Креаторот на стрипот Дилберт, Скот Адамс: откажан!
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Mar 2, 2023
- 1 min read

Минатата недела имавме случај на “откажување” на Лазаров и Латас , кој сите нѐ продрма и можеби е првиот таков случај барем во овој контекст и формат. Во САД стрипаџијата Скот Адамс од некоја причина на својот Јутјуб канал извади видео во кое на долго и широко објаснуваше колку се ужасни американските Црни граѓани. Реакцијата беше брза, ефикасна и очекувана.
Стрипот (сличен на нашиот Пецко) кој ретко кој не го видел беше повлечен во стотици весници кои го објавуваа.

Но на Дива ѝ е битен разговорот кој следеше. Шарламејн му врачи “магаре на денот” и елоквентно образложи зошто откажувањето на Адамс е неопходно. Ние како граѓани на Македонија можеме да го читаме од неколку аспекти. Еден е - како во сочувство со Црнците бидејќи слично како нив сме изложени на сите болести на белата супремација како што ја нарекува вујче Шарла. Но и како оние кои ги нанесуваат тие неправди…. Да не должиме: што кажа Скот Адамс, и како одговори дел од црната заедница на тоа.
Comments