top of page

22.12.23, во 11:00

Темплум саем на книги, Културен центар Бруталиск, Македонска литературна сцена, Стрип награда Лифт, Новите

Бруталиск, Boulevard Ilinden, Skopje, North Macedonia



Секоја година, во последната недела на декември, во градот има еден попап саем на книгата, кој се изгради околу доделувањето на наградата на победникот на „Новите“ за дебитантско прозно дело:доколку  првиот „Мал новогодишен саем на книги“ кој бил замислен како Саем поставен околу препорачани свежи изданија за годината во 2010-та, 2023-та веќе има програма која го прави тежиште на културните случувања во еден од најдинамичните периоди во годината. 


Годинава, е во неговото четиринаесетто  „Темплум саем“ издание, и осуманесетто врачување на „Новите“..

„Во минатото, саемот се одржуваше во  ГЕМ клубот и МКЦ, но оваа година, за првпат, ќе се одржи во културниот центар Бруталиск

Овој центар, отворен пред точно една година, продолжува мисијата на Културниот центар Точка, кој работеше во истиот простор од 2002 до 2006 година.“ - велат од Темплум , па на некој начин по прв пат доаѓа дома. 


Саемот ќе се одржи од 22-ри до 28-ми декември, секој ден од 10 до 20 часот. Програмата е исклучително богата и вклучува промоции на книги, разговори со автори, изложби, детски работилници и доделување на награди.Одлична можност  за сите оние кои сакаат да ги поддржат локалните автори и издавачи, да се запознаат со нови дела и да учествуваат во интересни дискусии. Исто така, ова е идеална можност за родителите да ги воведат своите деца во културата на книгите преку различни креативни работилници, но и преку претставување на социјалниот живот кој е поврзан со нив. Затоа, ако сте љубител на книгите или сакате да го поддржите локалното книжевно творештво, не пропуштајте ја оваа можност да ја посетите оваа книжевна манифестација. Темплум саемот ви нуди можност да се погледнете низ различни перспективи, да ги откриете новите таленти и да уживате во  атмосферата која ја нуди овој саем.  




Времетраење: 22.12.22. - 28.12.22., од 10 до 20 часот


Локација: Бруталиск, Илинденска 38А, Скопје

Организаторите на саемот го нарекоа Темплум, а во неговото учество се вклучени и Сказнувалка и Гаврош. Самата програма е разновидна и интересна, со настани за сите вкусови и возрасти.


Програма:


Петок, 22.12. во 12.00 часот

  • Промоција на книгата:

    • Креативниот демон на глупоста од Мирослав Грчев

  • Разговор:

    • Никола Гелевски со Мирослав Грчев

Сабота, 23.12. во 19.00

  • Изложба и промоција на сликовницата:

    • Страшило од Славко Јаневски и Наташа Андонова

Понеделник, 25.12. во 20.00

  • „Се бараме во преводот“

    • Разговор за книжевен превод меѓу Милан Дамјаноски и Филип Димевски, инспириран од книгата Човекот каков е, секој гледа на Мажена Матушак

Вторник, 26.12. во 17.30

  • „Правиме букви“ - детска работилница за фонтови со Небојша Гелевски

Вторник, 26.12. во 20.00

  • Доделување на стрип наградата Лифт за 2023 година

  • Промоција на стрип зборникот Лифт #6

Среда, 27.12. во 12.00

  • Доделување на наградата за најдобар дебитантски ракопис Новите!

Среда, 27.12. во 18.00

  • Промоција на сликовницата:

    • Птичји весник од Пандалф Вулкански и Алексеј Костовски

Четврток, 28.12. во 17.00

  • Детска програма (Темплум, Сказнувалка, Гаврош)

Четврток, 28.12. во 19.00

  • Промоција на стрип книгата:

    • Стрипотерапија од Ана Петровиќ




Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page