top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • Пеј ми, Поетроника, збори ми Блаже, Пеј ми, Поетроника, збори ми Блаже, пеј-ми-поетроника-збори-ми-блаже

    Ноември е, врне, а Блаже се снебива - дождот му го дотолчува ионака снемоштениот ден. Ѕвони телефонот, и тој веќе се чувствува дека се работи за некаква подла соработка на случајности решена да си поигра со него, Го довикуваат „за тебе е!“. Сале се претставува, „Не ме знаете, но сигурен сум дека дури и да не можете да ме запознаете, дека она што можеме да го направиме, може да биде добро на значаен начин. Блаже, вие сте музичар на некој начин што ни јас не го разбирам до крај. Она што сакам да кажам е напишете ми песна која ќе се пее, а која можеби не ја разбирате иако ќе ја напишете. Не мора да биде либрето, не мора да биде ниту школска стихотворба. Кажете „да“ и ќе ви ја донесе Оливер за 10 минути од вашата потврда“ До крајот на телефонскиот разговор уличните светилки веќе беа запалени а не осветлуваа ништо, Блаже седна и ги излупи чевлите од петите. „Добро, ајде“. Додека дождот го налеваше ноември со есен, и морници Конески го слушаше Андреја Салпе додека Оливер ја стискаше чашата вода што го измиваше кадаифот од забите, оставен на милост и немилост на жената која можеше лесно да биде наоружан шериф, кој чека малку побрз потез со раката кој не е по негов вкус па да распали по него. Едно обично доцнење донесе тензија на целата вечер и сите што се најдоа во нејзиното купе. Тап тап тап. Да да да. Не не не. Тап тап тап со моливот во една точка. Песна О пеј ми, пеј ми! Каква песна! За едно пее за друго збори: „Се што си рекол, се што си сторил, случајно не е, простено не е.” Накиснат, Оливер влегува дома и ја соблекуа тенката накисната ветровка, останувајќи само по портокалова маица, како уличните светилки кои светат без ништо да осветлат, да ја исцедиле својата боја на памукот. Компјутерот зуи се напрега. Оливер го трие маусот како магичната аладинова ламба, па ги трие рацете од задоволство: ги има авустовските сништа на Блаже на УСБ-то! Ете го видеото! ....“ итн.итд... Доколку ја чуете „Пеј ми“ на Поетроника, сигурна сум дека лесно можете да се убедите себе дека приказната за Песната е токму онаа горе што ја напишав наместо да се предадам на стандардното известување кое глас: 4 декември 2023 година Скопје, Македонија – Поетроника претставува уметнички проект кој ги поставува делата на македонското поетско творештво во современ музички контекст, со посебен акцент на електронската музика. Зад проектот стојат Андреја Салпе, музички талент којшто ги искористува своите вештини за создавање уникатни мелодии, и Оливер Митковски, македонски актер чиишто рецитации ја додаваат последната нота на атмосферичност на овој проект. "Пеј Ми", објавен на 2 декември 2023 година, е еден од низата обиди на овој тандем да ја освежи македонската уметност со нов пристап кон поетската наратива и музика. Проектот користи стихови од Блаже Конески, еден од најзначајните македонски поети после Втората светска војна, и ги претставува во електро-џез аранжман. Она што го прави Поетроника посебен е фактот дека не ги следи вообичаените стереотипи поврзани со тоа како треба да се интерпретира поезијата и во која музичка форма треба да се изведе. Со музика напишана и спродуцирана од Андреја Салпе, аранжирана во колаборација со Оливер Митковски и мајсторски усовршена од Владан Дробицки, "Пеј Ми" го носи слушателот низ емоционално и интелектуално патување преку зборовите на Конески, при што останува верен на духот на македонската поетска традиција додека истовремено ги истражува можностите на современата музика. Проектот е објавен под етикетата на PMGJazz и е достапен на нивната официјална веб страна и на Bandcamp за секого кој сака да ја искуси оваа магична спојка на македонската поетска убавина и современа музичка иновација. Поетроника не е само музички проект; тој е светлосен зрак кој ја озарува македонската културна сцена, потсетувајќи нѐ на богатството на нашето литературно наследство и на моќта на уметноста да го надминува времето и границите. За повеќе информации и ажурирања, следете ги PMGJazz, Андреја Салпе и Оливер Митковски на нивните официјални платформи и социјални мрежи.

  • Оффест 2024: Музикална разнобојност која ја носи најсилната програма во последните години, Оффест 2024: Музикална разнобојност која ја носи најсилната програма во последните години, офф-фест-2024-музикална-разнобојност-која-ја-носи-најсилната-програма-во-последните-години

    Скопје – Програмата за годинешниот Оффест 2024 е овде, настан кој е еден од најголемите музички празници за сите љубители на светската музика и култура - но и музиката воопшто. Од 6 до 9 јуни, Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотеката на С. Македонија со Оффест ќе ги соберат некои од најпотентните музички таленти и стилови од секој агол на планетата, ветувајќи програма која е можеби најдобра во последните години - според оценката на самите организатори. Најавени изведувачи Во своето 23-то издание, Оффест нуди програма која со право може да се прогласи за една од најразновидните и поинспиративните досега, со осум концерти и два документарни филмови кои прославуваат глобалниот музички дух. Оффест ќе биде отворен со една од најсветлите африкански ѕвезди. BOMBINO , гитарски виртуоз кој свири т.н. пустинскиот блуз, и BCUC од Јужна Африка со нивниот афро-психоделичен транс. Следува трансконтинентално патување со BOI AKIH, кои ги спојуваат звуците на Меланезија и Индија со европски фолк и импровизација, и супер-групата KUTU, која носи етиопско-француска фузија. Познат по вештината на фламенко гитарата и освојувач на две Греми награди, VICENTE AMIGO: духот на Paco de Lucia сè уште живее! Завршната ноќ ќе остане запаметена со настапи од VOŁOSI, полскиот квинтет чијшто енергичен микс излегува надвор од која било жанровска категоризација, како и претставниците на домашната сцена KALATA и српскиот world music состав NAKED. Движење напред со културна свест и иновации Оффест е веќе глобално признат и утврден како еден од важните точки на културната размена преку своите музички настани, но во програмата се инкорпорирани и документарните проекции кои ја надополнуваат и контекстуализираат музичката програма: како „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“ - нуркање во музичките традиции и идентитети. Оффест претставува место каде публиката може директно да учествува во сликањето на еден покомплексен и целосен портрет на светската музичка сцена, додека истовремено обезбедува платформа за уметници кои во спротивно можеби би немале можност се пласираат. Програмата за годинешниот Оффест 2024 е составена со цел да понуди на посетителите едно неповторливо музичко и културно искуство, со настапи од претставници на различни музички жанрови и култури. Во текот на четирите денови на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во различни концерти и настапи, документарни филмови и дополнителни активности кои ги одбележуваат Оффест како еден од најсилните културни настани во регионот. Еве ја деталната програма: Ден 1: Четврток, 6 Јуни Место на одржување:  Национална опера и балет Отварање на фестивалот Време: 20:00 часот Настан: Специјално отварање со претставување на Оффест 2024, кратко обраќање од организаторите и почеток на настаните. Настава на настаните: BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness) Време: 21:00 часот Настан: Жив настап на јужноафриканските ѕвезди со нивниот афро-психоделичен транс и енергични настапи. Ден 2: Петок, 7 Јуни Место на одржување:  Младински културен центар BOI AKIH Време: 19:00 часот Настан: Најавен музички настап од холандскиот секстет кој смешува меланезиски, индиски, африкански и европски фолк. KUTU Време: 20:30 часот Настан: Најавен настап на француско-етиописката супер-група со нивниот оригинален и моќен звук. Ден 3: Сабота, 8 Јуни Место на одржување:  Кинотека на С. Македонија VICENTE AMIGO Време: 18:00 часот Настан: Вистинско уметничко искуство од светски познатиот фламенко гитарист, кој ќе го претстави своето фасцинантно творештво. Ден 4: Недела, 9 Јуни Место на одржување:  Национална опера и балет VOŁOSI Време: 19:00 часот Настан: Најавен настап на полскиот гудачки квинтет со нивниот оригинален микс на рок, џез, етно и амбиент музика. KALATA Време: 20:30 часот Настан: Најавен настап на домашните нео-фолк миленици, кои со својот уникатен звук го освојуваат публиката. NAKED Време: 22:00 часот Настан: Завршен настап на познатиот српски world music колектив. Дополнителни активности Проекции на Документарни Филмови: Cesaria Evora Време: Сабота, 8 Јуни, 16:00 часот Agadez, the Music and the Rebellion Време: Недела, 9 Јуни, 16:00 часот Информации и билети Билетарница на НОБ: Локација: Национална опера и балет Време на продажба: Секој ден од 10:00 до 18:00 часот Онлајн Билети преку MKTICK ETS: Веб-страница: www.mktickets.mk/en/event-en/offest24/ Дополнителни Информации: Веб-страница: www.offest.com.mk Фејсбук настан: https://fb.me/e/13LoU6ARE

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page