. Линда Пун најдобро го кажа тоа: „Лесно е да го земете вашето соседство здраво за готово бидејќи нашата глад за истражување нè мами на далечни места. Но, ограничувањата за патување може да не принудат повторно да се поврземе со нашата заедница и на начини за кои претходно бевме „премногу зафатени“ Во Македонија концертите ја враќаат кондицијата за функционирање во полн капацитет но можеби (и веројатно) е лична перцепција дека Оффест во јуни ќе биде фестивал кој ќе го најави враќањето на нормалата која бев убедена на моменти дека нема да се врати онака како што ја знаевме. Оффест е помладата сестра на Скопскиот џез фестивал, неговата пролетна инкарнација. Mузиката на светот долго беше ниш/граничен жанр (отаде границата, често е опишуван како „музика на третиот свет„ што е проблематично!) каде што фолклорот недопрен од глобализацијата е оставен на мира да се развива во сопствената недопрена невиност, а и кога се случува тоа, е од артистичка љубопитност и љубов а не меркантилна логика на пресметки и стратегизирања- што се продава, што е кул.. Тогаш се случи она што беше неизбежно, светската музика стана кул во својата „другост„. Годинешниот хедлајнер на Оффест, Балаке Сисоко, на пример, можеме да го најдеме(како многу негови колеги) на Colors - британски проект каде што настапуваат музичари без жанровско ограничување- границите се во умешноста и секако кул факторот. NPR Tiny Desk e американската верзија на истиот концепт. Афропанк фестивалите, кои ја носат „црната музика„ во славење на афро културата ги спои т.н. Мејнстрим артисти со оние во етно жанрот. Afrobeats (кој е повеќе хибрид, отколку „Светска„) доминира по светските радиостаници и стриминг платформи како никогаш досега, а Греми наградите великодушно ја признаваат таа присутност. Ова поместување може да се примети и во начинот на кој тековната доминатна музика се информира(не на агресивен, апроприациски и експлоатирачки начин). Каков однос има македонската публика кон светската музика е интересно прашање, достојно за антрополошки истражувања, бидејќи самите стоиме на границата и како публика но и како тло кое израснува музичари легендарни во тој жанр. Па така релевантноста на Оффест се поместува во нагорна линија по сосема поинаков параметар, кој со сигурност не бил земен во предвид кога неговите родители го поместиле како пролетно/летна верзија на есенскиот Џез фестивал. „OФФест стартуваше во 2002 година, како втор фестивал кој се издигна од долгогодишната традиција на Скопскиот џез фестивал. Идејата беше да се создаде уште еден значаен музички настан, во различен период од годината и жанровски пошироко ориентиран. Иницирањето на ОФФест се наметна како природен чин во ерата на глобализацијата, којашто резултираше со подигнување на креативноста, популарноста и свеста за таканаречената музика на светот“. ОФФест ја доловува разновидноста на музиката од сите континенти, фокусирајќи се на одделни категории: од традиционалната, етно, фолк и изворна музика сè до современите, урбани и експериментални музички струења. Листата на учесници низ историјата на ОФФест е импресивна. Покрај големите имиња од светската сцена, вклучувајќи ги и оние од егзотичната музичка сцена, и во третата декада на фестивалот останува нашата мисија да ги откриваме и претставуваме и помалку познатите музички стилови, истражувајќи ја врската помеѓу старото и новото. OФФест е член на извонредно значајната и влијателна организација „Форум на светските фестивали“ (Forum of Worldwide Music Festivals). Ова е мрежа на елитните фестивали од овој тип, кои ја споделуват мултикултурната визија за светот сочинет од мноштво „парчиња“, во изразот и содржината различни, но по вредноста еднакви традиции. ОФФест е организиран од Установата за уметнички дејности „Скопски џез фестивал“- нѝ кажа Оливер Белопета. Подоле ви приложуваме колаж од годинешнава програма, а додека се ставаме во кондиција - танцувачка, социјална, за гласна музика и преслушувајќи ги дискографиите на артистите, ќе си земаме белешки и впечатоци па ќе се навратиме на темава повторно. Уживајте! Отварање на фестивалот со македонска музика на 1 јуни (среда), 20часот во Национална опера и балет. 2 јуни (четврток), 20 часот во Национална опера и балет. 3 јуни (петок), 20 часот проекција на филм во кино Фросина, 22 часот концерт во Денсинг салата, МКЦ. 4ти јуни (сабота) 20 часот, Национална опера и балет.
- Вил Смит е протеран од Оскарите, цела деценија
Одборот на гувернери на Академијата за филмски уметности и науки се состана во петокот наутро за да разговара за последиците за актерот Вил Смит отако го нападна со шлаканица водителот и комичар Крис Рок за време на 94-тото доделување на Оскарите, и гласаше да се забрани на Смит од сите настани на Академијата, вклучително и Оскарите за 10 години. Смит, кој поднесе оставка од Академијата минатата недела, одговори набргу потоа во изјава, велејќи: „Ја прифаќам и ја почитувам одлуката на Академијата“. Ова е соопштението на Академијата: „94-те Оскари требаше да бидат прослава на многу поединци во нашата заедница кои сработија исклучително својата работа минатата година; сепак, тие моменти беа засенети од неприфатливото и штетно однесување што го видовме кое го егзибраше г. Смит на сцената. За време на нашиот телевизиски пренос, не ја проценивме адекватно ситуацијата во салата. За ова ни ежал. Ова беше прилика да дадеме пример за нашите гости, гледачи инашето семејство на Академијата ширум светот, но ние потфрливме - неподготвени за незамисливото. Денес, Бордот на гувернери свика состанок за да разговара за тоа како најдобро да се одговори на постапките на Вил Смит на Оскарите, покрај прифаќањето на неговата оставка. Одборот одлучи, за период од 10 години од 8 април 2022 година, на г-дин Смит нема да му биде дозволено да присуствува на настани или програми на Академијата, лично или виртуелно, вклучително, но не ограничувајќи се на наградите на Академијата. Сакаме да ја изразиме нашата длабока благодарност до г. Рок што ја задржа својата смиреност под вонредни околности. Исто така, сакаме да им се заблагодариме на нашите домаќини, номинирани, презентери и победници за нивната сталоженост играциозност за време на нашето емитување. Оваа акција што ја преземаме денес како одговор на однесувањето на Вил Смит ечекор кон поголема цел за заштита на безбедноста на нашите изведувачи игости ивраќање на довербата во Академијата. Исто така, се надеваме дека овде може да започне времето на заздравување иреставрација за сите вклучени и погодени“. Организацијата немаше премногу други опции, особено со тоа што членството на Смит сега веќе не еактивно по неговата оставка. Неговата оставка и забраната за идни телевизиски преноси не го спречува да биде номиниран или дури и да ги освои идните награди на Оскар во тој период. Имаше повици од инсајдери во индустријата и гледачи на филмови да се повлече Оскарот на Смит, што Оскарите немаат законско овластување да го бараат. За споредба, осудените криминалци Харви Вајнстајн и режисерот Роман Полански сè уште имаат своите Оскари по нивното протерување. Академијата започна официјална дисциплинска постапка на 30 март и првично закажа состанок на одборот за 18 април за да преземе какви било дисциплински дејствија. Сепак, во светло на оставката на членството на Смит од Академијата на 1 април, претседателот на Академијата Дејвид Рубин го префрли состанокот за петок. Смит го нападна Рок откако комичарот се пошегува со избричената глава на Џејда Пинкет Смит. Пинкет Смит јавно говореше за нејзината борба со опаѓањето на косата поради алопеција. Смит се извини на Рок во објава на Инстаграм ден по инцидентот. Оскарите имаа потешкотии со нивните пораки и последици по инцидентот. Беа жестоки критиките од членовите на Академијата и професионалците од холивудската индустрија во врска со одлуката да му се дозволи на актерот и продуцентот на „Кралот Ричард“ да ја прифати неговата статуетка и да зборува неколку минути непрекинато. Кога беше објавена дисциплинската постапка, Академијата во соопштение рече дека Смит одбил да ја напушти церемонијата, нешто што повеќе извори го побија. Дали заврши сагата „Slap Gate“? Академијата проговори, барем засега. Процесот на Стандарди на однесување на Академијата беше ажуриран во декември 2017 година како резултат на движењето #MeToo и протерувањето на Харви Вајнстин. Во Одборот на гувернери во моментов има 54 лица. 17-те ограноци на Академијата се претставени со тројца гувернери, со тројца генерални гувернери, кои се номинирани од претседателот иизбраниот одбор. Дванаесет од членовите служат во одборот за прв пат откако беа избрани во јуни 2021 година. Членовите на Одборот се: Рита Вилсон, Актерска гранка Ким Тејлор-Колман, филијала на директори на кастингот Пол Камерон, огранок на кинематографери Едуардо Кастро, филијала на костимографи Жан Циен, гранка за документарни филмови Пем Абди, огранок на извршни директори Терилин А. Шропшир, филијала на филмски уредници Laura C. Kim, филијала за маркетинг иодноси со јавноста Лесли Барбер, Музичка филијала Брук Бретон, гранка за визуелни ефекти Хауард А. Родман, гранка на писатели Сузане Биер, директорска филијала Џенифер Тод, филијала на продуценти Том Дафилд, филијала за дизајн на производство Бони Арнолд, гранка за кратки филмови и играна анимација Кејт Аменд, гранка за документарни филмови Крег Барон, гранка за визуелни ефекти Хауард Бергер, филијала шминкери и фризерки Чарлс Бернштајн, Музичка филијала Џон Блум, гранка за кратки филмови и играна анимација Роб Брудоу, гранка за визуелни ефекти Рут Е. Картер, филијала на костимографи Кевин Колиер, гранка за звук Лора Дерн, Актерска гранка Тери Е. Дорман, гранка за звук Доди Џеј Дорн, филијала на филмски уредници Ава ДуВернеј, Директорска филијала Филијала Linda Flowers, Makeup and Hairstylists Девон Френклин, гувернери на големо, номиниран од претседателот и избран од одборот Родриго Гарсија, гувернери на големо, номиниран од претседателот и избран од одборот Дона Џиљоти, огранок на извршни директори Вупи Голдберг, Актерска гранка Линет Хауел Тејлор, филијала на продуценти Марк Џонсон, филијала на продуценти Лари Карашевски, гранка на писатели Лаура Карпман, Музичка филијала Кристина Кунелијас, филијала за маркетинг иодноси со јавноста Елен Курас. Филијала на кинематографери Дејвид Линде, огранок на извршни директори Изис Мусенден, филијала на костимографи Џенифер Ју Нелсон, гранка за кратки филмови ииграна анимација Јан Паскале, филијала за дизајн на производство Стивен Ривкин, филијала на филмски уредници Ерик Рот, гранка на писатели Дејвид Рубин, гранка на директори на кастингот Стивен Спилберг, Филијала на режисери Ненси Утли, филијала за маркетинг иодноси со јавноста Менди Вокер, филијала на кинематографери Роџер Рос Вилијамс, Филијала за документарни филмови Џенет Јанг, гувернери на големо, номинирана од претседателот и избрана од одборот Дебра Зејн, Филијала на директори на кастингот
- Еден месец Борба за Влае
За само еден месец #БорбаЗаВлае покажа колкава е силата на добро и паметно организирана заедница во заеднички интерес! Ги има сите одлики на “grassroots” движење : “Грасрут движење е она што ги користи луѓето во дадена област, регион или заедница како основа за политичко или економско движење. Грасрут движењата и организациите користат колективна акција од локално ниво за да извршат промени на локално, регионално, национално или меѓународно” Веста дека Влае, драстично ќе го измени препознатливиот лик на урбана мирна но и живописна населба и ќе го земе ликот на засекогаш променетото Дебар Маало, кое е една од најголемите болки на Скопјани ги покрена Влаевчани. Се испостави дека најавата за градење на кули, монтажни гаражи, црква со гробишта на место на инклузивно игралиште за деца е само загребување на површината .. Тивката деградација се одвивала подло и со години. Тоа што посебно дава ветар во крилата е дека многу медиуми ги покрија активностите, и со тоа инспирираа многу повеќе и многу подалеку од оваа скопска населба. Борба за Влае денес објавија : “Пред точно еден месец Борба за Влае се појави на ФБ. За жал предлог ДУПот за Влае 2 нѐ натера да ја направиме оваа страница, но за среќа, преку неа откривме колку многу влаевчаните се спремни да се борат да го зачуваат својот мир и хуманото живеење во населбата. Во еден месец имавме огромен број споделувања за различни спорни локации во старо-новиот предлог ДУП, главни од кои беа станбените објекти на јавно земјиште (Кули Кино Влае, тревникот спроти КАМ), затворено спортско игралиште на кеј, градинка со 40% комерцијална намена на кеј, Црква место инклузивно игралиште, монтажни паркинзи на тревниците пред Порта Влае и нова улица со паркинг покрај школото, на ул. Ангел Динев. Како што детално го читавме планот откривавме повеќе небулози и работи кои самите жители ни ги посочуваа. Пред се откривме дека има лажирани висини и постоечка состојба за да се дозволат повисоки нови згради кај Тинексот, жителите на куќите јужно од Порта Влае се жалеа дека им се одзема дворно место за сервисни улици или за паркинг за нови згради на јавно земјиште (необјавено сѐ уште. Се работи за нови згради на бул. Васил Чакаларов). Ни пријдоа и жители на Влае 1 кои со години се обидуваат да добијат црква на веќе договорено земјиште со МПЦ и Општина Карпош, други кои сакаат улицата Иван Цанкар да е слепа, трети кои се бунеа за катноста на околните куќи.. Сите овие луѓе кои собирале петиции со потписи од жителите на нивните заедници. Очигледно влаевчаните го негуваат маалскиот живот, ја ценат својата населба и низ годините се собираа за различни каузи. Нашата борба само што започна. Им благодариме на сите што ни се приклучија и што нѐ поддржаа. Им благодариме на медиумите, на волонтерите, дизајнерите, активистите, комшиите, на сите без кои немаше да се прочуе нашата битка. Им благодариме на советниците кои пренесоа порака до општинските власти дека нема да гласаат ДУП во кој на прво место се става интересот на инвеститорите и урбаната мафија, а жителите на населбата не се консултирани. И благодариме и на Дива за дизајнот на овој инфографик. Борбата продолжува. Во наредните недели ќе известуваме како и каде. Сите кои сакаат да ни се приклучат и да ни помогнат нека ни пишат тука, во приватна порака или на мејлот BorbaZaVlae@gmail.com. Потребни се стручни правници и архитекти/урбанисти, луѓе кои можат да помогнат во организирање на настани, кои би помогнале со делење материјали и известување на своите заедници и секој кој може да придонесе некако. #БорбаЗаВлае постои еден месец и во тој месец покажавме дека со влаевчани нема лабаво 💪”
- Pink Floyd се реформираа!
Кога започна инвазијата на Украина, пејачот Андриј Хливнјук ја прекина својата турнеја во САД, се врати дома и зеде оружје за да ја одбрани својата татковина. Неколку дена подоцна, пејачот на „Бумбокс“ објави клип на Инстаграм на кој е прикажан во војничка униформа, капче од Њујорк Јенкис и пушка како изведува украинска протестна песна напишана за време на Првата светска војна. Малку мотивација од лидерот на групата „Бумбокс““, напиша тој. Сега, рок легендите Пинк Флојд го зедоа вокалот на Хливнјук и компонираа хуманитарен сингл околу него - првата нова оригинална музика на бендот по „Division Bell“ од 1994 година. Траката, „Hey Hey Rise Up“, содржи 90 секунди од солото на Дејвид Гилмур тапанарот на Флојд, Ник Мејсон. (Непотребно е да се каже дека отуѓениот басист Роџер Вотерс е значително отсутен.) Насловот се однесува на последниот ред од протестната песна: „Еј еј, стани и радувај се“. „Ние, како и многумина, го чувствувавме гневот и фрустрацијата од овој гнасен чин на независна, мирна демократска земја која е нападната и нејзиниот народ е убиен од една од најголемите светски сили“, Гилмур, кој има украинска ќерка. свекор и внуци, се вели во соопштението на веб-страницата на бендот. „Потоа го видов ова неверојатно видео на Инстаграм, каде тој стои на плоштадот во Киев со оваа прекрасна црква со златна купола и пее во тишината на град без сообраќај или бучава во позадина поради војната“, се додава во соопштението. „Тоа беше моќен момент што ме натера да сакам да го ставам во музика. Гилмур рече дека разговарал со Хливнјук, кој се опоравува од повредата на шрапнелот, и му пуштил фрагмент. „Тој ми го даде својот благослов“, рече Гилмур. Приходите од синглот ќе бидат наменети за украинска хуманитарна помош, соопшти бендот.













