Резултати од пребарување
1178 results found with an empty search
- God’s plan на Ye!
#drake #Kanye и #Drake се помирија после отворената (и прочитана) покана на #ye да учествува на “хуманитарен”(?!) концерт за ослободување на Larry Hoover - гангстерски кум од Чикаго. Kanye на последниот #sundayservice ја изведе God’s Plan во хорски аранжман… со оглед дека сме среде колективна тага и траума, изведбата е како мелем на многу болна рана.
- Мет врати артефакти на Нигерија
Бронзени скулптури од 14 век. Mет музејот ѝ врати на Нигерија три бронзени скулптури и релјефи од 14от век. Откако Велика Британија уште еднаш го одби барањето на Мицотакис, при посетата на Џонсон, да го врати мермерот од Партенонот. Вообичаениот изговор е -атинскиот загаден воздух ќе ги оштети, но последнава година на британскиот музеј му прокиснува кровот, па изговорот веќе не држи вода. Гестот на Мет музејот само по една недела откако Мицотакис го посети Лондон се чини великодушен(?!) и во контраст со ставот на Британците. Но тоа е така, се додека не дознаеме дека Мет музејот вратил само три од стотици артефакти… дури допрва ќе се соочуваме со дрскоста на колонијализмот.
- Папата понуди молитва до загинатите во Бугарија
Во телеграма до Стево Пендаровски, Папата изразил искрена солидарност во болката на сите што се засегнати од несреќата кај Струма. Посебно внимание во својата молитва ќе посвети на децата кои загинаа. “ќе ги пофали душите на Семоќниот Бог, Светиот Отец и повредените во своите молитви”- пишува Vatican News .. Телеграмата ја заклучил со инвокација на Божјиот свет благослов за утеха и мир на сите посебно во време на национално тагување. Фала Папа Франциск
- Rolling stone за гостите на Donda
Во подкастот каде ги споредуваат жестоките ривали Drake и Ye и нивните последни албуми. Donda deluxe е овде со дополнителни пет..нумери :), и половина час музика. Drake ја пушти соработката со Andre3000 и кога не се најде на албумот наиде на критики дури и гнев…. На клипот во подкаст лектира уредникот на Rolling Stone и еден од клучните писатели, пак, не можат да разберат зошто го повлекол Marylin Manson за соработка - Rolling Stone вчера објавија голема сторија која била работена 9 месеци, и направиле 55 интервјуа (веројатно ќе чуеме во некоја од идните епизоди)… Rolling stone podcast-от е на сите платформи…
- Kendrick во Day n Vegas!
Кендрик на Day N Vegas
- Поплава од тужби
Во петок во 9.30 локално време, на Астроворлд фестивалот 9 луѓе загинаа, а 25 се во болница со сериозни повреди, од кои најмладата жртва е 10 годишно дете (кое татко му го кренал на рамениците за да го спаси, но се онесвестил и двајцата паднале, по што биле изгазени).. Денес веќе има 20на тужби против Live Nation, Travis Scott, па дури и Drake. (животите во Македонија не вредат ништо? Или луѓето се дотолчени за да удрат по џебот на убијците на своите најблиски?) Трој Финер, од Хјустонската полиција, кажал дека сега имаат истрага во која се вклучени одделот за убиства, и наркотици. Во превод: Не само што ќе изгубат 10ци милиони долари во отштета, туку е веројатно да сносат кривична одговорност. Травис Скот во меѓувреме се понудил да ги плати погребите, и трошоците за помош околу справување со тагата и траумите, и ги откажа концертите со објаснувањето – дека е многу потресен за да настапува. Се јави и Кардашијан кланот, кој изрази сочувство но и нагласувајќи дека се во шок како сите останати. Фактот дека дел од сестрите присуствуваа на концертот, среде гужвата но заштитени од обезбедување и качени на платформа, дополнитено ги разгневи луѓето на интернет, велејќи дека оддавале слика како да присуствуваат на гладијаторски борби и дека се забаувале со несреќата на другите. Ако треба да се оценува според нивните реакции од снимките – Кајли и мајка му на Травис Скот изгледаа озбилно и загрижено, додека другите во сепарето се чини дека не забележувале што се случува, или не сакале да забележат(несреќата се случи во ВИП секцијата)..
- Осумина мртви на Astroworld на Travis Scott
Вчера на НРП фестивалот, додека траеше Astroworld- сетот на Travis Scott - загинаа 8 луѓе. Најмладата жртва е 14 годишно момче а 10годишно дете е во критична состојба. Дали Травис Скот и Live Nation ќе понесат одговорност? По социјалните мрежи од минута во минута се појавуваат снимки, фотографии, сведоштва и со тоа се склопува мозаикот…
- Elton John vs DaBaby!
Da Baby скандалот преминува во сага. Сега веќе откажан од седум фестивалски настапи, сега на тапет е - Elton John. Интернет ништо не промашува, како на пример следниот двоен стандард: Eminem има изградено цела кариера на мизогини и хомофобични текстови. Последниот испад му беше против нашиот омилен Русин Tyler the Creator во нумерата Fall. "Tyler create nothin', I see why you called yourself a f----t, bitch". Tyler често се зеза на сметка на гласините за својата сексуалност, но тоа не го спречува Elton John, да му биде другарче на Eminem. Веќе со децении, додека на Da Baby кариерата ја минираше со својата осуда, бела привилегираност, двојни стандарди, сите можни современи болести се вградени во ситуацијава…
- Moon river по Beyonce
Бијонсе и Џеј зи носат промотивна кампања на Tiffany's, која се вика „ “ABOUT LOVE.” Јавноста е увреѓена и лута! Зошто? Додека го барав одговорот на ова прашање, се почувствував како да спремам испит. Веќе е извесно дека не е можно да се пушти чекор без сеопшта хистерија. На фотографиите кои се пуштени во етер, можеме да ги видиме Бијонсе и Џеј зи како позираат пред слика на Баскијат кој се вика „Е еднакво на пи„ која е во сина боја (или „тифани сина„ или „ јајце на свиларка - сина„) - префинување е дневна задача! Додека Џеј Зи потсетува со косата на Баскијат веќе неколку години (I'm the new Jean-Michel!"), Бијонсе изгледа како црна Голајлтли - во црнa Hermes хаљина, дијамантот од 128 карати блеска на нејзините гради. Само четири жени го имале тоа задоволство. Мисијата на Картерови на „преведување„ на белата и европоцентрична цивилизација и висока култура, во црна, продолжува, прилично успешно, без да карикира, или да биде навредливо или вулгарно. Но, како што веќе спомнавме галама и прашина сепак се крена. Зошто? „Џеј Зи нашол за сходно Баскијатот да ни́ го претстави додека промовира едновековна бела компанија?!„ - меѓутоа овој Баскијат бил откупен од Тифанис од приватна колекција, токму за оваа кампања. Забуната веројатно доаѓа од неговите стихови: "Yellow Basquiat in my kitchen corner Go ahead lean on that shit Blue You own it" Вториот приговор беа: крвави дијаманти! Тифанис излегоа со енергичен демант, но и со информација дека донирале два милиони долари на историски црни универзитети и колеџи. Со тоа се затвори контроверзата, остана да ги разгледаме фотографиите уште еднаш, можеби да ја изгледаме "Појадок кај Тифани" или да ја прочитаме, и да почекаме до 15 септември кога ќе излезат и со краток филм, во кој Бијонсе ќе ја пее Moon River, која е и во филмот "Појадок кај Тифани", испеана од Одри Хепбeрн).
- Џака Накот со нов сингл
“Македонскиот го кинам / ко да сум го кодифицирал” - македонскиот на Џака па и на голем дел од македонската хип хоп сцена е и те како потребен на - македонскиот(англицизмите ги заменуваат и србизмите во говорниот па и академскиот јазик до таа мера што звучи на пиџин македонски кога го слушаме по медиуми), певливоста, ритамот бара или многу искуство или талент - или двете … фактот што добиваме музика од овој жанр со брзо темпо, и со несмален интензитет треба да го третираме како да нѝ е фрлен појас за спасување. Додајте си го на плејлистите на било која од платформите на која слушате музика!













