top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • „Долга реса“ на Шкарт во сабота во МКЦ, „Долга реса“ на Шкарт во сабота во МКЦ, долга-реса-на-шкарт-во-сабота-во-мкц

    Од прва, насловот не може да наговести многу за темата, па и жанрот на филмот чија проекција е најавена во сабота, во 23 часот во МКЦ, во склоп на книжевниот фестивал „Друга приказна.“ Драган Протиќ Прота, ќе дојде во Скопје на разговор, и вели дека идејата за филмот првично се родила на погребот на мајката на нивен пријател, каде ја слушнале реченицата „Мама беше изискателна, нѐтераше да прескокнуваме преку ресите.“ - овој апсурд на претераноста на изразот на човековата љубов била искрата која ги мотивирала да го снимат овој документарец - иако се опишуваат себе како „непрактични филмаџии.“ Прота е член на колективот Шкарт кој настанал во Белград на тамошниот архитектонскиот факултет во 1990 година. Шкарт е колектив кој „сака да експериментира во својата работа, а најмногу во поезијата и дизајнот. Се занимава и со „архитектурата на човековите односи.“ Шкарт се потпишани како автори на филмот „Долга реса.“ Музиката на филмот е на Пеџа Вранешевиќ, од Лабораторија Звука - кои ја имаат искомпонувано Полетарац песната. Што и кој е Шкарт - во стихови:

  • Полувремето на суперболот: саундтрак на животот на миленијалците, Полувремето на суперболот: саундтрак на животот на миленијалците, полувремето-на-суперболот-саундтрак-на-животот-на-миленијалците

    Во свет комплетно дигитализиран, и речиси сосема префрлен на стриминг искуства, Суперболот докажува колку возбуда има во закажано случување во кое огромен број луѓе учествуваат во искуството истовремено. Всушност дел од задоволството е споделувањето: преку фотки, твитови, коментари... . За време на пандемијата, имавме Live-ови - приклучувања во живо, дали во форма на Диџеи или најпознатото дете на ИГ лајвот - Верзузот кој подоцна си зема своја форма. Прво да ја запазиме реченицата која никогаш нема да згасне во разговорите на тема „Супербол полувремето„: „најдоброто полувреме беше на Принс. Толку беше магично, што дури и заврна!„ Возбудата фатена на социјалните медиуми: Кога се разбудив, доминираа насловите „ ова беше шоу за миленијалците!!„ ... Не разбрав баш на што се однесуваше, додека не го изгледав - и се фатив како ги знам текстовите од а-ш, и како имам референца за секој од настапите за одреден период во животот... Кога ја слушав Мери Џеј Блајџ, „Нема повеќе драма„ - се возев на точак, на пролетно сонце, и ја правев таа одлука за себе. Кога го слушнав Еминем, ми текна на пат накај летување во Далмација - се возиме во бел Голф 4 од Загреб накај Макарска понесени од Слим Шејди (или морето, или двете)... 50 Цент беше во бескраен луп заедно со Бијонсе на хотелскиот телевизор во Турција. Дре и Снуп не се поврзани со конкретна ситуација повеќе е - плочникот пред МКЦ, клупите во парк... Кендрик го пуштав и објаснував во првата година во тогашната моја нова дома и гостите за кои ми беше мерак да ги дружам... Андерсон Паак: доволно беше да го видам (на бубњеви) да се активира нешто што е многу сега, а јасно е дека ќе биде носталгија утре : „Why the hell would you run this game? Both my hands are tied„ .. Саундтрак на животот (ги има повеќе) - но повеќе или помалку се чини дека е универзално искуство барем за миленијалците, како што приметија светските медиуми... (НФЛ не дава споделување овде но кликнете и ќе ве однесе на Јутјуб видеото од полувремето) Тогаш дојдоа мемињата, секогаш непредвидливи за кој момент ќе се фатат... И еве галерија за кој сè беше таму.... и поздравче од вујко Снуп:

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page