Резултати од пребарување
5233 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Мартина Спасовска со изложба „Прегрнати лузни“ | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B1%D0%B0-%E2%80%9E%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BB%D1%83%D0%B7%D0%BD%D0%B8%E2%80%9C-?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Мартина Спасовска, прегрнати лузни, изложба 14.11.24 г., во 18:00 Изложба која размислува за длабочината и значењето на лузните како уметнички израз и средство за саморазбирање. Скопје, 3 септември 2024 – Центарот за современи уметности во Скопје ќе биде домаќин на изложба насловена „Прегранати лузни“ чиј автор е уметницата Мартина Спасовска. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 3-ти септември, во 20 часот во мобилната/монтажна галерија во паркот на Франкофонијата. Изложбата, која ќе биде отворена до 15 септември 2024 година, претставува инсталација од отпаден текстил, која истражува и претставува човечкото тело како главен елемент на уметничкиот израз. Спасовска продолжува да го проучува концептот на човечката идентификација преку мотивите на лузните – како физички и симболички белези кои ги обележуваат нашите тела и искуства. Со оваа изложба, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со длабочината и значењето на лузните како уметнички израз и средство за саморазбирање, размислување за улогата на лузните во нашето перцепирање на себе и на другите. Уметничко - просторната инсталација на Мартина Спасовска претставува проект што го истражува концептот на лузните како симболи на човечките искуства. Користејќи големи платна што висат од таван до под, уметницата создава интерактивен простор во кој публиката може да се соочи со своите лични и универзални искуства. Инсталацијата вклучува висечки скулптури од отпаден текстил кои се обработени на начин што им придава изглед на различни видови лузни. Преку оваа визуелна интервенција, Спасовска ги истражува како физичките така и емоционалните рани прифатени како дел од нашата животна приказна. Секоја лузна на платното носи со себе уникатна приказна – било да се работи за суетни флеки или изразени белези, кои симболизираат различни аспекти на нашите искуства и животни моменти. Инсталацијата не само што ги прикажува лузните, туку и ги истражува нивните длабочини и значења. Разновидноста на текстури, од мазни и еластични до груби и рапави, служат како метафора за различните начини на кои нашите искуства и предизвици го обликуваат нашиот идентитет. Интеракцијата на публиката со инсталацијата, поминувајќи помеѓу скулптурите, создава можност за размислување и прифаќање на сопствените несовршености. Спасовска преку својата работа не само што ја истражува уметноста на лузните како физички белези, туку и ја поттикнува публиката да размислува за начинот на кој тие лузни, било да се видливи или невидливи, играат клучна улога во обликувањето на нашите животи и идентитет. - Анита Ивковиќ Мартина Спасовска е млада визуелна уметница, дипломирана на Факултетот за Ликовни Уметности во 2023 година со насока сликарство. Нејзините дела се насочени кон истражување на емоционалните состојби на човекот, користејќи го човечкото месо како централен мотив. Со своите дела, таа ги испитува прашањата за идентитетот, комбинирајќи страв, емпатија, деликатност, ранливост и моќ. Мартина има учествувано на бројни групни изложби низ Македонија, Англија, Њујорк, Австрија, Грција, Косово и Турција, а својата прва самостојна изложба ја реализираше во 2023 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје. следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Во сенка на нападот на Салман Ружди: дупла доза „Поткаст Лектира“ прочитана од познатиот автор, Во сенка на нападот на Салман Ружди: дупла доза „Поткаст Лектира“ прочитана од познатиот автор, во-сенка-на-нападот-на-салман-ружди-дупла-доза-подкаст-лектира-прочитана-од-познатиот-автор
Салмон Ружди беше нападнат во петокот и избоден со нож, за време на предавање во Њујорк. Напаѓачот беше уапсен и беа покренати обвиненија за обид за убиство: засега не се знае дали Либанецот Хади Матар кој живее во Њу Џерси е инспириран од фатвата од 1989. А Салман Ружди, првично беше на вентилатор, но сега нема потреба за тоа, зборува и се шегува и покрај тоа што веројатно ќе го изгуби едното око, и нервите на една од рацете се сосема оштетени од оштрицата на ножот - извести неговиот агент. Додека Ружди закрепнува, да ги послушаме поткастите -- раскази прочитани од него. Недела, беше ден како деца кога ги слушавме нашите радио драми, па е ете прилика да ја обновиме оваа традиција. Стариот човек и плоштадот: Малиот Крал: Да ве потсетиме дека сите поткасти можете да ги слушате не само овде, туку и на сите поткаст и не-поткаст платформи( често и на youtube, матичните вебсајтови)!



