Резултати од пребарување
1178 results found with an empty search
- Нова Kendrick Lamar музика - но прекипена
See you soon enough. Oklama.com
- Grimes и Elon Musk полу-раскинаа!
Ексцентричната поп ѕвезда и бизнисменот - милјардер - втор најбогат Американец (? од јужна Африка) не се повеќе заедно после три години врска, и син од 16 месеци X Æ A-Xii. Elon кажа дека сеуште се во добри односи, и се сакаат, но поради работата не можат да бидат заедно долги периоди... „Најмногу затоа што мојата работа во SpaceX и Tesla бара од мене да бидам примарно во Тексас или да патувам во странство, а нејзината работа е примарно во ЛА„ Веројатно неговата работа е причина зошто не пристигнаа заедно на црвениот тепих на МЕТ (се сретнале внатре) кога ја видовме Grimes последен пат... Тие веќе еднаш раскинаа, но не половично, кога Azealia Banks (глумица и музичар) на покана на Grimes ги посетила во ЛА, според нејзе под превезот на правење музика, да го импресионира Elon со тројка - но го поминала викендот сама во нивната куќа, чекајќи...Azealia се вратила дома суперлута и како резултат постирала на Инста детали и скриншотови од разговорите со Grimes која споделувала деловни пикантерии... Elon и без тоа беше во нуклеарна верзија на „во гужва сум со Тесла", бидејќи најавил дека ќе продава акции на Тесла за 420$, па и одговорот му беше нуклеарен: Azealia мораше јавно да се извинува - доколку ја знаете Azealia знаете дека тоа е малку чудо, а со Grimes ја заврши врската...привремено. Elon има 6 деца освен X Æ A-Xii, и две поранешни жени, а на Grimes ова и́ е прво дете. Кога се спремаше за МЕТ галата, во прилог за Vouge, откри дека не се идентификува со идентитетот „мајка„, иако има многу почит за него, па верува дека син и́ некако знае, па не ја вика мама туку Клер (нејзиното владино име)...
- Scarlett Johansson vs Disney
Scarlett Johansson го тужи Дизни. Црната вдовица, по договорот кој го потпишала, требало да се прикажува исклучиво во кината, но тие истовремено го пуштиле и на стриминг сервисот Disney+. Зошто би ги тужела за тоа? Бидејќи платата била процент од заработката во кината, а со тоа што е пуштени на Disney+, се одлеала заработката. Женската работна сила, глобално и без исклучок од професијата и локацијата, е драстично помалку платена од машките соработници. Кога се има на ум дека жените работат и во домот и околу децата овој расцеп расте, а со финанската немоќ доаѓа и немоќ во сите сфери и ќошиња на животот. Холивудските глумици не се исклучок, често актерките работат и со пола од платата на своите колеги. The Wall Street Journal цитираа извори блиски на глумицата, кои известија дека хибридната премиера ја чинело Јохансон 50 милиони долари.
- Gabby Petito најдена мртва
Gabby Pettito е пронајдена мртва. Повеќе од недела читаме и гледаме идилични снимки од патувањето со нејзиниот дечко во комбе. Во моментот кога излезе клип од полициска камера, кога ги распрашувале за семејно насилство дечко ѝ (или свршеникот, статус не е до крај јасен) - го снема, или “се даде во бегство”… не сме true crime страна, но случаите кога сѐ изгледа совршено, додека не стане совршено ужасно, нѐ фасцинираат. Друг таков случај: Chris Watts фин дечко, кој ги уби своите две ќерки и бремената жена….
- Meek Mill наиде на сопка!
Meek Mill наиде на сопка при промовирањето на албумот Expensive pain.
- Море, набрзинка
Неколку дена претходно - точно три - ми беше соопштено дека одиме на море. Додека бев под немилосрдниот стисок на топлотниот бран запајташен со четвртиот ковид бран копнеев да отидам: избрав Палмолив гел за туширање кој мириса на плажа, и додека слабиот млаз од тушот се цедеше врз мене замислував дека сум во море… само овој гест на очај ме дисквалификуваше и да размислувам да останам во Скопје. Но, за три дена мораше да организирам мал милион ситници… а, тоа резултираше со: мислите ми беа во слободен пад, и во оган, и се вртеа во круг како мачка што си го брка опашот, сето тоа одеднаш - првите два дена. Не можев да сфатам дека сум во заспано градче, ако воопшто беше и тоа, веднаш на плажата. Се будев во 5 сабајле и одев со забрзан чекор на терасата. Третиот ден таа состојба испари.Нема да опишувам како изгледа тој мир, но сега не можам да излезам од него…ниту ќе навлегувам во про и кон списоци само ќе кажам: тешко нѝ e (интересна омашка!) да се вратам на галамата, да ја соџвакам и да ја плукам на малите Фејсбук гладни пилиња … #greece #macedonia #home
- Drake на чај и колачиња кај Hirst
Слично како Kanye кој отиде на уметнички аџилак во Берлин пред пар недели, еве го и Drake во Лондон со Damien Hirst. Си доби патики, но дознавме дека каверот со сите варијации на емоџи од бремени жени (Champagne papi му е ИГ handle-от) e исто така од Hirst. Поп културата е единствената релевантна култура и во моментов се проголтуваат и прождеруваат со т.н. Висока култура.
- Тагување: туторијал.
Македонската колективна тага, нејзините конци се чини дека се провлечени во секој разбој. До таа мерка што веќе ретко што можеме да кажеме за себе без да се повикаме на нејзе, дури и најсреќните моменти. Се чини не знаеме како да бидеме без нејзе. Добрата вест е што е можно да се одучи, и да се прекине таа генерациска клетва. Минативе година-две а посебно минатиов месец, ескалираше во траума. Го пишуваме ова, бидејќи обидите да се ускрати правото на изразување на таа болка (се чини од партиски активисти?) е вознемирувачко само по себе... Па би почнале да ја третираме таа тема со освестување, не само преку уметноста туку и посочување: „Кои се некои од начините преку кои заедниците можат да тагуваат? - Јавни погреби и меморијални церемонии - Состаноци во градски собранија и други јавни форуми - Протести и митинзи - Паради и процесии - Минута молк, или молитви - Терапија за тага понудена од градот, психолошки центри, цркви, и други групи. . - Донации да се помогнат оние кои се најдиректно погодени - Волонтерски акции за чистење, градење, итн... - Постови на социјални медиуми и групи
- Што знаеме за смртта на Michael K Williams
Ова е ситуацијата пред зградата на Мајкл К Вилијамс… тоа што го знаеме е дека внук му го затекнал веќе починат и “ладен на допир” (како го опишал кога викнал брза помош). Седел на столица во трпезаријата, додека на масата во кујната имало хероин што укажува на брзото темпо со кое се одиграл овој последен чин. Кога дошла полицијата го прогласила за мртов во 2.12 попладне. Пред зградата седи млад човек сам, и неутешно плаче, и објаснува на соговорникот на телефонот: јас го најдов! Интернет од друга страна е “запален” после оваа вест… сите се закачени на своите лајвови , ништо помалку шокирани од нас(риалити шоута се мали бебиња за овој формат)…
- Збогум Michael k Williams
Michael k Williams најдобро познат по улогата на Omar Little во Wire (централниот лик во за многумина најдобрата серија во ТВ историјата и омилен лик на Barack Obama), а потоа и од улоги во Boardwalk Empire, 12 years a slave… Тој ја започнал кариерата како танчер (работел со Madonna). Пронајден е мртов во својот стан во Њу Јорк од внук му. Веројатно станува збор за предозирање :( Имаше 54 години.
- Montero: Прекрасен трол
Монтеро го трола Дрејк
- Ye го виде Berlin
Дојде Donda и реакциите експлодираа откако конечно го издаде… а Ye е во “таинствена арт прошетка” во Берлин. Локациите кои ги обиколил се: Pergamon музејот, Julia Stoschek колекцијата, Boros колекцијата, Berghain (изложба во најпознатиот клуб во Германија) и KW институтот за модерна уметност. Почнуваме да попуштаме во верувањето дека има нешто генијално во него. Во прилог оригиналниот дизајн за насловницата на Donda . Сепак се одлучи за црн квадрат. Donda е ода за мајка му, а Burgeois и саматa ја обработувала својата врска со мајка ѝ…#ye #kanyeinberlin












